Дежурна Ординација! #2

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.957
Поени од реакции
9.689
Да не имал некој проблем со шилци (наслојки од калциум меѓу зглобовите) и да ги средил на некој начин (да исчезнат болките)? Вака само од одмор не поминуваат, пробав креми мачкања, топло-ладно млазови вода, местачи исто ги оправавме, ама болката сеуште ја имам. Кажано ми е дека е наследно и дека од кичмата почнува, јас моментално на стапалата само ги чувствувам болките, на двете стапала но на левото повеќе. Читав дека не може да исчезнат, само можат да се стават во мирување, па дали некој успеал на некој начин да ги стави?

Еве каде се најголеми болките кај мене на допир:
Прегледај го приврзокот 401171

А еве и каде во кои 5 точки на местач се оправаа (сите 5 точки се доста болни, левата горна е всушност од другата страна на стапалото попристапна):
Прегледај го приврзокот 401170
Имав ист проблем како тебе, шилци, воспаление на петата, воспалена тетива, ужасни болки, а спортував активно, но се си мислам дека болеста си ја добив од планинарењето.....не е битно, сакам да ти кажам дека се сум пробала, од масажи, кремови, физикална терапија, ултра звук, шоквеј, ама ништо, само губење време и фрлање пари.
Лекот беше во ставање на блокада, инекција директно во пета и еве до ден денес јас немам никакви болки.
 
Член од
9 август 2015
Мислења
71
Поени од реакции
56
Moze li mislenje od lekar mi treba skrseni 2 vratni prsleni c2 i c6 kako ide lekuvanjeto ponatamu ? Stavena e proteza na vratot ama bolki se sirat nadolu kon pleskata , ne se znae seuste dali ke ima potreba da se operiraat istite. Kako ide lekuvanjeto i procesot kon zazdravuvanje na istite ? Posledici koi moze da bidat ?
 
Sto velat doktorite sto te operiraa, tie najdobro znaat!?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.126
Поени од реакции
35.647
Sto velat doktorite sto te operiraa, tie najdobro znaat!?
...ниту тие не знаат како ќе се одвива понатаму, времето ќе покаже како нејзиното тело ќе возврати на повредата и оздравувањето!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.957
Поени од реакции
9.689
...ниту тие не знаат како ќе се одвива понатаму, времето ќе покаже како нејзиното тело ќе возврати на повредата и оздравувањето!
Сепак докторите што оперирале знаат точно каква повреда било, колку оштетување има на пршлените, дали ке останат последици, дали може нешто да се подобри и корегира со физикална....протезата дали е добро ставена и колку време треба да се носи.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.075
Поени од реакции
13.020
Јас имав шилци ама на делот кај петата, така да на различни места сме имале.
Не сум бил на местачи ниту сум се мачкал со нешто туку отидов на ортопед. Снимка направивме си ги видов каде ми беа точно на петата. Многу незгодна тапа болка неможеш да одиш и слични неугодности за нормално функционирање сигурно знаеш како е.
Ја пребродив болката со купување на анатомски влошки. И со влошките се мачев малку додека пробам едни други додека не го најдам она што ми требаше.
...дали и колку временски период си испил суплементи кои покрај другото имало во состав Вит Д и калциум и дали уште пиеш?

...наследно во ДНКто зависи за кое претци се мисли ги имаме сите болести таму скриени кои во одредено време, по одредени создадени услови и присутен фактор ќе се појават или потенцираат.

...,,шилец од калциум" во ткивната структура е како создадено туѓо тело како клинец кој боцка и боли, ајде ќе мируваме, ок да се смират болките и што? само ли ,,ќе се стопи" причината и факторот е прусутен на негово создавање, па да видиме прво внес на тие вештачки минерали и витамини, па начин на твои стапала(рамни) или ,,криво" одење, несоодветни обувки и на крај твоја професионална работа дали стоење целодневно на нозе.

...ако сме во можност да ја ,,застанеме" малку причината, да можеме да го санираме местото и да го стопиме шилецот онака во обратен правец како се создал, а за побргу да го ,,пробиеме" шилецот со електомагнетни ли , ултразвук ли бранови како методи од физикална терапија, допирање на сите вештачки внес на суплементи, кој знае за време на коронавирусот што внес си имал и дисбаланс на хемијата во тебе, па сега шилци, е па кога ќе искомбинираме и со другите фактори, а можеби и гојазност.

...јас имав мал шилец токму на средина на табанот мислев ќе ми се подели стапалото, болка невидена до мозок, не можеш да згазнеш на нога, но јас отиднав кон потешкиот начин со таква болка, не да мирувам, туку напротив измасирано, намачкано стапалото и куцајќи пешачев онака влечејќи нога со грч од болка, до 50 м и после тоа ќе попушти и веќе добро идев, дома обавезно вежби на стапалото врти, собери прсти, кругови околу зглоб и по извесен период све повлече, за таа цел зедов од алиекспрес апаратче со електробранови као наменето за масажа и апаратче за козметика каде има ултразвук, па сето тоа во домашни услови кога има потреба си ги применувам.

...и на крај појачано внес на вода, за елиминација на све што е вишок од минерали во крвта да не се складира некаде по телото.

....шилци на стапало е честа појава и кај спортисти.
Имав ист проблем како тебе, шилци, воспаление на петата, воспалена тетива, ужасни болки, а спортував активно, но се си мислам дека болеста си ја добив од планинарењето.....не е битно, сакам да ти кажам дека се сум пробала, од масажи, кремови, физикална терапија, ултра звук, шоквеј, ама ништо, само губење време и фрлање пари.
Лекот беше во ставање на блокада, инекција директно во пета и еве до ден денес јас немам никакви болки.
Фала ви многу на споделените искуства. Рекреативец спортист сум, трчам во просек 10км дневно, но веќе 2 месеци само дома вежбам без трчање, можам да истрчам не е до толку јака болка, но шубе ми е кога чувствувам болки да не се влоши. Патем пред 2 месеци болката скоро до колено ме имаше стигнато, тетивата беше воспалена, но се намали (а сега е исчезната) откако почнав да паузирам, бев со надеж дека и ова ќе исчезне, но остана ваква како што е. На почетокот само после спиење дур е оладена ногата болката беше бајги голема, сега не е таков случај, но на допир сеуште е таму.

За каква инекција поточно станува збор, како и е името, на кој принцип работи? И на Гугл читав за шилци во пета, но јас во пета немам болка, па не знам дали врши работа таа инекција? Можам на ортопед да отидам за снимање чисто да се осигурам дека тоа е проблемот, па може и ќе предложи нешто (ќе споделам кога ќе отидам). Патем заборавив да кажам болката е најголема кога се качуваат скали (оние на двоспратен кревет каде што не ја ставаш целата нога, туку само прстите и отскокнуваш), односно веројатно секое движење каде што жилата по средина на стапалото е максимално оптегната (на допир и самата боли)
 
Последно уредено:

Прво снимај ја ногата, да се види тетивата, оти не дај Боже, може да ти пукне, да се скине...блокадата, т.с. инекцијата не боли воопшто кога се става, тоа е две секунди работа,а кој и е составот немам појма, некој од докториве нека ти пишат или изгуглај, но сигурно содржи во составот некој аналгетик, анестетик...битно е што болката ти престанува моментално.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.126
Поени од реакции
35.647
Шилец на стапало (calcar calcanei) или е само плантарната фасција воспаление?
некој аналгетик, анестетик
...поточно кортикостероид и анестетик, но тоа не се дава на сите и веднаш, поради можност на пукање на фасција (овозможува статичка поддршка на стопалото во движење), причината кај него е од друга природа (како спортист, маратонец или спринтер како и да е).

9f3e00540d1e8cebd577f5baf69a94ff.png download-2.jpg

...болна состојба на стопалото предизвикано од воспаление на припојот на плантарната фасција (од едната страна се припојува на внатрешната страна со петната коска -calcaneus, а од другата страна со лигаментите на метатарзалните коски и на тетивите на прстите на стопалото),

...средниот дел на фасцијата е најдебел и најак и трпи највеќе оптоварување и затоа е најчесто место за појава на плантарен фасцит, а се манифестира со болка која во поодминат стадиум може да биде многу голема, локализирана во долната страна на стопалото.

KINESIO-foot-BODY.jpg gif_2_480x480.gif

...болката е најака наутро, со загревање на мускулот таа се намалува но повторно се зголемува во вечерните часови или после интензивен тренинг кај спортисти, болка може да се предизвика и со притисок на спојот на фасцијата за петната коска при одење на пета или прсти, затоа највише го боли при качување на скалите на креветот бос што треба да се одбегнува зошто може да дојде до пукање на фасција поради оптоварување што веќе си ја оптоварувал со маратонско твое трчање.
На почетокот само после спиење дур е оладена ногата болката беше бајги голема, сега не е таков случај, но на допир сеуште е таму.
заборавив да кажам болката е најголема кога се качуваат скали (оние на двоспратен кревет каде што не ја ставаш целата нога, туку само прстите и отскокнуваш), односно веројатно секое движење каде што жилата по средина на стапалото е максимално оптегната (на допир и самата боли)
...самиот пишуваш дека сега ти е подобро и затоа ќе си продолжиш неинвазивни методи на третирање како криотерапија - ладни облоги, елект.магн.струи, ултразвук, вежбање на стопалото со истегнување, малку трпение, не може тоа наеднаш да помине, па после ќе размислиш за инвазивни методи ако имаш над шест месеци болки за аплицирање кортикостероидните блокади и хирушки захват, тоа е мое мислење со дополнително внимавање на тотално загревање на стапалото пред тренинг, носење обувки (патики) препорачано со влошки, никако бос на тврда подлога или патики со тенка подлога!

П.С.
...значи горе доле според пишаново (мое мислење) ти немаш шилец во стапалото, туку си имал акутно воспаление на плантарната фасција поради твое највероватно несоодветно претходно загревање пред тренинг трчање на долги стази, каде поради зачестеноста и неправилните можеби обувки, тврда подлога каде се оптоварува стапалот си го довел до тој стадиум.
 
Последно уредено:

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.424
Поени од реакции
22.035
...мачкањето на сите тие антиревматични кремови се на местото од каде е причината на болката, а тоа се вратните пршлени, зашто не носиш преку ден едно пола саат Шансова кравата за тие вратни пршлени?

...не спомна дека си имал можеби некој пад или удар да би се сомневале причина да биде некоја повреда земајќи во обзир дека имаш остеопороза, па да немаш некое напукнување ако си паднал,

...остеопороза не боли, но може да биде причина за други проблеми.

...секој со своја тежина и своја планина, ќе се крпиш колку можеш и ќе помине кризата барем за болката, но не смееш да паднеш со духот и не смееш да се плашиш, а ти уште придонесуваш со стравот, тоа е тоа без страв, ти си силно момче.
Денес правев комплетна крвна слика супер чиста, што значи немам заболен некој орган туку од самиот реуматоиден артрит имам болќи ?
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.424
Поени од реакции
22.035
Да ми каже некој ако знае дали има и ако има Гастроентерохепатолог во општа болница во Струмица и како се вика ?
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.400
IMG_20231224_001933.jpg
10 дена имам болка во лактото/надлактицата и кај бицепсот. Местото на болката е точно кај што имам бележано со црвени стрелки на сликата. 2 пати на работа се удрив кај лактото и сега боли и ја осеќам раката како преуморена и неможам ништо потешко да кренам или фатам одма почнува да боли. Докторите ни се на одмор се враќат после нова година. Шо чаре да барам ?
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134
Баш ме интересира ваше мислење како тоа шамани го излечиле на Кили од рак
 
Kajgana Shop

На врв Bottom