Анализа на трансфер политиката

Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Роналдињо- најголема непознаница
Робињо 42, Бербатов 37 милиони евра! Во последните сати на затворањето на европскиот трансвер пазар се случија двата најголеми трансвери оваа лето .

 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
Најголеми звезди на овогодишниот трансвер пазар требаше да бидат Португалецот Кристиано Роналдо и Русинот Андреј Аршавин кој играше брилјантно на ЕП. Роналдовиот голем трансвер од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид и трансверот на Аршавин од Зенит на Островото во текот на двата месеци беа скоро готова работа. Но на крај Манчестер Јунајтед не падна на колена на понудата од 85-те милиона евра на Реал Мадрид. Додека Зенит ја крена цената на својот најдобар играч до точка која никој не се осудуваше да ризикува. Звездите на преодниот рок до последниот ден небеа познати , за на крај градските ривали Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити да го одврзат ќесето за Робињо и Бербатов. Вредат ли овие двајца Робињо 42, Бербатов 37 милиони евра? Одговорот е - не. Цената ја напумпа последниот момент во кој немаше друго решение отсем земиго или баталиго.
Мимо што трансверот на Робињо е рекорден сепак небеше нај возбудлив момент на овој преоден период, тоа секако беше дупло поефтиниот понизок трансвер на Роналдињо од Барселона во Милан. Играчот кој во 2005 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа и во кој сите се клневме и кој во многу анкети беше споредуван со Пеле и Марадона во тие моменти на најдобрите игри вредеше до 100 милиони евра. Но последните две години наместо најдобрите потези да ги изведува на терените тој ги изведуваше во нојќните клубови, па така Барселона на крај беше срејќна и на тоа што го продаде за пет пати помала цена само во соблекувалната да завладее мир.
Па сега прашањето на годината е дали Роналдињо може да ја оживи кариерата која минатата сезона почна енормно да згаснува. Сепак Роналдињо еднаш овој процес го има поминато во дресот на ПСЖ, тогаш на 23 години стигна во Барселона во кој три години играше волшебнички фудбал, дали е можно заедно со повратникот Шевченко да се вратат на старата форма и со тоа да се докажи дека сепак Милан ги направил најпаметните потези.
Ќе покаже времето...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom