Адријан Гаџа

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Адријан Гаџа е роден на 13 февруари 1984 година (Скопје) е пејач-текстописец и продуцент. Тој во раното дество почна да свири на виолина и, исто така, дипломирал на средното музичко училиште. Тој моментално студира англиски јазик во Скопје.

Адријан Гаџа своите почетоци ги започува во 2001 година на Албанскиот фестивал на поп музиката Нота Фест. Таму, тој ја освои првата награда, за прв пат новодојденец освои гласови од публика и жирито. За кратко време, Адријан Гаџа стана еден од најпопуларните пејачи во Македонија и Албанија и другите Албански територии. До ден денес тој има снимено четери албуми, три на Албански јазик и еден на Македонски. Тој, исто така има учествувано на фестивалите Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и е добитник на првата награда на Охрид Фест. Во 2006 година, тој заврши на второто место на Македонската прелимирна селекција за Евровизија, пеејќи ја песната "Љубов е'' со Есма Реџепова. Исто така тој во 2008 година ја преставуваше Република Македонија за песна на Евровизија, со песната "Let Me Love You" заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песна не успеа да стигне до финалето, завршувајќи 10-ти со 64 поени.

Од 2008 година, Гаџа повеќе се фокусира на Албанскиот пазар. Тој учествуваше во Kënga Magjike 2012 со Флориан Беќири со песната "Ngjyra е kuqe" (Црвената боја) песната беше вистински хит на радијата ширум Албанија и на социјалните медиуми, особено на Јутјуб каде песната брои повеќе од 8 милиони прегледи. По фестивалот, тој ја објави "Kjo Zemer" (Ова срце), песна која доживеа сличен успех како предходната "Ngjyra е kuqe" (Црвената боја).

Синглови:
"Во името на љубовта" (Тамара,Врчак и Адријан)
"Sa Sexy"
"Недопирлива" (feat Врчак)
"Токсична" (feat Врчак & Роберт Билбилов)
"Ti Tani" (feat Snow Black)
"Скандали"
"Заробена" (Охридфест 2009)
"Ngjyra e Kuqe"
"Kjo zemër"

18bdd04e288fc232234be2fb5ea8bf38_L.jpg


Можам да забележам дека Адријан Гаџа не е доволно третиран во македонските медиуми барем јас можам да приметам тоа премногу ретко скоро и воопшто не можам да слушнам на радио некоја негова песна или пак нешто поврзано со него. Но со оваа тема сакам да потсетам дека не треба да музиката да познава граници а вооедно и квалитетот не смее да се оспори. Со оглед на тоа што Адријан Гаџа има успех на јутјуб од преку 8 милиони прегледи што до сега ниту еден македонски музичар не го направил досега тоа. Адријан Гаџа убедливо ,,згази'' сите стереотипи и покажа дека добрата музика не познава граници. Сакам да ве замолам да се тргнете настрана од национални навреди и препукување и сл. Слушајте музика, уживајте во неа и коментирајте.

Еве дел од неговите песни:


П.С се извинувам ако има некоја грешка во албанските зборови или пак преводот. Ако има поправете ме. :) Исто така ако има некој доброволно да ми ја преведе песната The Red Color на македонски јазик. Би му бил благодарен бидејќи ми е потребно за видео.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Не му ги поднесував песните, ич ич ич.
Важно ни ја искова Сања.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Замислете, излезени сте некаде, се враќате дома и си пуштате цеде од Адријан Гаџа...

:icon_mrgr:
@Psyside ќе пушти FLAC фајлови од неговите песни, слаб квалитет е битпазар цеде :D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
А добро е. Штом има тема за Гаџа, сигурно ќе има тема и за
Драган Каранфиловски - Бојс.
Јас и еден друг форумџија многу ги свиѓаме неговите лирики.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
А добро е. Штом има тема за Гаџа, сигурно ќе има тема и за
Драган Каранфиловски - Бојс.
Јас и еден друг форумџија многу ги свиѓаме неговите лирики.
Кој те спречува да ја отвориш?
Ако не ти се допаѓаат делата и лириките на Гаџа, како што јас ја сфаќам форумската работа, имаш две опции: Да пишеш зошто не ти се допаѓаат и да дадеш свое видување на темата, или воопшто да не коментираш. Од вакви харизматични доскочици кои имаат цел да ја претворат темата во поле за сеирџиско надигрување, нема никаква потреба.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ми се допаѓаат децава како Адријан, Јован Јованов, Тамара

http://www.youtube.com/watch?v=dJQxRwT-EPU

целава дружина ми се допаѓа
Тоше што пееше и убава песна не сака секој и на славеј камен фрла некој... тоа е
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Можам да забележам дека Адријан Гаџа не е доволно третиран во македонските медиуми барем јас можам да приметам тоа премногу ретко скоро и воопшто не можам да слушнам на радио некоја негова песна или пак нешто поврзано со него. Но со оваа тема сакам да потсетам дека не треба да музиката да познава граници а вооедно и квалитетот не смее да се оспори. Со оглед на тоа што Адријан Гаџа има успех на јутјуб од преку 8 милиони прегледи што до сега ниту еден македонски музичар не го направил досега тоа. Адријан Гаџа убедливо ,,згази'' сите стереотипи и покажа дека добрата музика не познава граници. Сакам да ве замолам да се тргнете настрана од национални навреди и препукување и сл. Слушајте музика, уживајте во неа и коментирајте.

Адријан Гаџа не е доволно третиран во медиумите затоа што не заслужува. Квалитетот му е неоспорно ужасен. Размазено детиште што татко му мисли дека треба да биде музичар и го бутка во секоја можна манџа. Ни вегета не е, повеќе би рекла зачинал, поевтин е и погрд вкус има. Тоа што он го прави не е музика, тоа се тралалајки кои ги палат тинејџерките што мислат дека све што ќе стави Џастин Тимберлејк шешир на ќелава глава е фраер и треба да пискаат и да фрлаат брусхалтери по него и евентуално по некој in the closet тинејџер што го гледа како свој узор и идеал. Не го сметам за музичар, а уште помалку па за уметник.
Слушам музика, уживам во истата, но Адријан Гаџа ни во лудило не би ми бил музика за уживање.

Ми се допаѓаат децава како Адријан, Јован Јованов, Тамара

http://www.youtube.com/watch?v=dJQxRwT-EPU

целава дружина ми се допаѓа
Тоше што пееше и убава песна не сака секој и на славеј камен фрла некој... тоа е
Сериозно? Јован Јованов славеј? o_O Дооообро...
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Не ми е јасно шо си има врска ако имал 8 милиони прегледи на јутуб со квалитетот на музиката?
Па најчесто најквалитетните парчиња едвај по 20.000 имаат. Овај е позер, ништо повеќе.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.273
Поени од реакции
27.720
Статистика:
Adrian ft Florian = +1000000 views
Adrian= less than 500000 views.
Алал да му е на детено. Навистина добро пее(y)
Новиве спотови му се доста добри.
Како и да е Адријан>Јован Јованов.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Статистика:
Adrian ft Florian = +1000000 views
Adrian= less than 500000 views.
Алал да му е на детено. Навистина добро пее(y)
Новиве спотови му се доста добри.
Како и да е Адријан>Јован Јованов.
Во таа песна детето најмногу ми се допадна како пее навистина едно огромно браво за него. Ретко јас да сретнам дете кое доста добро пее.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
"Ti Tani" (feat Snow Black)
"Skandali"
Всушност е иста песна,разликата е јазикот.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
"Ti Tani" (feat Snow Black)
"Skandali"
Всушност е иста песна,разликата е јазикот.
Знам дека е истата песна, ја ставив на Македонски и на Албански бидејќи истата песна ја има во две верзии :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom