Џабе не седи, кога можеш џабе да работиш (во државна институција)

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Дечко не говориме само за студенти, збориме и за волонтери кои не се студенти т.е. кои го имаат завршено своето образование било да е средно па и високо, значи дипломирани !
И не говориме за 2-3 месеци волонтирање туку за години, ти не си соочен со реалноста дека во Македонија има илјадници млади кои волонтираат со години и кои не се студенти туку се одамна завршени кадри !
Плус има разлика во работите пак ќе кажам администрацијата е широк поим ... има голема разлика во тоа некој волонтира/л(читај си го драпа/л) во некое министерство, влада и сл. а некој работи/работел здраво и тоа реална работа по болници, школи и.т.н. се труди/ел и се надева/л за решение на состојбата !
Во едно се согласувам со тебе, да ако човек увиди дека го маткаат со години да им работи за џабе без никакви работнички права и за беспари да треба да си бара друго чаре !
Ако државата е во криза т.е. нема пари бидејќи буџетот е дупнат и истекува тогаш нека не ги лаже младите да работат/волонтираат за беспари демек во блиска иднина ’’ќе’’ биле вработени за стално ... my ass !
Или нека ги вработи или нека ги испушти сите волонтери и нека не прима повеќе нови т.е. да се укине овој метод !
Неколку месечна пракса е едно а волонтирање/работење со години за беспари е сосема друго ... поддржувам пракса(неколку месечна) но не и повеќегодишно работење за беспари т.е. волонтерство(ака класична експлоатација) постои голема разлика помеѓу едното и другото !
Па и јас говорам за болдираното цело време :) конечно се разбираме :)
--- надополнето: 9 август 2013 во 00:11 ---
Јас ќе ти кажам како е во земјава,посебно со работничките права. Потекнувам од работничко семејство и права НЕМА! Секој работодавец прави како сака,кога сака и затоа што ТОЈ сака. Нема држава,нема закони.....инспекции се купуваат со 10ка со кромид,некоја бонбониера и шише виски. Работиш од јутра до сутра за некои 8-10 000денари и секој 1ви или 15ти се тресеш на банкомат дали воопшто ги имаш,затоа што дома те чекаат 4ца плус сметки. Одиш во патики стари 2-3 години,фармерки горе долу исто....се мислиш во продавница дали да купиш чоколада или сокче да се освежиш...Стануваш невиден експерт за претурање од шупливо во празно. И ова трае и трае и трае и трае......се додека еден ден не добиеш рак,излив на мозок,инфаркт.... Е ова ти е твојот реален живот. Познато? Не верувам
А зошто мислиш дека не ми е познато, не сум јас со плава крв па сега тука да ширам демагогии дека треба да се волонтира за доброто на општеството, додека тие што се богатат стануваат се побогати, а сиромашните нормално осиромашуваат. Тоа е чист капитализам и така функционира насекаде, сега ние што сме се уште во таа проклета транзиција тоа е веќе друг поголем проблем. Не знам само што ме напаѓате ко јас да ја креирам таа политика, јас само потенцирав за случајот што беше наведен во воведниот пост на оваа тема, и не бегам од темата да давам некои налудничави тврдења за тоа колку како и зошто треба или не треба да се волонтира. Ако веќе сакате сериозна расправа тогаш да се задржиме на темата ве молам, овој муабет што го пишуваш ти на сите ни е познат нажалост.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Да не се расправаме ... штрајк со глад му е мајката ... ха ... :X3:
Или поливање со канта бензин и јавно самозапалување пред ХХХ гледачи, а може и џиткање од некоја висока зграда ... секако јавно и спектакуларно пред публика !
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Да не се расправаме ... штрајк со глад му е мајката ... ха ... :X3:
Или поливање со канта бензин и јавно самозапалување пред ХХХ гледачи, а може и џиткање од некоја висока зграда ... секако јавно и спектакуларно пред публика !
не се расправаме, полемизираме :) да има здрава дебата во нашево општество многу работи ќе бидат посредени ама нажалост тоа го нема :)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
не се расправаме, полемизираме :) да има здрава дебата во нашево општество многу работи ќе бидат посредени ама нажалост тоа го нема :)
Никогаш ниту имало, ниту има, ниту некогаш ќе има здрава дебата за некој реален проблем во нашево општество и проблемите ќе си се влечат и продлабочуваат до бескрај ... pozz
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
Неможам сите да ве читам ама гледам во глобала како оди дискусијава. Јас сум еден од овие волонтери. Некаде при крај на јули имаше оглас во едно од министерствата, се вратив од одмор и стварно август немаше што да правам се пријавив. Прво, беше тоа да си го пополнам времето, второ, да научам нешто и трето, да видам дали без партиска книшка баш ќе ме примат. И бидна, ме примија имаше бааѓи пријавени. Работам односно волонтирам исто како другите вработени. Вистина е дека во суштина ги заменуваме оние отидени на одмор. Меѓутоа поентата ми е, студент сум на правен, она што сега го работам во теорија го имам поминато и немам поим што сум положил. Благодарејќи на овие неколку недели многу боље видов како функционира правниот систем во пракса. Така да, со маани или не со пари или без, за студент е одлична можност. Од дома седење нема аир како и да е.
--- надополнето: 23 август 2013 во 20:50 ---
Intership огласи треба да има. но за студенти. Само да додадам дека ова што сега го работам, не би сакал да го работам во наредната година дена во случај да ми го продужат договорот за волонтирање. Веќе во тој случај станува збор за навистина искористување. Рамен си со сите вработени во обврските, а во однос на надоместокот мизерно.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Па тоа е целиот муабет... Никој не вика дека не треба да има пракса, во сите држави го има тоа... Кога се оди на пракса целта не е да се заработат пари туку да го примениш своето знаење во реалноста... Има многу разлика од книга и реалност...

Кај нас проблемот се јавува кога луѓе работат по 2-3 години како волонтери со плата од 4.000 денари... Значи не се води како вработен а работи како таков и не зема минимална плата одредена со закон... Затоа и се водат овие дискусии...

Месец , два е ок.. повеќе од тоа како што пиша е веќе експлоатација....
 
точно. Јас кај што сум во министерството, пред мене имало волонтери работеле 9 месеци, ама како волонтери. Тоа за мене е чисто искористување на трудот.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Државата е данбетер експлоататор и од најкрвожедните приватни бизнисмени, ако државата им даде решение на тие што велите волонтери кои секојдневно и целосменски рмбаат по државните установи(школи, болници и.т.н.) по Х години за неколку илјадарки месечно треба со самото тоа решение и цела плата секој месец да им се дава(колку што им е одредено за тоа и тоа работно место и за таа и таа стручна/образовна спрема), потоа треба платен годишен одмор од ХХ денови, право на боледување и слободни денови во текот на годината, породилно, пензиско осигурување, течење на работен стаж, здравствено осигурување, персонален данок и.т.н. арно ама државата знае дека има голема невработеност особено кај младите и затоа ги користи како ефтина работна сила(ака робови) ако на некого не му чини и напушти одма на тоа место ќе се донесе нов волонтер и така ... еден вид на робовски систем и тоа спроведуван од државата, а токму државата е таа која треба да се бори за работничките права нели односно против експлоатацијата на работникот, но нејсе па што зборам и јас па кај нас синдикатите изчезнаа под земја т.е. станаа партнери(бизнис-партнери) со власта !
ОК е да се оди на пракса да речеме неколку месеци и тоа без пари, праксата е далеку побитна од теоријата, но пракса е едно а волонтирање за беспари со години е класична експлоатација ... да живее владата ... :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom