Надворешни односи на Македонија

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Без намера да навлегувам во политичко дебатирање, кое веројатно многу брзо би се транзитирало во препукување, сакам само да кажам дека тајмингот на избувнување на аферата е индикативен.

Зошто ова се случува по две години, зошто баш по објавата за изградба на турскиот гасовод, зошто Џон Кери не стави во групата на земји со замрзнати конфликти, не е баш многу тешко да се погоди. Како ни тоа од која странска служба ни е сервирано сево ова.

Штета што веројатно ќе ја пропуштиме и оваа златна прилика, кој ни во највлажните соништа не ја очекувавме. Ете колку не оставаат нашите стратешки партнери да пркнеме, барем малку.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
^Па ви велам дека не командат/владеат изаземскине служби, проѕирно е.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Без намера да навлегувам во политичко дебатирање, кое веројатно многу брзо би се транзитирало во препукување, сакам само да кажам дека тајмингот на избувнување на аферата е индикативен.

Зошто ова се случува по две години, зошто баш по објавата за изградба на турскиот гасовод, зошто Џон Кери не стави во групата на земји со замрзнати конфликти, не е баш многу тешко да се погоди. Како ни тоа од која странска служба ни е сервирано сево ова.

Штета што веројатно ќе ја пропуштиме и оваа златна прилика, кој ни во највлажните соништа не ја очекувавме. Ете колку не оставаат нашите стратешки партнери да пркнеме, барем малку.
Тајмингот на избувнување на аферата е повеќе од индикативен за секој што има IQ поголем од амеба, и барем помалку ги следи работите.

Немам воопшто намера да ја бранам владата. Напротив, се согласувам со онаа старата досетка дека политичарите треба да се менуваат исто толку брзо како и пелените на бебињата, и од истите причини. Немам намера ни воопшто да се заземам за една (другата) од страните.

Ова овде со гасоводот е работа на НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС, и тој мора да биде надпартиски и над ситните интереси на ситните души.

Наш недвојбен интерес е изградба на гасоводот Турски Тек низ нашата држава. Ете средствата неопходни за изградба на нашиот дел од гасоводот, може да се добијат и преку кредити кои би биле со минимални камати, и на рати кои кои би се отплаќале малтене преку профитот од транзит на гасот низ Македонија. Практично „инвестицијата„ е отплаќање кредит преку профитот од транзитот. Кога кредитот ќе се „отплати„ со пари кои не ги даваме од државната каса... ПОТОА СЕТО ТОА Е САМО ЧИСТ ПРОФИТ!!!
И не само тоа, туку За нас наменетиот гас би го добивале по неколку пати пониска цена. Тоа понатаму би ги снизило цените на чинење на многу други производи. Еколошките услови ќе се подобрат многукратни, посебно во најзагадените градови кога греење со гас ќе стане најисплатливата опција.
Мора народов да разбере дека ние од оваа зделка можеме само да профитираме. Мора да се разбере дека никако не смееме не им дозволиме на нашите политичари да помислат дека народот би се согласил на било што друго освен ПРИФАЌАЊЕ НА ПОНУДАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ГАСОВОДОТ.

Мора да ја шириме свесноста за оваа работа, и ако некој некако успеал да ги фати нашите политичари за мадињата, ние мора јасно да им кажеме дека ништо не е поважно од овој гасовод за краткорочно големо подобрување на економијата на државата. Мора да им покажаме дека не е можно ништо друго освен прифаќање на понудата за изградба на гасоводот.
Единствена забелешка би била дека во услови на големи притисоци од САД и ЕУ, треба да се искористи ситуацијата за да се побара од Руската Федерација додадтно „заблажување„ на зделката. Не знам, можеби некој грант за „подбрување на условите за изградба на гасоводот„.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.607
Поени од реакции
26.115
Без намера да навлегувам во политичко дебатирање, кое веројатно многу брзо би се транзитирало во препукување, сакам само да кажам дека тајмингот на избувнување на аферата е индикативен.

Зошто ова се случува по две години, зошто баш по објавата за изградба на турскиот гасовод, зошто Џон Кери не стави во групата на земји со замрзнати конфликти, не е баш многу тешко да се погоди. Како ни тоа од која странска служба ни е сервирано сево ова.

Штета што веројатно ќе ја пропуштиме и оваа златна прилика, кој ни во највлажните соништа не ја очекувавме. Ете колку не оставаат нашите стратешки партнери да пркнеме, барем малку.
Како што идат работите, мислам дека нема ни да добиеме прилика за вакво нешто. Русија лесно може да ја купи позицијата(мислам за позиција како позиција, а не власт.) кај нас, има и средства, и начин, и причина, а западот го знае тоа. А доколку е тоа така како што викам, тогаш во најмала рака сценарио „2001“ не ни бега.

Незнам колку динамично ќе иде изградбата на гасоводот и како се плановите на реализација поврзани со време. Но останува да видиме како ќе се одвива сценариото.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Разбирливо дека контроверзиите во внатрешно политичкиот ринг ќе се одразат и на државниот имиџ надвор и севкупните надворешни политички позиции.
Сепак ве молам без развивање и хранење на шпекулациите кои доаѓаат од разни страни, во врска со сите конспирации и сценарија.
Отсекогаш за нас важело дека сме изорано поле на странски служби и поткупливи политичари, агенти, јавни личности, бизнисмени и што ти ја незнам.
Најдобро би било сега да сме пасивни но детални набљудувачи на сите изјави, реакции од внатре и странство, мислам дека постепено ќе се кристализираат намерите на заинтересираните страни.

Мене засега интересна ми се виде првата таква индикација од западен медиум:
http://www.theguardian.com/world/2015/feb/27/fears-macedonias-fragile-democracy-amid-coup-wiretap-claims?CMP=share_btn_fb

Иво Вајгл, словенечки политичар и известувач за Европскиот парламент за Македонија, за Гардијан изјавил дека ситуацијата во земјата е „многу сериозна“. „Не сакам да бидам пророк на катастрофални сценарија, но мора да се има предвид дека има голем број отворени проблеми, остри зборови, па дури и говор на омраза“, кажал тој.
„Ова е веќе видено на Балканот, сѐ почнува на овој начин. Ситуацијата не смее да се потценува. Ова е многу сериозно – ние мораме да ѝ помогнеме на Македонија“, кажал Вајгл.

Флоријан Бибер, политички аналитичар фокусиран на настаните во југоисточна Европа, изјавил: „Македонската влада се однесува на прилично авторитарен начин, и се добива впечаток дека правосудството и медиумите се под контрола на владата, па и прислушувањето не е големо изненадување. Не би го користел зборот ‘путинизација’, но кревката држава и демократските институции се поткопани од страна на демократски избраната власт и се заменети со неформални мрежи со Груевски во центарот. Овој модел повеќе е Турција отколку Русија“.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
(Прозападна пропаганда, читај со претпазливост)

АНАЛИЗА: Македонија да каже „НЕ“ на проектот „Турски поток“

Случајно или многу поверојатно не, најавената гасификација на Македонија е поставена на мртва точка. Изборот на заинтересирани компании што ќе ги приклучат македонските општини на гасоводната мрежа се оддолжува од страна на македонската влада, додека за изградбата на гасоводната дистрибутивна мрежа во главниот град чекаме одлука со задоцнување од неколку месеци за да се направи споредба на доставените понуди од италијанска и од турска компанија. Магистралниот гасовод кон ТЕ „Неготино“ што требаше да се гради од рускиот клириншки долг го нема никаде, а на македонската јавност смислено и во точно одбрани периоди и се сервира тезата дека Република Македонија мора да се приклучи на проектот „Турски поток“.

Авторот на овој текст направи своја анализа околу причините поради кои е неоправдан рускиот стратешки проект за доставување на природен гас преку нашата земја до земјите – членки на ЕУ. Сите овие размислувања можат да бидат протолкувани од различни аспекти и интереси, но притоа стратешкиот интерес на Република Македонија мора секогаш да добива првенствено значење. Најпрво, нашата земја во својата надворешнополитичка стратегија го има нагласено зачленувањето во Северноатлантската алијанса НАТО и во Европската унија како основен, главен и најзначаен приоритет на својата надворешна политика. Придржувањето до оваа стратегија значи и целосно почитување на европските политики.

Европската комисија ја изнесе својата стратегија за оформување на Енергетска унија како сигурно, одржливо и конкурентно снабдување со енергија на секој граѓанин на оваа наднационална унија. Во оваа стратегија, како прв приоритет е нагласена клаузулата за солидарност, која подразбира намалување на зависноста од поединечен добавувач при снабдувањето со енергија и користење на соседните земји при изборот на енергетските извори. Од извршното тело на Европската унија нагласуваат дека во иднина ќе мора да има поголема транспарентност при склучувањето договори за купување на електричната енергија и на гасот.

Во кратки црти, Европската унија бара нејзините членки да ја намалат зависноста од природен гас од Русија, со најава дека во наредниот период ќе се инвестира во оние проекти што ќе го зголемат бројот на добавувачи на природен гас. Следејќи ја ваквата стратегија, Република Македонија е должна да работи на пронаоѓање нов партнер од каде што таа би се снабдувала со гас и кој би помогнал во изведбата на магистралните гасоводи и на дистрибутивната мрежа. Ако се земе во предвид дека проектот „Турски поток“ е чедо на руски „Газпром“, останува јасен фактот дека нашата земја не би се придржувала на веќе востановените начела на Европската унија.

Како второ, и самата Руска Федерација напомена дека нема намера да инвестира во изградбата на цевките од гасоводот, на потегот од турско – грчката граница до Унгарија. Тоа значи дека Република Македонија треба да вложи огромни финансиски средства за да ја изгради трасата преку која е планирано да се дистрибуираат 47 милијарди метри кубни гас. На нашата земја ќе и бидат потребни стотици милиони евра за да инвестира во мегаломанскиот проект, за кој веќе се најавува дека се неопходни кредити од странство. Дури и да се обезбедат евтини кредити од Руската Федерација, кристално е јасно дека ќе бидат потребни многу години за да се исплатат овие кредитни линии, а дури потоа нашата земја да оствари некаква добивка од проектот „Турски поток“.

Како трето, Република Македонија со прифаќањето на руската понуда влегува во актуелните геостратешки игри помеѓу големите земји, првенствено Соединетите Американски Држави и Руската Федерација, при што големото прашање е дали таа може да се снајде во нив. Не смее да се заборави фактот дека во нашата земја живеат различни етнички групи, кои одамна ги имаат избрано САД како стратешки меѓународен партнер, додека зачленувањето во НАТО и во ЕУ како основен надворешнополитички приоритет. Наједноставно кажано, прашањето е дали вреди евентуалното нарушување на меѓуетничките односи поради проектот „Турски поток“. Истовремено, треба да се постави и прашањето дали воопшто некогаш сме имале полза од сојузништвото меѓу Србија и Грција, кога станува збор за сувереноста и независноста на Република Македонија, но и за почитувањето на македонскиот јазик, култура и црква од страна на овие две земји.

Како четврто, Руската Федерација покажа дека е несигурен партнер на нашата земја. Македонската држава се обидува повеќе од една деценија да извлече враќање на рускиот клириншки долг. Ниту владата на претходниот премиер Владо Бучковски, ниту постоечката влада на премиерот Никола Груевски не успеа да се спогоди со руските партнери околу подмирувањето на рускиот долг во висина од 60 милиони долари. Со години чекаме на милоста за да ни се вратат овие финансиски средства преку изведба на магистралниот гасовод од кумановското село Клечовце преку Штип до неготинската термоелектрана. По многу јалови преговори и договарања, на крајот се одлучи дека рускиот долг ќе се врати преку изведба на магистрален гасовод во должина од 60,7 километри, но само до Штип.

Непродолжувањето на магистралниот гасовод до Неготино е една од стратешките грешки на македонската политика, но и очигледно добро смислено сценарио однадвор. Со изведбата на цевководот до ТЕЦ „Неготино“ ќе се остварат две значајни придобивки за нашата земја. Првата е добивање на уште една комбинирана електрана, која би произведувала евтина електрична енергија за македонските потрошувачи. Но втората и позначајна, Неготино е извонредно блиску до грчката граница, во чија близина се наоѓаат магистрални гасоводи преку кои може да се транспортира гас од други добавувачи. Грција нив веќе ги користи. Дополнително, САД веќе им понудија на балканските земји можност за доставување на течен природен гас со бродови. Тука е и можноста за приклучување кон Транс – јадранскиот гасовод (ТАП), преку кој се протежираат стратешките енергетски интереси на ЕУ и на САД.

Република Македонија мора да изгради своја сопствена енергетска политика, која ќе биде во согласност со европското законодавство, но и со основните приоритети на Европската унија. Увозот на руски природен гас ќе продолжи преку веќе изградениот гасовод кон Бугарија, но нашата земја мора да пронајде друг стратешки партнер при гасното поврзување со јужниот сосед. Изборот на проектот „Турски поток“ ќе значи целосен монопол на Руската Федерација при испораките на гас, а тоа не би можело да им гарантира целосна сигурност на македонските граѓани и на компаниите во поглед на конкурентноста на енергетскиот пазар и на евтините цени. Токму затоа, вреди да се примени правилото: колку повеќе различни партнери при изведбата на гасоводната мрежа и при доставувањето на гасот, толку поголема сигурност и просперитет за граѓаните на Република Македонија.

http://www.build.mk/?p=43310

Сега појасно ли е кој всушност стои позади "бомбите на Заев'?
 
^^
Mислам дека работите се прилично јасни. Оваквите колумни, исто така и реториката употребена во текстот од Гардијан е сосема јасна. Пораката е јасно испратена.

Работата сега е да се види што тоа ќе и биде понудено на Македонија, за да не се спроведе проектот со гасоводот низ Македонија. Отварањето пар фабрики (и сличните моменти), не е ни четвртина од еден процент... од тоа што Македонија би го добила од гасоводот.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ајде малку за контраст, руски медиуми за ситуацијата во Македонија како паралела на тоа што и се случи на Украина:

Провокација Мајданом
Македонију затјагивајут в НАТО силами местној оппозиции

Европејскиј сојуз, по-видимому, дејствительно терјает интерес к Украине: с осени прошлого года стало очевидно, что признаки нового Мајдана начинајут просматриватьсја уже в Македонии. Эта небольшаја страна привлекает внимание некоторых радикальных политиков ЕС своим подчеркнуто нејтральным отношением к событијам на Украине. Кроме того, в сентјабре прошлого года власти Македонии четко выразили свое несогласие с санкцијами Евросојуза в отношении России. Есть и конкретнаја цель длја реализации: это вступление страны в НАТО уже в этом году.

То, как «готовјат» страну к этому судьбоносному шагу — это целыј сценариј, которыј во многом схож с тем, что был разыгран на Мајдане, однако есть и свои нјуансы.

Дејствительно, непријатие радикальној идеологии в Македонии велико. Страна хочет спокојно развиватьсја, дружить со всеми, вклјучаја ЕС и Россију. Лјубопытно, что очередное обострение протестных движениј пришлось как раз на тот момент, когда стало известно, что строительство «Турецкого потока» по транспортировке 60 миллиардов кубов газа в год будет предполагать продление трубы через Грецију, Македонију, Сербију и Венгрију с выходом в Австрију. Помимо контрактов, свјазанных со строительством, это означает дополнительные поступленија в Македонију от транзита. Кому невыгодны эти планы?

ја сознательно не пишу, какаја именно местнаја партија стала организатором последних выступлениј в Македонии. Не исклјучено, что они — лишь часть большој игры ЕС и НАТО, а значит — и США. Эта игра предполагает, что реальныј возможныј политическиј бенефициар этих выступлениј — безусловно тот, кто будет проталкивать идеју вхожденија страны в НАТО, но пока находитсја в тени. Понјатно одно, что идеја об ускорении принјатија Македонии в ЕС — это очередное прикрытие безумных амбициј политиканов американского Белого Дома и НАТО по затјагиванију этој страны в Альјанс. Европејские политики, а также новыј американскиј посол, прибывшиј в Македонију 12 февралја, проводјат бесконечные переговоры с премьер-министром Никола Груевски, уверјаја его следовать советам по «нахожденију диалога» с оппозициеј. При этом за спиној грозјат санкцијами, а иногда демонстративно и показательно-назидательно отменјајут переговоры с премьер-министром Македонии, как это случилось со встречеј с председателем Европејској комиссии Жаном-Клодом јункером, первоначально намеченној на 26 февралја. Оппозиција уже зајавлјает, что премьер-министр Никола Груевскиј «международно изолирован». Куда толкајут Брјуссель и Вашингтон внутриполитическују ситуацију в Македонии?

Владислав Гинько, экономист, преподаватель РАНХиГС при Президенте РФ

Читајте далее: http://svpressa.ru/politic/article/114292/
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
Пука пропаганда во државава. Еве ги и Вахабистите:
(кој (не)нормален им даде лиценца, и со кој памет)
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Како прво, секој Македонец, независно дали е политичар или не веќе треба да знае дека идеализмот убива. Не само идеализмот туку и идеализирањето.
Западот е гнил во смисла на односот и искористување на послабите, ама Русија не е ништо подобра. Впрочем Русите никогаш во историјата не криеле дека сакаат да го заземат местото на западните "демократии" на светската арена.
Во последно време дури и добро ја користат неможноста за примена на сила со тоа што критикувањето на западната принципиелност се претвори во нивно главно оружје во најновото издание на пропагандната војна.

Идеално за Македонија би било ем рускиот гасовод да минува оттука, ем да не примат во западните "елитни друштва". Во услови на геополитички судир меѓу двете страни глупо е да стоиш на средина, како што е глупо и потполно да се ставиш во служба на едниот насилник. Во Русија во моментов (и покрај тоа што мене ми се симпатични поради отпорот кон Западот) се развива национален фанатизам. На Запад се спремни да не малтретираат колку што сакаат.

Работава е змија да те апне, или магаре да ти го бапне. И гледајќи го нашето килаво политичко поколение лошо ни се пишува. А за македонски мајдан.. Геополитиката не е основната причина доколку се случи. Таа може да биде само катализатор. А инаку сите, малку од малку свесни, знаеме какви се нашите најголеми проблеми. Тие се пред се од внатрешна природа.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.017
Поени од реакции
11.205
Би те поправил само со тоа дека во Русија се развива патриотизам, а не национален фанатизам. Нешто налик на американскиот модел на патриотизам. Фанатизмот кој ти тврдиш дека дека се развива во Русија би бил синоним на шовинизамот, а токму тој би им помогнал на структирите на западот кои ја напаѓаат Русија да го убедат своето население во приказната која ја пласираат и која сега за сега не им успева. Со останатото горе доле се согласувам.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.345
Поени од реакции
29.810
А за македонски мајдан.. Геополитиката не е основната причина доколку се случи. Таа може да биде само катализатор. А инаку сите, малку од малку свесни, знаеме какви се нашите најголеми проблеми. Тие се пред се од внатрешна природа.
Ама и тие „внатрешни„ проблеми, колку се внатрешни ако ни се донесени (или поттикнати) однадвор. Воопшто не се согласувам дека во држава со инертен народ како што е нашиов... дека е можно „спонтано„ да се деси некаков Мајдан. Нема шанси. Такво нешто ако се деси, 100% ќе биде однадвор (впрочем такви се и сите „обоени„ револуции, некој мора да ги обои нели).

Впрочем сметам дека е јасно што сега ни се случува во државата. Некој однадвор или е со ниет да менува нови марионети, или стариве ги стиска за мадиња. Како и да, некој цврсто ги држи конците.
Единствено народот може нешто да направи, со целосно игнорирање и на двете „омилени„ политички опции - не некои идни избори.

Едно е извесно, никој - ама баш никој не зборува за гасоводот. Wag the dog.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.694
Јас прво би почнал од внатре, ама за некои аспекти од тоа секако не би пишувал на јавен форум.
Како и да е, мора да се каже дека за било каков надворешен успех потребна ни е внатрешна стабилност и економски просперитет. Под внатрешна стабилност подразбирам најпрвин отклонување на најголемите фактори за нестабилноста. Прва и основна работа, собирање на целото нелегално оружје во државата и отклонување (или за многу намалување) на факторот „албански вооружени немири„ кој по потреба си го нарачуваат и го активираат однадвор. Во ова спаѓа и зајакнување на армијата и полицијата, и многу построга контрола на границите (посебно тие на север и на запад).
Второ, развој и економска стабилност, и правење инфраструктурни услови (законски, и извршни) за главното што следува: Ре-евалуација на приватизацијата и справување со олигархиската криминална структура која е секогаш интегрирана во сите структури кои досега биле и се на власт во модерната македонска држава.

До исполнување на овие внатрешни цели, одолговлекување на сите процеси за интеграција во НАТО или ЕУ. По извршувањето на внатрешните цели, дури тогаш може да зборуваме за некаква реална надворешна политика.
Ако успееш кај втората работа навистина ли мислиш дека е потребна првата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom