Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Иначе секогаш кога ке се ипокараме јас сум таа што инсистира да разговараме и да се смириме и од вчера од кога се испокаравме му се немам јавено нити пак он мене,а на ФБ се уште сме во врска.
Епа смени се од „во врска“ во „комплицирано е“ и сецкај го така да видиш дали ќе попизди.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
I sega sto da pravam?
Сеа ништо особено. Ќе си најдеш некој позрел тип, кој има исполнет живот и нема да се налути ако не му звониш на полсат. Некој на кого нема да му пречи шо ти имаш цел во животот и сакаш да студираш другаде. После то уживкај си :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Јави му се и моли го барем на фејсбук да сте у врска, пошо тоа е најбитно :tapp:
Ах бе девојче, си чула ли за зборот самопочит?
Колку се почитуваш, толку ќе те почитуваат. Ако дозволиш да бидеш нечива сопственост и молиш некое говедо да ти верува и да те сака, тогаш малку е ова што ти се случува. Батали го момакот, очигледно си игра мајтап и не чувствува ни Љ од љубов кон тебе.
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Ќе го молиш. Ќе се извинуваш. Колку и ништо да не мислиш од тоа.
Ќе попушти. Вели му дека ти е најважен и дека никогаш нема да повториш такво нешто, одново и одново, како endless loop.

Aко ептен ти е дојдено до врската.
Ова и не е баш добар совет според мене. Зашто да го моли и да му се извинува кога не згрешила ништо?
Тој треба да има разбирање за неа дека она сепак има свои другари со кои , иако има дечко, треба да остане во контакт.
Не може да и се лути за такви банални работи, нема никаква смисла.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова и не е баш добар совет според мене. Зашто да го моли и да му се извинува кога не згрешила ништо?
Тој треба да има разбирање за неа дека она сепак има свои другари со кои , иако има дечко, треба да остане во контакт.
Не може да и се лути за такви банални работи, нема никаква смисла.
Ироничен беше постот ;)

Девојче додека е време расчисти,што ќе ти е слепо црево,кај си,со кого си,кај ќе одиш...Сега треба да живееш.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Како шо дошло времево, можиш да си најдиш женска и дури да се ожениш.... на ФЕЈСБУК.
Без никакви трошоци. Ја аднуваш, и’ ги манијачиш албумите (нарочито оној SuMmEr што и’ е именуван), па почнувате да си оставате по некој коментар и да се лајкате, за да во дадан моменат премините на чет. Е тука веќе се усложнуваат работите и резултираат со понуда за врска. По прифаќањето од страна на спротивната личност следи праќање на љубовни песни на Wall-от проследени со лајкнувања, па сте „раскинале“ и повторно сте се ставиле „во врска“, за да на крај решите да го крунисате вашето познанство со статус „married“. Ем нема трошоци за свадби, матичари, попој-мопој, ем женети/мажени.

Абре деца! Баталете фејсбукот и одете по паркој и темни сокачиња водете љубов, уживајте во животот. :)
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Пред некое време пишував на темава за некои мои проблеми сега пак :S
Вака вчера се скарав со децково бидејки ми се налути оти некна бев да се запишам за прва година на факс бев заедно со другарками и додека чекавме ред да ги дадеме докуметиве децково ми се јави и додека праев муабет со него го видов еден мој стар пријател со кого се имав запознато на одмор уште пред да се фатам со дечково.И му реков на дечково ај ке ти се јавам.И му се јавив по 15 мин и ми вика со праеше викам стоев сама и на другарками и ги дадов докуметиве она да чека ред за мене и вистина и ги дадов само не му казав дека стоев со тој бидејки ке се налутесе и ке требасе да се расправам по телефон ке ми викаше он ти е побитен од мене итн. И вчера инсисирасе да му кажам пак со сум праела во рок од тие 15 мин и му кажав дека сум стоела со пријателот и се испокаравме и ми го побара да му го вратам бројот од моб, викасе дека неможел он мене да ме мисли оти треба јас да учам во друг град и дека пријателов ми бил побитен од него.Иначе секогаш кога ке се ипокараме јас сум таа што инсистира да разговараме и да се смириме и од вчера од кога се испокаравме му се немам јавено нити пак он мене,а на ФБ се уште сме во врска.
Знаеш колку е тешко за дечкото доколку постои сомнеж во интегритетот на врската кога девојка му ќе му каже дека е „во контакт со пријателот“?
Истото функционира и во обратна насока.
Работата е: Зошто постои сомнеж во вашата врска...?
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
85
Поени од реакции
8
Здраво , ве молам за еден совет...во врска сум година и пол скоро со дечкото и се е прекрасно...океј сега има и ситни караници ама сепак се се разрешува со разговор...пред некој ден беше роденденот на неговата сестра(21 година што значи е поголема скоро 2 години од нас)(со која имав некои проблемчиња која таа ги правеше,знаете на почетокот беше супер,фина и добордушна,но подоцна почна да си го покажува лицето...ми се потсмеваше,ме исмејуваше но не само мене туку и брат и пред другите,па потоа велеше леле немој да ме сфаќаш сериозно јас само се шалам и што уште да не набројувам..но сепак јас бев онаа која за се најдуваше решение и секогаш знаев да комуницирам малку потешко со неа,и секогаш кога ќе ме навредеше јас и попуштав и не се спуштав на нејзино ниво,се што и требаше од Орифлејм за порачки секогаш од кај мене порачуваше.ќе излезеше нов каталог, специјална понуда јас одма неа,ќе порача ќе и дадев по набавна на неколку пати,ама изгледа сум била глупава..летово додека бевме на 1 ден Охрид,се сместивме кај нив (таа и нејзиниот дечко) и ми помогна кога не ми беше добро ( имав симптоми на вирус) лично му се забалгодарив за тоа што се грижеа за нас и кога стасвме дома и пратив порака но не добив ни еден сигнал дека ја прими и прочита пораката...а мојов постојано “Таа ми е сестра јас ништо не можам тука,тоа е карактер“ )
Сега да преминам на тоа што треба...значи и беше пред некој ден роденден,па дента кога и беше мојов ми вели “Сестра ми вечер ќе ти прати порака за да дојдиш кај неа на роденден“ и јас ОКеј добро чекам јас..и не прати порака..наредниот ден ми вика “Дада ми рече да дојдиш кај нас на торта за роденденот“...толку сум се нанервирала значи... му викам ОКеј ќе видам дали ќе дојдам оти можи да не бидам слободна и сношти настана караницата...
Тој:“Дада ми да знаеш ти се лути оти не дојде“ хммм а таа ме покани мене?? му објаснив дека не е убаво така да се прави да покануваш некого преку некој друг,особено ако е некој поблизок..а тој почна одма во одбрана на сестра си при што ги изговори следниве реченици “Ти си разгалена..многу те разгалиле од дома,што сакаш ти?да ти пратат покана за на роденден?или во живо да те поканат? "ти ја мразиш сестра ми,не ја почитуваш , после ќе и го кажам тоа“ ...и следуваше шокантната реченица “Сестра ми ти има повеќе помогнато тебе отколку ти неа“ молам???? тоа се мери???
а јас само му кажав дека луѓето ги почитувам онолку колку што тие ме почитуваат мене...Тој:Ќе и речам да ти прати порака вечер за да дојдиш“
Jac:Не,благодарам...а зошто кога требаше не ми прати порака?
Тој:Па знаеш немала кредит,а за на фб или мсн не седи на компјутер оти на работа е до 8 навечер
хахха АКо некој сака да те покани ќе најде начин му реков..

НЕ знам што да правам...дали да појдам на роденден или не? дали згрешив така што изреагирав пред него?дали правилно постапив се што му изнареков??
 
T

Tetro

Гостин

2-риот болд: не верувам дека сето тоа ти го изнакажал, освен ако е премногу емотивен дечкото... а и да го искажал, значи дека си му стапнала длабоко внатре за да изреаѓира така. Пред да појдеш кај нив, јави ми се на дечкото и кажи дека не требало така да изреаѓираш, дека сакаш да се извиниш за тоа што си направила. И разбери дека во животот нема да можеш да очекуваш сите да играат на твојата музика.
Оди на роденден вечер и убаво да си поминеш таму.

После неколку дена седнете вие тројца, со сестрата на дечкото и напрајте добар муабет, ама без кавги.
 
H

HITCH

Гостин
НЕ знам што да правам...дали да појдам на роденден или не? дали згрешив така што изреагирав пред него?дали правилно постапив се што му изнареков??
Абе, а што бидна со мобилниот?
Инаку ептен го замараш. Аман пушти го човекот нека дише! Кај те нашол у пм ... живот си заебал. Стави му и едно ременче и шетај го така кај ќе идеш. Ако ти се иде на роденден иди, ако не ти се иде не иди, што го измачуваш човекот?! Однесувај се го возрасна, не се зезај вака, срамота е!
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
328
Поени од реакции
5
Знаеш колку е тешко за дечкото доколку постои сомнеж во интегритетот на врската кога девојка му ќе му каже дека е „во контакт со пријателот“?
Истото функционира и во обратна насока.
Работата е: Зошто постои сомнеж во вашата врска...?
Pa so prijatelov se nemav videno 2 godini a ne kumunicirav ni na Fb ni na msn ni preku telefon slucajno se vidovme , a odime godina i 8 meseca so deckovo i seuste situacijava ne e izmeneta ni mu se imam javeno ni pak on mene.
 
Не се секирај де, нели на фб уште сте во врска?!

Ај шала на страна, ова не е проблем. Ова е мајтап. Ќе му се јавиш на типов и ќе му кажеш дека треба да поразговарате. Треба да му кажеш дека манијачење во врска не е дозволено, ниту од женско ниту од машко. Секој има право да оди со кого сака и каде сака на кафе или излегување, АМА да не заборава дека е во врска и да не фаќа криви патчиња. Искреноста и довребата не се многу важни, туку се НАЈважни!
Уште една работа, за дечко ти вака да се налути има нешто, ај размисли па кажи ни. Се разбира, ако е за кажување! Во животот се` се случува со причина!
 
Член од
5 септември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Бидејќи сум нова не знаев кај да пишам па еве тука некој да ми објасни околу тоа плодни денови кој се кога треба најмногу да се внимава?
 
WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Бидејќи сум нова не знаев кај да пишам па еве тука некој да ми објасни околу тоа плодни денови кој се кога треба најмногу да се внимава?
најчесто плодните денови се некаде после 11- тиот ден откако ќе добиеш. Ама не е кај сите исто, провери си овде : http://www.idividi.com.mk/extras/plodni_denovi/index.asp :smir:
 
Член од
7 јуни 2009
Мислења
72
Поени од реакции
1
сакав да прашам, кога се појавуваат (месец) првите симптоми на бременост во кој месец? и кој се првите симптоми што се појавуваат ? ај пишете ако може. фала поз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom