Алцхајмеровата болест напредува побрзо кај образованите луѓе

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.761
Поени од реакции
9.459

Во следниот број на Journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry ќе биде објавена студија која јасно покажува дека драстично паднал процентот на менталната агилност кај пациентите кои боледуваат од оваа болест, со околу 0.3 проценти дезориентираност за секоја дополнителна година образование. Брзината на мисловните процеси и меморијата биле посебно загрозени.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со висок степен на образование се наоѓаат под многу мал ризик да заболат од оваа болест, што сега се докажа сосема спротивното. Со новите испитувања се докажа дека мозокот кај образованите луѓе може да толерира измени за подол период на време, што би значело симптоми и знаци на намалена ментална агилност доста подоцна во процесот на Алцхајмеровата болест. Кога ќе се појават, напредуваат значително побрзо отколку кај луѓето со помал степен на образование.

Истражувањето е извршено на 312 луѓе од Њу Јорк со возраст од 65 па нагоре, кои ја имале болеста повеќе од пет години. Резултатите биле видливи, бројот на нервни поврзувања со складови за информации бил драстично поголем и поефикасен кај луѓето кои биле повеќе образовани што просто би значело поголема изложеност кај овие луѓе.

Бројот на луѓе кои ќе бидат заболени ќе се зголеми двојно за секои 20 години. Се очекува во 2020 да има околу 42 милиони заболени и 1 случај на секои 7 секунди. Најчесто страдаат луѓе на возраст од 65 и постари.
 
Elena F.Sinatra

Temper Tantrum
Член од
5 август 2008
Мислења
227
Поени од реакции
14
Можеме да шпекулираме колку сакаме, сепак кај нив е науката, истражуваат, и истражуваат...
Се надевам дека во блиска иднина ќе фрлат некоја пара за да го истражат лекот, за оваа прогресивна, дегенеративна, дементна, детериорација ...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Алцхајмеровата болест напредува побрзо кај образованите луѓе

дали читам добро?!?! ОБРАЗОВАНИ...да бе образовани пишува...не бе не е могуче...чеј да видам подобро...

значи ако типот е паметен, интелигентен, логичар, али пораснал у џунглата со мајмуните (таму им измислувал ствари што им го олеснил животот) автоматски е необразован (незнае да чита и да пишува и да се однесува културно) и автоматски тој ако добие Алцхајмеровата болест, кај него побрзо ќе се развие....логика амин...

НЗС?? Просветли ме...no offense Али не те сватиф...
 
Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Алцхајмеровата болест напредува побрзо кај образованите луѓе

дали читам добро?!?! ОБРАЗОВАНИ...да бе образовани пишува...не бе не е могуче...чеј да видам подобро...

значи ако типот е паметен, интелигентен, логичар, али пораснал у џунглата со мајмуните (таму им измислувал ствари што им го олеснил животот) автоматски е необразован (незнае да чита и да пишува и да се однесува културно) и автоматски тој ако добие Алцхајмеровата болест, кај него побрзо ќе се развие....логика амин...

НЗС?? Просветли ме...no offense Али не те сватиф...
Со новите испитувања се докажа дека мозокот кај образованите луѓе може да толерира измени за подол период на време, што би значело симптоми и знаци на намалена ментална агилност доста подоцна во процесот на Алцхајмеровата болест.
Самото помнење преставува последица на промените.
Проценката на интелектуалното функционирање и помнење во алцхајмеровата болест го определува степенот на болеста, самата болест не е добро проучена и се меша со староста и стресот дека се јавува над 60 години, се карактеризира со "губење на умот" за што би се дошол до посигурна дијагноза за време на учење.

Не ги зафаќа сите мемориски капацитети, оние постари епизодни мемории за животот на пациентот, семантичната меморија и имплицитната меморија за тоа како функционираат секојдневните потребни работи, не подпаѓаат под алцхајмеровата болест, туку највеќе онаа најсвежа меморија.

Насловот е така формулиран само за да створи некоја збунувачка тензија
 
Значи у право суууууумммм.....они имаат грешка...:) тоа мислев, дека не е до “образованието“ него до вежбите на мозокот...т.е. колку го користиш....(ти со термини, јас со жаргон...јбг) т.е. колку знаеш....
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Mozeme da spekulirame no objasnuvanjeto deka obrazovanite lugje poveke stradaat od ovaa bolest drzi ,ednostavno tie poveke go"trosat" mozokot,no od druga strana se vika pa deka tie imaat podobar trening i kondicija na mozokot,,,:toe:
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.453
Алцхајмеровата болест е повеќе наследна болест.
Оваа теорија не е сосем доволно докажана.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
241
Поени од реакции
5
Алцхајмеровата болест е повеќе наследна болест.
Оваа теорија не е сосем доволно докажана.
Се мисли повеќе на предиспонираност, како една од алките на синџирот. За жал или за среќа, кој како ќе сфати, докажано е дека Алцхајмеровата болест повеќе ги напаѓа интелектуалците (но не и специфично зошто) исто како и една од најлошите, според мене, болести на денешнината multiplex sclerosis.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.453
Се мисли повеќе на предиспонираност, како една од алките на синџирот. За жал или за среќа, кој како ќе сфати, докажано е дека Алцхајмеровата болест повеќе ги напаѓа интелектуалците (но не и специфично зошто) исто како и една од најлошите, според мене, болести на денешнината multiplex sclerosis.
Види сега алцхајмеровата болест се должи повеќе на недоволно производство на ацетилхолин од страна на нервните синапси,повеќе логика би имало да кажат паркинсон каде има недостаток на медијаторот на допамин којшто е медијатор во нервните синапси кога има интелектуален процес.
Иначе алцхајмеровата болест е всушност ја сметаат како автоимунен процес каде се таложи бета амилоид и каде тој бета амилоид прави пречка да се транспортира самиот ацетилхолин и другите медијатори.

Според новите истражувања редовното користење на нестероидни противовозпалителни лекарства значително ја намалуваат шансата да дојде до старечка деменција и до појавата на овие болести во поодмината возраст.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.367
Поени од реакции
7.453
Така е...не глеам ништо спорно
Нема спорно,само што тврдење у медицината не се прави од само една студија и од 312 души................треба многу повеќе за да се потврди.
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
Нема спорно,само што тврдење у медицината не се прави од само една студија и од 312 души................треба многу повеќе за да се потврди.
Има мн. повеќе :nenene:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Готово уште изворот на информации штом го видов се ми е јасно.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
241
Поени од реакции
5
Види сега алцхајмеровата болест се должи повеќе на недоволно производство на ацетилхолин од страна на нервните синапси,повеќе логика би имало да кажат паркинсон каде има недостаток на медијаторот на допамин којшто е медијатор во нервните синапси кога има интелектуален процес.
Иначе алцхајмеровата болест е всушност ја сметаат како автоимунен процес каде се таложи бета амилоид и каде тој бета амилоид прави пречка да се транспортира самиот ацетилхолин и другите медијатори.

Според новите истражувања редовното користење на нестероидни противовозпалителни лекарства значително ја намалуваат шансата да дојде до старечка деменција и до појавата на овие болести во поодмината возраст.
немаше потреба да ми ја објаснуваш болеста јас добро ги знам патоанатомските механизми
јас само појаснив дека се наследува предиспонираност на организмот кон заболување од алцхајмер а не и самата болест
 
Kajgana Shop

На врв Bottom