Драга Кајгана (виртуелен дневник)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ми се смачи од сликање еј, ексик и манџа и питулици, сега уште од телефон на лаптопов да ги префрлам и од таму на страната. А во меѓувреме имам за метење тука и чај зелен за варење и пиење...


 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Драга ..

си го враќам филмот наназад и ми текнува во какви тешки депресии си влегував од време на време т.е. кого лажам ретко кога бев ок. Кога ќе си размислам сега си мислам што ли ми било, ко биполарна сум била. Бог да чува. Ама кога ќе те спопадне нешто нема бегање. Сега ми се случува така од време на време да не ми се сите овци на број ама не така ко во средно што ми се случуваше.
Сега некако ми изгледа џабе т.е. не џабе ама прекасно е да ги поправиш сите оние работи од тогаш. Ама сакам да пробам и се надевам ќе ми биде дадена шанса. Во последнава година сфатив кај сум грешела, сфатив дека животот е прекраток за да паѓаме во депресии и дека треба порелаксирано да го сфатиме и да уживаме. Да уживаме во сите тие убави работи што следат и да ги споделуваме. Споделената радост е уште поголема радост, споделената тага е помала тага. Ова го знам цел живот, а не го применив, за жал. :(
 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Кој ќе глави на факс до вечер..:place:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Драга.
Сите тие што зборат стани рано фати го денот грешат ептен. Ко будала станав во 4 сабајле демек да доучам. Учев што учев, па вежбав, се истуширав, бев на факс и растурив на колоквиумот. Отидов со колегите и на кафе, му завршив и на татко ми една работа у спат. И сега што? Е ништо, ќе си ја пејам тек је 12 сати. Ќе полудам до вечер. Уствари имам за учење уште., ама не ми се учи веќе се швркнав. Едвај чекам да дојде петок вечер да се направам ѓомлезе.
И не знам како се излажав да тргнам од дома со маица и со пролетна јакна без да проверам какво ќе биде времето. Се скоцкав!!! Си реков вчера пукаше сонце и денес ќе пука.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Ај да видам уште која "сериозна" страна ќе се заебит и ќе пишит "виц" за денов.:busi:

Пусто сторив, се такво избришав денеска, пишал текст од милион зборови и на крај ставил АПРИЛИЛИ ЛИЛИ ееееееее, браос, ево ти бомбонче.

Ја пак се залетав и читам ко будала пола саат.:facepalm:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Нема нешто поглупо од тие првоаприлски шеги. :popce:

EDIT: Денес ниеден сајт нема да добие мој клик!!! Сами кликајте си ги вашите невидено глупи првоаприлски зајебанције. Шупичкуматер.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Денешната епизода од серијата бомба ќе биде со првоаприлски шеги меѓу политичарите. По што они само на овој ден знаат да лажат. :coffee:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Драга,

Остај ти тоа шегите дека Мекдоналдс доаѓа во Скопје, јас едни јуфки не можам раат да изедам.
Први април, надвор Брајтонски воздух, ко божем сум била во Брајтон. Без музика нема да преживеам. Вчера во полусон си замислував некои бизарни патувања, надеж за некое потопло место за моиве пулсни точки. Се гледам во огледало - две брчки на чело потврдени.
Ми се повраќа од чувството на недореченост. На собирање туѓ страв и сеење немир. Што ми беше убаво кога воопшто немав намери. Сега имам. И имам главоболки. Се тешам со случувањата. Имам цела палета емоции за сликање, а мене ми се плаче под туш, ко во просечна романтична комедија во која главниот лик е размазено непродуктивно битие.
Земам длабок воздух и организирам дисциплинирано дишење. Кога одев на јога пред сто години сфатив дека толку сум изместена, што спори движења ме плашат дека не постојам.
Денес попладне ќе правиме фотосесија со лагата. Идејата е Алиса во земјата на чудата. Набавив точкести хулахопки, џемпери со психотични ликови, чајни колачиња и сервис за чај. Ме мрзи да се смешкам. Ме нервира да се објаснувам и исповедам. Да лажам. На први април не сакам да лажам. Утре може. Утре се’ ќе може. И онака ќе бидам втора смена на работа и ќе се отсечам од целиот свет, ќе читам јапонска поезија и ќе се претворам во желка од оригами.

Целта на сето мое кукање е дека тој се извади од памет.
А јас нит змеј, нит пиштол извадив.
Извадив љубов од џебови, од комори.


Ама, ајде. Долга е оваа приказна, а кратки се нозете на лагата.
Дишам длабоко и си ја слушам песнава од Boyhood:
https://www.youtube.com/watch?v=mHeK0Cwr9sg

Не сакам да бидам херојка.
Сакам да живеам ко човек.

М.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Драга К,

За овие што се патолошки лажговци важи ли празников ? :цицки: :ROFLMAO:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Кеј,

Многу поштуем фаци ко Стојанче.Сега ја гледав емисијана со жаре( не можам да го сварам) и Стојанче.Значи таква искреност , хумор и опуштеност ретко кај некој друг спортист.Со еден збор ФАЦИШТЕ. А не укочени и препотентни фацички што мислат дека го фатиле господ за муда па уште и се навредуваат ако им кажеш нешто што не им одговара.Штета не беше цела туку кратена па ако некој знае кога ќе има нешто реприза на алфа , нека пише пп.После долго време би можел да одговарам на прашањето омилен македонски спортист.

И да ебете се со досетките за повеќе маски на лицето и што ти ја знам за празников.Не ми ја кварете сликата за маските и детските радости на плоштад на овој ден.Пораснавте и одма се тресете, а се фурате дека детето во вас нема никогаш да умре.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Драга,

Од пред некоја година се мислам да си лупнам некоја портокалова/црвенкаста боја на косата. Веројатно ќе ми беше полесно ако бар еднаш во животот се иам исфарбано. Но не, не ми беше фора во основно и средно, зашто стварно си ја поштував мојава нијанса. На факултет ме мрзеше. Сега, мислам дека ме мрзи уште повеќе, зашто се вадам на тоа дека ќе си ги чекам белите влакна да се појават. Откога мајка ми спомна дека од 21 се фарба, јас редовно се посматрам во огледало и си се испитувам да не случајно има некое. Од друга страна, татко ми моментално на скоро 55 нема ни едно бело влакно, плус густа коса, ко на 20 години да е уште. И така, можно е до кај 40 барем да одложувам јас фарбање. :toe:
А мислам дека би била добар додаток во фејк црвенокосите. :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom