Јане Сандански-Пиринскиот цар!

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Драги сотатковници,

Толку долго чеканиот зрак на слободата изгреа. Нашата измачена татковина се прероди. Срамниот апсолутизам е во агонија. Против него стана целиот народ во лицето на сите нации што го составуваат. Револуционерниот повик на нашата братска Младотурска револуционерна организација се намери на радостен одѕив во душата на толку измачениот народ. И народот - роб стана господар. Неговата света пресуда е:

Смрт на апсолутизмот!

Смрт на угнетувачите!

Драги сотатковници,

Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: да биде или да не биде нашиот народ? Кој ќе биде победник - тоа зависи исклучиво од вас, од вашата вол-ја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?

Сотатковници Турци,

Вие го составувате големото мнозинство од народот, но заедно со тоа вие најмногу ги почувствувавте сите злосторства на нашите заеднички непријатели. Во своето турско царство, вие не бевте помалку робје од вашите сотатовници, христијаните. Нашите управници лажеа досега дека христијаните биле ваши непријатели. Сега вие разбирате кои е ваши браќа, а кои ви се непријатели. Вие први изле-говте во борбата за слобода и рамноправност. заедно со вас се сите. Вашиот проглас: „Народите се браќа и како браќа треба да живеат" - ги загреа срцата на христијанското население и го олесни во мачното прашање: по кој пат може да стигне до слободата. Затоа: да живее започнатата борба против тиранијата за да заживее целокупниот народ?

Драги сотатковници христијани,

И вие бевте не помалку заблудувани и верувавте дека вашите маки произлегуваат од тиранијата на целиот турски народ. И таа заблуда падна. Сега вие си подавате братски раце и само со тој сојуз вие ќе ја извојувате толку досега саканата и скапо платена слобода. Зацврстувајте го тој сојуз. Да ги закопаме заедно со апсолутизмот и создаваните од него национални самоистребувачки борби.

Сонародници,

Вие, кои дадовте толку скапи жртви пред олтарот на слободата, можете радосно да здивнете. Eпa вие не сте сами (и) ете зошто вашата борба станува уште понадежна и полесна. Co заедничките усилби на сите народности ние ќе ја извојуваме нашата полна слобода. He подавајте им се на престапните агитации кои можеби ќе се поведат од официјалните власти во Бугарија против нашата заедничка борба со турскиот народ и неговата интелигенција којашто се стреми кон слобода.

Драги сотатковници,

Ждрепката е веќе фрлена. Враќање назад нема, а и кој од вас би посакал да се врати повторно кон смрдливата атмосфера на неправдата и развратот на бившата тиранија? Да си дадеме сите збор дека ја претпочитаме смртта на светата слобода пред гнасниот јарем на ропскиот живот.

Смрт на тиранијата - да живее народот! Да живее слободата! да живее солидарноста меѓу народите! Да живее големата народна борба! Да живее народот!

Солун, 18јули 1908 год.

 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Исклучително влијание во револуционерниот пат на Јане Сандански ќе има неговата соработка и пријателство со димо Хаџи Димов. Во таа насока Сандански ќе се приклони кон групата револуционери на кои им се блиски социјалистичките идеи без притоа формално да пристапи во нивните организациони структури. Влијанието на левоориентираните македонски револуционери посебно ќе се манифестира по Рилскиот конгрес, по кој евидентна е компактноста на групата околу Димо Хаџи Димов, која е главно во раководните структури на Организацијата.

Созревањето на Сандански како револуционер и општественик посебно ќе биде манифестирано за време на уриетот, кога тој ќе ја пласира својата политичка платформа. Тогаш, левицата во ВМРО, манифестира разбирање и подршка на младотурската револуција и е спремна во таа насока за соработка преку која го гледа решавањето на македонското прашање. По политичката амнестија, Јане Сандански, придружуван од војводите Христо Чернопеев, Скрижовски, Александар Бујанов и други доаѓаат во Солун. На нив неколку недели потоа ќе им се придружи и идејниот побратим на Сандански Димо Хаџи Димо. Во Солун на 18 јули 1908, ќе биде објавен и таканаречениот Манифест на Сандански, во чии постулати значително влијание имаат и Ѓорче Петров, Димитар Благоев и Крсто Раковски.

Со ова всушност започна конституционата форма за правата на Македонците во Турција. Во тој правец отпочна процесот на формирање на политички партии, меѓу кои и народната федеративна партија. Солун, ќе биде град каде што во тие месеци, ќе се сконцентрира активноста на македонската левица. Активностите што таму се превземаат биле насочени во две насоки: преговарање со младотурците за постигнување на спогодба за една трајна соработка и отваорање на еден процес за собирање на македонските сили околу една нова стратегија и програма, околу едно ново ослободително движење. При овие преговори постигната е согласност околу повеќе прашања: Македонската револуционерна организација да го задржи оружјето иако сега таа делува како политичка формација. Прифатено е барањето за аграрна реформа и обласна самоуправа во Македонија. Разговарано е и за граѓанските права, за парламентарни избори и за буџетот при што за најголемиот дел на прашања е постигнат висок степен на согласност.

Реализацијата на договорите со младотурците од страна на санданистите, била ставена на проверка кај населението. Во таа насока превземени се опсежни активности чиј цел е формирање на единствена и цврста народна револуционерна организација. Од страна на серската, струмичката и солунската окружна организација беа изработени и публикувани проект програмата и декларација на Организацијата.со цел да се анимира што поголем број од членството најголем дел од активистите на левицата го напуштиле Солун и се упатиле низ Македонија со цел да агитираат за помасовно присуство на престојниот конгрес. Еден ден пред датумот определен за почеток на Конгресот додека седел во кафеаната Бшнак-хан врз Јане Сандански ќе се изврши атентат. Атентатор е Тано Николов, бивш војвода, придружуван од тројца други атентатори. Обидот не бил успешен.

За време на престојот во Солун Јане Сандански имал бројни средби со новинари од повеќе европски држави. Во интервјуата дадени за нивните редакции тој ќе изнесе интересни ставови по пооделни прашања. Во едно интервју за весникот Политика, во разговорот со новинарот Бранислав Нушиќ, објавено на 21јули 1908, Сандански ќе истакне: "и Бугарија и Србија грешеле што се раководеле од своите најтесни интереси. Главна цел не им беше слободата на овој народ тука, туку нивните себични интереси, проширување на нивните држави. По овие настани тие ќе останат таму каде што се, а ние тука ќе ја градиме нашата татковина."
Сандански силно верувал дека со младотурците Македонија и македонците конечно ке ѓи остварат основните човекови права на слобода и самоопределување.токму заради таа верба тој учествува во задушувањето на контрареволуцијата. Посегањето по оружје секогаш кога за тоа има потреба јане сандански го практикува и

Кога легитимна цел се неговите довчерашни сојузници - Турците.

Во најголем дел од своето вооружено дејствување за време на Првата светска војна тој првенствено ќе се определи на заштита на населението од зулумот на османлиите и од теророт и крвопролевањето што тие го практикуваат.
Тој се спротивставува и на одмаздата врз недолжното турско население кое било навестено по масакарот извршен врз македонците-заложници пред ослободувањето на мелник.

Четири дена по завршувањето на Конгресот на Народната федеративна партија, извршен е нов обид за атентат врз Сандански. Групата во која бил и Сандански на враќање од хотелот Колобо во времето кога минувале покрај Отоманската банка била изложена на истрели од четворица терористи. Еден истрел го погодил Сандански и тој бил префрлен на лекување во куќата на солунскиот лекар Христо Тенчев. Извршители на овој атентат се Владо Сланков, Филип Атанасов и Михаил Чеков, а како организатори се споменуваат Димитер Ризов, бугарски дипломат родум од Битола и публицистот Никола Наумов од Штип, кој постојано престојувал во Солун како дописник на Бугарската телеграфска агенција, секако со логистика на бугарските и австриските тајни служби.

За Јане Сандански освен во српскиот се пишува и во турскиот, англискиот и грчкиот печат и публикации. Еве што пишува Елефтериос Ставридис во публикацијата "Зад кулисите на КПГ": "Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава. Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да некои зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Mакедонци на Филип I на Aлександар."

Во продолжението на неговиот осврт за Сандански, Ставридис ќе истакне: "бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејки неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија.Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест.

Јане Сандански, основачот на Народната федеративна партија, илинденецот од пиринскиот дел на Македонија, еден од значајните протагонисти на младотурската револуција и младотурската контрареволуција ќе загине во Мелник на 22април 1915 година.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
spomeni jane

Предговор

Ослободителното движење одоваде Вардар пред Илинденското востание се развива во посебни услови, во зависност од понепосредното влијание од страна на организирана македонска емиграција во Бугарија, поради што и учеството на источниот дел на Македонија во револуционерната борба, раководена од Централниот комитет на Внатрешната организација, е послабо и нерамномерио. Идејата, нашето поробено население да се подготви самостојно, на своите плешки да го понесе востанието, со сите материјални жртви неопходни за таа цел, не можеше одоваде Вардар да биде прифатено исцело и безрезервно, тоа главно се должи поради блискоста на Бугарија, за чија материјална поткрепа во решителниот час полагале многу повеќе надежи, одошто таму во Кичевско, Битолско, Охридско и другаде, каде влијанието на т.н. Врховен македонски комитет од Кнежевството едвај достасувало со слаби, нејасни еха. Затоа населението од револуционерните реони, што се граничеа со Бугарија, поставено меѓу двете идејни струи, што се бореа за првенство, - агитацијата на централистите и на врховистите, - самото да процени и да решава, не можело да не испадне во недоумица и да не се подаде на нскушението, дека со ветуваната помош однадвор ќе ги постигне својот идеал, ослободувањето, без да одделува од своите скудни средсва за купување на оружје и за многуте други потреби на револуцијата.

Во такви услови, се разбира, раководните личности на внатрешната организација во реоните одоваде Вардар, а особено во оние што граничеа со Бугарија, се наоѓаа во мошне тешка положба, главно поради недостиг нл матерлјалнн средства. А токму тука тие беа уште понеопходни, поради ривалството меѓу двата комитета што наложувало да се трошат луѓе и парн за да се завардат заземените, респективно да се завојуваат изгубени позиции. При постоење на силна желба кај внатрешните дејци, бездруго да излезат накрај, како и да е, со својата тешка задача, за нив не беше лесно да избираат средства, да не посегаат врз моралните и јуристички права на личноста. Треба да ја имаме во предвид и грубата стварност, сред која повеќето од тие дејци на револуцијата, - израснале во една неправна држава каква што претставуваше тогаш Турција каде самоволството и насилството со векови го продолжувале својот триумфален поход па биле испобркани сега за нас елементарните правни поими. Не мала сугестивна ролја имало и потполното прифаќање на принципот, дека целта ги оправдува средствата, што било прнфатено и од инаку најнекористољубиво преданите раководни личности на ослободителната идеја. Затоа не може да не зачудува што и Јане Санданскн, кај кого е одразен просечниот менталитет и условниот морал на средината од она време, ни најмалу не знаел за колебање, барајќи излезе од беспарицата, да прибегне кон практикуваното уште од дамнешни времиња жестоко средство - да се грабне некое лице, за да се земе богат откуп. Такви планови тогаш имале и други наши, многу поистакнати револуционери, и ги остварувале без многу морални скрупули, бидејќи обично се работело за заробување на некој богат Турчин. Но Јане Сандански, во своето отфрлање на секакви обзири, ги надминува сите други, за кое ни најмалу не му пречела и вродената безмилосност, кога го смислил и извршил смелиот план, да се фати истакнат туѓинец меѓу американските протестантски мисионери во Македонија. Од таа негова намера не можела да го скршне ниту околноста, дека наместо очекуваниот мисионер, накај Банско доаѓала мисионерката мис Стон, затоа што со тоа што ќе биде грабната жена, никако не се намалувале изгледите да се добие голем откуп. Карактеристично е и тоа, што Сандански во овој случај побарал млслење, сиреч одобрување за својот план и од повисоки раководни личности на Организацијата, кои, обземени од принципот „целта ги оправдува средствата", ја дале својата согласност. Не трееба да се заборава уште ни тоа, дека во таквите случан надвладеало сфаќањето дека со фаќањето на туѓинци во голема мерка се засегаат моралните и материјалните интереси на турската држава, која на крајот на краиштата за туѓиот свет останувала одговорна за бесправноста што владее во нејзините рамки, и која ќе ја поднесе на својата сметка и откупната сума исплатена на востаниците. Се сметало дека на тој начин во полза на македонската револуција се постигнува двојна цел –разнишување на престижот на Турцлја и истовремено добивање на паричнн средства неопходни за ослободителното дело.

И Сандански, очевидно, гледајќи така на својот план, го извршува со особена тактичност и со вонредна стрпливост и решителност издржува сe докрај во текот на повеќе месеци, совладувајќи дури и романтични тешкотии, бидејќи требало да ги крие грабнатите жени Американката мис Стон и Бугарката г-ѓа Цилка, што ја придружувала сe до самиот момент, кога по добиениот откуп, ги ослободил живи и здрави. Во оваа негова усрдност меѓу другите му помагал и војводата Чернопеев, како што ќе се види од спомените на Сандански. во кои се изнесуваат интересни подробности за заробувањето на мис Стон, што се непознати досега. Тогаш историјата со заробувањето на мис Стон предизвика голема сензиција, стана предмет на внимание на нашиот и натуѓиот печат, и цел свет најпосле разбра дека тоа е дело на македонските револуционерл. Па и самата мис Стон, потем, и наспроти претрганите стравотии, одржа предавања во Америка во прилог на македонското дело, за кое таа отпосле имала големи симпатии.

За големо жалење на Сандански, американските пари за ослободувањето на мис Стон, повеќето потем отишле не за непосредните цели на Организацијата, туку да се доведе докрај борбата што последнава ја беше презела против врховистите. Со тоа било пропуштено скапоцено време да се снабди населението со оружје за востанието, што Централниот комитет во Солун решил да се крене и го определил, за пролетта 1903 година. Сандански, жесток противник на другото востание, за кое врховистите јавно агитирале, останал до немајкаде изненаден од солунското решение за востание. Незадоволен од тоа, тој останува противник и на ова востание, и потем зема слабо учество во него. По неговиот неуспешен крај и Сандански привремено се прибира во Софија. Тогаш се запознав со него. Со почеток од 14 јануари 1904 год., тој неколкупати доаѓа кај мене, за да ги запишам неговите спомени, што понатаму ги соопштувам.

Влезен во остер конфликт со врховистите, а од друга страна чувствувајќн се пренебрегнат и од Централниот комитет, Сандански уште тогаш внатрешно оладел спрема последниов. И сепак до смртта на Г. Делчев, што умеел помирувачки да делува на неговиот негаторски дух, Сандански до крајот на Илинденското востание очевидно не прави раскин со внатрешната организација. Меѓутоа, по востанието, тој никогаш не го криеше своето разочарување од последната, остро го критикуваше нејзиниот централистички карактер, и се залагаше за преобразба на Организацијата врз „подемократска" основа. Сега е лесно да се разбере дека честољубивиот во душата Сандански, што постепено беше успеал да си создаде во пограничните револуционерни реони лични приврзаници, веќе бил одметник од Организацијата, што наскоро почнува сe појасно и појасно да се покажува и на дело. Младотурскиот пресврт, кога луѓето на Организацијата во еден фатален оптимистички занес пребрзано го положија оружјето и им дадоа доверба на младотурците, му дојде сосем погодно на Сандански, без никакво стеснување да ги прекпне врските со минатото и решително да тргне на своја рака, одржувајќи добри односи со младотурскиот режим, дури и тогаш кога обновената внатрешна организација против него поведе решителна борба. Патнштата меѓу неа и Сандански се разидуваа и неминовно дојде до меѓусебниот судир во кој загина и самиот тој.

Спомените, што ги изнесувам тука, привршуваат до кон крајот на Илинденското востание, а историјата, во која Сандански ја игра споменатата самостојна ролја, започнува дури потоа. Таа ќе треба допрва да биде опишана врз основа на други податоци, за психолошкото објаснување на кои не малу ќе послужат и овие спомени. Независно од поранешните побуди кај Сандански, чиј корен се наоѓа во настаните до крајот на востанието од 1903 год., некои од неговите подоцнежни постапки ќе се објаснат и со силните, автократски инстинкти на овој оригинален по својата решителност и упорност револуционер, што по случаен стек на околностите се издигна до тоа да има главна заповедиичка ролја во серскиот реон. Според правилото, дека човек израснува заедно со извршувањето на своите повисоки задачи, и Сандански постепено се покажува во својот вистински лик дури допрва, кога во вториот период од неговата револуционерна дејност му попадна судбата сам да решава важни и тешки задачи.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Спомени - Јане Сандански

I

Биографски податоци. - Сандански постепено застанува на страната на Внатрешната организација против Врховниот комитет. Револуционерни дружби („кружоци") - Недостиг на средства за да се вооружи населението.

14 јануари 1904 год.

Родум сум од с. Влаи (Кресничко). Татко ми, Иван Сандански, е од истото село. Роден сум на 18 мај 1872 г. Во време на руско-турската војна живеевме во Џумаја, а потем во Дупннца. Тука го завршив основното училиште и - II клас од класното училиште. Во 1892 год. ме зедоа војнпк. Пред тоа учев занает - чевлар, околу две и половина годнни. Татко ми беше земјоделец. Служсв во 13. полк во Ќустендил до 1894 год. Потоа останав во Дупница, кај вујко ми, Спасе Харизанов, адвокат, како помошник - молбопишувач, две ипол години, н потем бев самостоен пишувач на молби, уште три и пол години - до 1899 година. Уште од малечок, кога маало со маало се тепавме со камења, секогаш ја земав ролјата на комита. Откако завршив училиште, се зафатив со читање револуционерни книги. Најсилен впечаток ми остави биографијата на Левски. Ги прочитав „Записите" на Захариј Стојанов, „Под игото" од Вазов и др.. Милував да читам и потем за микедонското дело. Тогаш од Рилскиот манастир дојде една организирана чета, што ја водеше Стојо од с. Скрижево (Драмско), што порано девет години едноподруго бил ајдук во Македоннја, та во 1892 г. дошол во Бугарија и во Дупница се зафатил со трговија. Кога решиле во 1895 г. да се кренат на востание, му доверија една чета, во која влегов и јас. Четатата набројуваше околу двестемина, со 12 мина офицери, меѓу кои беа Давидов, Жостов, Атанасов, Димитров. Имаше и студенти - Прличев, Мирасчиев и др. Од манастирот четата замина на гранииата, и преку Јакуруда излезе на Доспат. Четата беше одредена за Серско - „Серска чета". Офицерите немаа голема желба да влегувааат подлабоко во Турција така што постојано се врткавме по границата и една ноќ го запаливме селото Доспат, што изгоре за час и половина. Беа убиени неколку Турци, случајно, но масовни убиства немаше. Штом помина во Бугарија четата се распрсна, се растури.

Јас пак си се вратив во писарннцата кај вујко ми во Дупница. Оттогаш се заинтересирав посериозно да навлезам во делото, но беше тешко, не знаев ништо поодредено. Знаев само за Комитетот во Софија. Дури во 1896 година разбрав дека и внатре во Македоннја има револуционерна организација. Во 1897 година, во текот на грчко-турската војна, некои офицери - капетан Венедиков и Морфов, не подлагаа, велејќи ни: „Одете сега во Македонија, а потем ќе дојдеме и ние" (разбравме дека тоа се однесува за бугарската армија). Се формира чета под водство на Крсте Захариев (од с. Ореовец, Серско). Тој беше касап во Дупница, Стојов другар што избегал од своето село и дошол во Бугарија. Тој беше благородно момче; во 1895 година зел учество со своја чета, слегол од кај Батак преку Доспат во Пирин, каде се сретнал со четата на Муструк. Новоформираиата чета набројуваше 25-30 мина, а беа вооружени со мартинки и берданки што им ги беа дале Венедиков и Морфов. Јас си купив со свои пари пушка од браќата Иванови и кога четата дојде во Дупница им се приклучив. Го поминавме Пирин, преминавме преку Кресничко, каде не открија Турците, туку таму не се судривме со аскерот; аскерот одеше по нас.

Кога стасавме до месноста Дебел Рид над селото Пирин (во јуни месец) наидовме на аскер од 150 мина, и се биевме од утрината до вечерта. Ние не дадовме ниедна жртва. Вечерта се повлековме, поминавме накај Неврокопско, направивме заобиколка до месноста Спанополе, поминавме накај Банска река, каде пак имавме борба од претпладне до вечерта со 250 мина аскер, и пак без да дадеме жртви. Вечерта префрливме над селото Пирин до селото Лопово. Таму аскерот не нападна ненадејно - убија едно момче, Никола (од Петричко) и мене ме ранија во левата рака. Потем четата се врати во Бугарија и јас се лекував (бев погоден под лактот) во Дупница, и се излекував. Пак си бев во писарницата. Тогаш си дадов зарек дека додека не разберам како е токму со делото, дали внатре има организација и слично, нема да му бидам орудие на никого - нема ни да помрднам веќе.

Потоа, во крајот на 1897 година, го основавме друштвото „Младост", во кое влегуваа Христо Јарков, (од Дупница, чиновник), Димитар Манојлов (од Дупница, трговец) Александар Млаџов (од Дупница, учител), Никола Златков (од Дупница, со завршена висока школа, сега е во Харманли), Батанов (математичар, со завршена висока школа), Христо Марков (од Трн, завршил виша школа). Тоа беа членовите на друштвото. Имаше читална, библиотека. Јас бев библиотекар. Се одржуваа предавања. Друштвото за цел си имаше поставено самообразование и дружење. Ги испадија учителите, претседател на друштвото останав јас сe до 1899 година. Властите правеа големи пречки затоа што младежта се собираше околу нас.

Во тоа време мене веќе работите во Македонија ми беа прилично ујаснети; многу работи узнав од Малешевскн, а од друга страна и од Делчев, со кого за првпат се сретнав во 1899 год. во Дупница, дома кај мене. Делчев убаво ми ги објасни целите на внатрешната организација. Тој беше дојден во Дупница како претставник на внатрешната организација. Веднаш разбрав дека Делчев е навистина човек што потенко и подробио знае за Организацијата и сe за иеа и каква цел си поставува таа.

Во февруари 1899 г. влегов во служба - како директор на дупничкиот затвор. Го реорганизиравме македонското друштво во Дупница. Во Дупница тогаш учителствуваа Димитар X. Дммов (од с. Горни Броди, Серско) и Ѓорги Паничаревски (од Дупница), и двајцата имаа завршено педагошка школа во Ќустендил. Ѓорги Зашов од Разлог и Хр.Данаилов од Разлог, и двајцата трговци, нсто така зедоа учество па друштвото го реорганизиравме во септември 1891 година. Претседател стана Паничаревски, јас бев потпретседател, а Димов - деловодител. На учителите им беше даден отказ поради еден нивни штрајк, бидејќи општината не им плаќаше. За благајник го избравме Никола Лазаров (кннжар), а Стојмен Цветков (трговец) - за советник.

Со Ѓорче Петров се запознав во 1899 год. во Софија. Во 1900 год., кога почна борбата протнв Сарафов, тогаш веќе застанав на страна на внатрешната организација. Врховниот комитет имаше купено тогаш 500 долги и 75 куси манлихерки. Нив ги испратија до мене, како претседател на друштвото, за да ги скријам. Јас ги сокрив. Потем се скаравме, бидејќи Врховниот комитет тогаш си правеше собрание со Цончев и др.. Нашето друштво имаше собрано во Дупница и околијата 15.000 лева, што ги испративме до Комитетот. Потем, откако се скаравме, дојдов да барам објаснување, зошто за нашите пари не ни испратиле оружје, за да го пратиме во Македонија. Тогаш Сарафов располагаше со големи пари, а ние немавме пари. Тие ни ветија дека ќе ни испратат 6.000 пушки и др., и јас си се вратив назад. Кога се вратив, доаѓа Саев со чета од 15 мина - и ми пишуваат да му дадам пушки и да му го предадам складот со пушките. Јас одбив. Ми испратија телеграми неколкупати, јас одбивав. Во опозиција спрема Комитетот останавме само тројца - јас, Малешевски и Ѓорче Пегров. Започна меѓусебната борба: офицерите беа луѓе нестрпливи, - како да е машина, наполнија со вода и ќе тргне, - а пак Организацијата внатаре имаше потреба од постепена подготовка. Затоа бевме на мислење дека офнцерите не се луѓе погодни за работа со иародните маси, дека се негодни за подготвителниот период на Организацијата. Кога видоа дека ние цврсто им се спротивставуваме, Сарафов тогаш го одложи конгресот; се штрекна, тој не ни помнслуваше дека ќе наиде на толкав огпор од наша страна. Тој се објави и против Цончев, бидејќи и тој беше во оставка, и сакаше да го замени. Сарафов распрати второ циркуларно упатство, за да се одложн конгресот. Тогаш тој беше уапсен од владата.

Спорот за пушките остана нерасчистен, јас не ги дадов пушките, тие останаа кај мене. Кога го затворија Сарафов, Саев избега од Дупница во Софија, јас прибрав уште неколку пушки од неговите момчиња, што тогаш исто така избегаа. Меѓу нив имаше и тукашни - подофицери, имаше и Македонци. Со Малешевски бевме делегати на конгресот, отидовме во третиот участок да го видиме Сарафова и таму тој ни раскажа за Цончев дека истиот бил човек на кнезот и сл.. Тој агитираше меѓу нас да застанеме на негова страна, надевајќи се дека ќе го изберат наново. Ние се определивме за средната листа - Михајловски, Кепов, Влад. Димитров и др.. Потем се вратив во Дупница, кај бев подготвил чета и чекав на конгресот.

Заминав со 8 мина: Иван Цветков, со завршен VI клас во софиската гимназија, родум од Разлог, Добре Даскалов, од Тиквешко, имаше завршено протестанско училиште во Самоков; Коце Абаџиев, протестант, со завршен 4 клас во Самоков, родум од Пазарџик, и др.. Во протестанското училиште, како и во металското училнште во Самоков, имаше револуционерен кружок. И во Софија имаше револуционерен кружок, а исто така и во Ќустендил, Дупница и Шумен. Овие кружоци беа основани по идеја дадена од Делчев. Во мојата чета имаше еден постар подофицер од с. Влаи (кресенско). Сe на сe бевме 8 мина. Во април 1901 година тргнавме. Цел ни беше агитациона, подготвителна работа во служба на внатрешната организација, и тоа во крајграничните реони - Џумајскиот, разлошкиот и сл.. Во текот на три месеца ги обиколив Цумајско и Разлог, меѓу населението агитиравме да си купуваат пушки, пак и самиот јас за истата цел од тоа население требаше да соберам пари. Туку гледам сиромаштија голема, а пак не се надевав ни на помош од Бугарија, знаејќи колку неразумно беа правосани од Сарафов парите, па затоа во мене созреваше мисла на некој друг начин да се приберат повеќе пари, за да се употребат за ослободителното дело внатре во Македонија. Пред мене низ тие села поминала една мала чета, но таа не вршела никаква агитација. За првпат агитираа во смисла самоотојно да се постави Организацијата, населението да се почувствува слободно, откако ќе се отргне од турските власти и власта да се најде по можност во рацете на Организацијата - па така населението на дело да види троа слобода, да ја почувствува таа слобода и да ја засака. Во секое село се формираа управни тела, се собираа членски вноски, а имено во Бистрица, Х'рсово, Марлево, Градево, Србиново, Мечково, Кресна, Сенокос, Влаи, Оштава, Ораново, Железница, Моштанец и Покровник. Одев и во Банско, туку тие самите си беа поставиле управно тело; Делчев порано имал одено таму. Населението добро не пречекуваше. Внатре уште не беше навлегла спротивната агитација од врховистите.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Спомени - Јане Сандански

II

Кај Сандански созрева план да се грабне некој, за кого да се земе значителен откуп. Грабнување на Американката мис Стон и нејзината придружничка, Бугарката госпоѓа Цилка - Долго талкање со грабнатите жени. - Борба со Дончо војвода, што ги преследува. - Г-ѓа Цилка добива девојче; грижите за леунката и детето. - Подолги преговори се прима откупот. - Ослободување на грабнатите.

Кај мене и Чернопеев созреа мислата да грабнеме некого за земање откуп. Одев во Дупница, и со Чернопеева намисливме да грабнеме еден бег - Сулејман бег, син на пашата од Џумаја Ние двајцата се преоблековме, отидовме во Џумаја да ги проучиме улицата и кафеаната во која доаѓаше бегот. Тогаш се вративме и пак влеговме назад со решение да го грабнеме од кафеаната. Туку очигледно случајно тој не се појави два дена, не излезе од дома. Ние бевме со 20 момчиња, од кои 4 мина селани од селата со пушки. Мислевме да нападнеме и со бомби. Туку не можевме да ги задржуваме подолго во градот момчињата, па ги пративме во селата, а јас со Чернопеев и Крсте Асенов останавме да образуваме во градот раководно тело. Тогаш средивме и некои недоразбирања меѓу граѓаните. Натеравме да бидат назначени некои учителн, -Александар Китанов, (од Лешко) и Сава Михајлов, против кои се беа објавиле чорбаџиите. Откако средивме се за два-три дена, Сава Михајлов и Крсте се вратија во Бугарија, а ние со Чернопеев си отидовме кај четите.

Веќе обземени од мислата да грабнеме некого, намислив да отидеме во Разлог, па некако да ги натераме протестантите од Организацијата, без да се сетат зошто, да сторат така, што од Солун да дојде мисионерот доктор Хаус. Отидовме двајцата во Банско, момчињата ги оставивме во планината, едно поради тоа што во селото имаше војска, а пак второ и поради тоа што во селото имаше малцина членови на Организацијата. Од разговорите со протестантите разбравме дека би било тешко да се доведе Хаус во Банско, но узнавме дека токму во тоа време дошла некоја Американка, на нме мис Стон. Јас се пораспрашав и разбрав дека таа е важна личност. Му кажав на Чернопеева, и тој се согласи да ја грабнеме. Му се искажав на еден од протестантите од Организацијата дека ќе бараме помош и од нив. Се согласија. Двајца од нив беа од раководното тело - што се состоеше од Јонката Хаџи В'канов, Јонка Колчагов, Минчо Лазаров и Симеон Молеров. Тие ни јавија кога ќе тргнат луѓето со мис Стон. Меѓутоа, 11-мина од нашите момчиња се вратија во Бугарија, па останавме сe на сe петмина. Заминавме за Градево, зедовме уште четворица од тоа село (Нано, Тодор, Христо и Коле), од Покровнпк, - едно момче, Лазо и од Бистрица - Чиме. Ние бевме: јас, Чернопеев, неговиот другар Димитар Ќосето (Макед.), Стојан Просјаков (од Влаи) и Димитар Инев(од Кнежевството). Начекувавме два дена и вечерта на патот на месечина го здогледавме Крсте Асенов како доаѓа со момчињата. Ние бевме напишале да дојдат момчињата: Јуруков (од Карлово) и Шуманов (од Тетовско) за мојата чета, а за Чернопеев - Александар Дрводелски од Враиа, Станиш од Кукушко и Александар Илиев. Последниве беа тргнале да стапат во четите на Организацијата во Петричко. Ги зедовме кај нас, и утредента изутрина ги распоредивме на пусии, без да им кажеме ништо за својата намера. На своите им бевме веќе кажале; тогаш му го кажавме својот план и на Крсте Асенов. Стоевме така цел ден, и квечерина накај 5 часот тие се приближија. Бевме облечени во турски облеки, - аскерски и други. Ги фативме. На една бабичка, што се наоѓаше со нив, и која сакавме да ја земеме за придружничка на мнс Стон, и се слоши. Помнна еден Турчин, за кого потем разбравме дека бил контрабандист, и му реков да запре. Тој слезе од коњот и почна да бега накај пусијата од спротива. Оттаму се кренаа момчињата, и тој испука со револверот, и го рани трошка по темето едно момче, но беше фатен и веднаш убиен. Тргнавме со фатените. Тоа беше на 21 август во 11 часот вечерта по турско време кај „Потпрената карпа", на патот меѓу Банско и Џумаја. По пат зборуваме божем турски, туку не знаеме добро турски, така што уште ноќта решивме да зборуваме бугарски. Утредента фатените не запрашаа, што сме, кои сме; ние им рековме дека меѓу нас има и Турци и секакви. Се исплашија и почнаа да плачат и така речиси сите први 5-6 дена плачеа секој ден. Најпосле решив да им разоткријам сe, но сепак тие не се успокоија. Вративме еден дел од момчнњата и останавме тројца, и Дрводелски и Ќосето. Втората вечер по нивното фаќање јас си ја шинав ногата - ми се изместија глуждовите. Дојдовме во Џумајско, ја поминавме границата кај с. Црвиште и отидов во Дупница, лекар да ми ја прегледа ногата. Откако се уверив дека не може брзо да ми помине, се вратив, и три месеци не можев да стапнам на таа нога.

Оттаму отидовме во с. Селиште и таму на жените им откривме дека бараме да ни се даде бездруго за откуп 25.000 лири. Тие почнаа да плачат. Напишаа писма до еден нивни добар пријател, Костаднн Петканич, што го однесоа по канал луѓе од Организацијата. Не смееле да му ги предадат писмата во раце, а му ги оставиле на неговиот праг. Овој, кога ги нашол писмата, се исплашил, па и ги дал на власта. Бидејќи не можеа да се водат преговори во Турско, напишавме едно писмо до Хаскел во Самоков, но и ова писмо не му го предале, та два месеца останавме во неизвесиост. Потем Асенов отиде во Самоков, му го предаде ппсмото на Хаскел, и овој веднаш замина за Цариград. Асенов се врати и ни кажа дека го предал писмото. Тогаш Асенов и Чернопеев дојдоа во Софија кај Дикенсон, американски претставник во Цариград, што беше дојден тука за преговорн. Со него се сретнал Асенов, а Чернопеев однадвор вардел. Дикенсон дал надеж за плаќање, но дека ќе треба уште да чекаме. Тоа беше во ноември.

Во тоа време ние се преместувавме од Селиште во Покровник и назад. Па така една вечер во Селиште се случи во куќата на Тоше Мирчев, во соседната до нашата одаја, да спијат тројца заптии. Домаќинот им даде повеќе ракија, тие се опијанија и заспаа. Потем поминавме на Сушичка Планина (на 2 часа до селото Сушица); таму си направивме две колиби и тука преседевме четири дена. Зедовме уште четири момчиња од Петричката чета, во која комитата Александар Илиев беше убиен од Дончо. Чернопеев и Асенов се одделија со шест момчиња да го гонат Дончо, а јас останав со четворица од старите момчиња (Дим. Ќосето, Андон Ќосето, Каравасил и Стефан Мандалов од Гевгелиско, сега убиен во четата на Чернопеев, на 6 сепември).

Тогаш јас ги одведов жените во Сушица, таму преспавме и потем отидовме во село Тросково. Таму во текот на денот бевме предадени. Дончо дојде со 78 мина. Небаре нешто ми потскажуваше дека ќе дојде Дончо. Бев сонил сон и бев уверен дека ќе се случи нешто. Вечерта селаните кажуваа дека имало аскер кај месноста „Крстот" та отишле да видат накај ќе сврти аскерот. Веднаш се сетив дека тоа е Дончо. Дојде нашиот курир од Покровник, и потоа дојде еден селанец, што го повнка; овој не се врати и по половина час испратив да го повикаат. Овој се врати и ми призна дека Дончевите луѓе се во близина - во куќата на Спасе. Им заповедав на момчињата да вардат. Отидов со едно момче близу до таа куќа, во темнината изнаскокаа Дончови луѓе, та едвај се избавив. Цела ноќ траеше престрелка и утредента претпладне дојде еден со бела крпа - го убивме. Најпосле се повлековме. Попладнина тргнав со жените накај Лашко. На крајот од селото Тросково се сретнавме со Чернопеев и Крсте, што беа собрале да ни дојдат на помош 40 мина милиција. Тогаш веќе се разбра за запленетите. Ги отпуштивме милиционерите и останавме само ние, 13 мина, и отидовме во Лешко првата вечер, а другата во Дреново. Тогаш ги испратив Чернопеев и Асенов во Бугарија, пак да водат преговори со Дикенсон, велејќи им да прават што ќе прават и како знаат, туку да заврши со тоа, затоа што веќе ни се беше здодеало. Пак се вратив со жените во с. Покровник (во куќата на Стоилко), потем оттаму поминав за Србиново (на 21.12. вечерта). Патуваваме 12 часа и стасавме во куќата на некој што го викаа Никола - што беше на крајот на селото, во лозјата. Тоа беше куќичка во која точат вино. На Цилка и реков дека ќе одиме на пат па ја запрашав дали ќе може, да не и е дојдено времето да се породи. Ние уште пред два месеца бевме подготвиле сe за тоа - ние зедовме материјал, а тие, жените, му подготвуваа облека и пелени, плетеа и сл.. Цилка ми јави по еден час дека е пред породување и оставаше во аманет „сe" на мис Стон, во случај да не остане жива. Таа беше уверена оти по сите овие стресови тешко да може да се породи нормално. Повикав две жени од селото и таа лесно се породи - девојче, здраво, полничко. Го зедовме детето в раце, другарите и честитаа, и јас ги почестив другарите. Прекутредента требаше пак да се патува. Цилка не можеше да јава, а требаше да си отидеме, бидејќи во селото беше дојден аскер. Ја легнавме опружена во еден долг сандак, - го качивме сандакот на коњ, а од другата страна на коњот исто натоваривме за тежина, и така, со потпирање отстрана, поминавме 6-7 часа пат и стасавме во с. Влаи, во кое се сместивме во една куќа. Детето го носевме по пат на раце, - тоа плачеше, а мис Стон јаваше на друг коњ. Во Влаи се задржавме 9 дена.

Деветтиот ден од Бугарија дојде Асенов, донесе писмо од рускиот пратеник Бахметјев за мис Стон, со која се познавал, и подарок – благи испратени преку Дикенсон. Му кажале дека ги подготвиле парите за откуп. Ги зедов Асенов и Спиро, кај жените оставив 10 мина, а Чернопеев со 25 мина беше во Дојранско. Отидовме во Банско, а по два дена дојдоа Хаус, Гарџолу, Драгоман во пратеништвото, и Пит, благајник на мисијата. Турците со 250 аскер вардеа на парите и го сардисаа селото. И ние бевме во селото. Го викнавме Костадин Петканин да им каже на комисијата: „Денес дојде еден човек, што ни рече дека квечерина ќе дојдат тројца луѓе да се видат со комисијата. Што имате да им порачам?" Вечерта станавме и со него отидовме кај комисијата, им го предадовме полномошното од мис Стон. Фативме преговори како да ги земеме парите и како да им ги предадеме жените. Им објаснивме на Хаус и другите каква е работата, дека ние сме луѓе на една организација, дека не сакаме да сотруваме никого и сл.. Ги обврзавме да ја натераат да се повлече потерата. И испраќам писмо до мис Стон дека нејзините не се трудат за да бидат ослободени и сл.. Таа им напиша остро писмо. Се договоривме да ги донесат парите на едно место „Арами-бунар". Турците вардеа на парите. По наш совет комисијата ги извлече од сандачињата парите, а наместо нив таму ставија олово. Ни ги дадоа парите, а Турците го натоварија оловото и со војската се повлекоа, а ние со парите, десетмина, поминавме на Јакуруда и оттаму во Бељовски орман. На момчињата им дадов по 2 лири.

Го испратив Асенов да ни купи облека. Првин во Пловдив кај едно момче, Михал Бојаџиев, сега учител во гимназијата, Македонец, многу добар, сместивме 2.000 лири. Потем кај Хаџи Димов во Софија оставивме 4.000 лири; кај сестра му на Асенов, докторка по медицина, С`пка Асенова, оставивме 4.000 и други 4.000 лнри оставивме кај Узунов, телеграфист во Софија. Меѓу Ѓорче Петров и Дели Иванов (тие без претставници на Организацијата) имаше несогласувања за парите, па затоа ги оставивме во приватни раце, додека дојде Делчев, па сe да помине другарски, да им се предадат. И потем парите беа предадени на Делчев и на другарите и тие ги употребија. Парите ги примнвме на 18 јануари и му напишавме на Чернопеев да ги ослободи жените. Тој ги испратил од Влаи во Оштава, а оттаму во Сенокос - Србиново - Ораново и преку Струма понатаму. Чернопеев дури ги допратил жените до Малешевско, а понатаму ги предал по канал. Сe едни и истн момчиња ги придружувале - Стефан Мандана, Андон Ќосето, Андреев, Дењу.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Спомени - Јане Сандански

III

Се засилува борбата против врховистите. - Сандански со своја чета во внатрешноста агитира против врховистите. - Оружени судири со четите на Врховниот комитет. - Кресненското востание предизвикано од врховистите.

Со две чети по 12 мина, јас, заедно со Крсте Асенов, тргнавме преку Ќустендил, пред да дојде Делчев и случајно го сретнавме на самата граница. Заедно со Делчев сите се вративме пак преку Ќустендил во Софија и тогаш ги предадовме парите. Потем заклучивме да отидеме во две посоки. - Христо и Крсте Асенов да ја фатат десната страна на Струма, а пак јас одавде – левата. Сериозно започнуваше борбата против врховистите. Јас замннав накај 6 април 1902 г. Поминавме кај селото Дометево над Бараково, со курирот Стојмен (од с. Делвино, над Џумаја), и стасавме во Делвино. Бевме 16 мина во четата беа Сава Михајлов, Ѓорги Скрижевски (од Скрижево, Драмско), учител со средно образование; Петар Милев, од с. Косач (Радомирско), со завршен 6-ти клас гимназија во Софија, Ѓоргн Баждарев, со завршена гимназија и тогаш учител внатре во Македонија, а сега студент во Високата школа; Андреја Казепов, од Ресенско, со завршена гимназија; Спиро Петров, Прилеп, се занимава со трговија, убиен есеноска на Пирин (на 4 септември во борбата кај Куклите во Пирин), чудесен песнопеец и др.. И сите други имаа завршено по два-три класа гимназија. Во Делвино се задржавме едно - два дена. Планот беше на народот да му се објаснува целта иа Организацијата, за што се подготвува, да се објасни дека не е вистина оти Организацијата не мисли за востание, меѓутоа, не тогаш кога сакаат врховистите. Им објаснувавме во што се разликуваат врховистите од нас. Им велевме, дека тие се луѓе на дворецот, дека сакаат да ги предберат во свои раце нишките на Организацијата, за да можат да си играат како сакаат со ослободителното дело. Со нивното востание што го пропагираа, - велевме ние, - сакаат првин да не дезорганизираат, и второ, тие како офицери, зборувале дека веднаш ќе кренат востание, сакаат по секоја цена да го кренат востанието. За пример наведувавме дека од востанието во 1895 год. имаше корист само кнезот, а имено дека го признаа. Велевме дека според наше разбирање востание може да се крева само ако сите се подготвени, без да се надеваат на надворешни ветувања, дека треба првин да се увериме дека сиот народ е подготвен. Сето тоа треба да се организира и кога ќе се видн дека сме достатно силни, тогаш може да се решава за востание. А оние, врховистите, постапуваат инаку, - велат, вие само востанете, па оттаму доаѓа Русија, оттука доаѓа Бугарија. А вие, кога ќе видите дека сте излажани, наскоро ќе потклекнете. Им објаснувавме дека тоа прашање не е бугарско прашање туку европско прашање, и дека Бугарија и да сака не може да го решава сама. Ние мораме да го поставиме на меѓународен план итн.

Од Делвино отидовме во с. Х'рсово и Маралево, сe така агитирајќи. Пред мене врвеше една чета, водена од капетанот Ѓорги, Арнаутин (Бугарин - Арнаутин, чаркчија) со дваесет мина, чета на врховисти. Тој беше нов, а неговите луѓе беа сите кои арамии, кои арнаутчиња, пијаници. Тој им велел да не неслушаат што им зборуваме и сл.. Од Маралево испратив до тамошниот раководител во Градево да ни испрати еден курир. А пак таму се наоѓал капетанот Стојанов, со околу 18 мина, а таму отишол и капетанот Ѓорги со својата чета. Поради овие чети раководителот не ни испрати курир, бидејќи страхувал дека ако отидеме и ние, може да дојде до судрување, па ќе пострада селото. Направнле и пусија. Во Маралево дури се беа обиделе да не погубат со труење (со жива); најдов жива во сланината. Насетив дека има заседа во Градево и затоа решив да направам заобиколка и да одиме во Разлог.

Стасавме во с. Недоб'рско. Тоа беше во април. Тука немаше агитација од страна на врховистите. Сепак поприкажавме за работите, за постапките на врховистите и сл.. Потоа заминавме за с. Годлево, вечерта ги собравме селаните и им зборувавме. Отидовме во Банско. Пред тоа го натеравме едно момче, Миле да им пспрати писмо до раководителите во Недо'брско и Годлево. Тие се посомневале ние да не сме врховисти. Кога стасавме во Годлево беше дојдена и месната чета од Банско, за да не спречи ако се покаже дека сме врховисти. Потоа заминавме во Банско, набавивме што ни требаше и ја повикав неврокопската чета. Водач и беше Атанас Тешовалијата, а секретар Куслев. Ја зедов и банската чета, и испратив курнр во Влаи, да дојде човек да не прифати па да отидеме во селото. Ни одговорија дека не можат да не одбијат, туку таму во близина биле врховистичките чети, па можело да дојде до судрување и селото да им настрада. Сепак решив да отидеме во Влаи. Тргнавме за таму на 24 април. Поминавме преку врвот Елтепе - па по Влашката Река; таму има чаркови, се распрашавме за селото и влеговме во малото Полена. Ги разместив момчињата во пет куќи. Испратив да дојде раководителот Тошков Никола, да позборуваме. Дојде вечерта. Изутрината со него ја преместивме четата во едно друго маало, во куќата на Стојмен Марушино. Следната вечер ги собравме сите, им зборувавме, им објаснувавме. Нив им прикажувале дека јас со парите од мис Стон сум отишол во Европа, во Будимпешта и др.. па се чудеа што ме гледаат. Тука поседевме 3-4 дена и оттаму заминавме во село Оштава. И тука беше истото - собрание; ги убедувавме луѓето да не бидат заведувани од врховистите, дека тие ќе ги изгорат и ќе си отидат во Бугарија, а тие ќе останат да страдаат и сл.. Заминавме во Сенокос. Дојде раководителот Мицо Чакалски. Со него отидовме во селото. Мицо имаше завршено втори клас, се занимаваше со трговија. Многу добро ги разбрал работите. Го запрашав, како смета тој, дали разликите меѓу нас и врховистите се само во тоа, дали да биде едниот или другиот. Тој не веруваше во агитациите на врховистите, што стасуваа дотаму да им велат дека при осветувањето на Шипченскиот храм ќе дојдат руски војски и сл.. Овој Мицо добро ги разбираше нештата, не се заведе од врховистите. Сенокос беше единствено село што не беше заведено и не востана.

Отидовме во Кресна. Тука раководител беше Андреја Мицов. И тој не остави да биде заведен и селото не востана. Откако се задржавме таму два-три дена, заминавме во с. Мечково. Тоа беше заведено од врховистите. Раководителот на Организацијата, Кипре, беше избегал со врховистите, затоа што злоупотребил пари, околу 26 лири, па затоа се одметнал од Организацијата, бидејќи инаку требаше или да ги врати парите или да биде казнет. И во Мечково ги собравме луѓето, ги разубедувавме. Пак се вративме во Сенокос. Таму дојдоа да ми кажат дека во Србиново се наоѓал Стојанов. Со Мицо заклучивме да му предложиме на Стојанова да излезе на натпревар со нас пред делегати од околните села – по 5-6 мина од село. Му испратив писмо на Стојанова: „Бај Стојанов узнав дека сте во близина; бидејќи и вие и ние работиме за народот, ајде да го свикаме на една средба и пред него да се објасни сe и сл." Стојанов грубо и простачки ми одговорн пишувајќи меѓу другото: „Па што претставуваш ти?! Јас сум делегат на Врховниот комитет, а населението не треба да знае што правиме". Јас повторно му пишував и настојував да се сретнеме. И по третпат му пишував. Тој ми одговорн дека ми ја фрла ракавицата, ми објавува двобој. Видов дека одбегнува, и тогаш влегов во селото Србиново, и ги распоредив момчињата во едно маало, по 4 момчиња в куќа. Со себе си го водев Сава, затоа што врховистите беа пуштнле клевета дека дошло до злоупотреби со парите, за кои давал признаници, па ги поканив селаннте да ги извадат признаниците, па да се види, - еве го и самиот Сава Михајлов пред нив. Тоа село беше сето заведено. Па и раководлтелот од Србиново беше избеган, бидејќи му беа збркани сметките. Ги собравме и тука селаните. Веднаш селаните дојдоа вооружени. Моите момчиња стоеја настрана, вооружени. Јас им зборував. Некои ми одговорија: „Не зедоа на душа; Павле - раководителот и попот (поп Најден) ќе не нспотепаат што сме дошле кај тебе". Стојанов дури им велел: „Ами оној аскерон зошто е, зошто не го повикате да ги избркаат?" Јас им велев дека ние нема да ги учиме на предавство. Ние нема ни да се помрднеме од селото, ќе се биеме. Побарав пред селаните отворено да направиме сметка, но попот не доаѓаше, и така сал нe лажеше па 11 дена се задржавме во селото. Сметките беа кај него, а на селаннте им велел: „Парите му ги дадов на Сава и тој ги изел." Најпосле го најдовме скриен во избата од нетовата куќа. Едно момче зеде едно од неговите деца и влезе со свеќа внатре. А попот внатре со навртена пушка. Го извлековме надвор, го натеравме да ги даде сметките. Тој почна да моли и не можеше да укаже никакви злоупотреби од Сава, затоа што тој самиот ги беше изел парите. Во меѓувреме Стојанов им велел на селаните од селото Ораново дека ќе сторат голем грев ако не го предадат Сандански, затоа што Сандански не сака востание, бидејќи се храни од нив, а бугарската војска е во готовност, па и руската исто така и сл..

Отидов пак во Разлог. Се врати неврокопската чета. Се врати Сава во Бугарија. И неколцина од мојата чета се вратија (Филип од Косач, Ѓорги Леунлијата од Воден, Христо Млаџов и Лисненскн од Дупница). Мојата чета остана со околу 10 мина. Ги зедовме со нас разлошките чети. Дојде писмо од Мелник, дека селаните се бунтувале и барале за 30 дена да им бндат дадени пушки или во спротивност ќе го дотерале Дончо. Затоа ме повнкуваа на помош во Мелничко. Потем се разболев, ми се вртеше умот, паднав; тоа беше на Пирин, во месноста Чаир. Оттаму дојдоа двајца селани од селото Мал Цалим, - Нико и Иван, и отидовме во куќата на Нико. Потоа им јавив на учителите и чорбаџиите од сите околни села да се соберат во с. Дебрене. Тоа беше на 23 јуни 1902 год. вечерта. Отидовме во Дебрене. Беа собрани чорбаџиите и учителите од градот и селата. Им говорев за историјата на Организацијата, за нејзината цел, за разликите меѓу нас и врховистите и за нашата задача да го оневозможиме штетното делување на врховистите. Узнавме дека капетанот Ѓорги, што беше останал со само 5-6 мина, бидејќи другите од неговите момчиња, еден по еден, избегале во Бугарија, се наоѓал кај селото Љубовка. Испратив писма по селата да ми јават каде е, за да отидеме кај него. Меѓутоа, тој го насетил тоа и избегал во Каршијакот - во Петричко. Потоа се собравме со демирхисарската чета на дедо Илија и со учителот Кошанов од Серез. Се разделивме и јас почнав едноподруго редум да ги обиколувам селата низ Мелничко: Сугарево, Долјани, Сушица, Држаново, Љубовка, Орманите - Горни и Долни Орман, Гоже, Дебрене и Белевешчево. Еден дел од моите другари ги обиколуваа селата Љубовишта, Черешница, Ковачево, Калиманци, Д. Сушица, Х'рсово, Врана, Хотово (Отово). Во сите села по ред поставувавме раководни тела од по 4-5 мина: еден претседател, еден благајник, а другите советници. Членовите беа распоредувани по десетини, и насекоја десетина имаше по еден десетар. Тој беше должен секогаш да знае за своите 10 мина, кој каде е на работа; требаше да варди на нивното олеснување (кражба, блудничење, пијанство), да собира членски вноскн за ослободителното дело, да им постава задачи подеднакво на снте по ред. Десетарот е должен да му јави на раководното тело за сите нередности на некој член, а пак ова правеше истрага за тоа пред сите десетари. Десетарот беше должен да варди луѓето да не одат по турски судови.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Во текот на јули дојдоа Власи Каракачани од влашките села Божово, Шантово и Лопово. Ги собравме и на нив и им зборувавме. Во Божово раководител беше Бугарин, „Дуката", а ќеаите од селото Стерчјуш - Христо Шоматата и Ничо од Божово беа раководно тело. Во Шатрово раководител беше Димитар ќеаја; во Лопово - Васил Инџето, - сите Власи. И тие стапуваа во Организацијата. Ги собиравме во црквите и им зборувавме.

Ни јавија дека Саракинов и арамиите Ангел Спанчовалијата и Тошо Банскалија, сите околу 18 мина, го фатиле ќеајата Христо Шоматата (од Божово) и Кољуш, син му на Ничо, со цел да изнудат разни плјачки, - осумнаесет кепиња, 40 рала чорапи, 20 фанели, 5 рала бечви - гајтанлии, тутун ракија и др. - во вредност од околу 38 лири - и ги задржале луѓето додека не добиле сe. И ги натепале селаните, им заклале околу 18 бравје и им зеле кајмак. Ни јавнја дека тие фатиле накај Разлог. Испратив 6 мина од четата на чело со Иван Вапцарот, а 4 вратив да ги обиколуваат селата долу низ полето, на чело со Миле Бизев. Јас се бев поболел, па со тројца останав во селата, - се задржував во Шатрово, Сугарево, Сушица, Љубовишта, Черешница. Бев мошне болен. Стаса вест дека оние 6 мина слегнувале докај Бељово (Мелничко) кај „Спанов Преслап". Ја повикавме и демирхисарската чета на дедо Илија и неврокопската на Тешевалијата. И јас отидов таму. На селаните им нарачав никако да не му кажуваат на Саракинова, што им беше нарачал на селаните да ме убијат, затоа што во ќесето сум носел 400 лири од парите за мис Стон. Поставивме заседи уште првата вечер, туку никако ги немаше да поминат. На вториот ден, дење, ги здогледавме со бинокл, беа тргнале во една насока сите 18 мина. И таму се судривме. Ние бевме: Тешовалијата со тројца, дедо Илија со 6 мина и ние 14 мина. Од нив паднаа 5 души мртви, останатите побегнаа. Од нашите немаше ниту ранети ниту убиени. Престрелката потраја едно два часа. Ги прибравме убиените. Кога се биевме Турцнте не гледаа од спротива. Селаните, наши луѓе од с. Бељово, ги закопаа убиените. Кајмакамот, кога узнал, рекол: „Тука комитите се во две партии - Дончо и оние од Бугарија сакаа да прават востание, а овие со Сандански не им даваат, сакаат поцврсто да работат."

Се судривме на 6 август на Преображение Господне. Саракинов со 13 мина избега во Бугарија. Го гоневме донекаде и тој префрли накај Кресничко. Ние се враќавме од Атмегдан за Мандрата на Чаир. Во тоа време Дончо и Стојанов, што од Каршијак ја прегазиле Струма, не беа здогледале. Кога седнавме на Мандрата, беше угреала една месечина, имавме и стража, туку тие веќе не опколисаа. Беа фатиле едно Влавче и тоа подвикна. Си рековме дека е мечка; момчињата ги наполнија пушките, се стрчаа, туку Влавчето свика - така го натерале - „нема ништо, нема ништо!" Се вративме назад, вечеравме и тргнавме да одиме понатаму еден по еден. На еден пат не пресретнуваат во темнината и не повикуваат. Нашите ја бараат лозинката - што беше „шума и штица", - а тие одговорија со нивната: „чума - колера". Ние помисливме дека се аскер. Припукаа пушки од нивна страна, засвире и труба и ние мутлак си помисливме дека се аскер. Од нашите загина едно момче од четата на дедо Иљо, по име Стојан од Крчово (Дем. Хис.). Пред тој ден сонил дека го укасало куче. И ние убивме еден од нив, некој си Стојмен од с. Микрево, во Петричко и смртно го ранивме Атанас Јанков, родум од Бугарија. Јанков, кога паднал го боднал со ножот и Дончо, па така и овој беше ранет. Потоа се разбегаа, а ние си пробивме пат. Утре изутрината од Власите узнавме дека тие што го оставиле и убениот биле врховисти. Нашето убиено момче си го скршило и часовникот, за да не го земат Турците - си мнслело дека сме се судриле со Турците. Тоа стана на 10 август, 1902 год..

По оваа борба слеговме по селата. Четите се разбегаа и си отидоа во своите реони. Од моите луѓе во Бугарија се вратија Иван Вапцарот, Христо Беличенче, Миле Бизев, Мирчо Максимов. Овој беше учител во Мехомија, беше легален, а одеше со мене само во време на распустот и пак си се врати во Македонија. Ангел Војничето, од с. Бистрицн во Дебарско, (сега послужител во Високата школа) и Иван Добриништалијата - и тие се вратија во Бугарија. Останав со 8 мина - сите од пописмените: Спиро Петров од Прилеп, Андреја Казепов од Ресен, Петар Милев, Стојо Хаџиев од Голишево (Демир-хис. завршил гимназија во Битола) Христо Бидински од Дупница (завршил 2 клас, кондураџија), Ѓорги Иванов од Спанчово и Крсто Савов од Белица (Разлог). Потоа започнавме со агитација низ селата: Бељово, Храстна, Ковачево, Черешници, Калиманци, Врања, Х'рсово, Мари-Костеново, Капотово, Отово, Спатово, Орманите, Дебрене, Белевешчево, Љубовка, Мал и Голем Цалим, Лилјаново. Имаше и разгледување на судски дела. Испратив писма да дојдат и од другите чети - од демирхисарската, драмската, неврокопската и серската, па да отидеме во Кресничко, да ги нападнеме врховистите, за да го попречиме востанието. Пред тоа имав добиено пнсмо од Петричко и од Кресничко - од селата Игуменец, Палат, Штрбаново, Рибница, во кои ме молеа да дојдеме за да им дадеме поддршка да се откинат од врховистите, што веќе го подготвуваа востанието. Селаните разбраа дека ќе останат изолирани, па ќе пострадаат. Се собравме сe на сe околу 38 мина. Тргнавме накај Кресничко.

Кога се искачивме високо на Пирин еден Влав нн кажа дека одиме попусто, дека врховистите веќе кренале ѓурултија-востание, и дека аскерот се раздвижил. Ние тогаш се вративме назад накај селото Пирин. Дончо и Стојанов, кога биле потерани од аскерот, побегнуваат во Мелничко и во с. Божово го фаќаат чорбаџијата Дуката затоа што порано не гн примал и зашто не ги послушал пред нив да ги убедува селаните да востанат - да им се придружат - и затоа го убија. Тогаш дојде писмо да ги прифаќаме тие врховисти што беа избегале н барале да се засолнат во нашите реони. Тоа беше во септември.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Спомени - Јане Сандански

III

Се засилува борбата против врховистите. - Сандански со своја чета во внатрешноста агитира против врховистите. - Оружени судири со четите на Врховниот комитет. - Кресненското востание предизвикано од врховистите.

Со две чети по 12 мина, јас, заедно со Крсте Асенов, тргнавме преку Ќустендил, пред да дојде Делчев и случајно го сретнавме на самата граница. Заедно со Делчев сите се вративме пак преку Ќустендил во Софија и тогаш ги предадовме парите. Потем заклучивме да отидеме во две посоки. - Христо и Крсте Асенов да ја фатат десната страна на Струма, а пак јас одавде – левата. Сериозно започнуваше борбата против врховистите. Јас замннав накај 6 април 1902 г. Поминавме кај селото Дометево над Бараково, со курирот Стојмен (од с. Делвино, над Џумаја), и стасавме во Делвино. Бевме 16 мина во четата беа Сава Михајлов, Ѓорги Скрижевски (од Скрижево, Драмско), учител со средно образование; Петар Милев, од с. Косач (Радомирско), со завршен 6-ти клас гимназија во Софија, Ѓоргн Баждарев, со завршена гимназија и тогаш учител внатре во Македонија, а сега студент во Високата школа; Андреја Казепов, од Ресенско, со завршена гимназија; Спиро Петров, Прилеп, се занимава со трговија, убиен есеноска на Пирин (на 4 септември во борбата кај Куклите во Пирин), чудесен песнопеец и др.. И сите други имаа завршено по два-три класа гимназија. Во Делвино се задржавме едно - два дена. Планот беше на народот да му се објаснува целта иа Организацијата, за што се подготвува, да се објасни дека не е вистина оти Организацијата не мисли за востание, меѓутоа, не тогаш кога сакаат врховистите. Им објаснувавме во што се разликуваат врховистите од нас. Им велевме, дека тие се луѓе на дворецот, дека сакаат да ги предберат во свои раце нишките на Организацијата, за да можат да си играат како сакаат со ослободителното дело. Со нивното востание што го пропагираа, - велевме ние, - сакаат првин да не дезорганизираат, и второ, тие како офицери, зборувале дека веднаш ќе кренат востание, сакаат по секоја цена да го кренат востанието. За пример наведувавме дека од востанието во 1895 год. имаше корист само кнезот, а имено дека го признаа. Велевме дека според наше разбирање востание може да се крева само ако сите се подготвени, без да се надеваат на надворешни ветувања, дека треба првин да се увериме дека сиот народ е подготвен. Сето тоа треба да се организира и кога ќе се видн дека сме достатно силни, тогаш може да се решава за востание. А оние, врховистите, постапуваат инаку, - велат, вие само востанете, па оттаму доаѓа Русија, оттука доаѓа Бугарија. А вие, кога ќе видите дека сте излажани, наскоро ќе потклекнете. Им објаснувавме дека тоа прашање не е бугарско прашање туку европско прашање, и дека Бугарија и да сака не може да го решава сама. Ние мораме да го поставиме на меѓународен план итн.

Од Делвино отидовме во с. Х'рсово и Маралево, сe така агитирајќи. Пред мене врвеше една чета, водена од капетанот Ѓорги, Арнаутин (Бугарин - Арнаутин, чаркчија) со дваесет мина, чета на врховисти. Тој беше нов, а неговите луѓе беа сите кои арамии, кои арнаутчиња, пијаници. Тој им велел да не неслушаат што им зборуваме и сл.. Од Маралево испратив до тамошниот раководител во Градево да ни испрати еден курир. А пак таму се наоѓал капетанот Стојанов, со околу 18 мина, а таму отишол и капетанот Ѓорги со својата чета. Поради овие чети раководителот не ни испрати курир, бидејќи страхувал дека ако отидеме и ние, може да дојде до судрување, па ќе пострада селото. Направнле и пусија. Во Маралево дури се беа обиделе да не погубат со труење (со жива); најдов жива во сланината. Насетив дека има заседа во Градево и затоа решив да направам заобиколка и да одиме во Разлог.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
тасавме во с. Недоб'рско. Тоа беше во април. Тука немаше агитација од страна на врховистите. Сепак поприкажавме за работите, за постапките на врховистите и сл.. Потоа заминавме за с. Годлево, вечерта ги собравме селаните и им зборувавме. Отидовме во Банско. Пред тоа го натеравме едно момче, Миле да им пспрати писмо до раководителите во Недо'брско и Годлево. Тие се посомневале ние да не сме врховисти. Кога стасавме во Годлево беше дојдена и месната чета од Банско, за да не спречи ако се покаже дека сме врховисти. Потоа заминавме во Банско, набавивме што ни требаше и ја повикав неврокопската чета. Водач и беше Атанас Тешовалијата, а секретар Куслев. Ја зедов и банската чета, и испратив курнр во Влаи, да дојде човек да не прифати па да отидеме во селото. Ни одговорија дека не можат да не одбијат, туку таму во близина биле врховистичките чети, па можело да дојде до судрување и селото да им настрада. Сепак решив да отидеме во Влаи. Тргнавме за таму на 24 април. Поминавме преку врвот Елтепе - па по Влашката Река; таму има чаркови, се распрашавме за селото и влеговме во малото Полена. Ги разместив момчињата во пет куќи. Испратив да дојде раководителот Тошков Никола, да позборуваме. Дојде вечерта. Изутрината со него ја преместивме четата во едно друго маало, во куќата на Стојмен Марушино. Следната вечер ги собравме сите, им зборувавме, им објаснувавме. Нив им прикажувале дека јас со парите од мис Стон сум отишол во Европа, во Будимпешта и др.. па се чудеа што ме гледаат. Тука поседевме 3-4 дена и оттаму заминавме во село Оштава. И тука беше истото - собрание; ги убедувавме луѓето да не бидат заведувани од врховистите, дека тие ќе ги изгорат и ќе си отидат во Бугарија, а тие ќе останат да страдаат и сл.. Заминавме во Сенокос. Дојде раководителот Мицо Чакалски. Со него отидовме во селото. Мицо имаше завршено втори клас, се занимаваше со трговија. Многу добро ги разбрал работите. Го запрашав, како смета тој, дали разликите меѓу нас и врховистите се само во тоа, дали да биде едниот или другиот. Тој не веруваше во агитациите на врховистите, што стасуваа дотаму да им велат дека при осветувањето на Шипченскиот храм ќе дојдат руски војски и сл.. Овој Мицо добро ги разбираше нештата, не се заведе од врховистите. Сенокос беше единствено село што не беше заведено и не востана.

Отидовме во Кресна. Тука раководител беше Андреја Мицов. И тој не остави да биде заведен и селото не востана. Откако се задржавме таму два-три дена, заминавме во с. Мечково. Тоа беше заведено од врховистите. Раководителот на Организацијата, Кипре, беше избегал со врховистите, затоа што злоупотребил пари, околу 26 лири, па затоа се одметнал од Организацијата, бидејќи инаку требаше или да ги врати парите или да биде казнет. И во Мечково ги собравме луѓето, ги разубедувавме. Пак се вративме во Сенокос. Таму дојдоа да ми кажат дека во Србиново се наоѓал Стојанов. Со Мицо заклучивме да му предложиме на Стојанова да излезе на натпревар со нас пред делегати од околните села – по 5-6 мина од село. Му испратив писмо на Стојанова: „Бај Стојанов узнав дека сте во близина; бидејќи и вие и ние работиме за народот, ајде да го свикаме на една средба и пред него да се објасни сe и сл." Стојанов грубо и простачки ми одговорн пишувајќи меѓу другото: „Па што претставуваш ти?! Јас сум делегат на Врховниот комитет, а населението не треба да знае што правиме". Јас повторно му пишував и настојував да се сретнеме. И по третпат му пишував. Тој ми одговорн дека ми ја фрла ракавицата, ми објавува двобој. Видов дека одбегнува, и тогаш влегов во селото Србиново, и ги распоредив момчињата во едно маало, по 4 момчиња в куќа. Со себе си го водев Сава, затоа што врховистите беа пуштнле клевета дека дошло до злоупотреби со парите, за кои давал признаници, па ги поканив селаннте да ги извадат признаниците, па да се види, - еве го и самиот Сава Михајлов пред нив. Тоа село беше сето заведено. Па и раководлтелот од Србиново беше избеган, бидејќи му беа збркани сметките. Ги собравме и тука селаните. Веднаш селаните дојдоа вооружени. Моите момчиња стоеја настрана, вооружени. Јас им зборував. Некои ми одговорија: „Не зедоа на душа; Павле - раководителот и попот (поп Најден) ќе не нспотепаат што сме дошле кај тебе". Стојанов дури им велел: „Ами оној аскерон зошто е, зошто не го повикате да ги избркаат?" Јас им велев дека ние нема да ги учиме на предавство. Ние нема ни да се помрднеме од селото, ќе се биеме. Побарав пред селаните отворено да направиме сметка, но попот не доаѓаше, и така сал нe лажеше па 11 дена се задржавме во селото. Сметките беа кај него, а на селаннте им велел: „Парите му ги дадов на Сава и тој ги изел." Најпосле го најдовме скриен во избата од нетовата куќа. Едно момче зеде едно од неговите деца и влезе со свеќа внатре. А попот внатре со навртена пушка. Го извлековме надвор, го натеравме да ги даде сметките. Тој почна да моли и не можеше да укаже никакви злоупотреби од Сава, затоа што тој самиот ги беше изел парите. Во меѓувреме Стојанов им велел на селаните од селото Ораново дека ќе сторат голем грев ако не го предадат Сандански, затоа што Сандански не сака востание, бидејќи се храни од нив, а бугарската војска е во готовност, па и руската исто така и сл..
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
Спомени - Јане Сандански

V

Сандански агитира одавде Вардар населението да не востанува. - Борба со турската војсска. - Подготовки за востанието по смртта на Делчев. – Планови за терористички акции. - Заеднички акции со врховистите.

По овој разговор во Караќој отидовме во Демирхисарско над селата Крушово и Крчево, во месноста Капе, каде имаше една голема пештера (внатре има и старо црквиче) па тука сите чети што беа дојдени во Караќој се фотографиравме. И потоа сите се разделивме. Решивме како за обид да извршиме една терористичка акција во Серско, па според ефектот да можеме да процениме како да се примени планот за терористички акции во други области. За акцијата го избравме тунелот и мостот кај Анџиста (Ангиста). Делчев беше во Демирхисарско и оттаму отнде да изврши атентат. Делчев веќе си носеше експлозиви, динамитни, патронии сл., од што се гледаше дека уште во Софија било решено да се преземат терорнстичкн акции. По атентатот врз тунелот Делчев отнде во Солун, божем да ги разу6едува да не креваат востание. Тогаш се узна дека Битолчани не сакале да чекаат веќе. Тогаш реков дека штом битолчани толку не можат да чекаат, тогаш ќе треба само четите одавде Вардар да дејствуваат, а народот на иикој начин да не се крева на востание. И во таа смисла почнав да агитирам. Ги обиколив селата Калиманци, Х'рсово, Врања и др., во Мелничко. На 21 февруари отидов во Орманите. Таму се караа за еден аџар на еден чифлик, земен под наем. Еден од чорбаџиите, што се карал со другите, се заканувал со чета. Штом дојдовме, другите побегнуваат и не предаваат на аскерот, и овој во текот на ноќта не опколисува (460 мина аскер) во куќата. Бевме 8 мина. Домаќинот ни јави дека сме сардисани. Ги разбудив момчињата. Преекокнавме преку едно капиџиче, залегнавне на улицата, престрелка. Ни се втурнаа 20-50 мина. Јас испукав 10 куршуми, го погодив јусбашијата и други, стрелбата престана. Потем се нафрлнвме на еден куп Турци и сн пробивме пат. Загинаа 18 мина Турци и јусбашијата. Потем, другата вечер одиме во Кашина, воКо-вачево, Черешница и во с. Пирин отпочинавме 6-7 дена. Напишав да ни нспратат пушки, за да се раздадат по селата. Пушките ни ги испратија преку Разлог. Кога го поминавме Пирин, одејќи за Разлог (на 10 март) имаше голем снег и страшен студ. Трнпати ни се лупеа кожите на лицето, сите бевме отечени; во Банско лежев 6 дена болен.

Еден дел од другарите ги испратнв во Мелничко, двајца оставив во Разлог н со двајца другари, Кипров и Петар Милев, дојдов во Софија, за да набавам нешто повеќе, па и ние да сторнме нешто за востанието.

Во Софија дојдов околу 6 април, тука узнав за смртта на Делчев[1]. Во Софија престојував едно месец дена и пак тргнав за Мелничко со чета од 30 мина, вооружени со манлихерк ии берданки, и понесов уште 18 пушки. Во мојата чета беа и: Никола Наумов, Пејо Јаворов. Стефанов Димитар, Харизанов, потпоручнлкот Ангелов, поручникот Наумов, еден телеграфист и др., Преку Самоков поминавме на Демир Капија - Драглишта-Банско, па преку Пирин во Мелничко. Тоа беше во мај месец. Од таа чета избрав 7-8 мина под водство на Мирчо Кипров и го испратив за началник на чета во Драмско, бидејќи заедно со Делчева паднал убиен и Коштанов, комита од Драма. Наумов, Стефанов и други стоеја така во четата, веќе сакаа и весник да издаваат. Ја поделив четата на четири дела и тргнавме по селата да собираме храна. Собравме 60.000 кгр. жито (пченица, испековме 6.000 оки пексимит, брашното го складиравме на повисоки места, а исто така и шеќер околу 500-600 оки, сирење околу 200-300 оки, околу 30-40 парчиња кожа за опинци, лимонтуз, сода, восок, балзами (шишиња, против изморка, по 1 грош шише - алкохол што освежува). На селаните им велевме да ни ги дадат тие работи и дека ништо повеќе од нив нема да се бара. Им забранувавме да востануваат, велејќи дека само ние, четите, ќе дејствуваме колку што можеме. Откако ги прибравме тие продукти испративме писма до четите и раководителите на другите реони, да испратат делегати за конгрес, да уточниме еден заеднички план на дејствуваие. Дојдоа делегатите: Мирчо Кипрев, од Драмско, Баждаров Ѓорги од Броди и Дедо Илија од Демирхисарско, Николиев од Серско, Филип, секретар на чета, и Днмитар Пенков раководител на реон - од Неврокоп. Од Разлог беа дојдени Димо Лазаров и Борис Голев (и двајцата се од Банско). Од Мелник бев јас. Од четата Стефанов, Радославов, Наумов и Јаворов и други. Пред нив се вратија уште во јули месец исто и поручникот Наумов, Ников, Коцев и др...



1. Гоце Делчев загина на 22 април, по стар стил, односно на 4 мај 1903 год.
 
Член од
17 февруари 2005
Мислења
190
Поени од реакции
4
VI

Оружени судрувања со Турците. – Врховистите дејствуваат заедно со внатрешните. - Големи турски загуби. - Напад врз г. Мехомија. - Горење на селата Белица, Обидим и Кремен. - По востанието Сандански се прибира во Бугарија.

Два-три дена заседававме во Пиринско, кај „Ливадката" и решивме ннкој да не го вовлекува населението во борба туку секој да гледа да стори нешто колку може. И тогаш решивме да го кренеме во воздух демирхисарскиот мост, а ако може да нападнеме и на градот. Го пративме потпоручникот Васил Ангелов со демирхисарската чета да проучат што може да се направи, бидејќи аскерот варди од двете страни. Датата на востанието, сиреч кога ќе започнеме со терористичките акции, беше одредена за 14 септември, Крстовден. Тогаш дојдоа врховистите - околу 20-24 август, дојде поручникот Стојанчев со 40 мина за да дејствува каде ќе му одредиме ние. Четата му ја поделивме - со 20 мина го пративме со Дедо Илија во Демирхисарско, а 20 мина останаа кај нас. Му рековме дека ние веќе имаме определен план за акција, па ако Стојанчев и неговите другари сакаат да дејствуваат во согласност со нашиот план, нека дејствуваат, инаку да си одат. Тие се согласија. На шапките од своите момчиња тој беше изнакачил бугарски војнички (тенеќени) грбови и еполети. Јас побарав да ги сметнат еполетите и грбовите. Некои гн сметнаа грбовите, други рекоа дека ќе ги сметнат попосле. Најпосле се спогодивме. Поручникот Стојанчев е родум од Бугарија. По нив дојдоа Дончо, Дарвингов и Стојанов, беа прегладнети, околу 80 мина. И тие се кандисаа, дошле да ни се стават на наше „располагање". Божем ќе се распределиме на помали групи, за да не нe откријат. Додека се најадоа, на 30 август, нe откри аскерот, што знаеше за нив дека дошле. Се судривме со аскерот кај паракливчето св. Троица, дадовме само две жртви, токму од нашата неврокопска чета беше убиен Димитар Гевгеливчето и уште еден. Од аскерот паднаа многу повеќе, - можеби 80 мина, затоа што тне беа во напад, а пречекавме во пусии еден дел од аскерот што нм доаѓаше од Мелник на помош. Им се доближивме дури до нагазување, на 50 чекори, дојде и друг аскер, но ние вечерта се извлековме. Утредента Цончев водеше борба во месноста Гарваница, во Пирин, - не мошне далеку. Селаните му рекле дека ние се бориме, та си помислил дека се уште сме таму. Ние му тргнавме на помош, но додека да стасаме борбата беше веќе завршена. Нашиот другар Спиро Петров, со оние 20 мина од Стојанчев и негови 8-9 мина отишол во Разлог, да пренесува материјали, па кога узнал дека сме се бореле, свртел да ни дојде на помош, и кога дошол над селото Пирин, во месноста Куклите, селаните што биле избегани од с. Пирин почнале да го молат: „Бате Спиро, немој да не оставиш!" И тој им го ветил тоа. Зафаќа една чука, а потпоручникот Настев (од луѓето на Стојанчов) зазема друга чука. Доаѓа аскер, без да знае дека чуките се заземени. Се судруваат првин со Спиро, и дел од нив се повлекува накај чуката каде е Настев и тука започнува борба. Настев со своите другари се повлекува без да му јави на Спиро, а Турците ја заземаат позицијата на Настев, и оттаму му се нафрлуваат врз Спнро. Овој се крепел до вечерта и најпосле паѓа со уште четворица свои другари, а паѓаат и други 5-6 мина од Настевите, што биле кај него - сe на сe загинале 12-тина мина. Од аскерот загинале множество - најмалу 100 мина. Кога паднал Спиро, Турците помислиле дека тоа сум јас па низ Џумаја испозалепиле огласи. Додека Спиро се борел, ние ги слушавме пукотниците, но бевме далеку - јас бев далеку со Цончев, Јанков и др. на Гарваница.

После отидовме во Неврокопско и сите се собравме кај езерата над Брезница. Се разделивме, јас отидов во Мелничко, и со мене уште Дончо, Дарвингов и Стојанов. Цончев, Јанков и со нив Стефанов и Симеон Витанов отидоа во Разлог. На оној наш конгрес, за кого споменав, избравме окружно раководно тело: Димитар Стефанов, Радославов и Симеон Витанов. Кога дошле таму, се собрале, решиле да го нападнат г. Мехомија. Праќаат 100-тина внатрешни луѓе -мехомијчани, здоговорени - па оние однатре да кренат бунт, а однадвор по даден сигнал да удри Цончев. Но оние што вечерта требало да отворат оган, биле насетени од Турците, и започнува стрелба попладне, започнува борба внатре, палење на куќи, а Цончев, што бил оддалечен од Мехомија на час и половина пат, не отишол на помош. Во тоа време ги пратиле Лефтеров и Танушев (Цончев ги испратил) на Предел, да му попречат на аскерот, ако наиде оттаму, да го запрат. А тие си ги ставиле пушките на рамо, и право на граница. Цончев го сторнл истото. Јанков со Настев и Герџиков (српски офицер) и др., биле кај Белица, и таму се бореле. Турците ја запалија Белица (700 куќи, од кои 150 турски). А пак поручникот Атанасов оди и со една смешана чета удира на аскерот во селото Обидим (80 мина аскер). Убиле неколцина од нив, а другнте се разбегнуваат. Утредента Турците се враќаат и го запалуваат Обидим и Кремен. Уште во Демирхисарско Стојанчов водел една борба и што поскоро си се повлекол накај границата, Во Серско, тамошната чета под водство на Николиев води две борби - едната кај селото Фраштани, а другата кај с. Мертатово.

Со тоа заврши востанието. Нас во Мелничко аскерот не откри, не опколиса, но не отвори оган. Ние бевме зазеле позицин, па и тие исто така, се гледавме 5 часа, Турците не нe нападнаа. Вечерта ние се извлековме од своите позиции над Лилјанската река над „Скалата", и слегнавме накај Креснпчко. Преденувавме, а утредента зазедовме позиции, испративме по леб, ни донесоа малу леб и аскерот почнал да се раздвижува. Стојанов испратил 10 свои момчиња во селото Вали, да фатат некои чорбаџии - двајца (Тодор Мицев, коџобашијата и В'цков). Тие двајцата, откако биле фатени, биле истерани од селото горе, но успеале да избегаат. Намерата на Стојанов му била да бара пари и да ги убие, затоа што во текот на поланското востание овие двајца предале некои пушки. Јас откако узнав со што се занимава Стојанов, се разделив и отидов во Разлог, и со мене дојде Дончо, што изјави дека немал време да стои гладен. Останаа Стојанов и Дарвингов.

Во Разлог се задржав 10 дена и разбрав дека сите чети бегале во Бугарија. Најпосле на 29 септември и ние тргнавме во Бугарија. Падна снег, момчињата беа необлечени, без кепиња. Две вечери спиевме на снег на Пирин, уште на одење во Разлог. На Добро Поле поминавме под Царев Врв и удривме на пресрека меѓу Пастра и манастирскиот чифлик, и слеговме во Дупница - накај 2-3 октомври. Во Мелничко останаа мои другари 12 мина. И тие после дојдоа во крајот на октомври. Јас поминав со 20 мина. Моите луѓе и сега наминуваат тука.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
274
Поени од реакции
0
Slasa, те поздравувам за овој материал. Спомените на Jането са записани од Льубомир Милетич (бугарски професор од македоно-српска лоза). Мислим што преводот од бугарски што си го направил е коректен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom