Археолошко истражување на „Градиште“ кај битолско Црнобуки

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Убикација на локалитетот „Градиште“ кај битолско Црнобуки. По долгогодишни претпоставки и археолошки тези, што се крие во утробите на ридовите кај битолско Црнобуки, деновиве на локалитетот „Градиште“ започнаа археолошки истражувања.

Во проектот за убикација на „Градиште“, отворени се две сонди. Досега се пронајдени повеќе вредни предмети, иако се уште е рано да се утврди за кој антички град станува збор.
„Имаме еден луксузен, репрезентативен град, барем така насетуваме сега. Неколку монети, нешто накит, некое прстенче, така да, сето тоа зборува дека во старт можеме да зборуваме за висок степен на цивилизираност на ова место“, рече денеска професор д-р Виктор Лилчиќ, раководител на истражувачкиот проект.

Со првата сонда на источната страна, откриена е портата и растерот на големи ѕидови и тврдина, а во втората сонда на централниот дел, археолозите открија просторија со повеќе предмети.

„Тука имаме една магацинска просторија во која што најдовме голем број на тегули како паднале и го поклопиле целиот инвентар што бил внатре. Сето ова е од хеленистичкиот период од средината на вториот век, значи, според монетите, керамиката и инвентарот што го пронајдовме внатре во просторијата“, рече археологот доцент д-р Антонио Јакимовски.

Досега, науката има спротивставено две претпоставки за овој локалитет. Според првата од 1966 година, во која верува и месното население, професор д-р Иван Микулчиќ ја отворил можноста дека во „Градиште“ се наоѓала Перседида, престолнината на последниот македонски крал Персеј.

Втората претпоставка, според професор д-р Лилчиќ е дека тука се крие градот Линк, престолнината на античкото кралство Линкестида. Убикацијата треба да даде одговор на овие дилеми, но за натамошни истражувања годинава пари нема, а археолозите за догодина очекуваат поголема поддршка и странски грантови.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=126551
 

Kajgana Shop

На врв Bottom