WordPress

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Значи се работи за статичен сајт, кај кого е битна само почетната страна.
Е сега се бара да има главен слајдер и десно од него да биде со 3-4 големи копчиња.

Цел wordpress го пребарав сите можни теми и free и pro, и џабе е никако неможам да најдам тоа што барам.

Па ми треба помош ако има некој што може да се нафати на веќе постоечки wordpress тепмлејт да се постигне он што го барам. Пишете ми во ПП за тие што сте заинтересирани ќе биде платен трудот во зависност ако е разумна цената.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Темата може да се префрли во wordpress, бидејќи најдов решение за ова погоре со Layer Slider слајдер кој го дозволува тоа(вметнување на копчиња,ефекти и сл).
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.195
Поени од реакции
21.347
Имам едно прашање во врско со портирање на блог кај други Хостер.

Имам веќе регистриран домејн но сакам да го сменам хостерот. Моментално користам безплатен хостинг но тој ствара доста проблеми и сакам да го сменам. Дали имате некој полесен туториал за мене, не сум упатен во тоа. Читав само дека полесно било ако остане истата адреса. И ако веќе прашувам, дали знаете добар хостер? Може и да кошта некоја ситна пара но сепак е само блог и не треба многу екстра услуги кои не ми требаат баш.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183

Кој хостинг го користиш моментално и на кој планираш да се префрлиш во иднина?

Македонски хостинг имаш ТУКА и ТУКА
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
При крај сум со средување на сајт, ама ми се појави голем проблем. Откако од привремениот хостинг го префрлив сајтот на хостот на кој што ќе биде се беше ок 2-3 дена. Сега денес пробувам да направам измени во CSS кодот но нема никакви промени на страната. Пробав со чистеше на кеш-от но не даде никаков резултат. Исто ги прегледав CSS фајловите евентуално да не фали заграда или некоја грешка во кодот, но се си е ок. Некој со слично искуство?
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892

Доколку е готов темплејт (од оние кои се плаќаат, а си го нашол кракнат за безпари) истото се случуваше неколкупати и кај мене. Кај мене проблемот беше со оштетени фајлови на самата тема, кои при прикачување не ги покажува. Само на одредени делови од сајтот правеше проблеми току при едитирање.

А доколку е платена (Секако контакт имаш), или ти сам си седнал и искуцал се, провер убаво се.

И трето хостот, пиши кој е, дали има сапорт и сл.
 
хостот ми е gohost од тука локално. Користам кракната тема ама чудно е што до пред 2 дена се беше ок, и наеднаш почнаа порблемите. Конкретно што и да изменам во CSS не се менува на страната. Се сомневам и јас во хостингот...
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Изгледа само јас пишав во темава :D

Работам сајт во wp ама наидов на сериозен проблем. Користам хакната тема (сепак мислам дека не е до тоа проблемот) и имам проблем со мобилната верзија на сајтот. Проблемот е во тоа што без разлика која страна од менито да ја изберам нема никаква промена, односно си останува на home page. Уште еднаш ќе напоменам, проблем е само мобилната верзија. Ја користам Modernist темата. Конкретно на сајтот се е апдејтирано, пробав со промена на структурата на линкови на страната но нема никаква промена. Некоја идеја?
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
42
Поени од реакции
2
Имам едно прашање во врска со wordpress како може да работиме на два различни компјутери а на иста платформа со која програма дали треба да ја хостираме па да работиме или има некоја друга солуција ви благодарам
 
Г

Грејвдигер

Гостин

Го реши проблемов? Дали можеш директно преку УРЛ-то да пристапиш до страницата што сакаш да ја посетиш или едноставно менито не е кликабилно? Или пак кликаш, па те пренасочува на почетна?

Пази кога користиш пиратски теми, не се најбезбедни. И имаш такви кои некој ги има прекуцано или купени и ставени како што се.
 
Уште не сум решил. Најитересниот момент е што ги отвара страните во нов таб, но кога ќе кликнам директно од навигацијата нема се дешава ништо. Менито е кликабилно, ама не работи врската. Симанта ми е од theme forest, ако не грешам тоа е едно од најсигурните места.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
Види, искрено може да е до кракнатата тема, затоа што најчесто тие се изоставени, поточно не добиваат последни updates, така да ако имало баг со тоа, и ти имаш постара верзија, тоа е... Второ, дали имаш пробано на друг телефон, т.е. на повеќе телефони, таблети или било што? Можно е и да е до тоа. Друго, може исто така да е некој плагин... Ај ѕирни, ако можеш прати линк до страната да проверам.
 
Член од
12 февруари 2015
Мислења
6
Поени од реакции
1
Имам едно прашање во врска со wordpress како може да работиме на два различни компјутери а на иста платформа со која програма дали треба да ја хостираме па да работиме или има некоја друга солуција ви благодарам
Како мислиш да работите на 2 компјутери од исто време?
Да додавате содржина на сајтот или да кодирате?

Содржина може да додавате без проблем од колку сакате компјутери во исто време, треба само различни user-и да се креираат.

И другово може да го правите исто, само да работите на различни фајлови.. основата на WP е PHP, интерпретирачки јазик, така што само едитирај го фајлот, стај го на сервер и завршена работа.. Многу полесно од други технологии (c#, java...)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.891
Сајтот си работеше најнормално до пред некое време. Купен темплејт на наш хостинг. Наеднаш се појави white screen of death. Пробав со деактивација на додатоците и темата, беше безуспешно. Дури и од техничка поддршка на хостингот ми пишаа:
Почитувани

Проблемот кој го имате не е серверски затоа што другите инсталации на wordpress кои вчера ги имавте работеа нормално, вие имате проблем со онаа инсталација која се наоѓа во public_html. Вие сте пробале со изолација на plugin а ние пробавме со изолација на themes , но сепак беше неуспешно. Проблемот кој го имате се нарекува "white screen of death" главни учинители на овој проблем може да бидат plugins или themes, но бидејки и двете варијанти беа тестирани , би ви препорачал или да upload-ирате backup од сајтот кој што знаете дека функционирал , или да направите нова инсталација на wordpress-от.

Поздрав
Ме интересира како доаѓа до ова и што може да го предизвика. (Сајтот со исти додатоци, иста верзија на инсталација и тема функционираше) Ова не се случи при надоградба или слично. Мене не ми одговара бекап варијанта затоа што ќе изгубам постови.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
909
Сајтот си работеше најнормално до пред некое време. Купен темплејт на наш хостинг. Наеднаш се појави white screen of death. Пробав со деактивација на додатоците и темата, беше безуспешно. Дури и од техничка поддршка на хостингот ми пишаа:

Ме интересира како доаѓа до ова и што може да го предизвика. (Сајтот со исти додатоци, иста верзија на инсталација и тема функционираше) Ова не се случи при надоградба или слично. Мене не ми одговара бекап варијанта затоа што ќе изгубам постови.
Додај
Код:
define('WP_DEBUG', true);
во wp-config.php и види дали ќе ти се појави нешто на белиот екран.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom