Во следниот број на Journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry ќе биде објавена студија која јасно покажува дека драстично паднал процентот на менталната агилност кај пациентите кои боледуваат од оваа болест, со околу 0.3 проценти дезориентираност за секоја дополнителна година образование. Брзината на мисловните процеси и меморијата биле посебно загрозени.
Претходните истражувања покажаа дека луѓето со висок степен на образование се наоѓаат под многу мал ризик да заболат од оваа болест, што сега се докажа сосема спротивното. Со новите испитувања се докажа дека мозокот кај образованите луѓе може да толерира измени за подол период на време, што би значело симптоми и знаци на намалена ментална агилност доста подоцна во процесот на Алцхајмеровата болест. Кога ќе се појават, напредуваат значително побрзо отколку кај луѓето со помал степен на образование.
Истражувањето е извршено на 312 луѓе од Њу Јорк со возраст од 65 па нагоре, кои ја имале болеста повеќе од пет години. Резултатите биле видливи, бројот на нервни поврзувања со складови за информации бил драстично поголем и поефикасен кај луѓето кои биле повеќе образовани што просто би значело поголема изложеност кај овие луѓе.
Бројот на луѓе кои ќе бидат заболени ќе се зголеми двојно за секои 20 години. Се очекува во 2020 да има околу 42 милиони заболени и 1 случај на секои 7 секунди. Најчесто страдаат луѓе на возраст од 65 и постари.