Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Друг пат поише да се собереме, не зезајте. :D

Со Арсенал или со Јунајтед, комбинирано пратење може да напраиме. Али со оглед дека у сите три фан клуба има луѓе со краток фитиљ, да не се испотепаме... :D
Со Арсенал никако. А нема ни да сакаат да дојдат они кога го знаат исходот. Со Јунајтед може, ако Фросе избере уште неколку ок фаци :D

Иначе задоволен сум со бодот, ни Сити ни ние не бевме на ниво и нема што да се бара повеќе, иако секако дека можеше и да се победи. Со онаа клупа... Само не ми е јасно зошто таква беше клупата.

Квадрадо си става слики од СБ, а Шурле и Салах уште се тука, ене ги од позади двајцата...

[DOUBLEPOST=1422756016][/DOUBLEPOST]Зума :cuc::cuc::cuc:
 
UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Мене пак ме интересира дали и во случај да беа Цеск и Коста во тимот Мурињо ќе се одлучеше на целосна дефанзива пoвторно при истиот резултат? :toe:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Со Арсенал никако. А нема ни да сакаат да дојдат они кога го знаат исходот. Со Јунајтед може, ако Фросе избере уште неколку ок фаци :D

Иначе задоволен сум со бодот, ни Сити ни ние не бевме на ниво и нема што да се бара повеќе, иако секако дека можеше и да се победи. Со онаа клупа... Само не ми е јасно зошто таква беше клупата.

Квадрадо си става слики од СБ, а Шурле и Салах уште се тука, ене ги од позади двајцата...

[DOUBLEPOST=1422756016][/DOUBLEPOST]Зума :cuc::cuc::cuc:
Сите се фини бе :D башка еве дечково туторијали за ракија ќе донесе

го цитирам да види дека тагот ме заебава
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Сите се фини бе :D башка еве дечково туторијали за ракија ќе донесе

го цитирам да види дека тагот ме заебава
Не бе, он на ептен професионално ниво е, многу ќе ми дојде :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Мене нерешениов исход со Сити ми е рамен на пораз. Гледам вие различно, Мурињовски размислувате. Мурињо мора да си најде алиби, вие како фанови не, но добро...

Зошто? Стемфорд Бриџ. Сме победувале екипи како Сити, а и нив самите, со многу послаб тим и многу послаба форма. И секогаш на овој стадион сме оделе на победа без разлика на противникот. Една Барселона доаѓаше овде во 2009, па ги нападнавме со сите сили, не па ваков Сити. Послаб од кога и да е. Добро, не послаб сигурно од времето на Милс и Васел.
Мислев дека Мурињо и оди на победа, по малку и наивно, но кога видов дека влегува Кејхил, а не Изи Браун или Аке тогаш ми стана се јасно. Мурињо одел на нерешено. Сум го оправдувал често кога одел на оваа варијанта на тешки гостувања, денес не. Со овој тим ваков би рекол кукавички пристап...

Ако веќе барам кривица минимална кај Мурињо, ќе речам вака. Преголемата доверба во некои играчи. Поточно Ивановиќ и Оскар

Ивановиќ уште лани против Свонси во Лига Купот, некако ја најави лошата сезона која му претстоеше. Директен кривец за испаѓањето тогаш. Сезонава лош. Бледа сенка од она што беше Бане во изминативе сезони. Во напад просечен. Без таа силина и продорност, малку успешни центаршутеви и загубени топки. Во одбрана многу лош. Денес конкретно во неколку наврати беше заспан, дига раце горе додека тече акција на Сити, се расправа со судијата, остава премногу простор, а замислете против себе има противник како Милнер. Локум за секој дефанзивец.
Неговите игри Мурињо не ги казнува, курбан падна Кејхил. Заслужено, но и по вина на неговиот колега.
Се надевам дека кога ќе се врати Луис, Азпи ќе оди на десен, а Филипе на лев бек. Така ќе ја стабилизираме задната линија.

Оскар, ех Оскар.
Игра на можеби најзначајната позиција во тимот. Треба да разигрува, да асистира, да биде креативен и да постигнува голови. Тој тоа не го прави, или пак го прави многу ретко.

Не е константен, еден натпревар добар, четири лоши. Особено е анемичен против големи екипи. Освен таа фамозна утакмица со Јуве, на ниедна досега не изиграл на ниво против голем тим.
Трета сезона му е во Челзи, фаќа добар залет секогаш на почеток од сезона, па после запира. Па некаде во април се враќа во нормала. Тоа се големи успони и падови. Особено тоа не може да си го дозволи тим како Челзи што атакува на четири фронта.

Не е лош, солиден играч е. Ама мислам дека никогаш нема да биде нешто посебно. Во ред, ќе кажеме дека е борбен, трча, се труди, тоа исклучително го ценам, но сепак тоа не е доволно за во ваков клуб.

Сега откако ќе дојде Квадрадо, сакам почесто да го гледам Вилиан на позицијата од Оскар, Квадрадо десно, а Хазард лево. Тоа со послаби тимови. Со посилни може 4-3-3 со Рамирес, Фабрегас и Матиќ и Коста, Квадрадо и Хазард.

Да не биде дека само критикувам. Денес човек на натпреварор беше Зума. Се посигурен е во одбрана, расчистува, добива дуели. Особено ме израдува оној со Агуеро, кога чисто со клизачи му ја тргна топката од нога. Прави грешки, но сепак е многу млад. Да го подобри позиционирањето и ќе биде супер. А и искуството со Тери ќе му биде и те како драгоцено во иднина.

Секако Реми. Супер замена за Коста, не се ни сомневав. Рационално, без комплицирање, без потег повеќе. Одличен и во игра со топка и без неа. Прави притисок на дефанзивци. Дефинитивно треба да добива поголема минутажа.

Вилиан и Рамирес солидни. Првиов многу посигурно од претходно, вториов многу посигурна игра во дефанзива. Ваков Рамирес ќе ни треба, долга е сезонава.

Последната позитивна работа е тоа што и со ваква игра не сме поразени. И тоа против екипи како Ливерпул и Сити.
Од ова полошо не може. Верувам дека ќе ја вратат онаа игра што сите ја знаеме, особено сега пред традиционалното незгодно гостување кај Вила. Имаат и недела дена пауза која одлично ќе им дојде. Ако не, не се пишува добро. Ма да ова го напишав поради драматичност, сигурно дека ќе успејат да се спојат со топката тогаш и дека ќе шутнат во гол повеќе од еднаш.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Кога ќе го враќаме кевин де брујн ??
:cool::cool:
 
Јас не се согласувам дека Сити во момнтов се нешто ептен слаби. Добро, го нема Туре кој е многу битен за тимот, ама ако тоа е оправдување, тогаш и ние бевме без Фабрегас и Коста, двајцата најефикасни играчи сезонава. Друго, играа 120 минути нашиве во вторникот, додека Сити имаше цела недела за подготовки за натпреваров. Ова никогаш не го сметам за оправдување, ама сепак. И трето, така се погоди моментот. Крај на трансфер период, Салах и Шурле изгледа се во преговори па не ги стави во тимот за да не ризикува повреди, иако беа присутни на трибини. Се повредија доста играчи, Коста баниран и ете како влијаеше тоа на клупата. Двајца со 19 и двајца со 18 години. Секако, не смееше ни со тие што играат да ризикува затоа што нема да има играчи за нареден натпревар, а ете и Вилиан сега се повреди. За Кејхил дека го ставил, да, одма кога гледавме реков дека е глупа измена, ама па и да го стави Браун еве, како би можел со него да брка резултат против Манчестер Сити, конкурент за титула, а детето пред 2 недели наполни 18 години...

Не дека целосно оправдувам, секогаш мора да се оди на победа, ама во овие околности сфаќам зошто така изигра. Уште кога го видов тимот, си реков дека со бод и без нови повреди сум задоволен. Најбитното беше да не се изгуби па да ни дојдат пак на -2.

За Бане се зогласувам. На почетокот на сезоната играше одлично и стварно не можеше да го седне на клупа, ама веќе некое време воопшто не е корисен, а нафрлувањата никогаш не му биле добри. Јас уште од август зборам дека најдобро би било со Азпи и Луис да се игра, па он ако треба централно нека игра со Тери.

За Оскар веќе кажав. Се согласувам дека не е баш константен. Лани до декември играше и после го снема до крај на сезона. Ама за разлика од претходните две сезони, оваа ја има поправено колку толку и константноста. Веќе некое време пружа супер партии и не знам од кај дојде критиката баш сега. Да не барам статистики сега ајде, ама добри игри покажува во последно време. Сезонава и многу работи кога е Фабрегас на терен, па и му ги покрива дупките него, се враќа назад почесто.
Плус има 23 години, најдоброто е сеуште пред него и тек сега треба да созрее и да почне да игра во константна форма. Ни дојде како 20 годишник и на таа возраст се наметна во првиот тим. Сигурен сум дека секоја наредна сезона се повеќе ќе напредува, а еве веќе оваа има шанси да ја заврши со двоцифрен број голови и асистенции. Кога ќе ја додадеш пожртвуваноста на терен, не знам што повеќе би побарале од него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom