Ќе гласаме од дома, стискај ентер!

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Пилот-проектот за електронско гласање треба да се спроведе во дел од општините на претстојните претседателски и локални избори во март, а целосно би требало да се имплементира во следниот изборен циклус
Предлог за воведување на пилот-проект за електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори ќе биде главната тема на денешната средба на лидерите на четирите најголеми политики партии од власта и опозицијата во Клубот на пратениците. На лидерската средба премиерот Никола Груевски ќе го образложи проектот кој ќе биде ставен на маса по препорака на меѓународната заедница, а најверојатно би почнал да се спроведува од идниот изборен циклус.
Од Владата и од ВМРО-ДПМНЕ не соопштуваат во кои општини би се спровел пилот-проектот за електронско гласање и велат дека се отворени за сугестии од опозицијата. Во најголемата владејачка партија велат дека имплементацијата на препораките на меѓународниот фактор ќе придонесе за модернизација и поголема ефикасност на изборниот процес, а ќе биде и од голема важност за спречување на инцидентите во изборниот процес.
- Електронското гласање е препорака од меѓународната заедница која треба да се спроведе на следните избори. Затоа сметаме дека пилот-проектот треба да започне за да бидеме подготвени. Ќе ги слушнеме размислувањата и на опозицијата и подготвени сме сите добри идеи да ги имплементираме во предлогот, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ денеска ќе го соопшти ставот откако ќе го слушне предлогот од Груевски. Социјал-демократите се скептици околу тоа дека за три месеци до изборите ќе може да се извршат сите подготовки. Од партијата вчера изјавија дека акцентот треба да биде на друг дел од изборниот процес.
- Покрај електронското гласање, тема на лидерската средба треба да биде и создавање на услови за фер и демократски избори. СДСМ ќе инсистира на оваа тема да доминира на сите идни средби, со цел подобрување на политичкиот дијалог во пресрет на изборите, рече членот на Извршниот комитет на СДСМ Дамјан Манчевски.


Вечер
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336
Пилот-проект за електронско гласање на следните избори, кој би се спровел во неколку општини, а во една од нив податоците да бидат официјални, е идејата која премиерот Никола Груевски ќе им ја претстави на лидерите на најголемите политички партии на денешната лидерска средба. Присуството на средбата го потврдија лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Во СДСМ и во ДУИ велат дека не се запознаени со идејата за електронското гласање и поради тоа немаат изградено никаков став.

- Важни се деталите во врска со тоа прашање бидејќи сериозноста и важноста на изборите што претстојат се главниот предизвик за сите нас како политичари во државата, особено во спроведувањето на фер и демократски избори. Суштината е во тоа да има вистински разговори, а не лидерската средба да биде обична шминка “ изјави Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.

Со сличен став се и интегративците, кои сметаат дека најважен е политичкиот дијалог меѓу партиите, бидејќи тоа го бара Европската унија.

- Не сме запознаени со деталите за овој проект и токму затоа не можеме да кажеме дали го поддржуваме “ вели Џевад Адеми.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека идејата за електронско гласање е по препорака на Меѓународната заедница, но не сакаа да изнесат конкретни детали.

- Оваа идеја ќе им ја презентираме на лидерите како обврска, но не и како конечна верзија. Ќе бидеме отворени за разговор и сугестии и тоа што ќе биде прифатливо за сите, ќе биде прифатливо и за нас “ изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации.

Во Државната изборна комисија велат дека во изминатиот период постојат одредени подготовки во врска со спроведувањето на гласање на изборите по електронски пат. Имено, како што информира портпаролот Зоран Таневски, компаниите „Хјулит-Пакард“ и шпанската фирма „Скај тел“ веќе имаат понудено целосен проект за воведување на електронското гласање во Македонија, односно гласачки машини, софтвер и друга неопходна опрема, но она што недостига е правна регулатива и законска рамка.

- Според нивното барање, овој пилот-проект би се одвивал во неколку општини, при што во една од општините резултатите би требало да бидат официјални. Меѓутоа, за да се спроведе сето тоа, неопходно е да има правна основа, што во моментов се уште недостига, а постојат и други дилеми како што е доверба во софтверот и заштитата на личните податоци на граѓаните кои би гласале по електронски пат - објаснува Таневски. Тој не сакаше да прецизира дали има доволно време за да се спроведе еден ваков проект, со оглед на фактот дека изборите ќе се одржат за речиси два месеца. - Во техничкиот дел ќе нема проблеми. Тоа што е проблематично е времето кое е потребно за да се спроведе обука за гласачите и тие што ќе ги спроведуваат изборите. Друг проблем е што немаме правна основа, така што постојниот закон ќе треба да се менува или да се донесе нов “ вели Таневски.

Електронскиот вид гласање вклучува гласање преку гласачка машина, интернет или мобилен телефон. Експерименти за електронско гласање се правени во поголем број европски држави. Во Естонија е направен успешен пилот-проект во областа на далечинското гласање. Тоа е прва земја во која легитимните резултати од интернет-гласањето се објавени на национално ниво. На локалните избори во 2005 година, како и на парламентарните избори во 2007 година, интернет-гласањето беше спроведено без контроверзии. Бројот на интернет-гласачи бил трипати зголемен во 2007 година во однос на 2005 година. И во двата случаја оперативниот систем бил оценет како успешен, и технички и политички, односно сите системи и процедури функционирале добро и немало безбедносни проблеми, а изборните резултати биле легитимни и не биле иницирани никакви постапки против опцијата за интернет-гласање.

време
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сите ризични општини нек гласаат вака :)
Ама, препораката од ЕУ е крајно, крајно, крајно, крааааајнооо несоодветна за кај нас.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Нож до две острици според мене:toe:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
како тоа би се извело???? мислев хардверски....за софтверскиот дел ...знаеме :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ме потсети на заебанцијата со Do you like our President?

Yes.No кога No по цел екран бегаше и не можеше да го селектираш.
 
Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Пред малце гледав вести изгледа ништо од електронсково гласање од опозицијава се противеле
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
абе ние имаме 90% неписмено население за компјутери, ние ќе спроведуваме електронско гласање.... После урки фурки, местено неместено..... Па Хакери наводно ќе ни упаѓаат....

Добра идеа, ама искрено не верувам дека имаме капацитет, уште на овие избори такви екперименти да правиме. Добра препорака, ама мислам дека не можеме успешно да ја реализираме така брзо... Не е тоа така лесен процес, и за ИТ специјалистите, а и за народот да го едуцирас на тоа поле...
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Неаме усови...неаме култура....а и одма ќе се препуцаваат дека вака ќе се местеле гласови ова она...шо знам...мислам дека не сме зрели за вакво гласање
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Изборите на 22 март без електронско гласање

09.01.2009 13:24
На претстојните претседателски и локални избори ќе нема електронско гласање, договорено е на денешната средба на лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, што на иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се одржа во Клубот на пратениците.

Повеќе - http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102777
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
:nesvest:Следен чекор ќе биде издавање акциона игра ,,Избори 2009,,:pos2:
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Lealeee ke se krshat laptopovi nema veke kutii,ke letaat monitori na site strani bre...bre..
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Абре луѓе па идеме напред, Македонија земја на информатичари демек? Реално најчисти избори би биле електронски, со денешново ниво на ИТ безбедност тешко дека некој ќе го пробие тој систем.
Ама пак тука се немоќни рекетарите на позицијата/опозицијата затоа не им одговара
 
M

marsovka

Гостин
Абре луѓе па идеме напред, Македонија земја на информатичари демек? Реално најчисти избори би биле електронски, со денешново ниво на ИТ безбедност тешко дека некој ќе го пробие тој систем.
Ама пак тука се немоќни рекетарите на позицијата/опозицијата затоа не им одговара
а знаеш дека хакерите се организираат исто како мафијата? тоа сигурно не го знаеш
Исто така дека можат да се купат нивните услуги и дека хакер потешко се фаќа од рекетар?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
а знаеш дека хакерите се организираат исто како мафијата? тоа сигурно не го знаеш
Исто така дека можат да се купат нивните услуги и дека хакер потешко се фаќа од рекетар?
Во ред тоа, али сигурно Трајко и Петко нема да ја прават апликацијата за гласање, хакерите се опасни но не и семоќни. 90% од упадите на хакери се направени со помош на луѓе кои имаат некаква врска со апликацијат (social engineering).

Ризик постои но далеку е помал од тој што е на класичното гласање на избирачко место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom