Аква Парк Фест во Пробиштип

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Аква Парк Фест во Пробиштип

Одбројувањето ни оди вака: 17 години од нашиот прв организиран концерт, 15-то издание на Таксират, 12 години самотија од најголемата љубов АЛАРМ, 10 години од Ману на Кале, 7 од Крафтверк, 6-ката ја спрема Пиволенд, Грин Бич полни 4 години, а Д Фестивал ќе слави 3 мандат…
Не е лошо, но решивме да ве видиме во поинакво светло и имаме уште една убава новост: Уште 50 дена до нашето најново чедо, open-air братчето на Таксират, кое и астрално реши да биде „близнак“.
Секој треба барем еднаш во својот живот да ја почувствува атмосферата на љубов, среќа, другарување, музика и одлична забава, која го исполнува просторот на еден музички фестивал. А понесени од иницијативата да го надоместиме недостатокот на можности за вакво уживање, ве информираме дека сите вредности кои ги носат големите летни фестивали конечно ни се блиски и нам, спакувани во нов исклучителен настан кој како единствен од овој вид, стапува на македонската фестивалска сцена под името АКВА ПАРК ФЕСТ.
Пред официјалниот почеток на летната сезона, ве очекуваме на најголемиот „open-air“ фестивал кај нас, кој ќе се одржи во Пробиштип, на локацијата на Аква Паркот.

Првото издание на фестивалот го подготвуваме да биде посебно од повеќе аспекти. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат несомнено водечките музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани артисти од регионот и повеќе светски музички ѕвезди. Аква Парк Фест ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај, а за време на овие два дена, посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 30 артисти.
Но, Аква Парк Фест претставува многу повеќе од само добра музика.
Во програмата се вклучени и кино проекции, театар, арт инсталации, ликовни работилници, а низ разни активности ќе понуди и прилика да научите подобро да се грижите за природата. Имено, Аква Парк Фест ќе се одржува како најзелениот фестивал посветен на општествената ангажираност за заштита на природата, кој воедно ќе ја покрене еколошката будност на своите посетители, преку едукативни програми за рециклирањето и обновливите извори на енергија, а со цел што поскоро сите да почнеме да се грижиме за животната средина.
На Аква Парк Фест, посетителите ќе можат бесплатно да уживаат и во водените атракции, базени и тобогани на Аква Паркот, а ќе биде овозможен и бесплатен интернет за сите посетители, ТВ соба каде ќе може да се следат и спортски натпревари, калкулатор за рециклиран отпад, но и награди за оние кои ќе успеаат да рециклираат најмногу отпад.
Ако чувствувате потреба да се ослободите од стегите на секојдневието и да ја поттикнете вашата позитивна енергија, Аква Парк Фест и илајдниците насмевнати луѓе од сите возрасти ве очекуваат на 24-ти и 25-ти мај.
Влезниците за Аква Парк Фест наскоро ќе бидат достапни во продажба, по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот и бесплатна Аква Парк влезница. Промотивните билети ќе се продаваат во ограничен број.
Картите за фестивалот ќе можат да се купат во продажните салони на One и продажната мрежа на МКтикетс. Сите новости за фестивалот ќе бидат објавувани и на веб страницата на фестивалот www.aquaparkfest.com , која денес официјално ќе биде пуштена во употреба, но и на Аква Парк Фест линковите од социјалните мрежи:

https://www.facebook.com/aquapark.fest

https://twitter.com/aquaparkfest

http://www.radiomk.com/akva-park-fest-vo-probishtip/#_
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Aloo 400 denari vlez.preteruvate.
Dobronamerno vi vikam Uste malku ce ni bidit gotov u Skopje pa taka da ce gi izgubite pacientite,za toa ne preteruvajte so seni.
Lani 500 dinara vlez.o_O
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Aloo 400 denari vlez.preteruvate.
Dobronamerno vi vikam Uste malku ce ni bidit gotov u Skopje pa taka da ce gi izgubite pacientite,za toa ne preteruvajte so seni.
Lani 500 dinara vlez.o_O
Ти надевај се оти во Скопје поевтин ќе е :D Си бил на базенот Борис Трајковски? Пред да влезеш плаќаш 300 денара ако не не те пушта без капа , нараквица и уште триста глупости. Кај и да е и чепчиња ќе почнат да продаваат да не мочаат луѓето во базените. Сега ако се отвори новиов аква парк пријателе , тоа ќе биде хавуз ( цена до таван , и беееееееезброј сечени, не вотки нешто друго ) !!! Прво шокобана ќе дојде да види какво е , па после македончето ќе појде да види какво е. Ќе го видиш шокобана небањат од дома , право во базен , црна водата има да стане :D Шокобана = Рамковен...

Што се тиче цената , во провинцијата Пробиштип мислам дека треба да се намали цената, ипак се работи за провинција , а доколку тој нивниот градоначалник толку многу сака да пере пари има и други начини. Нема толку пари секој да си дозволи , па сега некој ќе рече е да де а имаш пари да си дозволиш кафич ? Епа не , не идам у кафич ... :D
 
Тоа и ми беше зборот,претеруваат со цените од друг град треба кола да запалат луѓето и да стават гориво,и внатре нормално дека нема седам само и да гледам ќе јадам ќе пијам.па удри му ти есапот сега колку ќе ги чини скопјани и околина дали да одат во Пробиштип или во Скопје на Борис Трајковски.златен воен 100 че.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Aloo 400 denari vlez.preteruvate.
Dobronamerno vi vikam Uste malku ce ni bidit gotov u Skopje pa taka da ce gi izgubite pacientite,za toa ne preteruvajte so seni.
Lani 500 dinara vlez.o_O
Веста е за музички фестивал, со кампирање и со своја историја и приказна, а не за аква паркот, тој во случајов е само локација на настанот.
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
А да почекате да видете line up, па после да коментирате за цена?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.858
Мрсна цена ? Mark Knight е првиот диџеј, а очекувајте уште многу големи имиња.. Само за Мark Knight вреди да се дадат тие пари а не па и за другите..

Ако може модераторот нека ја спои оваа тема со оваа.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
400-500 денара цена не е скапо за Марк Најт и уште + други имиња.
 
POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
444
700ден фулл цена и скапо ви е ? 30 артисти, по 25 денари по артист излегува, ма немој да ме јебеш бре, идете на цеца и на саша ковачевич, не јадете гомна тука, само за Mark Knight е ефтино 700 ден а не па за уште 29 кои ќе настапуваат, затоа викам ништо во Македонија, ништо, што и да се организира за се се јаде гомна, само за шабанското не.
 
M

Moon Child

Гостин
Де бе циции едни пу бе, пу! Сеа ако не одите да се изнаживеете кога ќе одите? Се ви е мрсно, поминете го животот дома пред компјутер залепете се, а парите што ги заработувате ќе ги потрошите на некои глупости на кои за 5 минути нема ни да се сеќавате.Јас работам 3 месеци досега за Iron Maiden да ги видам во живо, собрав за две карти за мене и сестра ми, сега ќе собирам за пат, се раскинувам од работа, и не жалам, затоа што ќе ги видам во живо и ќе ги памтам цел живот. Сега ако не трошам пари на такви работи кога ќе трошам?
Чекам да видам дали ќе има нешто по мој вкус, ако има таму сум.
 
Сите знаеме дека журка на базен со млади чупиња е безценета и незаборавна но муабетот е за дневен влез.
 
M

MrzaRules

Гостин
Во игра се големи имиња за настанов, така да цената е и далеку пристојна за тоа шо се очекува да се случува.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
кој паметен го местеше датумот?.
па на сред колоквиумска :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm::facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom