Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.990
Тука си во право. Генерациите се сѐ поглупави и поглупави, а ги имаат сите потребни информации со еден клик. Ама компјутерот не се користи како алатка за учење (во училиштата), туку како играчка. Дури и кога се употребуваа компјутерите во наставата, грото ги користеа за играње карти или сурфање на некоја социјална мрежа.Читање нема да биде ни опција.
Има вербална и невербална комуникација. Како дете тоа не го сфаќав. Не знаев како тој наставник знае дека не сфаќам нешто и намерно ме посочуваше мене! Подоцна сфатив дека несвесно правам одредени гримаси или гестови (пр. погледнувам во плафон ) ако нешто не разбирам. Наставникот со поглед ги покрива сите ученици. Сега учениците можат да се сокријат зад компјутерот или празно да гледаат во мониторот.
Потоа следи аргументот на концентрацијата. Проблемите со очите и дислекцијата. Не е здраво да се гледа во монитор 5 часа во текот на денот.
Проблемот настанува и во тоа што беа крадени компјутерите. На некој му дошло до маус, на друг до монитор! Па решија да ги заклучуваат училниците! Се губи 5-10 минути од часот од сместување до внесување на сета евиденција во дневникот.
Затоа сметам дека ниту компјутерите се потребни со училниците (сем оние по информатика), ниту дигиталните учебници. Пдф, текстови итн е буквално еден час по информатика.
Точно дека сум all in анти Мила, но и надвор од мојот проблем со политиките и односот на Мила, сметам дека ова е лоша мерка.