Алкохоличари во семејството

K

kalimer0

Гостин
Мене никогаш ме нема видено пијан ама деновиве ќе се направам летва кога тој е трезен па да види како е да си има работа со пијан човек :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Мене никогаш ме нема видено пијан ама деновиве ќе се направам летва кога тој е трезен па да види како е да си има работа со пијан човек :D
Ќе ти се дере и ќе ти збори дека не чинело така, ќе ти рече остај ме мене што правам. Штета што овие постариве ретко ставаат прст на глава да подразмислат, они се увек у право, во се се разбираат и низ се поминале.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Нема лек од таков родител,колку пати сум се карал,сум се тепал,се џабе е,една ракија да пијне и ти кажува глупости ,ако ти дал 500 денари цел ќе ти зборува за ив,иако последните 4 години во главно сам си искарувам за живот колку толку,62 год . и буквално ништо не направил работи ама џабе работи,за цигари и за ракија работи,нз што да кажам повече размислувам многу последно време да ги напуштам да одам на стан да живеам ама грев ми е за мајка ми мајмногу,ништо не е виновна цел живот пати од таква будала која по цел ден вика на глас како лудак и живее во некој свој свет.Навистина жано е што е така,ама од родители до родители постои огромна разлика,на некој родителите му овозможуваат безгрижно детство,образование,стан или куќа,автомобил па и работа,а некој нема ни едно од овие заради својот успешен родител, имам и др примери од мои роднини и другари и навистина тешко кој се сменил,еве пред некое време и загинаа двајца пијани луше тука,така пијани паѓаатна глава се повредуваат тешко,после некој ден во болница починаа и двата.Ужас е алкохолот.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Кумот ми е пијаница,тежок.искрено јас мојот кум го немам видено трезен никојпат во живот.Ама добрата страна на тоа е што никогаш не е агресивен,напротив сите ги сака,се гушка со мене,дава пари...Живее во едно село затуцано.со мајка му и со татко му(и он пијаница,ама полесен случај),пијан оди секој ден на работа(работи во рудник,незнам како не паѓа во окно)не е ни женет,ни деца има,а има преку 40 години.
Исто вујко ми знае да се напие одвреме навреме,ама со него кога е пијан да ти е мерка да збориш.Колку само филозофски,политички,научни муабети имаме правено,тоа е чудо,не дека немаме правено и кога е трезен,ама кога е пијан од сосема друга гледан точка,а по мене и подобра ги ссогледува работите.

татко ми пак,од друга страна пие на престапна година :D.Само на посебни пригоди,свадби родендени,или коа ќе дојдат гости,,реееетко пие повеќе од една чашка,некогаш ни една цела,јас до сега само еднаш го видов така,малце поднапиен,и одма,ама одма си легна човекот.
таква среќа имам,што е добро :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
За пијаница лекот го знаете ?

Камен во глава додека спие.
Ќе го соберат утре ден со црниот караван и правец во мртвачница.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Еден мој роднина е ваков, додека има ракија дома се пие. По 100 пати оди до собата да се напие и излегува надвор и така се додека не го испразне.:pos:
Почнаа да не купуваат и му зимаа и плата и се и му даваа само по 20 ден дневно за две чашки во продавница и сега само тоа му е освен некаде ако не иде па да испие пола литро ама тоа ретко.
Веќе од него и лојзето во село не го работат оти ако сварат 100 литри за два месеци ќе ги испие вака мирна глава. И ако некогаш купат 1 литро ракија тогаш значи дека е некој голем празник и ќе дојдат гости мора да има, инаку ма јок бре. Ама додека дојдат гости он си ја испие пола али важно оставе и за нив.
Те сега многууу ретко го гледам пијан во месец еднаш а некогаш и на 2-3 месеци. Може да се спречи ако му водиш контрола и бидеш упорен и он ќе се научи на тој режим. :)

Немам татко но кога би имал ваков татко подобро би го видел во гроб отколку вака да ме замара секој ден, да не можеш никој да донесеш на гости оти не знаеш во каква состојба ќе го начекаш и да се смеат сите кога ќе го видат.

Или пак како еден комшија дома шкрта по зидовите, земе огледало и на жена му вика гледај ма колку сум убав оваа ако му рече престани он почне да замара, беше се фрлил од 2 спрат, го носија на лечење он си дошол ништо и од тоа, оди низ градот низ кафичите се шета таков, брка по контењерите, а веќе почна да станува агресивен вика по жените што се на улицата. Еј може само полудееш од ваков. Ме фаќа жал не знам како да и помогнам тешко на нив дома.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
77
Поени од реакции
2
Дали во случај на нервоза, крваво црвена уста и големо потемнување на забите може да биде показател за проблем со алкохол?
 
Член од
5 август 2016
Мислења
312
Поени од реакции
221
Татко ми е зависник ама никогаш апсолутно никогаш не бил насилен кога бил пијан. Или легнува да спие или ќе тупи некој досаден муабет па ќе легне да спие ама нема ни чаша скшено. Можеби е среќа во несреќа:rolleyes:
Исто и кај мене :)
 

newcastle

Shearer
Член од
23 декември 2014
Мислења
271
Поени од реакции
104
Имам алкохоличар дома тоа е голем проблем и незнам како да го решам, татко ми скоро секој ден е пијан а не признава секогаш вели дека капка се нема напиено и кога ке му речам дека пиел почнува да ме вреѓа и да измислува работи за мене, а најголем проблем е што веќе се срамам бидејќи сум женет и сите ги нервира ке си одев од дома ама ме фаќа жал за мајка ми и сестра ми, за лечење неќе ни да слушне дали може некако на сила да се лечи оти неможе веќе вака.
 

Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Имам алкохоличар дома тоа е голем проблем и незнам како да го решам, татко ми скоро секој ден е пијан а не признава секогаш вели дека капка се нема напиено и кога ке му речам дека пиел почнува да ме вреѓа и да измислува работи за мене, а најголем проблем е што веќе се срамам бидејќи сум женет и сите ги нервира ке си одев од дома ама ме фаќа жал за мајка ми и сестра ми, за лечење неќе ни да слушне дали може некако на сила да се лечи оти неможе веќе вака.
Малку е проблематична ситуацијата, бидејќи пред се, не можеш да го натераш некој на сила да се лечи. Единствено, можете некако да ургирате до некоја од здравствените институции, но и тоа не би вродило со плод, доколку се работи за човек кој има периоди каде што не е во алкохолизирана состојба и функционира нормално. Најпаметно е да седнете прво и да разговарате фамилијарно со него кога ќе е во трезна состојба и да одлучите што понатаму. Кога е во таква состојба, какви проблеми прави? Извршува физички напад врз некој од семејството? Или само агресивноста ја истакнува преку викање, карање и сл.?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.748
Имам алкохоличар дома тоа е голем проблем и незнам како да го решам, татко ми скоро секој ден е пијан а не признава секогаш вели дека капка се нема напиено и кога ке му речам дека пиел почнува да ме вреѓа и да измислува работи за мене, а најголем проблем е што веќе се срамам бидејќи сум женет и сите ги нервира ке си одев од дома ама ме фаќа жал за мајка ми и сестра ми, за лечење неќе ни да слушне дали може некако на сила да се лечи оти неможе веќе вака.

Јас сум малку постар од повеќето од вас на форумов и со сигурност и со гаранција ти тврдам дека нема лек за оваа работа. Сум пропатувал многу маки со вакви случаеви, ама тие со сигурност нема самите да се откажат од алкохол.

Еден мој близок роднина замина на помалку од 40 години...ми остави и куќа во Охрид во наследство, .....ама паметот не му дојде. Го оставаше алкохолот на некое време и пак му се враќаше.

Мината сабота мој комшија исто така го испративме во неповрат, а прво тој поради нервози ги испрати татко му, мајкаму,...жена му му избега, ќерката исто така....безнадежен случај.

Сме пробувале со доктори, со надрилекари, сме оделе по чаево во косово,...све сме пробале...нема лек.

Единстевно што ми доаѓа на памет е или цела фамилија да му се собери околу него со закани(ако треба и ќотек) или да с епроба со некој од методите од манастирот во Црна река во Србија

 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За се има навика, ама има и одвика. Има лек, но прв и најтежок чекор е прифаќање на болеста и дека треба да се лечи. Стручно лице прво треба да дознае која е причината. Има многу кои се излечиле.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Имам алкохоличар дома тоа е голем проблем и незнам како да го решам, татко ми скоро секој ден е пијан а не признава секогаш вели дека капка се нема напиено и кога ке му речам дека пиел почнува да ме вреѓа и да измислува работи за мене, а најголем проблем е што веќе се срамам бидејќи сум женет и сите ги нервира ке си одев од дома ама ме фаќа жал за мајка ми и сестра ми, за лечење неќе ни да слушне дали може некако на сила да се лечи оти неможе веќе вака.
Имам двајца другари со истиот проблем. И двајцата не се женети, викаат како да донесам жена дома кога имам татко алкохоличар.
Татковците им се по природа мирни, вредни, работат, но премногу пијат.
Кога се трезни, а тоа е многу ретко, мислиш дека се најдобрите луѓе на светот. Но кога ке се опијат, исто вреѓаат, наредуваат, се кријат по подруми и испагаат помочани...
Се дешава кај нив и физичка пресметка, но за среќа другариве ги нокаутираат одма и после стариве се мирни ден два, и пак по старо...
Инстант решение нема, ни установа не може да помогне ништо.
Ако не се реши родителот да престане со алкохолот, ни господ не му помага.
Не сум насилен тип, но мислам дека да му удриш кјотек ке го натера да размисли за постапките. Ке се чувствува понижено, и можда ке се засрами... Не знам...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Истиот изговор и за родител алкохоличар и за тешко болен. Секој што има план за иднина и формирање семејство ќе најде решение. Кога ќе видиш дека има и татковци кои ич не пијат, па пак прават проблеми во фамилијата на децата.
Мој другар откако се ожени и има дете, неговиот татко помалку пие и си има плус занимација чување на детето.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Зависи од самиот човек. Ако погледне во себеси, ќе наиде на проблем, од било каква природа што го влече со себе. Е за да не го реши тој проблем, ќе побара занимација во нешто друго. Истото е и со оние луѓе што зборат лошо за други (измислени ствари најчесто). Некој може да се смени, примерот на Форца, кај некој со тек на време ќе станува бетер, не заради алкохолот, дрогата или било што туку заради проблемот што психички ќе тлее во личноста. Поради алкохолот само џигерот ќе настрада.

Најчесто страдаат несоцијализирани луѓе со ниска самодоверба, само што кај овие кај што веќе проблемот како што опишав е во последен стадиум од тлеење веќе јавена е агресија и се пресметливи, прават проблеми. @newcastle треба да викнеш полиција ако друг пат прави такви проблеми, само така по службена должност ќе биде собран од Бардовци или на психијатрија мада за на психијатрија на клиника треба врски. А Бардовци служи за еден вид затвор, таму никој не се труди да излечи никого од ништо, самите хоспитализирани внатре во плакарчињата имаат повеќе алкохол од рандом паб низ градов, никој не се замара. Клиниките во странство за лечење од зависности се ѓавол и пол. Ти го кажувам ова за да немаш некоја надеж...

најпаметно решение според мене е посета на психијатар (но некој навистина што знае како да работи а не некој што го мрзи да живее и само да препише апчиња и бетер да стане) и да се најде коренот на проблемот, криење и истурање шишиња нема да го решат.[DOUBLEPOST=1488801984][/DOUBLEPOST]
Кога се трезни, а тоа е многу ретко, мислиш дека се најдобрите луѓе на светот. Но кога ке се опијат, исто вреѓаат, наредуваат, се кријат по подруми и испагаат помочани...
е, ова е тоа што зборев погоре, само покасно го видов постов. Значи агресијата се јавува како еден вид фрустрација од неможноста/немањето желба/самодоверба да се соочат со тоа што ги мачи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom