- Член од
- 31 октомври 2013
- Мислења
- 40
- Поени од реакции
- 78
Здраво дечки,
Задоволство ми е да објавам дека мојата прва збирка преводи на раскази од хорор великанот Х.Ф. Лавкрафт штотуку се издаде и стана дел од македонската книжевност! Издавач сум лично јас на што сум неописливо горд.
„Повикот на Ктхулху и други ужасии“ содржи 18 од најдобрите раскази на Лавкрафт низ 352 страници.
Може да се купи на: https://www.poligramaton.mk/p/knigi.html
Цената е 399 ден. + 130 ден. за достава ширум Македонија.
Постов е апла само-промоција, но чинам вреди да се сподели бидејќи ова е прво издавање на овие раскази на Лавкрафт на македонски и како такво е од извесна важност за нашата литература. А и тоа што лично јас сум издавач на еден од моите најдраги автори ме исполнува со грозничава жизнерадосност која тешко се опишува. Со години работам на преводиве и до последен момент ги чипчев.
Прозата на Лавкрафт е една од најсложените за преведување, полна со несекојдневни зборови и синтакси, па беше мошне грамаден потфат. Особена акрибија посветив на фондот на употребени зборови, внимавајќи секој еден англиски збор да е преведен со еден и само еден македонски пандан во сите наврати кај што е употребен (освен кај што контекстот или природата на нашиот јазик не заповедуваат поинаку, се разбира).
Во план ми се три збирки со делата на Лавкрафт. А следуваат и аудиокниги. За да останете во тек, заследете ме на Instagram на @poligramaton.
Ако сакате да прочитате некои од моите други преводи од жанрот на фантастиката, вклучувајќи го и единствениот македонски превод на Силмарилионот на Џ.Р.Р. Толкин, разгледајте ја poligramaton.mk.
За прашања или коментари, тука сум.
Поздрав,
Никола
poligramaton.mk
instagram.com/poligramaton/

Attachments
-
2,9 MB Прегледи: 18