Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.664
@Inglourious Basterd

Прво, грујо не е аболиран но утре да има обвинение ќе биде затоа што хорхе кажа дека аболицијата ќе важи и за идни дела.

Второ, викаш ако заев пак ги објавува бомбите ќе биде одново гонет, но ќе биде и обново аболиран оти пак хорхе рече дека аболицијата важи и за идни дела и ако и во иднина пак се јавела ваква ситуација ќе го направел истото.

Абе потегов на хорхе е скаран со секоја логика, немате ли доверба у судството дека ќе ги извадеше невини сите ваши функционери, или можеби доказите на СЈО беа пресериозни (за разлика од тоа што го викаат написите на куририте).

Ама мене некако сепак ми делува за изнуднен потег од страна на меѓународната, за која причина појма немам, ситацијата сигурно нема да се смири со потегов ако тоа го очекувале.
Хорхе ќе мора да потпише нова аболиција за Груевски. Не може бланко да го аболира предвреме. Нема законска можност за тоа. Хорхе денес само најави дека ќе ги аболира сите за кои СЈО ќе отвори истрага. А тоа не го спречува СЈО да отвора истраги. А нели, проблемот на Груевски бил да не биде споменуван на пресовите на Катица.

За објавување на бомби, исто Хорхе ќе треба нов ферман да напише. Може да се премисли.

Тоа го викам и јас. ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква потреба за аболиција сега. Хорхе е претседател до 2018та, можеше било кога попатно. Ова денес што се случи, не е желба на Хорхе, туку на амбасадорите. Нека му е на здравје на Груевски уште едно горко апче. За памет му се.
услов да правиш избори е да можеш да затвараш??
гледај каква логика имаш, шо има врска власта со тоа кој треба да биди затворан? или кој да плати данок?
Закон треба да важи за сите подеднакво било кој да е на власт без разлика дал е Заев или Грујо или Амди.
Во нормална држава не треба да зависи ни од премиер ни од министар ни од пратеник кој ќе оди во затвор. Ни кој ќе плаќа даноци.
Ете зошто ни се случуваат вакви работи.
Имаме погрешна претстава шо е држава и шо преставува.
Не, за да бидеш држава тоа се предусловите.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
321
Поени од реакции
115
Видеото е вознемирувачко, ако имате слабо срце не го отворајте.

На крајот на видеото, можете да го видите лидерот на опозицијата, што е доволен доказ кој стои зад сето ова.

Спојлер: Прејака шлаканица на самиот почеток.

мал си уште
 
S

silmarillion

Гостин
Ах колку ми е кејф бизнисот во странство што го префрлив. Да плаќам данок за плата за фикусот никад.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Не, за да бидеш држава тоа се предусловите.
а оти треба да се укини СЈО?
ете таа ќе притвора, обвинува и затвора криминалци?
или држава треба да селектира кој треба да биде обвинет, притворен и затворен
Е то е веќе диктатура, Мусолини, Хитлер, Тито, Салин, Ким ил Јонг....
Башка држава е тоа.
Во нормална држава нема ни муабет меѓу премиер и министер кој да се затвори шо да се урни кој да се ослободи. Во демократска држава таа работа по должност си ја прават инспектори полицајци обвинители судии... Во диктатура судија и обвинител треба да работат не по закон туку по наредба од лик кој е на власт.
Тоа треба да го научиме, ма колку настрано и чудно ти изгледа и звучи...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.664
а оти треба да се укини СЈО?
ете таа ќе притвора, обвинува и затвора луѓе?
или држава треба да селектира кој треба да биде обвинет, притворен и затворен
Е то е веќе диктатура, Мусолини, Хитлер, Тито, Салин, Ким ил Јонг....
Башка држава е тоа.
Во нормална држава нема ни муабет меѓу премиер и министер кој да се затвори шо да се урни кој да се ослободи. Во демократска држава таа работа по должност си ја прават инспектори полицајци обвинители судии... Во диктатура судија и обвинител треба да работат не по закон туку по наредба од лик кој е на власт.
Тоа треба да го научиме, ма колку настрано и чудно ти изгледа и звучи...
СЈО треба да се укине затоа што е противуставно. Кој треба да биде притворан, обвинет, затворен одлучува судот.

И кај нас тие работи си ги прават инспектори, полицајци, обвинители, судии. Си видел негде пресуда потпишана од Груевски? Јас немам видено. И каква врска има тоа со тоа што ти дома ќе си организирал избори?
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Која претставка ќе биде пред името на државата во јуни?
Партизиранадонемајкаде Р.М (ВМРО). Оваа првата додавка ќе биде за домашна употреба, а таа во заграда ќе е за меѓународна употреба.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
не само што беше во бомбите туку беше толку драматично претставен што некој што не го познава фиат (несудениот креатор на нова нација во Македонија - Торбеши) ќе си речеше човеков го погледнал Груевски попреку и настрадал. А и во самите бомби меѓу себе си кажаа дека е дивоградба а и фиат си призна. Тоа е.
Самиот факт дека додека Фиат беше со власта не го рушеа, а откако им го сврте грбот почнаа да го рушат, тоа јасно кажува дека станува збор за класична политичка пресметка без разлика дали признал или не.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Незнам што е поентата со протести и контра протести и искрено ич к*р не ме боли. Веќе сме презаситени од политичката ситуација во државава која трае 2 години. Но она што го знам со сигурност е дека ако во брзо време не се најде соодветно решение Македонскиот народ повторно ќе страда од глупави политичари. Лоша иднина и се пишува на Македонија и Македонскиот народ.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
СЈО треба да се укине затоа што е противуставно. Кој треба да биде притворан, обвинет, затворен одлучува судот.

И кај нас тие работи си ги прават инспектори, полицајци, обвинители, судии. Си видел негде пресуда потпишана од Груевски? Јас немам видено. И каква врска има тоа со тоа што ти дома ќе си организирал избори?
Ти немаш видено, но цела јавност има слушнато како по телефон се порачуваат пресуди преку судиите од тефтерчто на горде, така да не кењај.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.664
Ти немаш видено, но цела јавност има слушнато како по телефон се порачуваат пресуди преку судиите од тефтерчто на горде, така да не кењај.
Цел свет има слушнато дека постои Јети. Ама никој го нема видено. И разумни луѓе викаат дека Јети е измислен...
 
Член од
11 јуни 2011
Мислења
249
Поени од реакции
166
Ко така Хорхе можи да излези на пресс по некој ден и да кажи дека не се викаме македонија...
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Пол саат после изјавата на Џорџ, над 1000 броја сврте кол центарот на Зајко и се собра и старо и младо на улица. Дури и оние деца у колички гледаш, знамиња веат СДС. И Зајко на крај демек као изненаѓен колку народ се збрал што го поддржува. Шо не ќе им текне на комуњариве.
И како одговор на тоа "спонтано" на бихаќка се собираат дпмнеовци, исти гомна.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
СЈО треба да се укине затоа што е противуставно. Кој треба да биде притворан, обвинет, затворен одлучува судот.

И кај нас тие работи си ги прават инспектори, полицајци, обвинители, судии. Си видел негде пресуда потпишана од Груевски? Јас немам видено. И каква врска има тоа со тоа што ти дома ќе си организирал избори?
не биди дете, снимките колку и нелегални биле и незаконски снимени и од кои било странски служби, јасно покажуваат дека власта влијаела во заташкувања на криминал или потенцирала кој треба да се гони или затвори или отпушти...
За тоа беше СЈО формирано, да ги испита тие случаеви, по закон обвинител е должен да превземе истрага за било кое дело за кое има сознание, може да прочита во весник, слушне на телевизија, дури и неврзан разговор на улица кој наговестува некаков криминал е основ за обвинител да покрене истрага, побара одговори, испраша сведоци...
Во ова држава оа затајуваше, се избегнуваше не се превземаше ништо по тоа прашање. Зато е формирано СЈО како договор на позиција, опозиција и меѓународна заедница да се расчистат некои горливи теми и афери. И сега тоа било противуставно, и за сваки случај за случаи кои ги отвори СЈО, донесени се унапред мерки да се помилува, аболицира, ослободи од одговорност, прекине истрага, а сега треба и да се укини и СЈО пошто сепак и да се помилува некој, останува СЈО кој истражува така да би дошле до незгодна ситуација да СЈО обвинува, претседник помилува, СЈО обвинува, председник помилува, СЈО обвинува, претседник помилува... и така натаму и така натаму.
Јасно е како се поставени работите, меѓународната заедница не е слепа и будно прати и детално зане кој шо и како прави, бевме оставени сами да се справиме со случаеви со кризи со прашања, не можеме и сега не треба да се чудима ако не натераат, како шо ќе натераат Београд и Приштина да соработуваат или Босна да си остане цела или Турција да задржи мигранти... си има таа и механизми и цели как да спроведе она шо го договорила или препорачала.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom