Очекувани награди:
1. МВП се знаеше дека ќе иде кај Роџерс, иако по мене ТБ12 повеќе ја заслужи, а и можеа да го испоштуваат за крај.
2. OPOY - Cooper Kupp, очекувано, многу малку фалеше да го престигне Мегатрон.
3. DPOY - TJ Watt, кој да беше целосно здрав ќе имаше барем 25 секови сезонава и дебело ќе го надминеше рекордот на Michael Strahan, едноставно, една од главните причини што Питсбург фатија плејоф.
4. ROPY - Jamar Chase - нема потреба ништо да се збори.
5. RDPY - Micah Parsons, исто како погоре, едноставно уште во првата година покажа дека е доминантен, и тоа не само на една позиција, и ако вака продолжи којзнае каде ќе му биде крајот.
6. Coach - Mike Vrabel, прво место во конференцијата иако најдобриот играч во тимот не играше повеќе од пола сезона, со повреди се мачеа и фаќачите...извади максимум од екипата и заслужено ја освојува наградата.
7. Comeback POY - Joe Burrow, а многу блиску бил и Дак Прескот. И двајцата лани имаа страшни повреди, поготово е лошо кога тоа ти се случува во прва сезона во НФЛ. Но, во втората не само што се врати, туку во недела ќе игра за прстен. Тоа е се' што треба да знаеме за Burrow, со дополнителна квалификација дека пред себе има потпросечна офанзивна линија.
Ако некој сака да ги види гласовите
тука.