Ќар од ТЕ-ТО ќе имаат сите

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Познато е дека Топлификација ја тужи Република Македонија и бара 15 милиони евра оштета + камата, наводно лепотаните од Регулаторна и одобриле ниски цени и затоа работела со загуба
Но помалку е познато дека Топлификација го тужи ТЕ-ТО и бара милион евра.
Мене не ми е јасно зошто Топлификација од ТЕ-ТО бара милион евра, ако некој знае нека објасни
Јас најов еден напис за ова но е многу нејасено кои се причините. Колку што разбрав пак е „ виновна “ регулаторна
http://emagazin.mk/топлификација-очекува-разрешница/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве еден кој уште во јануари 2013 предупредил дека ТЕ-ТО е промашена инвестиција
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/91511/zasega_gasot_e_podobra_varijanta_za_kompaniite,_no_ne_i_za_domakjinstvata.aspx
Што се однесува на Те-То, таа не работи затоа што со моменталната цена на гасот и продажната цена на струјата не е исплатливо да трошите гас за да произведете струја. Струјата што сега можете да ја купите на меѓународниот пазар е поевтина од онаа што би ја произвел Те-То.

Објаснете го ова малку подетално.


-Што е суштината? Од два киловат-часови енергија на гасот може да се добие еден киловат-час електрична енергија, а кога во ТЕЦ Неготино би стигнал овој гас, ќе треба три киловат-часови енергија гас за да се добие еден киловат-час струја. Ако цената на гасот сега е околу 70 евра, а користите два киловати од него за да добиете еден киловат струја, значи треба да ја продавате за 140 евра, а таа на пазарот е 80,90 евра. Кај ТЕЦ Неготино уште помалку е исплатливо. Едноставно, нема економска логика.

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен напис дека и во Србија ќе граделе ТЕ-ТО
http://dnevnik.mk/?ItemID=7ABB8EA0FB7C444F86414EC5F62F33B3
Во написот не е наведено од каде им се тие вести
Србите имаат практично искуство
Во склоп на белградска топлификација до 2003 имаше ТЕ-ТО со 3 машини секоја по 32 мегавати, но тоа никогаш не проработи, а 2003 е формално укинато
http://www.beoelektrane.rs/?p=208#more-208
Затоа мислам дека вакви вести пласираат нашите „ визионери “
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
На секаде низ ветот гасните централи се промашена инвестиција, а посебно во земјите кои го немаат како домашен ресурс каква што сме ние. Илузија и нереалност се нечии размислување дека ќе се има некаков колективен бенефит од гасот. Гасот единствено е исплатлив во земјите каде електричната енергија е скапа(на пример Германија, во просек има 3-4 пати поскапа ел. енергија) и само ако се користи за греење. Цената на електричната енергија произведена во ТЕ-ТО е околу 150 евра за MWh, а цената на електричната енергија купена од маџарската берза и донесена во Македонија за 2015 година е нешто под 50 евра за MWh.

Спас на енергетската криза со која е соочена земјава е увоз на високо-калоричен Јаглен. Го има насекаде во светот и има ресурси за наредните неколку векови. Тоа значи дека нема да бидеме политички зависни од Русите или Американците ако користиме гас од едните или од другите. Ем нема да треба да фрлиме огормни пари за изградба на гасоводи. Цената на електричната енергија со увезен јаглен ќе е барем на пола од онаа со увезен гас.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Спас на енергетската криза со која е соочена земјава е увоз на високо-калоричен Јаглен. Го има насекаде во светот и има ресурси за наредните неколку векови. Тоа значи дека нема да бидеме политички зависни од Русите или Американците ако користиме гас од едните или од другите. Ем нема да треба да фрлиме огормни пари за изградба на гасоводи. Цената на електричната енергија со увезен јаглен ќе е барем на пола од онаа со увезен гас.
Спасот не е во увоз, спасот е во сонцето што го имаме многу во Струмичко-Гевгелискиот регион, ама кошта малку повеќе (да речеме 2 Ск2014)
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Со сонцето во Струмичко-Гевгелискиот регион може да се садат чушки, френки и патати. Штета е што ни за тоа не се користи.
Со 2x Скопје 2014 пари е прашање дали ќе успеете да снабдите со електрична енергија една, Гевгелија или Струмица, без околните села за наредниве 10 години.
Прво фолтоволтаиците се премногу скап извор на енергија. Второ, за да се замени константен извор на енергија како термо-електранта со солар ќе мора некаде да се складира таа енергија, што е уште многу поскапо.
За да се заменат 800MW термо-електрани, колку што имаме во моментов, требаат соларни панели со минимум 3.5 пати поголема инсталирана моќност, односно 2800MW. Покрај ова потребни се и батерии за складирање на енергијата које ќе треба да се користи кога нема сонце. А сонце нема во просек во пола од времето во денот (сметано во тек на година), при што во Струмичко-Гевгелискиот регион дури 75% денови се сончеви. Тоа значи дека барем 60% од тие 800MW односно 480MW ќе треба да се складираат за потребите од енергија кога не е сончево. Или во бројки за период од 12 часа(со надеж дека нема да зафати серија од многу облачни денови) тоа е 5.760MWh енергија.

Најисплатливите панели по инсталирана моќност и по животен век (20 години) во моментов на големо коштат околу 750 евра по kW.
Тоа значи дека за 2800MW = 2800000kW се потребни 2100000000 евра, т.е. 2 милијарди и 100 милиони евра.
Квалитетни батерии кои ќе траат од 5 до 10 години чинат околу 1500 евра по kWh односно 5760000 * 1500 = 8 милијарди и 640 милиони евра за период од 5 до 10 години или 17 милијарди и 280 милиони евра за период од 20 години колкав е животниот век на соларните панели.

Со други зборови, за да Македонија ги задоволи своите потреби за енергија во наредните 20 години, под погрешна претпоставка дека конзумот нема да расте(просечно расте за 2-3% годишно) ќе и бидат потребни околу 20 милијарди евра кои треба да ги инвестира веднаш, а по 20 години да не остане ништо од таа инвестиција. Тоа се годишно околу 1 милијарда евра, без да ги сметаме трошоците за одржување на централите.

Севкупниот годишен конзум на Македонија е околу 8000GWh што ако се набави на отворен пазар по цена од 50 евра за MWh чини околу 400 милиони евра годишно при што нема никакви дополнителни трошоци како оние за одржување.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По досегашните успеси на ТЕ-ТО се предвидува изградба на уште две централи на гас со вкупна моќност од 300 MW
Тоа се вели во некаква студија на МАНУ изработена за потребите на МЕА и за што може да се прочита во Дневник
http://dnevnik.mk/?ItemID=979DFB07FCAEFD41BE7304411914FF17
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ми се плаче. Ќе си плачам. Стратегијата е копи-пејст од разно-разни материјали кои отсликуваат желби и мечти, збирштина од неброени глупости зачинета со весела математика.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми се плаче. Ќе си плачам. Стратегијата е копи-пејст од разно-разни материјали кои отсликуваат желби и мечти, збирштина од неброени глупости зачинета со весела математика.
Се уште ја нема оваа стратегија на интернет. Ако некој ја најде нека ја постира
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Ја има по институциите. Ја имаат „пишувано“(лошо преведено од евопските директиви на Енергетската Заедница на ЕУ со многу технички грешки) деца дојдени од клупа и 80 годишни старци кои никогаш не работеле на конкретните проблематики и немаат ниту увид во сегашната состојба на енергетиката во Македонија, ниту пак визија на каде треба да се оди.
Создавањето на купот хартија наречен „енергетска стратегија“ е законска обврска на секои 5 години, значи мора да се напише, а што ќе пишува внатре е небитно.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ја има по институциите. Ја имаат „пишувано“(лошо преведено од евопските директиви на Енергетската Заедница на ЕУ со многу технички грешки) деца дојдени од клупа и 80 годишни старци кои никогаш не работеле на конкретните проблематики и немаат ниту увид во сегашната состојба на енергетиката во Македонија, ниту пак визија на каде треба да се оди.
Создавањето на купот хартија наречен „енергетска стратегија“ е законска обврска на секои 5 години, значи мора да се напише, а што ќе пишува внатре е небитно.
Кон ова би додал и „ визионери “ и „ експерти “ кои само гледаат да остварат некој личен интерес
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Не, не е така. Луѓето во МАНУ добиле задача за која се тотално некомпетентни и некадарни за да ја завршат професионално. Во сето тоа, со помош на своето неразбирање, успеале да вклопат некои желби и мечти.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не, не е така. Луѓето во МАНУ добиле задача за која се тотално некомпетентни и некадарни за да ја завршат професионално. Во сето тоа, со помош на своето неразбирање, успеале да вклопат некои желби и мечти.
Мо МАНУ е Јордан Поп-Јорданов. Не ми е познато во каква зравствена состојба е сега, но тоа е големо име
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На страницата на Снабдување исток - сеуште може да се прочита
ТЕ ТО
АД Топлификација АД повеќе од десет години се обидува да реализира инвестиција за когенеративна гасна централа во Скопје. Помеѓу 1997 и 2001 година Топлификација за партнер го имаше Electricity de France (EDF), Француското државно електростопанство. И кога сите подготовки за инвестицијата беа завршени, заради домашни проблеми иницијативата пропадна. Вториот обид беше помеѓу 2003 и 2006 година со Руската приватна компанија ИТЕРА, сопственик на повеќе извори на гас во Русија, од кои најголемиот е 30 милијарди м3 годишно. Пред потпишувањето на договорот за градба, кога Рускиот партнер имаше обезбедено 104 милиони евра кредит од германската ЛББ банка, Руската држава донесе закон со кој само ГАЗПРОМ може да извезува гас од Русија, а сите други иматели на гас мораат да продаваат на домашнот пазар. Бидејќи идеата на ИТЕРА беше да продава свој гас во објектот во Македонија, после донесувањето на овој закон таа немаше мотив за реализација на инвестицијата и својот дел од проектот го продаде на друга руска фирма СИНТЕЗ ГРУП. Сегашниот партнер на Топлификација АД, СИНТЕЗ ГРУП, основно е во нафтената дејност, а во моментот кога го презеде проектот во Скопје ја почна својата активност во електроенергетскиот сектор и во Руската Федерација. Проектот почна да се реализира преку специјално за таа намена формирано акционерско друштво ТЕ ТО АД, во кое Топлификација АД поседува 20% од акциите, а СИНТЕЗ 80% од акциите. Во мај 2007 година беше потпишан договорот за градба со конзорциум од две фирми: Мултинационалната копанија Алстом и Турската компанија ГАМА. Вкупната вредност на договорот за изградба “клуч на рака“ е 136 милиони евра. Топлифификација АД совојот дел од финансирање на проектот во висина од околу 27,2 милиони евра го обезбеди со околу 8 милиони евра добиени од продажба на акциите кој ги поседуваше во Комерцијална Банка АД и со околу 19 милиони евра кредит од Комерцијална Банка АД. Акциите во Комерцијална банка АД, Топлификација АД ги има купено во почетокот на 90-тите години на минатиот век, како последица на тогашните правила во банкарскиот сектор за одреден однос на акции во банката и кредити кои можат да се користат од истата банка. Така стекнатиот имот во акции во почетокот на 90-тите години Топлификација АД реши да го вложи во проектот ТЕ ТО АД во моментот кога вредноста на акциите на банката беше најголема на пазарот. За обезбедување на кредитот во Комерцијална Банка АД се користи хипотека на имотот на Топлификација АД во ТЕ ТО АД, акции на Топлификација АД кои околу 100 акционери ги заложија како гаранција и управната зграда на Топлификација АД. За потребните додатни вложувања во проектот е користен одреден дел средства од средствата за амортизација одобрени во цената на топлинската енергија. Комбинираната гасна електрна ТЕ ТО АД има електрична моќност од 227 MW и 160 MW топлинска моќност. Во добри пазарни услови за електричната енергија може да произведе околу 1,8 ТWh електрична енергија, или околу 30% од денешното домашно производство на електрична енергија и околу 350 GWh топлинска енергија или околу 50% од денешното произовдство на Топлификација АД. Иако проектот ТЕ ТО АД е прв приватен, пазарно ориентиран електроенергетски објект во регионот, тој ќе има огромно значење и за Македонскиот електроенергетски систем, за развојот на гасификациониот систем и за топлификациониот систем на Град Скопје. Постоењето на таков електроенергетски капацитет во центарот на електричната потрошувачка на државата значително ја зголемува стабилноста на системот, ги намалува загубите на електрична енергија во преносниот систем и на државата, после 30 години и обезбедува ново големо домашно производство на електрична енергија. Намалувањето на загубите во преносниот систем на државата може да достигне до половина од просечното годишно производство на ХЕ Козјак. Повеќе од 15 години потрошувачката на пририден гас во државата е на ниво од околу 100 милиони м3 годишно. Тоа е сериозен проблем да се обезбеди прифатлива цена во набавките на гасот и да се намалат трошоците во транспортот на гасот во државата. Со новите 350 милиони м3 гас кои ТЕ ТО АД треба да ги троши годишно позицијата на државата во преговорите за снабдување со гас ќе биде значително подобрена, а трошоците за транспорт на гас во државата значитлно намалени. Со новите 160 MW топлинска моќност во ТЕ ТО АД топлификациониот систем на Град Скопје е обезбеден со извори во наредните 15 години. Топлината која ТЕ ТО АД ќе ја продава на топлификациониот систем на градот ќе биде со цена 5% пониска од цената на топлината произведена во топланите на Топлилфикација АД само по основ на горивото. Можеби најголемото значение на ТЕ ТО АД е пораката до сериозните странски инвеститори дека во Македонија приватни инвеститори можат да реализираат сериозен електроенергетски објект како “грин филд инвестиција“, што до овој момент не беше случај во сите земји во регионот. ТОПЛИФИКАЦИЈА АД

http://snabduvanjeistok.mk/wp-content/uploads/ТЕ-ТО-АД.pdf
 

Kajgana Shop

На врв Bottom