Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
50 години чекаше Анчо да може ваква слика јавно да објави
ама допиши-кажи,дали ги исполнува правилата по зададената тема за ова коло.
(и кажи што ќе беше со мене ако ова го објавев “68 или “78)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
(и кажи што ќе беше со мене ако ова го објавев “68 или “78)
Сега ќе беше претседател на некоја собранијска комисија, или директор на комунално, пазари, дом на култура...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
@Anco во однос на темата Стари еснафи...... ќе може ли пример да сликнеме нивна изработка, затоа што можеби нема да дадат нив да ги сликаме како работат?:)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
@Anco во однос на темата Стари еснафи...... ќе може ли пример да сликнеме нивна изработка, затоа што можеби нема да дадат нив да ги сликаме како работат?:)
да не му сликаш тајната на занаетот
секако дека може, темата е малце специфична така да може да му се даде малце пошироко толкување
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

7991
by Anco on Кајгана форум
Вистинска приказна... таа мисли спијам во спална, а јас жива ја фатив од дневна.
Ова е ептен интимно,ќе размислам дали да ја пуштам во натпревар.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271

7991
by Anco on Кајгана форум
Вистинска приказна... таа мисли спијам во спална, а јас жива ја фатив од дневна.
Ова е ептен интимно,ќе размислам дали да ја пуштам во натпревар.
Ете шо е стара школа, слика на особа (ваљда женска) без лик и име и без милиметар голотија е интима, да беше боса ќе беше порно а не дај боже деколте или мини - то е веќе специјална војна против братство и единство и поткопување на темелите на нашата социјалистичка самоуправна заедница
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Picture 1920.jpg
ЧЕВЛИ......чистач за чевли....за многумуна во старо Скопје единствена професија
сега веќе и да ги нема (освен еден-два и тоа не редовни)
порано,пред земјотресот тие чистачи на чевли со имаа свое место под сонцето,овде во градот,секој си го знаеше своето место,кај старата жлезничка станица,на плоштадот или пред Бит пазар и таму секијдневно си ја вршеше работата,
односно еснафот,за кој и не требаше многи знаење или пак опрема и алат.
А со таа поштена,вредна и не така чиста работа си ја гледаа куќата и ранеа фамилија.
Инаку ова е сега пред малку на ладново време сликано селфи што го викате вие.
Јас најдобро ги паметам чистачите на чевли на влезот во старата чаршија порано турска чаршија ја викавме, таму пред вратата на црквата Св. Димитрија. Тие и не живеева така тука близу,туку таму угоре над калето во Топаана,кога ќе го поминете централниот затвор и одите кон Дуќанџик тоа маало па се до Француски гробишта и тетовска трошарина беа со мали некој шарено бојадисани Ромски куќи. Е од таму беа тие стари мајстори - чистачи на чевли. Сандачето за чевли во кое им беше сето потребно за нивната работа си го носеа на едно рамо,со еден стар подолг кајш.
И беа поштени пак да напоменам,понекогаш и за една цигара ќе ви ги очистеа чевлите ,
тогаш се уште цигарите овдека се продаваа и на парче,една,две,три, во оние дрвени бутки-трафики,од напред полуокругли каква што беше и онаа пред Офицерскиот,
поточно и немаа некоја одредена цена за таа нивна работа,колку ќе дадеш,а тие пак секој ги познаваше,односно и тие сите ги познаваа од тој реон - маало и немаше некој да го одмине а да не го бар поздрави со
„Добар ден мајсторе“..............такво беше некогаш,негде овдека,кое сега го нема.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom