- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.130
- Поени од реакции
- 4.823
Тетово и онака од македонските политичари им беше понуден на албанците, ако ти текнува за време на војната Вмро-Дпмне заедно со МАНУ нудеа размена на Полог+Дебар со Пустец.Па да освен вакви спрдачења друго не направи многу. 2002 до 2006 Тетовски стана државен, сега секој граѓанин на РМ го финансира универзитетот кој го сметавме за нелегален а не пак државен. Се донесе закон за употреба на албанското знаме пред дравни институции. Се донесе закон за нова територијална поделба. И многу други работи кои и тоа како ја сменија Македонија. Вакви заебанции може да си правите колку сакате се додека суштински нешто не се менува во системот.
Но што се случи за време на ДПМНЕ?
Албанците добија уште еден државен универзитет, но овој пат не отаде Групчин, туку во Скопје, наречен Мајка Тереза.
За мене тоа не е предавство, но ете, ти викаш дека финансирање на универзитет било суштинска промена, и твоите вмровци направија суштинска промена.
Вмро-Дпмне исто така го скрши мразот кога пред воопшто да се постигне Охридскиот договор , односно во 2000-та година тие се согласија да се формира првиот универзитет на албански јазик, попознат како Штулов универзитет, а само некоја година пред тоа предавниците од СДСМ убиваа албанци во обид да го згаснат албанскиот универзитет во Тетово, да не збориме да за некаква легализација или дозвола за работа.
За време на Вмро-Дпмне исто така беа отворени во Тетово факултетите за медицина, стоматологија, фармација и виши медицински сестри.
Има и една друга суштинска промена за време на ДПМНЕ, се случи негде во 2007-ма, тогаш реагираа предавниците од СДСМ, и велеа дека тоа е создавање паралелни институции. Во тоа време Дпмне си отвори институт за културно наследство на албанците.
Од архивата
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=E06E812F82567A4B8DA5ADE8C7D62EA6Намерата на Владата да формира институт за културно и духовно наследство на Албанците, што треба да биде сместен во Куршумли ан, предизвика различни реакции во политичките кругови. Во ваквата одлука на Владата опозицијата препознава тенденции за паралелизам и поделба на научните институции на национална основа.Опозиционерите ја повикуваат Владата да ја преиспита спомнатата одлука, која „неминовно ќе испровоцира сепарирање на Албанците во нивната мисија на истражување на етничкото наследство“. Наспроти ваквите стравувања на опозицијата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема простор за загриженост и на формирањето на спомнатиот институтот гледа исклучиво како на „инвестиција во науката“.
Последно уредено: