дечки, почетник пушач сум, никогаш до сеа немав запалено цигара, се до вчера, но не се осмелив да го вдишам димот... туку само она обично пафкање. Другари ми викаат дека тоа е поопасно од нормално пушење па ме интересира дали се во право?
пс/ препорачајте ми некои послаби цигари онака како за почетник.
Ако...
Ако, ако, пуши си, ич да не ти е гајле.
Овие што ти викаат да не пушиш само неќат да бидеш фраер, пошто така сите женски ќе им ги собереш.
А ако сакаш ептен да бидеш фраер, исто така земи биди друштвен - пиј, среќавај интересни луѓе, вални ги парите на комар.
Ако не ти иде комарот, ако те зафати некоја меланхолија, не се секирај нема потреба да си „даун“, во секое време може да почнеш да се дрогираш, а пари за дрога секогаш има се додека имаш мебел по дома.
Ако и тоа не ти е по ќеф и не е во склад со твојот опус, а сакаш твојата црнина и уникатност да ја искажеш за светот да знае, ама си премногу „јак“, можеш да станеш славен со тоа што ќе се самоубиеш во било кое време. Ќе те пишува во црна хроника, одма до веста дека некоја балканска турбо-фолк sвезда си го шинала колкот од непознати причини, додека снимала некој едукативен филм.
Ако бидеш малку креативен во самоубиството и направиш нешто бизарно, може и ќе те има и на телевизија.
Т.е. нема да те има ама ќе го спомнат настанот, а тоа ќе те возвиши до небеса, а и понатаму.
Ако си глуп, ако си решил да се самоуништуваш послушај ги гупостиве што ти ги кажав.
Главата на рамена ја имаш со причина.
Се додека не ја користиш сопствената глава и чекаш некој друг да ти каже што е добро, а што не - нема да те биде.