Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Или нашето со змијата или магарето. Е сега зашто мора народот да гласа за било кој од Хилари или Донателчо ... Очигледно е дека народот не бира туку некој му сервира па си викаат "дај шо даш".
Овојпат не е така.
На овие избори се случија работи кои никогаш во историјата на САД не се случиле.
Републиканската партија се обиде да го исфрли кандидатот со најголеми шанси за победа.
Се случи спротивното, Трамп победи, а функционерите од Републиканската партија кои беа против него изгубија секаков кредибилитет.
Многу маски паднаа, се виде дека Републиканската партија е алатка на "Владата во сенка" т.е. Банкарите.

Но што се разликува Доналд Трамп од еден обичен Претседателски кандидат?
По тоа што е Anti-establishment.

Трамп би бил претседател како Џон Кенеди, Ендру Џонсон, Томас Џеферсон, а токму тоа Банкарите ги плаши.

А дека Трамп не е политичар, тоа не му е мана, туку предност.
За финансирањето, Хилари има инкасирано од спонзорите 200 милиони долари.
Трамп сам си се финансира и има потрошено околу 2 милиони долари.
Тоа е однос 1:100, и Трамп пак води.

Неговата кампања се базира на "кажување на вистината во лице", наместо "политичка коректност".
И затоа има големи шанси за победа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.946
Да не си Мексиканец?

Треба да си поприлично ретардиран да си Македонец а да ја поддржуваш Хилари.
Албанец е и нормално да не го сака Трамп, пошто Трамп сигурно ќе има поостри позиции кон исламскиот радикализам.
Она што е ненормално е предавничкиот ген на одродените Македонци кои го подржуваат Ердоган.
 
B

Bafra

Гостин
Овојпат не е така.
На овие избори се случија работи кои никогаш во историјата на САД не се случиле.
Републиканската партија се обиде да го исфрли кандидатот со најголеми шанси за победа.
Се случи спротивното, Трамп победи, а функционерите од Републиканската партија кои беа против него изгубија секаков кредибилитет.
Многу маски паднаа, се виде дека Републиканската партија е алатка на "Владата во сенка" т.е. Банкарите.

Но што се разликува Доналд Трамп од еден обичен Претседателски кандидат?
По тоа што е Anti-establishment.

Трамп би бил претседател како Џон Кенеди, Ендру Џонсон, Томас Џеферсон, а токму тоа Банкарите ги плаши.

А дека Трамп не е политичар, тоа не му е мана, туку предност.
За финансирањето, Хилари има инкасирано од спонзорите 200 милиони долари.
Трамп сам си се финансира и има потрошено околу 2 милиони долари.
Тоа е однос 1:100, и Трамп пак води.

Неговата кампања се базира на "кажување на вистината во лице", наместо "политичка коректност".
И затоа има големи шанси за победа.
Лично јас кога би се одлучил да бирам би одбрал: Трамп.
Затоа што доаѓа од ПРИВАТНИОТ сектор, од ништо направил нешто, знае како функционира реалниот свет итн итн. Додека политичарите од кариера само знаат да: се закачат на државна цицка, злоупотребат системот, донесат 1.000 закони и регулативи ,крадат и се мислат од бог се дадени.

Но стварно сметаш дека Трамп е "Anti-establishment" (на избори знаат да ветуваат тоа што сакаш да слушнеш ;)) и дека позади него не стојат некои Билдерберг :cautious: . Тие групи секогаш ги подржуваат 2те страни па која и да победи тие се во корист, т.е. кој гладијатор и да победи Императорот е во корист оти народот ќе си добие забава и леб.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Разликата е што колку и да е одвратна Хилари од нејзе се знае што може да се очекува и исто така администрацијата ќе ја задржи оваа насока.

Со Трамп е проблемот што никој не знае што мисли човекот денес а што ќе мисли утре. Денес збори едно утре го збори спротивното. Не се знае човекот со какви ставови ќе влезе во Белата Куќа.

Збори дека е спремен да користи нуклеарно оружје по потреба како да станува збор за делење на чоколади.
Денес е во добри односи со Русија или со Кина а утре ако ја спукаат работата ќе ги наврти нуклеарките накај нив.

Ми делува на човек што седи во канцеларија со дигнати ноз, игра candy crush и му вели на генералот "fuck it, launch them".

Да му ја довериш на тој човек најмоќната армија во светот и лансирните кодови на нуклеарните бомби ја го гледам како сценарио за апокалиптичен филм.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Drumpf e samo showman (dvorska budala)...Neintelgentna ovca izgubena u politickite vodi. Nikakva programa nikako vodic...samo laennje naokolu ...make america great again ...yeah right...ovoa plai za white underaverage Joe od luizijana! I da stane pretsedatel poveke od godina vreme tesko deka ke ostane! I drugava strana ne ja biva....ama rabotata e moras da odberes edno od dvete gomna....i pritoa da se tesis deka tvojot izbor pomalku smrdi.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Трамп е тежок лешпер и на него се палат само радикалци, гарантирам дека од моментот кога ќе освои многу работи ќе "заборави" на тие ветувања што ги пропагира. Човек што без никаков проблем би си го погазил зборот. Искомплексирана будала.
Годинава апсолутно лош избор за преседател има
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
За Хилари ќе гласаат - ЛГБТ лицата, феминистките, афро-американците, латино американците и либералите

За Трамп ќе гласаат - американците од средната и сиромашната класа, закоравените патриоти и разочараните подржувачи на Сандерс кои неможат да ја смислат Хилари.

Интересно е што по либералниве медиуми се пропагира дека за Трамп ќе гласаат и простите (необразуваните) луѓе, а вака кога ќе видиш дека феминисткиве ќе гласаат за Хилари само затоа што е жена... е за тоа не зборат :D

Инаку незнам дали го прочитавте текстот на Мајкл Мур деновиве што излезе... пиша дека големи се шансите Трамп да тепа на изборите, и наведе пет причини зошто тоа ќе се деси. Еве ви го текстот да го прочитате во целост. Е сега одма одкога излезе текстот, на СНН (закоравени противници на Доналд) излегоа резултати во кои покажуваат дека Трамп води пред Хилари за едно 4 до 5% . Со оваа анкета како да сакаат да кажат на младата популација која потајно ја подржува Хилари да земат да гласат на избориве во Ноември, а не да шетаат по парковите и да бараат покемони.

Како и да е, изборов за претседател на САД е катастрофа... Доналд нема никаква допирна точка со политиката, и ако го изберат богзнае што ќе направи со своите потези. Додека за Хилари, барем за нас на Балканот позната ни е што жена е, и што правеа во 90-тите на овие простори со мажот и.

Сите наебавме :D
Трендо и Офф нет веќе година дена ја следат изборната трка во САД исклучиво од перспективата на Демократската Партија на САД и од перспективата на левичарските медиуми во САД и во Европа, наместо од неутрална перспектива.

Досега на Трендоленд, односно Офф нет, немам прочитано ниту еден неутрален текст со критики подеднакво упатени и кон Доналд Трамп и кон Хилари Клинтон, а истовремено немам прочитано ниту еден текст со критики упатени исклучиво кон Хилари Клинтон. Ама затоа па нема ден кога Трендо и Офф нет нема да објават текст исполнет со негативни критики упатени исклучиво кон Доналд Трамп.

А кога сме кај Мајкл Мур, тој ја повторува истата приказна на сите претседателски избори во САД:

" Ќе победи републиканскиот кандидат, па затоа подобро е уште сега да почнете да се навикнувате на фактот дека тој ќе биде наредниот претседател на САД " ;

Мајкл Мур ја повторува оваа една иста приказна на сите претседателски избори во САД, се со цел да ги исплаши американските гласачи - барем оние американски гласачи кои сеуште му веруваат на типот кој од една страна ги критикува богаташите, а од друга страна во 2014 година кога се разведе од неговата сега веќе поранешна сопруга, меѓусебно си поделија имот вреден околу 50 милиони долари, односно помеѓу 20 и 25 милиони долари за секој од двајцата сега веќе поранешни сопружници.

Мајкл Мур е најобичен опортунист, Џорџ Буш Помладиот му дојде како златна кокошка со терористичките напади на 11 септември 2001 во САД, како и со американските окупации и долгогодишните војни во Авганистан и во Ирак, кои беа главна тема на дискусија во документарниот филм Фаренхајт 9/11 на Мајкл Мур кој, пред светска премиера на филмот, ја освои Златната палма на 57-от Кански Филмски Фестивал во мај 2004 година, по што светската премиера во јуни 2004 беше пречекана со огромна посетеност и гледаност, со што Мајкл Мур стана позната јавна личност - со значително подлабоко наполнети џебови.

За да се покаже и докаже себеси како вистински неутрален, а не пристрасен продуцент и режисер на документарни филмови, Мајкл Мур треба да сними втор Фаренхајт филм, како на пример Фаренхајт 9/11, втор дел, кој ќе се фокусира на таканаречената арапска пролет, која во реалност е арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се` и сешто, освен слобода и демократија, понатаму да се фокусира на војните во Либија, Сирија и Украина, и најважно од се` - терористичкиот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, на 11 септември 2011, и каква е вмешаноста на Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама во овој терористички напад, во кој загинаа американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, заедно со уште тројца американски дипломати во Либија.

На Мајкл Мур не му претставуваше проблем да ги прикаже Џорџ Буш Помладиот и неговите блиски соработници како најобични воени профитери, па ако сака да се покаже и докаже себеси како неутрален и непристрасен продуцент и режисер на документарни филмови, треба да се потруди и да ги прикаже и` Барак Хусеин Обама и Хилари Клинтон ако не како воени профитери, тогаш како потрчковци на воените профитери, застапувани од долгогодишниот соработник на Клинтонови, лобистот Сидни Блументал.

За каков шверц на оружје од Либија кон Сирија станува збор - истиот шверц на оружје кој американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, одбил да продолжи да го крие од американската јавност ?

Кој го организирал ваквиот шверц на оружје и најважно од се, кој профитирал најмногу од ваквиот шверц со оружје ?

Нека се позанимава Мајкл Мур со овие теми во нов Фаренхајт 9/11 филм, па можеби ќе успее да се покаже и докаже себеси како неутрален и непристрасен продуцент и режисер на документарни филмови. Но додека да дојде тој ден, Мајкл Мур ќе остане најобичен спинер на Демократската Партија на САД, партиски пулен кој се продава себеси за партиски пари, негов пандан во Македонија е Драган Павловиќ Латас, со разликата што Латас не мора да снима документарни филмови, и вака доволно длабоко си ги има наполнето џебовите од неговите пуленски настапи во етерот во корист на пвеводбениците.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Има шанси да победи, воопшто не се за потценување, особено со антиестаблишмент и популистички ветер кој дува секаде во светот моментално, но дека ќе води политика по глупостите и ветувањата што ги дал сега, тешко тоа. Првиот ден кога ќе влезе во белата куќа ќе заборави и ѕидови, и забрани за муслимани и нов економски поредок и нукреларни војни и сите популистички срања кои ги истура по медумите сега и го палат просечниот бел амерички гласач.

Човекот е едноставно шоумен и лажго, ниту ќе му биде првпат да лаже и да глуми, ниту последен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
...

За да се покаже и докаже себеси како вистински неутрален, а не пристрасен продуцент и режисер на документарни филмови, Мајкл Мур треба да сними втор Фаренхајт филм, како на пример Фаренхајт 9/11, втор дел, кој ќе се фокусира на таканаречената арапска пролет, која во реалност е арапска зима, бидејќи секаде каде што има поминато, со себеси има донесено се` и сешто, освен слобода и демократија, понатаму да се фокусира на војните во Либија, Сирија и Украина, и најважно од се` - терористичкиот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, на 11 септември 2012, и каква е вмешаноста на Хилари Клинтон и Барак Хусеин Обама во овој терористички напад, во кој загинаа американскиот амбасадор во Либија, Кристофер Стивенс, заедно со уште тројца американски дипломати во Либија.

...
Мала поправка - терористичкиот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, Либија, се случи на 11 септември 2012, а не на 11 септември 2011.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Разликата е што колку и да е одвратна Хилари од нејзе се знае што може да се очекува и исто така администрацијата ќе ја задржи оваа насока.

Со Трамп е проблемот што никој не знае што мисли човекот денес а што ќе мисли утре. Денес збори едно утре го збори спротивното. Не се знае човекот со какви ставови ќе влезе во Белата Куќа.

Збори дека е спремен да користи нуклеарно оружје по потреба како да станува збор за делење на чоколади.
Денес е во добри односи со Русија или со Кина а утре ако ја спукаат работата ќе ги наврти нуклеарките накај нив.

Ми делува на човек што седи во канцеларија со дигнати ноз, игра candy crush и му вели на генералот "fuck it, launch them".

Да му ја довериш на тој човек најмоќната армија во светот и лансирните кодови на нуклеарните бомби ја го гледам како сценарио за апокалиптичен филм.
Drumpf e samo showman (dvorska budala)...Neintelgentna ovca izgubena u politickite vodi. Nikakva programa nikako vodic...samo laennje naokolu ...make america great again ...yeah right...ovoa plai za white underaverage Joe od luizijana! I da stane pretsedatel poveke od godina vreme tesko deka ke ostane! I drugava strana ne ja biva....ama rabotata e moras da odberes edno od dvete gomna....i pritoa da se tesis deka tvojot izbor pomalku smrdi.
Трамп е тежок лешпер и на него се палат само радикалци, гарантирам дека од моментот кога ќе освои многу работи ќе "заборави" на тие ветувања што ги пропагира. Човек што без никаков проблем би си го погазил зборот. Искомплексирана будала.
Годинава апсолутно лош избор за преседател има
Муабетов ви е како мали Џокица дава контрааргументи.
Само заборавивте да кажете и дека му смрдат чорапите.

@Dexter26 Трендо е типичен пример за нафатирана пичица која ги следи трендовите во општеството (самото име си кажува).
Моментално сега е тренд во комерцијалните медиуми да се плука по Трамп и да се кука за бегалците.
Истото тоа го прави и оффнет.
Ако Вмро ја има поддршката, Трендо ќе го поддржува. Ако осети дека опозицијата има поддршка, Трендо ќе биде за опозицијата.
Таквите луѓе секогаш одат по линијата на помал отпор, немаат нивен став, туку гледаат само да си го укотват шупчето на некоја фотеља и клати врата - зимај плата.
Сто пати повеќе ги почитувам неистомислениците, колку и да имаат ретардирани ставови, отколку ваквите шуги.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Муабетов ви е како мали Џокица дава контрааргументи.
Само заборавивте да кажете и дека му смрдат чорапите.
Tvoite silni "argumenti" i slikicki ni gi pravat nasite mislenja detski!
 
Последно уредено:

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Tvoite silni "argumenti" i slikicki ni gi pravat nasite mislenja detski!
Сликички па сликички,
добро, ајде да се согласиме со твоите аргументи:
Ти си интелегентен, милијардер, и претседателски кандидат,
а Доналд Трамп е неинтелегентна овца изгубена во политичките води, и лупа глупости на Кајгана.
Може така?





Се е кажано со карикатурава

 
Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Сликички па сликички,
добро, ајде да се согласиме со твоите аргументи:
Ти си интелегентен, милијардер, и претседателски кандидат,
а Доналд Трамп е неинтелегентна овца изгубена во политичките води, и лупа глупости на Кајгана.
Може така?





Се е кажано со карикатурава

Jaki kontraargumetni iznese i ovoj pat!
Nemoze vakov prostak da bide lider i da predstavuva nacija! Zamisli kako bi ni bilo nas Amdi Bajram da stane predsedatel i da ne predstatuva pred svetot!
PS: Parite i bogatstvoto ne znacat intelgencija!
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Jaki kontraargumetni iznese i ovoj pat!
Nemoze vakov prostak da bide lider i da predstavuva nacija! Zamisli kako bi ni bilo nas Amdi Bajram da stane predsedatel i da ne predstatuva pred svetot!
PS: Parite i bogatstvoto ne znacat intelgencija!
Во право си, но лично јас си го гледам интересот и мене баш не ми е гајле дали Трамп има низок или висок ајКЈу. Мене на пример ме плаши што ако дојде клинтоница на власт...мамето ќе ни го расплачи за косовски интереси.

И затоа несакам ни ја замислам дека таа можи да победи. Не Трамп, црниот ѓавол да и биди противкандидат, него би го подржал
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Муабетов ви е како мали Џокица дава контрааргументи.
Само заборавивте да кажете и дека му смрдат чорапите.
Незнам како сериозноста на неговите изјави е мали Џокица аргумент. Ако изјави за користење нуклеарно оружје, потикнување на воени злосторства, изразување восхит за Ким Јонг Ил и други изјави се заебанција, тогаш ок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom