Асанж

Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.572
Некој ќе рече сила Бога не моли ама да немаше вакви луѓе до сега ќе живеевме у некој најлош комунистички систем. Еден ден ако се ослободи западот од ова зло ќе треба да го прогласи Асанж за светец.
На Џулијан Асанж не му треба статус на маченик како Мартин Лутер Кинг, му треба пред се` слобода и некој кој ќе го продолжи неговото дело.

За споредба, денес во САД нема следбеници на Мартин Лутер Кинг кои го продолжуваат неговото дело, а ако ги има, сепак се во многу мал број.

Како што денес во САД и западниот свет преовладува таканаречената критичка расна теорија која на белците им ги припишува вината и одговорноста за сите зла кои им се имаат случено на човештвото и општо на планетата - учење тотално спротивно од учењето на Мартин Лутер Кинг - така и цензурата од поодамна е утврдена норма во САД и западниот свет, тотално спротивно на идеите на Џулијан Асанж за слобода на информацијата и одговорност за злосторствата против човештвото.

Или со други зборови кажано: тие кои ќе го величат Асанж како светец во иднина, ќе бидат најозлогласените цензураши и пропагандисти во нивните општества.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.627
Поени од реакции
8.499
На Џулијан Асанж не му треба статус на маченик како Мартин Лутер Кинг, му треба пред се` слобода и некој кој ќе го продолжи неговото дело.

За споредба, денес во САД нема следбеници на Мартин Лутер Кинг кои го продолжуваат неговото дело, а ако ги има, сепак се во многу мал број.

Како што денес во САД и западниот свет преовладува таканаречената критичка расна теорија која на белците им ги припишува вината и одговорноста за сите зла кои им се имаат случено на човештвото и општо на планетата - учење тотално спротивно од учењето на Мартин Лутер Кинг - така и цензурата од поодамна е утврдена норма во САД и западниот свет, тотално спротивно на идеите на Џулијан Асанж за слобода на информацијата и одговорност за злосторствата против човештвото.

Или со други зборови кажано: тие кои ќе го величат Асанж како светец во иднина, ќе бидат најозлогласените цензураши и пропагандисти во нивните општества.
Нормално, ист филм секогаш се врти и времето само привидно го доживуваме како линеарно. Во стил на Мартин Армстронг кажано, постојат циклуси кои владеат со времето. Па така ако еден ден падне оваа олигархија и ја заменат нови сили тие сили со тек на време ќе станат исти кур а заради тоа што на сите им требаат митови за постанок Асанж и тие како него ќе бидат светците, додека ѓаволот условно кажано пак ќе владее.
Во основа на муабетов се крие еден закон кој скриен од очите на логиката владее у универзумов а тоа е законот условно кажано на дијалектиката.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.570
На Џулијан Асанж не му треба статус на маченик како Мартин Лутер Кинг, му треба пред се` слобода и некој кој ќе го продолжи неговото дело.

За споредба, денес во САД нема следбеници на Мартин Лутер Кинг кои го продолжуваат неговото дело, а ако ги има, сепак се во многу мал број.

Како што денес во САД и западниот свет преовладува таканаречената критичка расна теорија која на белците им ги припишува вината и одговорноста за сите зла кои им се имаат случено на човештвото и општо на планетата - учење тотално спротивно од учењето на Мартин Лутер Кинг - така и цензурата од поодамна е утврдена норма во САД и западниот свет, тотално спротивно на идеите на Џулијан Асанж за слобода на информацијата и одговорност за злосторствата против човештвото.

Или со други зборови кажано: тие кои ќе го величат Асанж како светец во иднина, ќе бидат најозлогласените цензураши и пропагандисти во нивните општества.
Ако идеме по воук логиката никој никогаш нема да го спомне Асанж зошто не смее белиот човек да се претставува во позитивно светло, особено ако не е ретард транџа. Историски секогаш белиот човек бил тој кој што вечно се борел против неправдите и секогаш имал и капацитет за некаква промена.
Тоа што тук там има по некој црњо како Мартин Лутер, Боб Марли е исклучок. Па дури и не е исклучок зошто и тие поминале низ белечка западна школа на размислување.

Мене од се ова не ни е јасно само зошто уште кога се бркаа со Асанж низ амбасадите пред 10 год, Русија не проба да го прибере кај нејзе како што тоа го направи со Едвард Сноуден ?
Кој курац фактор беа а и се Еквадор ?!
Многу ќе добиеше Путин на симпатии кај младите свесни луѓе од западна Европа и Сад. Сите ќе го гледаа Путин како некој спасител на демократијата и полесно ќе можеше да си тера диктатура по дома.
САД до 90тите сите дисиденти од источна Европа го собираше и ги претвораше во светци. Русија да почне истото сега да го прави ќе добие многу повеќе на симпатии и кај луѓето и земјите од третиот свет.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.801
Поени од реакции
8.391
Мене од се ова не ни е јасно само зошто уште кога се бркаа со Асанж низ амбасадите пред 10 год, Русија не проба да го прибере кај нејзе како што тоа го направи со Едвард Сноуден ?
“АХА, го прибраа во Русија, знаевме дека е Путинов шпијун“ и 90% ќе се сложеа со сервираното.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.570
“АХА, го прибраа во Русија, знаевме дека е Путинов шпијун“ и 90% ќе се сложеа со сервираното.
Кој ги ебе америте како планираат да се правдаат. Така е со лисицата и грозјето кога после 10 обида да го набере заклучува дека е сеуште кисело и недозреано.
Работата е што ПР многу позитивен ќе имаа Русија и Путин со Асанж.
Кого сега да го прашаш за Сноуден прво ќе ти каже дека не мислел дека навистина америте правеле такви срања наместо да земе да ги жали колку лесно обичен програмер цел безбедносен систем им го поминал незабележан безразлика дали со или без руска помош.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
За жал така е. Или ќе смени плоча, или ќе му стават плоча (ако ништо друго заради традиција).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.508
Поени од реакции
11.572
https://off.net.mk/vesti/mislenja/dzhulijan-asanzh-bitkata-koja-ne-smeeme-da-ja-izgubime

Џулијан Асанж, битката која не смееме да ја изгубиме

15 мај 2023 - 12:55

Џулијан Асанж скапува во самица. Драматично ослабнат, често под силни седативи, претрпе мал срцев удар, му се одбиваат медицински третмани и гледања со адвокат, забележан е како халуцинира и ја мава главата во ѕид. Крис Хеџис вели дека она што му се случува е класична егзекуција, само што се реализира во слоу моушн. Така е и планирано.



Притворањето и прогонот на Џулијан Асанж ги демаскира сите фолирања за владеење на правото и правата на слободниот печат. Незаконитостите, прифатени од еквадорската, британската, шведската и американската влада се застрашувачки. Тие предвидуваат свет во кој злоупотребите, корупцијата, лагите и злосторствата, особено воените злосторства, извршени од корпоративните држави и глобалната владејачка елита, ќе бидат скриени од јавноста. Тие предвидуваат свет во кој оние со храброст и интегритет да ја разоткријат злоупотребата на моќта, ќе бидат ловени, мачени, подложени на лажни судења и доживотни затворски казни во самица. Тие најавуваат орвеловска дистопија каде вестите се заменуваат со пропаганда, тричарии и забава.

Стравувам дека правниот линч на Џулијан го означува официјалниот почеток на корпоративниот тоталитаризам кој ќе ги дефинира нашите животи.

Според кој закон еквадорскиот претседател Ленин Морено каприциозно му ги прекина правата на азил на Џулијан како политички бегалец? Според кој закон Морено ја овластил британската полиција да влезе во еквадорската амбасада - дипломатски заштитена суверена територија - за да уапси натурализиран граѓанин на Еквадор? Според кој закон Доналд Трамп побара екстрадиција на Џулијан, кој не е државјанин на САД и чија новинска организација не е со седиште во САД? Според кој закон ЦИА ја прекршила доверливоста адвокат-клиент па ги надгледувала и снимала сите разговори на Џулијан - и дигитални и вербални - со неговите адвокати и планирала да го киднапира од амбасадата и да го убијат?

Корпоративната држава арбитрерно ги гази правата и правилата. На тој начин имаме право на приватност, без приватност. На тој начин имаме „слободни“ избори, ама финансирани од корпоративни пари, покриени од усогласени корпоративни медиуми и под железна корпоративна контрола. Така имаме законодавен процес во кој корпоративните лобисти ја пишуваат легислативата, а корпоративните политичари го изгласуваат за закон. Така имаме влада - чија основна одговорност е да ги заштити граѓаните - која наредува и извршува атентати на сопствени граѓани, како што се муслиманскиот свештеник Анвар ал-Авлаки и неговиот 16-годишен син. На тој начин имаме медиуми на кои законски им е дозволено да објавуваат доверливи информации ама најважниот издавач на нашата генерација седи во самица и чека екстрадиција во САД.

Психолошката тортура на Џулијан - документирана од специјалниот известувач на ОН за тортура, Нилс Мелцер - е истоветна со кршењето на дисидентот Винстон Смит во романот на Џорџ Орвел „1984“. Гестапо кршеше коски. Источногерманската Штази кршеше души. Ние ги правиме и двете. Поефикасно е.

На Џулијан систематски му се нарушува неговото физичко и психичко здравје. Тоа е егзекуција во забавена снимка. Така е планирано.

Тој минува поголем дел од времето во изолација, често под силни седативи, му се одбиваат медицински третмани за различни физички заболувања. Рутински му се забранува пристап до неговите адвокати. Изгуби многу на тежина, претрпе мал мозочен удар, помина време во крилото на затворската болница - кое затворениците го нарекуваат „пеколното крило“ - па заради суицидални мисли беше оставен во долга самица, забележан како халуцирина и ја удира главата во ѕид. Нашата верзија на страшната „Соба 101“ на Орвел.

Џулијан беше маркиран за ликвидација од страна на ЦИА веднаш штом тој и Викиликс ги објавија документите познати како Vault 7, обелоденувајќи го арсеналот за сајбер војна на ЦИА - десетици вируси, тројанци и малициозен софтвер - и нивните системи за далечинска контрола, дизајнирани да злоупотребат дупки во многу производи на американски и европски компании, вклучително iPhone на Apple, Android на Google, Windows на Microsoft, па дури и паметните телевизори на Samsung, кои можат да служат како микрофони дури и кога се исклучени.

Од своето основање, ЦИА вршеше атентати, државни удари, тортура, кампањи за црна пропаганда, уцени и нелегално шпионирање и злоупотреба, вклучително и граѓани на САД. Сите овие злосторства, особено по нападите од 11 септември, се вратија како бумеранг. ЦИА има свои вооружени единици и програма за беспилотни летала, одреди на смртта и огромен архипелаг од глобални црни локации каде што киднапираните жртви се мачат и исчезнуваат.

САД издвојуваат таен црн буџет од околу 50 милијарди долари годишно за да сокријат разни типови тајни проекти што ги спроведуваат Агенцијата за национална безбедност, ЦИА и други разузнавачки агенции, обично надвор од контролата на Конгресот. ЦИА има добро подмачкан апарат, па затоа, откако постави систем за 24-часовен видео надзор на Џулијан во амбасадата на Еквадор во Лондон, сосема природно размислуваше за негово киднапирање и убиство. Тоа им е работа.

Сенаторот Френк Чрч - откако ги анализираше обилно цензурираните документи на ЦИА кои ги доби неговиот комитет - ја дефинираше „тајната активност“ на ЦИА како „семантичка маска за убиства, принуда, уцени, поткуп, ширење лаги и здружување со познати мачители и меѓународни терористи“.

Не плашете се од марионетите, плашете се од оние кои ги управуваат.

Ова е борба за Џулијан, кој го познавам и му се восхитувам. Тоа е борба за неговото семејство кое неуморно работи за негово ослободување. Тоа е борба за владеење на правото. Тоа е борба за слободата на печатот. Тоа е борба за спас на она што остана од нашата демократија која полека исчезнува. Тоа е борба која не смееме да ја загубиме.

Крис Хеџис

**************

Види и:

Лектира за славјанки и слични милитантни пацифисти

Лагата за американската невиност

Местото каде што либерализмот доаѓа за да умре
 

Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Пушта ли уште овој преварант мејлови од Хилари К. со неговата викиликс..И овој и Сноуден се подметачини и никад ништо не сум им верувал нити сум читал што објавуваат..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
(шепкање): Хеј, пссст.... Ако си киднапиран, трепни два пати. :unsure:
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.373

Г.П.
Новинарот Такер Карлсон на социјалната мрежа Икс објави дека го посетил основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во лондонскиот затвор Белмарш, иако освен фотографија на која е со сопругата на Асанж Стела Морис, не соопшти никакви детали во врска со тоа.

Се верува дека поранешниот водител на „Фокс њуз“ го интервјуирал најпознатиот затвореник во светот, откако претходно разговарал со неговиот татко и брат за медиумската куќа во 2021 година, но и на почетокот на годинава.

-------
Асанж поднесе жалба за неговата екстрадиција во САД, каде што се соочува со 175 години затвор под обвинение за кршење на Законот за шпионажа бидејќи Викиликс објавувал доверливи воени и дипломатски телеграми кои ги документираат, меѓу другото, злосторствата извршени од американската војска во Авганистан и Ирак. .
Џулијан Асанж се наоѓа во затворот Белмарш од 2019 година, кога беше протеран од амбасадата на Еквадор во Лондон каде што живееше седум години. Асанж доби политички азил, а подоцна и еквадорско државјанство, но и двете беа одземени пред неговото апсење.
демократијата е најсовршениот систем, да живее демократијата!
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.813
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.702
Поени од реакции
4.373

Автоматски споено мислење:

Овој Такер САД-истите го ставија ли на црната листа или слободно се шета?
Ако вака продолжи не му бега Асанж-судбината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom