Анализа на крв - толкување резултати

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Очекував подетален одговор. За на матичен знам дека треба да одам но мислев да не треба да променам нешто во навики или да внесам нешто во исхрана.
Подетален одговор, како што ти кажав, треба да бараш од матичниот доктор, не од форум.
На форумов се добиваат само „паушални“ одговори, никој не може, не треба и не смее да ти даде нешто конкретно бидејќи на пример не знае никој на што си алергичен, дали имаш семејна историја на некоја болест, дали имаш некакви претходни заболувања, дали си имал некој вирус во скоро време, какви ти се животните навики, какви ти се нивоата на витамини/минерали во крвта.
Тоа што важи за еден, не важи и за друг. Може да ти дадат совет на пример да земаш магнезиум или калиум (фрлам од ракав) зашто на пријателката на комшиката тоа многу и помогнало, а ти во твојот организам да имаш доволно и да ти се покачи нивото што ќе ти направи електролитен дисбаланс и потенцијално може да ти ја поремети работата на срцето.
Затоа и ти дадов таков одговор. Едно е кога се работи за нешто минорно, како превиткано прсте или осип од потење, друго е кога се работи за нешто што влијае на целиот организам и од нешто што ти изгледа безопасно и банално може да си направиш проблем. Особено што сега ти всушност и немаш било каков проблем што побарува интервенција ни со исхрана, ни со лекови.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Очекував подетален одговор. За на матичен знам дека треба да одам но мислев да не треба да променам нешто во навики или да внесам нешто во исхрана.
Тромбоцитоза...
вистински приод на појавен проблем во нашето здравје е првенствено лабораторискиот наод кој укажува на општа состојба на нашето тело, тука се и вредностите на тромбоцити чија улога да ја згрутчува крвта и со тоа да го сопре крварењето, штом тој параметар е во граница на референтната вредност нема место за паника , доклоку е под таа вредност велиме дека имаме состојба на тромбоцитопенија, а доколку е над тогаш состојба на тромбоцитоза...

зголемени тромбоцити може да биде привремена секундарна појава како последица на разни воспаленија, инфекции, вирози, алергиски реакции или едноставно при недостаток на железо ( не спомнувајќи примарна последица пореметување на коскената срж поради ,,мирни,, бели и црвени крвни зрнца) и враќање на вредноста на тромбоцитите во нормала со користење на соодветен антибиотик (реактивна тромбоцитоза) ..поправка,, на анемијата поради недостигот на железото( а тоа поради недостаток на фолна киселина и Вит Б12 или др.причини во ресорпција на истите)...
искрено после спортски припреми што нормално секој си добива ,,воспаление на мускулната маса,, мое лично искуство е со малку покачена вредност на тромбоцитите во горна граница на таа референтна вредност...
ЗНАЧИ НОРМАЛНО е после засилена физичка активност да имаме таква појава реактивна тромбоцитоза , дали нешто и ти си во таква спортска активност ??! :)
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во ред е што сакаш да си покажеш колку знаеш, се надевам дека и на испити го правиш истото (освен ако ова не ти е само препишано) меѓутоа како иден доктор се надевам дека пред да почнеш да работиш со вистински пациенти ќе успееш да ја совладаш границата помеѓу клинички значајни и незначајни работи и ќе развиеш еден филтер со цел да не ги преплавиш пациентите со информации што за нив повеќе ќе значат хистерија отколку што ќе имаат практична вредност.
 
...драга модераторка, дозволи Alternativn_o мислења кое е вон граници на вашето сознание или денешна copy-paste медицинска пракса во МкД, фактот што немате конкретни докази да ме побиете не значи да ја искористите Вашата позиција овде на форумот да се однесувате вака апсолутистички и свезнаујчи, инаку во право сте околу тоа што укажувате околу исптите, но со една исправка на страната на наведената позиција што ја укажувате, доколку нешто прекршувам во правилата на форумот повелете изнесето го тоа и верувајте со извинување ќе го спроведам...поздрав и убав ден !
 
Моме, јас никаде не реков дека не се точни информациите, само ти дадов добронамерна сугестија еден ден кога ќе работиш со пациенти да не ги вадиш од памет со за пациентот ирелевантни информации што никако нема да го сменат исходот, само ќе придонесат кон хистерија.
А ти што се најде лично засегната и/или навредена за тоа можеш да се обратиш во подфорумот Философија и психологија, има повеќе соодветни теми кај што може да се најде решение или пак на темата Корисничка поддршка / прашања и одговори од администраторите каде што можеш да си ги изложиш дилемите околу бришењето на твоите мислења од страна на соросоидните модератори и администратори.
Фала, благодарам, live long and prosper :backa:
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
@bijons не сум бил спортски активен, знам дека се накачуваат од спортски активности.
Инаку ќе продолжиме преку ПП. Сепак форумот и самите членови кои имаат или би ги имале овие или слични проблеми нема да знаат точно што да прават во дадената ситуација. Фала ти што се трудиш.

Ако форумот здравје служи само за мерење таквое или едноставно "посети матичен" не гледам зошто воошто постои.
 
Последно уредено:

ОК ! ако не е дозволено јавно споделување на медицинско искуство и покажување на мегаломаност со бришење од модераторот со образложение ,,иди жали се кај админите.. ,, укажувајќи каде треба да идам предходно во подфорум за brain work, ќе продолжиме со твојот проблем во илегала :D
 
Член од
9 август 2011
Мислења
423
Поени од реакции
1.138
АЛТ нормално од 10 до 75, кај мене е 99
АСТ нормално од 10 до 45, кај мене 45
Ова во комбинација со зголемени триглицериди на 2.6 и холестерол 6. До сега не видов тука со толку зголемени АЛТ, а треба да чекам до четврток за ехо, па ако има некој поупатен коментар околу ова за коментар.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
АЛТ нормално од 10 до 75, кај мене е 99
АСТ нормално од 10 до 45, кај мене 45
Ова во комбинација со зголемени триглицериди на 2.6 и холестерол 6. До сега не видов тука со толку зголемени АЛТ, а треба да чекам до четврток за ехо, па ако има некој поупатен коментар околу ова за коментар.
Одредувањето на хепаталните проби има многу важна дијагностичка вредност кај сите видови на хепатит, кај цироза на црниот дроб, кај жолтица, болестите на жолчните патишта...
Најчести параметри за одредување на хепаталните проби се: одредувањето на билирубинот во крвта (вкупниот и директниот) и вредностите на ензимите: трансаминази – AST (аспартат аминотрансфераза), ALT (аланин аминотрансфераза), GGT (гама глутамилтрансфераза) и AP (алкална фосфатаза)...
...според мое мислење треба да поработаш на смалување на триглицериди, доколку јадеш многу месо или ако пиеш алкохол тоа да го намалиш, и доколку немаш физичка активност, барем рекреативно 3 х во неделата...
инаку околу другиот резултат за кој си загрижен и прашуваш, мислам дека малку покачена вредност од нормалата на АЛТ укажува можеби од примена на некои лекови што си ги користел пред да дадеш крв за анализа од тип на нестероидни анти-инфламаторни лекови диклофенак, може од аспирин, антибиотик или доколку си на антиепилептични лекови, често пати ова вредност знае да биде малку покачена и од некои билни препарати и од некои диететски суплименти, а најчесто при мускулно воспалување или повреда на мускул...
да не си претерал нешто во вежбање, па тоа ти е од воспаление ? инаку немој да се грижиш да имаш нешто со јетрата од тип на цироза, акутен хепатит или оштетување вредоста треба да биде повисока 10 х па до 15 х од нормалната, а за хроничен хепатит барем 2 х повисок - дуплиран ;) ... така да ехото ќе ти биде ОК !
...замислувам сега, си бил неактивен цела зима, сега со сонцето нешто си удрил фудбал или нешто друго вежбање, може имаш мускулно воспаление кое може го чуствуваш ама може и не внатрешно е, затоа нека помине малку време - одмори , нека помине воспалението и направи пак анализа јас сум сигурна дека АЛТ ќе спадне и ќе биде во нормала :)
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
447
Поени од реакции
164
При последната проверка на крвта серумското железо ми беше 3, а холестеролот 4. Има потреба од загриженост? Останатите вредности се во рамки на нормалата
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
При последната проверка на крвта серумското железо ми беше 3, а холестеролот 4. Има потреба од загриженост? Останатите вредности се во рамки на нормалата
а да го сликнеш лабораторискиот резултат да видиме и Хемоглобинот? дали си женско па си имала некој посилен менструален циклус пред да направиш анализа, дали е во прашање венска или капиларна крв за резултатот од серумско железо?дали имаш некој гастринтестинален проблем? дали имаш испитано трансферин и феритин ?
реф.вред. серумско железо (fes) 9.0 - 31.3 μmol/L ,
Вкупно серумско железо (tsi) женски пол 4.6 and 30.4
Вкупно серумско железо (tsi) машки пол 11.6 and 35 μmol/L
холестерол ? се мисли на вкупен холестерол 4,0 ? другите ?
нормални вредности на вкупен холестерол во крвта е 3,10 - 5,5 mmol/l
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Докторот ми е на одмор па тука се обраќам IMG_20170722_084500.jpg IMG_20170722_084516.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
...имаш добри лабораториски резултати освен три работи на кои треба да внимаваш :

- покачени триглицериди односно имаш високо покачени триглицериди од 2,3–5,6 mmol/L
(не знам дали си машко или женско, оти често пати ова покачување е како резултат на претерано конзумирање на алкохол и месо, прекумерена тежина претежно кај стомачна регија, проблеми со штитна жлезда, проблеми со бубрези и јетрата, неконтролиран дијабетес и физичка неактивност)

- имаш присутни калциумови оксалати, аморфни урати во урински седимент (што значи те прошара некој песок или имаш присуство на камчиња во бубрег, но немаш бубрежно оштетување и бубрежна функцијата ти е безпрекорна преку креатинин + уреа),

- трагови од протеин во урина што може да биде последица од бременост (ако си женско) или некоја силна нагла физичка активност (ако си машко) како нормално присуство на протеин во урина ИЛИ патолошко присуство како последица на некои воспалителен процес на урогениталниот тракт ( може од песокот присутен како оксалати и урати направиле некоја инфекција движејќи се од бубрезите до мочниот меур)
... мој совет, за првото, промена на исхрана- скрати црвено месо, слатки, млечни производи, алкохол доколку внесуваш, помалку нервоза и повеќе физичка активност и пожелно е нормална телесна тежина! а за второто внесувај повеќе течности, мин 2 лит вода, поради содржина на калциев оксалат во урина извесен период да избегнуваш храна во чиј состав има високи количини на Вит Ц како и зеленчук што содржат оксалати како домат, аспарагус, спанаќ како и малку повеќе брзо пешачење и по можност брзо качување и слегување по скали ! (y)
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
Благодарам, машко сум, добри совети, секако ќе посетам и доктор, се движам доволно планинарам често, јадам црвено месо, ќе мора да смалам исто и ќе намалам алкохол, претежно жестокиот се трудам веќе месец два, цело лето сум на пиво.
Доматите многу ги сакам, прекумерна тежина немам, само во абдоминлна регија имам сигурно наталожени масти, не јадам паштети, газирано никад, густи сокови никако, тестенини никако, чат пат бурек, намалив млечни производи освен јогурт.
Може ме мачат и хемороидите, којзнае. Ме срам да отидам да кажам, се обидувам со вода да се мијам но работата ми е во планина и не е возможно се.
Користев два месеци омега 3-6-9 ама триглицеридите стојат горе накај 4. На црниот дроб замастувањето се зголеми сега гамата е 87. Скроз треба да исфрлам алко
 
Хемороиди !

...како што се „попуштени проширени вени“ на нозете и болката и заморот и лечењето такви се исто и „попуштени проширени вени“ во аналниот(газот) дел и се наречени хемороиди,

форца што даваш при дефекација (отежната перисталтика на дебело црево) се рефлектира на тие вени кои можат да се надвор или внатре во газот, можат да се многу болни и отечени, а можат и да крварат ако пукне вената, затоа мора да ја поправиш исхраната да биде повеќе „течна“ што велиме супи , манџи - „лажица да игра“ да пиеш доволно вода во текот на денот, како и секојдневно внес на смокви, овде алкохолот пак ти пречи, треба да избегаваш многу пешачење како и многу седење посебно не на тврда столица, возење велосипед многу помалку и кога веќе ги миеш хемороидите имај на ум да го правиш тоа со ладна вода без сапун, може дури и мраз да ставиш во пешкир и да го поставиш во иритачкиот анален дел, и секогаш за тоалет за газот ќе користиш влажни марамици никако сува тоалетна хартија !

и секогаш после тоалета и миење да намачкаш околу аналниот отвор со маст Модолекс(не е на позитивна листа) или со специjалниот дел да внесеш внатре доколку имаш и внатрешни хемороиди, често пати добро даоѓа и Јод на парче газа и да притиснеш малку анално за дезинфекција како и за лечење на самиот хемороид и доколу можеш да пиеш чај нема да ти наштети овој наш МКД чај специјализиран за хемороиди !

доколку ти крварат хемороидите, тогаш треба да ја користиш ова маст - Факту (не е на позитивна лист), која не е кортикостероид и може подолго време да се применува како и специјално за хемороиди кои крварат ! (y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom