Фан Клуб: Челзи

Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503
А где је сaстaв? Јас би да се прoбaт фaбрегaс, чaлoбa и aке пред мaтич, кaнте и aлoнсo. Зoштo да не? Мислам дека Луиз нема да игра. За кoленoтo нештo имaше.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Chelsea team to face Swansea:

Thibaut Courtois; Cesar Azpilicueta, David Luiz, Gary Cahill; Victor Moses, N'Golo Kanté, Cesc Fàbregas, Marcos Alonso; Pedro, Diego Costa, Eden Hazard.

Subs: Asmir Begović, John Terry, Kurt Zouma, Nemanja Matic, Ruben Loftus-Cheek, Willian, Michy Batshuayi.

Come on you Blues!

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Фaлa бoгу Фaбрегaс да пoчне натпревар.
 
комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.108
Поени од реакции
4.962
Претходната со нив примивме 2 без да ни направат шанса еве сега пак исто
 
C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Какви шанси му се укажуваат на Фабре тоа чудо едно,според мене тешка утакмица ќе биде до крај.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Тимов ептен нема кондиција. До крај на Јануари беше силата овој месец ептен тапа..можам да замислам до крај како ќе биде...
Мора 3ца квалитетни играчи да се донесат на лето пошто овој тим воопшто нема кондиција за Лига+Купови+Европа.

Кога играме офанзивно сме супер..ама ептен често пробуваме да ја убиеме играта што не ми се допаѓа...мора некое освежвуање во тимов да има за во следниве мечеви (Вилијан,Мичи на пример во прв тим..)

Али добро е, битна победа, Сити не играат викендов така да ете психолошки многу добро е +11 поени предност. Верувам ќе киксаат до крај Сити така да...на прав пат сме.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Се осеќа замор пошо играат со високо темпо. Треба да се оди јако првите 65 мин и во случај на поволен резултат можи да сменат во 3-5-2 со матиќ - канте - цеск или чалоба. Треба и малку порано да се прават измените.
 
Член од
9 септември 2016
Мислења
560
Поени од реакции
398
Сезонава се е мед и млеко,немам никакви замерки,и да ја изгубиме титулата (минимални се шансите) нема да биде страшно,али кога стигнавме до тука зошто да не ја земеме ?!.Летото што оди ќе треба ДОБРО да се појачаме за ЛШ следната сезона,нема шанси со оваа формација да издржат по 2 натпревари во 7 дена.
Читав дека управата ќе ја прифати понудата за Коста од 150 милки,зашто да не ?!
Со тие пари и парите од Оскар што останаа ќе имаат 210 милиони за засилувања епа и со тие пари ако не успеат да донесат нешто квалитетно :tapp:.
Иначе зашто би го продале Коста?
1.Огромна сума на пари е тоа,откако излегоа шпекулациите за Коста во јануари дека ќе одел у Кина,сосем друг играч е на теренот,паднат е во формата.
2.Читав за Лукаку деновиве на големо се шпекулира дека сакал да се врати на СБ,го гледам сезонава и ФЕНОМЕНАЛЕН е,кое чувство за гол го има,созреа како играч во Евертон а има само 23 години,на теренот изгледа како 20 години фудбалска кариера да има,ако мене ме прашувате јас со 2 раце потпишувам за Лукаку.
Исто мора замена на Алонсо,момакот во дефанзива е океј до некаде,али офанзивно е катастрофа,остајте ги тие 4-5 гола што ги даде,погледнете му ги центаршутевите од 20, 13 го блокираат,4 одат во гол аут/аут,ако би можел Караско да игра на таа позиција ОДЛИЧНО би било.
Другото е океј,го имаме Лофтус и Чалоба на средината,одбрана е добра,Кристијансен да се врати,Зума да се стабилизира после повредата и имаме страшна одбрана за следните 7-8 години.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Лукаку е добар, но Гризман би бил врх, а комбинација од двете оргазам :)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
После некое време, изигравме многу добар меч, комплетен (со исклучок на премногу евтиниот примен гол. Очигледно е дека слабост на одбраната се овие нафрлени топки. Само не ми е јасно, топката патуваше воздушно 50 метри, буквално Сигурдсон им телефонираше на сите во одбрана, упатена беше единствено кон Љоренте. И одбраната не успеа да реагира навремено. Не разбирам.)
Особено во првиот дел, многу трчање, пресинг, многу шанси, требаше да водиме со неколку голови разлика. И како по правило, казната пристигна. Затоа и не сметам дека на овој меч беше видлив уморот кај играчите. Напротив. Ако против Барнли изгледаа физички исцрпено, против Свонси тоа не беше случај. Е од 70-та минута малку се повлекоа, што е разбирливо, бидејќи имаа водство, но сето тоа беше тактичка одлука на Конте, а не последица на кондиција и спремност.

Хазард и Педро многу добри, вториов во другата половина од сезоната е, без претерување, најдобар играч на Челзи. Ора по терен, во одбрана, во напад, постигнува голови, асистира, одзема топки. Останатите стандардно добри, драго ми е за Цеск, ги заслужи со играта и голот и асистенцијата. Со него во тимот (се надевам дека барем против вакви противници на домашен терен, ќе го заменува Матиќ), играта е многу потечна. Топките што ги дели се порно. Единствено Коста не беше баш добар, иако постигна гол. Топката му се одбиваше како од ѕид, движењата му беа чудни и нетипични, се плеткаше со топката и во играчите, немаше успешни дриблинзи, па и додавања. Но ме радува тоа што иако не е во ,,онаа форма'', се запишува во листата на стрелците.

20-та победа во сезонава, во 26 натпревари. Секоја чест.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom