Ауфвидерзен Македонијо!

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.965
Овој е веројатно помлад од тој што му коментирал.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Кога ќе излагате од Македонија, немој да зборите дека е мизерија, пошто вас ќе ве гледаат дека се сте такви. Ако не си ја почитуваш државата од каде доаѓаш, тогаш ни самиот не се почитуваш. Ова го кажувам зошто имав прилика во Лондон да слушам од македонец од Прилеп се најмизерно за Македонија, а он заборава дека таму се родил и каква реклама си прави за себе и државата :).

Кој решил нека иде, ама барам покажете дека Македонецот е достоинствен и горд што се родил како таков, и не заборавајте дека вашите претци со крв плаќале вие да можете да се кажувате Македонци !!!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Па да, убаво велиш, ако веќе си се развел од некоја кучка неверна, кажи по некој убав збор за нејзе, нека ја земе некој друг будала за кучката неверна да му го по_бе животот и на него.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Па да, убаво велиш, ако веќе си се развел од некоја кучка неверна, кажи по некој убав збор за нејзе, нека ја земе некој друг будала за да му го по_бе животот и на него.
Не е исто тоа што го викаш и со државата ама ај, у државата власта нечини и неа ја мењаш. Државата како мајка што те храни е светиња. Ама пријател ако завршуваш на Ќ или Ч по нашки, или си од мешан брак,ти ја чуствуваш државата ко да си кираџија. Така да, ја и ти неможеме да гледаме исти вредности и исти побуди кон својот народ и земја.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Не е исто тоа што го викаш и со државата ама ај, у државата власта нечини и неа ја мењаш. Државата како мајка што те храни е светиња. Ама пријател ако завршуваш на Ќ или Ч по нашки, или си од мешан брак,ти ја чуствуваш државата ко да си кираџија. Така да, ја и ти неможеме да гледаме исти вредности и исти побуди кон својот народ и земја.
Моето презиме не завршува ниту на Ќ, ниту на Ч, јас потекнувам од македонско семејство од територијата на денешна Република Македонија - иако сум роден во Социјалистичка Република Македонија, која била дел од тогашна СФР Југославија, а моето семејство не го сочинуваат бегалци од Егејска Македонија или од Пиринска Македонија, ниту потекнувам од мешано семејство.

Кога ми се обраќаш на мене, никогаш повторно да не си ја изедначил државата со мајка ми.

Државата за мене нема направено ни 0.01% од се што мајка ми има направено за мене.

Секој со свое мислење, јас со мое, ти со твое мислење.
 
Епа дојдовме до американското прашање :), ТИ што си направил за Македонија, да ние сме горди на тебе и што си по потекло од Македонија. Што држвата им направи на Германците за они да ја сакаат, нив им ја разрушија државата. Германија ја направија германците што живеат во неа политичари, доктори, професори и сите други, а кај спаѓаш ти ?. Ја правиш ли поубава Македонија и поубаво место за живеење ?. Кога ќе сакаш сам, а и другите да ти помогнат да го уредиш дворот пред зграда е тогаш знаеш дека создаваш за да ви е поубаво, безразлика дали некој ќе живее 1 или 100 години во таа зграда. Кога и ти ќе викаш дека во Македонија мора да создаваме, да градиме, да обновиваме, тогаш знаеш дека работиш за иднината. Ти си од оние што викаат дека нема иднина. Остро критикуваш се што се гради и создава, и како јас да имам доверба во тебе како граѓанин и еве претпоставен можеби ?
 
Јас никогаш не сум рекол дека нема иднина во Македонија.

Јас сум од оние кои велат дека во Македонија има иднина - за лоповите, бидејќи Македонија - ваква каква што е денес - е лоповска држава, а во лоповска држава само лоповите напредуваат и имаат успешна иднина.

Јас не го критикувам тоа што се гради и создава во Македонија, туку го критикувам само тоа што се гради и создава, а не е потребно во Македонија, како што се карусел на плоштад Македонија наместо во Луна Парк, сплавови, панорамско тркало, споменици, административни згради, менување на фасади наместо нивно обновување во оригиналниот изглед, но со современи материјали, и бројни други тотално непотребни глупости.

Актуелната влада на Република Македонија, која е позната по тоа што гради и создава - претежно страдања и мизерија - е на власт во Македонија од 2006 година.

Во изминативе 8 (ОСУМ) години, оваа влада, со овие речиси 1 милијарда евра народни пари и задолжувања, фрлени на тотално непотребни глупости, можеше во целост да ги обнови железничките пруги и во целост да го обнови возниот парк на Македонски Железници, а можеше и да изгради нови железнички пруги од Кичево кон Струга и кон Охрид, и од Струга кон Албанија на запад, и од Охрид кон Ресен на исток, а од Ресен кон Битола понатаму на исток, и конечно да ја обнови железничката пруга од Битола кон Кременица на југ, односно кон Грција - инвестиција која ја најавија дури во 2012 година, после 6 години поминати на власт, а во март 2014 најавија дека конечно ќе почнат да ја реализираат кон крајот на 2014 година, а како што изминуваат последниве недели од 2014 година, засега нема ни трага ни глас од почетокот на реализирањето на најавената инвестиција.

Ги има безброј други продуктивни работи на кои оваа влада можеше да ги потроши тие речиси 1 милијарда евра народни пари и задолжувања кои ги фрли и сеуште ги фрла во неповрат, а цехот на крајот секако ќе го плаќа македонскиот народ.

Забораваш една многу важна работа - Македонија се отцепи од Југославија како функционална држава, а не како разрушена држава, за разлика од Германија после Втората Светска Војна. Истото важи и за актуелната влада на Република Македонија која, кога дојде на власт во 2006 година, дојде на власт во функционална држава, а не во држава во урнатини, па од тука не ти држи вода споредбата која ја правиш со Германија.

И како што секој човек има право на свое лично мислење, така и Македонецот има право да го каже своето лично мислење за својата родна татковина - има право да говори позитивно за нејзе, а има право да говори и негативно за нејзе.
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
http://www.ads.gov.mk/content/pdf/Odluki_12_2014/ssrd_139_2014.pdf
Нова тура нобеловци и после не ауфидерзен и да не си зборувал против држава
Ова е чиста манипулација , со 100 вработени ништо не се постигнува.

Ако не си знаел, еве јас ти кажувам: За да се достигнат 25,1% вработени албанци, треба да се вработат уште 10.000 албанци. Не е заебанција, 10.000.
И тоа под услов да не се вработи ниеден македонец.

Што ви се криви албанеците што за 100 вработени албанци од главна врата, се вработуваат уште 100 македонци од задна, па затоа никогаш не се прекинува овој канцер наречен: вработени во државна и јавна администрација.

Има една можност, да се отпуштаат 10.000 македонци , и да се вработат само 5.000 албанци.
Или нека се оди до крај , вработувања од двете страни секоја година, нити ќе има спроведување на охридскиот договор, а нити ќе напредува државата.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.345
Поени од реакции
4.978
Просечна нето плата во Македонија - 21 278 MKD - 346€
Просечна нето плата во Бугарија - 649 BGN - 332€

ДДВ во Македонија - 18%
ДДВ во Бугарија - 20%

Данок на доход во Македонија - 10%
Данок на доход во Бугарија - 10%

БДП на Бугарија - 53.545.000.000 $
БДП на Македонија - 10.644.000.000 $

Стапка на невработеност во Бугарија - 11.6%
Стапка на невработеност во Македонија - 28.2%

Секако Македонија никогаш нема ни да има БДП од 50тина милијарди $ што од малиот број население и општо малата економска сила која ја поседува државата, меѓутоа може да се подобри сликата со невработеноста.
И каде ми е поентата?

Поентата е што Бугарија се раководи како полноправен член на Европската Унија со целосно отворени фондови и слободен пазар на труд па статистички гледано од бројките погоре ситуацијата не е баш најсјајна таму.
Према вашите размислувања Македонија треба да се самораспушти по евентуалното влегување во Европската Унија. Да не беше проблемот со името уверен сум дека до 2018та ќе бевме полноправни членки на ЕУ/НАТО со истите овие улици и патишта со истото ова здравство судство и полиција.
Не е проблемот одењето од државата, проблемот е сликата која се ствара за тоа.
Западна Европа Америка и Австралија и пред Втората Светска Војна и после неа и по формирањето на Европската Заедницата и за време на Студената Војна и кога би се распаднал ЕУ и после евентуална Трета Светска Војна БИЛА, Е и ЌЕ биде Подобро Место за живеење.
Не можеме да го земаме нивниот стандард култура граден со векови и да правиме репер за тоа како треба да изгледа едно идеално општество.
Тоа што таму го имаат и негуваат е одлика на нивната самосвест.
Одлика што кај нас ретко кој ја има.
 
I

izotop

Гостин

Ние едно време кога одевме Бугарија на одмори за нив бевме Американци по пари споредено. Они беа 45 години под руска чизма и беа стварно за никаде. Сега, 20 години подоцна се понапред од нас.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
: За да се достигнат 25,1% вработени албанци, треба да се вработат уште 10.000 албанци. Не е заебанција, 10.000.
И тоа под услов да не се вработи ниеден македонец.
Дарди, ти си за нови 10.000 вработувања во јавна администрација? Сериозно? Не е заебанција, 10.000?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ова е чиста манипулација , со 100 вработени ништо не се постигнува.

Ако не си знаел, еве јас ти кажувам: За да се достигнат 25,1% вработени албанци, треба да се вработат уште 10.000 албанци. Не е заебанција, 10.000.
И тоа под услов да не се вработи ниеден македонец.

Што ви се криви албанеците што за 100 вработени албанци од главна врата, се вработуваат уште 100 македонци од задна, па затоа никогаш не се прекинува овој канцер наречен: вработени во државна и јавна администрација.

Има една можност, да се отпуштаат 10.000 македонци , и да се вработат само 5.000 албанци.
Или нека се оди до крај , вработувања од двете страни секоја година, нити ќе има спроведување на охридскиот договор, а нити ќе напредува државата.
За да ти завршиш работа со бирократија треба да се отпуштат 30% од административците, под услов, тие што и претходно работеле да останат на работа.
Мене не ми е гајле дали е македонец/албанец/турчин/американец/германец мене ми е битно кога ќе влезам во бирократија да завршам работа додека трепнам. Можеби да е германец ќе ме услужи побрзо отколку 10 македонци и 10 албанци заедно.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
23
Поени од реакции
45
Повејќето се надеваат на евентуален влез на Македонија во ЕУ. ЕУ нема магично стапче кое ќе направи да имаме еконосмки бум, повисок стандард. Се тоа зависи од вантрешните политики на земјата. Нашите политики се свртеа кон мерки кои неминовно не уназадуваат со години, пробувајќи да ги решиме ситните проблеми се изгубивме во големата слика. Времено решавање на проблеми каде нема пиказатели на креативност, изнаоѓање алтернативи. Секоја програма претставува копи пејст од западот, а ние ни географски ни културно ни економски сме дел од западот.

И да се вратам на муабетот, кога подлабоко ќе направиш муабет зошто сеуште се гаи надежта дека еден ден ќе сме дел од ЕУ, повеќето ќе ти одговорат дека на тој начин ќе имаат помала пречка за пречекорување на границата.

Во јавната администрација не се потребни нови вработувања потребни се драстични реформи. Охридскиот договор и онака за мене како Македонец нема никакво значење, не дека не ги почитувам Албанските македонци, ами дека тоа ти е еден политички договор од кои обичниот народ никогаш не се офајдил. Се офајдија оние кои седнаа во фотељите а пред тоа спиеја по ровови со митралези. Се додека не се смени генерациската застапеност во јавната администрација, а ново вработените се спремни да ја сфатат работата сериозно и да им се обезбедат информациски системи кои во вистинска смисла работат, сликата горе доле ќе биде иста со уште поголем број на партиски снобови.

Во погорните постови некој пиша за народните пари и што со нив може да се направи, даден беше пример за изградба и обнова на железничкиот сообрајќај. Железничкиот собрајќај во најголема мера е социјален превоз на социјално ранливите категории и студентаријата, но и покрај тоа МЖ изнајдоја начин и сили да ја зголемат цената на чинење на возните билети со оправдување дека се пуштиле по две експрес линии во текот на денот. Кога ќе се земе во предвид дека никој не го заболе до некаде го губиме правото да критикуваме. Во останатите западни земји железничкиот сообрајќај е еден од најкористените со огромна мрежа и бесрамно ниски цени. Кај нас за една студентска карта да извадиш ти бараат 100 денари + сликче (50 ден.), кога ќе земеш дека просек еден студент од Скопје до Битола во текот на една студенстка година се врајќа еднаш месечно, заштедата е смешна, додека на запад работите се драстично поинакви.

И после некој ќе ти се избаца од грмушка и ќе јаде :гомце: за патриотизам...
 
Последно уредено:
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949
Ова е чиста манипулација , со 100 вработени ништо не се постигнува.

Ако не си знаел, еве јас ти кажувам: За да се достигнат 25,1% вработени албанци, треба да се вработат уште 10.000 албанци. Не е заебанција, 10.000.
И тоа под услов да не се вработи ниеден македонец.

Што ви се криви албанеците што за 100 вработени албанци од главна врата, се вработуваат уште 100 македонци од задна, па затоа никогаш не се прекинува овој канцер наречен: вработени во државна и јавна администрација.

Има една можност, да се отпуштаат 10.000 македонци , и да се вработат само 5.000 албанци.
Или нека се оди до крај , вработувања од двете страни секоја година, нити ќе има спроведување на охридскиот договор, а нити ќе напредува државата.
Ги читам твоите постови, и навистина наоѓам поента во нив! Без да те навредам на национална основа, сакам да ми одговориш дали навистина би бил задоволен со работа во јавна администрација??? Имав колега на факултет од Гостивар, многу се разбиравме, си помагавме финансиски, си помагавме околу давање земање материјали, си помагавме и на испити.
Разговаравме отворено, тој ми викаше, кај нас во семејството има еден (во мојов случај татко ми) што нема време во денот кафе да испие, и да се израдува на сонцето. Тој работи во швајцарија, сите браќата и сестрите, зетовците и снаите...живееме живот на негов грб, микажуваше дека беемвето, татко му незнам колку земја изринал со булдужерот, за да го купат...кога го прашував, дали има шанса да се вработи во државно...малку фалеше да се прекрсти...Вика татко ми со плата за багерист успева да ни пружи живот како на фараони, ти сакаш за 20 000 да бацувам рака на друг??? И еве го сега дипломира, и он и помалата сестра се швајцарија, тој специјализира и како што гледам слики на нет, го живее животот 200 на саат. Е сега објасни ми кој од вас албанците при здрав разум останува овде и се гордее на тој рамковен, и уште повеќе се чувствува дека е шериф оти не одел на работа а земал плата. Немој да ме убедуваш сега дека треба да ве има во незнам колкав процент и незнам ти какви политики? а како колегава од Гостивар ги има илјадници, и од Гостивар и од Тетово и од цела Македонија!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom