Тоа што рандом ратардации за „вонземјани и илуминати„ ги ставаш во иста реченица со ГМО... Тоа многу добро зборува колку појма немаш за што зборуваш, и потажно - колку е јака индоктринацијата во тебе.
Кои се фактите?
„
Вонземјани и илуминати„ за тоа постојат премалку (или ИЧ) потврдени докази. Од друга страна, за генетските модификации на организмите постои цела научна дисциплина. Се вика ГЕНЕТИКА, и за неа постојат неброени книги, истражувања и научни студии. Сето тоа е добиено преку научен метод... Знаеш барем што е научен метод, така?
Конкрено постојат и многу научни студии и научни истражувања кои покажуваат дека никако не е сигурна и потврдено докажана безбедноста од исхрана со
организми модифицирани со методот на генетски инжинеринг. Или поточно исхрана со
ГМО - што е несоодветен назив, затоа што постојат и методи за генетски модификации кои се докажано безбедни Вештачката селекција е метод на генетска модификација, метод кој човекот го употребува уште од завршувањето на
hunter gatherer периодот, и преминот кон фармерство и сточарство.
За ГМО имаме
цела една тема на форумов, нема да ти наштети ако се информираш малку повеќе пред да се бламираш вака. Ако имаш нешто нејасно за генетски модификации на организми кои се користа за исхрана, реплицирај на таа тема, за да не одиме во офтопик овде.
Ќе ги прескокнам „
самолетачките авиони, вирусите“ пошто тотално не разбирам во кој контекст ги ставаш во рамките на смислата на твојот пост.
Освен можеби во твоето правење на будала од себе...
Само ми ја потврдуваш поентата. А таа, поентата, е дека тие што ја контролираат светската валута, тие ја контролураат и светската економија, а со тоа и самиот свет.
Колку повеќе „индиции“ сакаш?
Ако не ги отвориш очите, не можеш да ја видиш вистината и реалноста (барем не, додека не те удри по глава).
- Светската валута на државни резерви, е доларот.
- Доларот е контролиран од приватна банка.
- Американската Банка на Државни Резерви е приватна банка, во сопственост од приватни газди - банкари.
- Приватни лица ја контролираат вредноста на доларот (инфлација, дефлација, quantitative easing, итн, итн).
- Вредноста на македонските државни резерви и долгови, вредноста на твоите и на моите лични заштеди, вредоста на нашиот имот, сето тоа е манипулирано од банкари кои се приватни лица, газди, а не избрани претставници на светска организација (како ОН, на пример).
- Кога САД или ЕУ, прават
quantitative easing, кога ја намалуваат вредноста на валутата преку стварање пари од ништо - тие земаат пари не само од сопствените граѓани, тогаш тие земаат пари и од сите нас во светов кои користиме домашни валути кои се врзани со нивните валути.
Ајде обиди се да демантираш само еден од набројаните ФАКТИ. Па потоа зборувај ми за „измислените теории на заговор“, и дека светов не е контролиран од банкарската елита.