Граѓанска Војна во Русија?

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.914
Поени од реакции
39.405
Ајде бе Ронац, до вчера арен беше Пригожин, како тоа наеднаш стана нестабилен?? Готвачот на Путин, виолините, Моцарт, Бетовен...
Час и половина поминаа...Кај се чечените? Да не се веќе на небесата?
Па тие причи за готвењето, моцарт и бетовен вие ги вртевте :D
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.645
Поени од реакции
5.320
Па тие причи за готвењето, моцарт и бетовен вие ги вртевте :D
А кои сме тоа ние господине? Масоните? :))))))))))))))))0

Видеа од војници на чичо Пригожин кај шо свират на виолини на покриви во Бахмут веејќи Руски знамиња, тука постираа едино Суровкин џуниор такозвани Даре и компанија :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.376
Поени од реакции
7.492
Пригожин ќе го јаде немиен, после тоа следува масовна мобилизација на се руско што мрда и се праи блицкриг на цела Украина.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.645
Поени од реакции
5.320
Пригожин ќе го јаде немиен, после тоа следува масовна мобилизација на се руско што мрда и се праи блицкриг на цела Украина.
Milan Tarot, iz Smederevska Palanka....
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.383
Поени од реакции
22.916
До кога толку слепо ќе верувате во моќта на Руската армија? Дај еднаш засекогаш да се разбереме, Русија тргна на Украина и сите мислеа дека ќе ја прегази за еден месец, еве сме година и пол покасно уште се нема тоа случено. Сега наеднаш платениците кои им војуваа во првите борбени редови во Украина и со чија благодарност едвај го земаа Бахмут после 9 месеци, сега им се свртеа накај дома и за неполни 24 часа им заземаа огромен град во самата Русија кој брои 1.1 милион луѓе, им земаа регионална касарна во Ростов на Дон на Руската армија и тргнаа накај Москва. Русија моментално е толку слаба внатре и надвор што е огромна брука за Русија и Путин пред целиот свет! Ако Русија и Путин не можат да се одбранат од нападот на Вагнер, и овие стварно стигнат до Москва, знаеш ли што значи тоа? Значи дека Вагнер, платеничка војска, Руска и составена од Руси ќе направи историски потег и преседан што го нема направено никој во историја со милионски војски. Еден Наполеон и Хитлер не успеале да стигнат до Москва, ако овие успеат тоа ќе биде крај за Русија. И на сето ова најголема добивка има Западот кој трие раце од вчера дека крајот на Русија е блиску. Американците цел ден ги нема да излезат со пресови и изјави дека се загрижени за ситуацијата, исто и Европа. Не е чудо да имаат замешано прсти длабоко во ова и да му помагаат на Пригожин. Дури и да успее Путин да ја одбрани Москва и Русија, и да ги разбие Вагнер од целите, ова ќе биде една од најголемите дамки во модерната историја на Русија. Ако и Рускиот народ се крене против политиката на Руската држава и Путин, крајот е загарантиран за Русија. Престанете да живеете во митови и истории дека некоја армија е непобедлива и може сама против се и сите. Русија го нема истиот капацитет што го имала пред 80 година за време на Втората светска војна. И да се разбереме, не сум ниту против Русија, ниту за Америка ниту за никој, за мене овие војни се тотално разорни за цел свет, политиките и интересите кои се кријат позади нив не носат ништо добро за никој, а најмалку за обичниот народ на било која држава било каде во светот. Проблемот е што уште се залажуваме дека арно ни се пишува а не сфаќаме дека светот е тргнат по пат од кој тешко има враќање и ќе гинат невини луѓе за туѓи политики и интереси.
Историски Москва има паднато само еднаш, и тоа Кремељ бил окупиран. Од Полскo - Литванскиот комонвелт 1610 - 1612 год. Со внатрешна поддршка од некои Бојари. Нема да ме чуди и сега некој генерал да сменил страна.

Доколку Блек Вотер решат да идат против САД мислиш дека обичната армијата ќе успее да ги спречи. Блек Вотер од кога постојат се главниот конзумент на воениот буџет така што можеш да замислиш што имаат од војна техника а и технологија. Повлечи си сам и паралела за Вагнер.

За тоа дека цел свет иде у курац си у право.
Автоматски споено мислење:

Не реков дека ќе се случи сега. Треба повеќе коцки да се сложат, а иде натака. Треба да се луди разни станци и монголи да продужат да гинат за кретените московски кои ги корумпираат локалните “лидери” и со тоа купуваат мир дома.
Така е, зошто за САД не гинеа а и сега не гинат словени, банту, инуити, германи, маи, инки, турки, абориџини.. :pos:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.893
Поени од реакции
35.342
Нова тема за следење и дискусија на актуелната граѓанска војна во Русија што започна пред неколку часа.

Шефот на ВАГНЕР ПРИГОЖИН „ОБЈАВИ ВОЈНА НА РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА“.

Извори на рускиот „Вагнер“ ПМЦ објавија дека нивниот камп бил погоден со масовен ракетен напад од руските вооружени сили. Вагнер вети одмазда.

Шефот на ПВК на рускиот Вагнер Пригожин го најавува почетокот на „елиминацијата на злото пред лицето на военото раководство на земјата“. Пригожин апелира да не се спротивставува и да не се меша во борбената работа на борците на ПМЦ на Вагнер, оние што возвраќаат ќе бидат уништени.
Игор Гиркин: „Започна обидот за воен удар“.

Извори:
Автоматски споено мислење:

Rostov e vekje pod kluc

Прегледај го приврзокот 382396

Прегледај го приврзокот 382397

Прегледај го приврзокот 382398
...каде виде дека е прогласена „Граѓанска војна во Русија“, тоа твое мислење го постави како наслов на тема во Вести и Политика?
за тебе Вагнер Пригожин со профи војници кој знае од каде за тебе се „граѓани на РФ“?
@Zlatikevichius мислам дека е ова провокација и наметнување на осетлива состојба во РФ, да се преименува насловот!

Русија не е толку голема и моќна колку што ја прават дека е. Премногу е напумпано мислењето дека е некаква светска велесила. Не е ниту територијално толку голема колку што се прикажува дека е. Премногу долго војуваат со Украина и тешко им оди цел свет го гледа тоа.
...немој да заборавиш дека ја имаат шифрата и клучот за нуклерното оружје, секоја држава која има нуклеарна бомба е велесила во светот!
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.296
Сами да ги потсетам сите тука…
Целиот команден кадар, почнувајќи од најнискиот потпоручник, па до сите команданти во Вагнер не се испаднати од затвор, туку е бивш кор на руската армија!

Тоа што ние слушаме приказни како немале поддршка од војската… до даљнег остануваат верзии и пропаганда!

Само наивен би верувал дека тие луѓе немаат никаква конекција во армијата, ГРУ, ФСБ или било кој друг!
Добар дел од нив се и пензионирани од таму!
Буквално им ги собраа најдобтите луѓе од армијата…

Ич не е за зафрканција работава!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.893
Поени од реакции
35.342
... „партизанска тактика е дел од воена вештина која се занимава со теорија и пракса за приготвување и изведување на борбени дејства“, ...воена стратегија на РФ денес и решавање на ситуации со непосредни нелогички нешта, значи да се збуни непријателот или едноставно да се испровоцира неговите намери кои се тајни подржани од сосема други држави кои непосредно придонесуваат за нерешавање на воениот конфлик поради лични бизнис интереси и личен профит.
... би ви го препорачила да ја разгледате стратегијата на Тито на воено решавање на нерешливата воена ситуација со минирање на сите мостови на Неретва и погрешно наведување на непријателот!


...со еден збор денес Путин стратегијата е само и само да се намами украинската војска на ветената офанзива намамена од „кобајаги конфликт или како милувате да го наречете „граѓанска војна“ на РФ, со што ќе биде даден како бумеранг конечен удар и завршување на војната!
 
Последно уредено:

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.351
Поени од реакции
3.477
Постигнат е договор помеѓу Пригожин и Путин за запирање на напредокот на Вагнер кон Москва. Договорот е постигнат во посредство на Лукашенко.


Уште нема детали но најверојатно Шојгу и Герасимов се аут. Победа за Вагнер, барем на хартија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.893
Поени од реакции
35.342
...леле колку сте наивни значи без никакво искуство, барем да сте аналитичари за воени стратегии, се гледа дека никој од вас нема поминато воен рок или учено за воена стратегија и борбени дејства!
 

Kajgana Shop

На врв