Каде исчезнува инстинктот за преживување?

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Оваа тема ме потсетува на книгата ,,Судбината на човекот''. Баш на оној момент кога главниот лик (го заборавив како го викаа, ако воопшто и имаше име:X3:) возејќи го во камион непријателскиот генерал, го треснал со тег по главата и го замотал со жица од телефон колку да му стои исправена главата, да не се гледа дека е скроз заминат.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Под прашањето „каде“ прашувам зошто и кога.

1. Нацистички конц-логори:
Собибор: се бележат само изолирани обиди за бегство. Дури во 1943 успеале да убијат 11 ЅЅ војници.
Треблинка: Неколку обиди за бегство.
Аушвиц: Се бележат обиди за бегство дури кога биле носени во гасни комори. Дури 1943 затворениците успеале да убијат двајца ЅЅ војници. При крајот на 1944 околу 250 затвореници се обиделе да избегаат и сите биле убиени. Во едно од одделенијата затвореници дури и произведувале оружје за нацистите, а за целото време само една жена се обидела да украде експлозив, по што била обесена.

Вкупно 11 милиони се убиени во овие логори.

2. 250 сириски војници:
Голи маршираат до местото каде се егзекутирани од Islamic Savages. И покрај тоа што реално немаат некоја шанса да преживеат, никој не се обидува ниту да фрли камен кој некоја од свињите. А демек војници се.

3. Случајот Фоули:
Американски новинар (веројатно) свесен дека ќе биде погубен со отсекување на главата, мирно повторува текст кој му е напишан од свињите на Islamic Savages во кој ја обвинува сопствената земја за својата непромисленост и алчност по слава. Како добиток носен во кланица кој заблејува без да знае што го чека.

Значи: што се случува со нагонот за преживување кај човекот?
Дали, кога и под какви услови тој престанува да постои? Дали надежта дека ако не се дава отпор можеби џелатот ќе се смилува и ќе ги остави живи?

Каде е последниот крик на животот и спротиставувањето кон егзекуторот. Па дури и животните крикнуваат за последен пат!

Да не можеби ја посгрешно ја разбирам целата ситуација? Да не можеби е достоинствено да се умре вака?
Добра тема...

Али одговорот е и во примерите што ги зададе..... односно, отсекогаш го имале тие луѓе „нагонот за преживување“...

Но, како и тие, така и претходно низ историјата лѓето секогаш реагирале така како што реагирале низ примерите шо ги даде... Едноставно не можеш да очекуваш од човек кога е ставен во безизлезна ситуација да направи „не знам факинг што“ и му прсна тора поише адреналин во крвта па одеднаш да му проработи тој пуст „нагон“ и спаси жива глава... не иде тоа така... 1000% сигурен сум дека ни ти не би го сторил тоа, ниту јас, ниту било кој друг...

Ако е така едноставно како што велиш, зошто бе на Марија Антоанета и Луј 16 не им проработел „нагонот за преживување“, па не спасиле жива глава?! Или еве конкретно од домашнава наша историја, Зошто Христо Узунов и Методија Патчев, како комити и војводи извршиле самоубиство, а биле во безизлезна ситуација, немале каде, немале што друго, па ете си пресудиле? (е сеа овде не ме сфаќај погрешно, не алудирам на проклет патриотизам, као евтина реклама на Владава - не)

А знаеш зошто? Баш затоа што се работи за инстинкти т.е. - нагон...А понекогаш самиот нагон „те тера“ да им се предадеш на оние што те потчиниле, па немаш друг избор освен да „преживуваш од час за час“... Земи ги жртвите по Нацистичкиве логори, евреи, цигани, PoW, сеедно, добар дел испоумреле, ама добар дел и се спасиле - преживеале. Мислиш дека нешто тие се замарале дали ќе преживеат или не?

Како и да е.. инстинктот - нагонот за преживување си постои кај човекот како таков, без оглед дали ти и јас не го гледаме, затоа што сме преокупирани со други секојдневни работи... Прошетај малце низ болница, кај шо лежат и млади дечки од ситни и сериозни ствари, па да видиш како им се живее.. И на старцине шо се перд умирање уште им се живее, а не па на нас останатите....
Ама кога си некогаш тотално без излез - те стаиле муџахедини пред камера и земале тоа сатарот да ти сечат глава.. епа брат не знам кај бараш тука нагон за преживување?! Да изиграва Чак Норис?! Рамбо и остали се сепак само филмаџии и ништо повеќе...[DOUBLEPOST=1409511127][/DOUBLEPOST]
Баш твојот инстинкт за преживување го прави тоа.
Се дур си жив имаш надеж дека се ќе биде океј. Логички и интелектуално знаеш дека нема да биде океј, ФАКТ е дека нема да биде океј, ама сепак имаш надеж дека некако се ќе биде добро. .
Фактот дека во тие ваљда „последни“ моменти си жив, ти предизвикува надеж дека ете сепак се ќе биде ок.. е тоа е почетната каписла на тој „инстинкт“...
 
Последно уредено:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ниту едно од тие што ги наброја не е инстинкт за преживување.
А што е според тебе инстинкт за преживување? Да бегаш од некој што пука во тебе, или да се дериш на цел глас додека некој ти ја сече главата?
За мене то е коктел од адреналин и рефлекси кои не се во доменот на нашата свесна контрола.
Можеби некогаш било тоа така. Во камена доба, ко сме живееле во чопори.

Денес е друга прича. Доволно сме еволуирале (пред се ментално) за да направиме однапред калкулација - дали со одреден потег ни е загрозен животот или не.
То е според мене "модерниот" инстинкт за преживување.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
Комодитетот на новово време ни го убива инстинктот за преживување. Станати сме паразити, зависни од технологија. Кога се ти е дадено на тацна, тешко оти можеш да го развиеш инстинктот за преживување.
NO!

Ако немаш “развиен“ како што велиш, инстинкт за преживување, буквално немаше да бидеш жива сега. Ниту било кој од нас.
Фактот дека можам да изгуглам како да дезинфицирам рана може да ми помогне кога ќе бидам во опасна ситуација.
Фактот што може на телевизија да видам како луѓето се справуваат во опасни ситуации - само ќе ми помогне да се снајдам полесно кога ќе бидам во опасна ситуација.
Фактот што имам 3G на телефонот, може да ми помогне да најдам решение за нешто кога ќе има потреба било каде во светот.

Технологијата е алатка кога треба паметно да ја користиш.
Ама сигурна сум дека ако те нападне мечка некаде - твојот инстинкт за преживување ќе биде во акција.
Ако дома ти влезе крадец - исто.
Имаш зголемено ниво на адреналин, срцето ти лупа силно, крва ти оди во мускулите кои ти се највитални и најпотребни и не можеш да се фокусираш на детали, мозокот одбира да се фокусиира на поголемата слика и опциите кои ги имап во моментот.

Поентата ми е - нопе![DOUBLEPOST=1409513670][/DOUBLEPOST]
А што е според тебе инстинкт за преживување? Да бегаш од некој што пука во тебе, или да се дериш на цел глас додека некој ти ја сече главата?
За мене то е коктел од адреналин и рефлекси кои не се во доменот на нашата свесна контрола.
Можеби некогаш било тоа така. Во камена доба, ко сме живееле во чопори.

Денес е друга прича. Доволно сме еволуирале (пред се ментално) за да направиме однапред калкулација - дали со одреден потег ни е загрозен животот или не.
То е според мене "модерниот" инстинкт за преживување.
Не знам зошто мислиш дека инстинктот за преживување би имал различна дефиниција според тебе и мене.
Еве ти линк до Википедија http://en.wikipedia.org/wiki/Self-preservation

Да. Кога бегаш од некој што пука во тебе е инстинктот за преживување во акција.
Си во опасност и бегаш, бараш засолниште, бараш решение.

А мислиш дека нашите предци не правеле калкулација за дали се во опасност или не?
Од каде оваа идеа?
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
деца, не зборувајте нешто за што немате искуство. Стравот парализира и те тера да правиш глупости и да се загрозиш себе си и другите ако не си предходно подготвен како да реагираш. Не ќе требаше да ги учиме војниците како и што да прават во живоно опасни ситуации, едноставно ќе им дадовме пушки и ќе ги остававме адреналинот да заврши работа. Во многу ситуации адреналинот ќе те натера да свртиш грб кон опасноста и бегаш наместо да се соочиш.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Денес е друга прича. Доволно сме еволуирале (пред се ментално) за да направиме однапред калкулација - дали со одреден потег ни е загрозен животот или не.
То е според мене "модерниот" инстинкт за преживување.
Веза нема ова шо го збориш.
Инстинкт за преживување е Инстинкт (рефлексивна - не волјева реакција) за Преживување. Истиот овој инстинкт се пали во точно определени екстремно опасни ситуации за хоустот и е тотално автономен од функциата на неокортексот односно рептилијанскиот дел од мозокот ја превзема контролата. Овој "рефлекс" имено има три модови познати како FFF (Freeze, fight or flight), и самиот мозокот одбира во дадената ситуација која од овие реакции е нај прикладна за преживување на хоустот. Како ги врши мозокот калкулациите незнам, али знам дека се случува да згреши, на пример кога хоустот има реални можности да кидне он се смрзнува, или кога има реална можност да ја совлада препреката/опасноста он бега, итн.
Значи, Желба за преживување и Инстинкт за преживување се две, во голема мера различни работи.
Инстинктот за преживување не ти се пали кога немаш за јадење. Али пробај брцни глава во кофа вода и удави се, да вииш шо е Инстинкт за преживување.
Исто како кај жабата, ако ја ставиш во ладна вода и почнеш да ја загреваш, жабава ќе се свари, ако ја ставиш во вруќа вода жабава инстиктивно ќе срипа.
Или, имаш интересни реакции на мозокот кога се наоѓа во смртна (според него) ситуација и сам си прави shutdown како превентивна реакција.
Пример луѓе што рипаат од зграда, мртви се пред да лупнат на земја, односно не се Мртви, туку паѓаат во своевидна кома, мозокот им се гаси.
На мој другар му се има десено нешто слично на ова. Возел мотор со уште еден другар позади него (разкажува тој позади шо се десило) и типов незнам како се нашол во ситуација да буквално на 2 метри од него кога се свртел видел убрзан камион како се движи директно во нив. У тој момент мозоков автоматски си проценил дека му дошол крајот и му се изгасил скроз така што двајцава паднале од моторов предвремено и некако успеале да преживеат. Другаров шо се возел позади вика "Моеш да замислиш мене шо ми се дешава, се врти овој го глеа камионот како иде накај нас и заспива во истиот момент :D".
А тоа дека сме еволуирале до незнам ти кој степен.. моеш да сањаш :)
Односите се малце умрсени и покомплицирани па е малку потешко да се примети еволуциониот underlying principle, инаку суштински сме сеуште во камено доба.

Интересно е шо креаторот на темата примерите што ги дава зборуваат баш за инстинктот на преживување на дело. Само што истиот инстикт праи глупи работи, не е рационален, гледа само што подолго да преживее, иако реално ти знаеш дека ќе умреш. :) Се дешаваат интересни багови со човековата психа у стресни ситуации :)
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Воините што се создавале во времето на Спарта и во времето на Александар никогаш не би се помириле со смрт во гасна комора, со голи раце би се бореле до крај, дали тоа било смрт или било слобода.
Она што го имаме во "модерното" општество, се што спаѓа во "нормален човек" тоа се .......

[Изменето од модератор

Не се дозволени вулгарности на форумов]
 
Последно уредено од модератор:

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Значи влеговте ептен суштински во муабетов и распаливте со дефиниции ко ние да не знајме шо се рефлекси, адреналини итн итн. Океј.
Јасно е што претставува инстинктот и како функционира истиот.
И болниот од канцер има инстинкт за преживување, ама денес се вложува во превенција, а не во подигање на свеста за животинскиот инстинкт. То ми беше целта на муабетот, ама ево ќе се дообјаснам пошо не е се црно и бело па да може така лесно да се генерализира со дефинициите од вики.

Во контекст на темава и примерите што беа дадени, јас дадов мое мислење и сеуште седам на истото. Значи - ЕВОЛУИРАМЕ. И тој инстинктот (ако може така да се нарече) трпи измени БЕЗ ДИСКУСИЈА.
Колку видеа од јутуб да ви пастирам кај што воошто не се ни пали? Нит вољја нит рефлекси, абе ништо. Го запалиле жив, а тој седнат и си горит онака... пепел се прајт. Абе ни мускул да мрднит, ни да се згрчит.. ништо. Значи нешто не е ко шо требит.
И не се тоа само багови ко ќе зарибат мозокот во клучни моменти. Тоа се премногу информации, калкулација со многу непознати, стравот и нашиот одбрамбен механизам... односно - продукт на менталната еволуција која на некаков начин, можеби генетски, можеби директно на нервниот систем и мозокот... го изменала таканаречениот инстинкт. Адаптација. Денес куршуми игрет... бомби. Свеста е на толку високо ниво, што очигледно е дека наместо залудни потези, човек и во најтешките моменти се надева дека ЏЕЛАТОТ ќе се предомисли. Па седи мирен и чути. ВЕРУВА во Бога (пример). И тоа е инстинкт, иако многумина нема да се сложат со мене.

Не дискутирам за луѓе со суицидни или слични идеи. Ниту за идеолошки испраните.
Прајме муабет за нормални.

Уствари зато и гледаме видеа кај што му ја сечат главата - а тој ни крик ниту пак некаква физичка реакција.[DOUBLEPOST=1409517000][/DOUBLEPOST]
Веза нема ова шо го збориш.

А тоа дека сме еволуирале до незнам ти кој степен.. моеш да сањаш :)
Не знам шо ми раскажвиш приказни, ко секој ден се дешава и еволуција и адаптација.
А на микро ниво веќе да не прајме муабет. Ти си, ручаш, не си ти.
 
Праиш муабет за нормални луѓе а ми даваш пример за човек шо не мрда дур гори...
Не е муабетов за шпекулација, познато е више све на темава... ама ај...
Еволуција го изменила инстинктот за преживување...
Добро. Знам луѓе и у атоми шо не веруваат.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Во контекст на темава и примерите што беа дадени, јас дадов мое мислење и сеуште седам на истото. Значи - ЕВОЛУИРАМЕ. И тој инстинктот (ако може така да се нарече) трпи измени БЕЗ ДИСКУСИЈА.
Колку видеа од јутуб да ви пастирам кај што воошто не се ни пали? Нит вољја нит рефлекси, абе ништо. Го запалиле жив, а тој седнат и си горит онака... пепел се прајт. Абе ни мускул да мрднит, ни да се згрчит.. ништо. Значи нешто не е ко шо требит.
И не се тоа само багови ко ќе зарибат мозокот во клучни моменти. Тоа се премногу информации, калкулација со многу непознати, стравот и нашиот одбрамбен механизам... односно - продукт на менталната еволуција која на некаков начин, можеби генетски, можеби директно на нервниот систем и мозокот... го изменала таканаречениот инстинкт. Адаптација. Денес куршуми игрет... бомби. Свеста е на толку високо ниво, што очигледно е дека наместо залудни потези, човек и во најтешките моменти се надева дека ЏЕЛАТОТ ќе се предомисли. Па седи мирен и чути. ВЕРУВА во Бога (пример). И тоа е инстинкт, иако многумина нема да се сложат со мене.

Не дискутирам за луѓе со суицидни или слични идеи. Ниту за идеолошки испраните.
Прајме муабет за нормални.

Уствари зато и гледаме видеа кај што му ја сечат главата - а тој ни крик ниту пак некаква физичка реакција.[DOUBLEPOST=1409517000][/DOUBLEPOST]

Не знам шо ми раскажвиш приказни, ко секој ден се дешава и еволуција и адаптација.
А на микро ниво веќе да не прајме муабет. Ти си, ручаш, не си ти.
Нас ни еволуирал неокортексот. Стварта што ја спомнаа погоре, fight or flight е контролирана од хипоталамусот кој е дел од лимбичниот мозок, попримитивен дел.
Најпримитивниот, рептилијански мозок од друга страна е задолжен за тие инстинктивните нагони, стварите кои те одржуваат во живот.
И тие ствари не еволуирале. Се уште спиеме парализирани иако нема потреба од тоа итн.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Убаво кажа Хереси, ако ја проанализираме историјата, ќе видиме дека континуирано тој инстикт се гаси. И порано имало случаи кога седеле мирно и чекале да им ја отсечат главата, и денес. Едноставно еволуцијата си го прави своето. Нормално, и угодностите што денес ги имаме си играат некаква улога, можеби не голама, али не е безначителна. Убаво се спомна примерот со премиерот и демонстрациите што ги нема.
Но во исто време се развива и свеста/разумот, работи кои пак по извесно време ќе доминираат во толкава мерка што нагонот за преживување ќе биде толку мал, да дури и незабележителен.
П.С. Се' ова се однесува на безизлезни ситуации, не како што се спомна во секојдневната борба за живот/здравје, успех и сл
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Толку му е силата на егото....рипа како прле пред магаре. За арно за лошо него го нема :)
Како и да е, не значи дека ако некој не се брани нема желба да живее.....во секој случај ова не е едноставна работа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Instinktot na lugjeto za prezivuvanje e izguben poradi toa sto se pravat se poveke gadzeti koi ni olesnuvaat se i ne oddalecuvaat od borbata so realnosta kade sto srekjavame sekakvi cuvstva. Vo glavno moderniot nacin na zivot ne zafrknal do daska. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom