Јонче Христовски е еден од неколкуте вистински македонски бардови на народната песна, рамо до рамо со Сариевски, Бадев и Манчевски. Огромна почит за неговото музичко дело како најсилен афирматор на македонската музичка и национална посебност и уникатност. Песните како Македонско девојче, Ако умрам 'ил загинам, Mој роден крај и И ние сме деца на Македонија, препознатливи по неговата карактеристична изведба се трајно врежани во македонскиот музички код и вечно ќе останат како вистински ремек дела испеани од еден вистински Великан.