Дечки вака сега.
Пред неколку години ми се понуди еден од Радовиш, овде некаде карши поликлиника Јане Сандански, значи ваква работа, требаше нешто околу 20,000 да зимам плата.
Ми даде број и ми кажа да му се јавам подоцна, јас го барав неколку пати ама он отишол во Радовиш, бидејки му испаднала работа. После тоа не се јави, нит ништо. А моите ми кажаа дека тој нашол други вработени, а јас тогаш сеуште бев средно.
Е сега ок, тој чим нашол нашол, нема љутиш.
Си останав кај моите да им помагам, ама сега фати короната и платата се намали.
Заради тоа гледам сега јас да се вработам, па барем колку толку од 18,000 до 20,000 минимум да зимам ќе сум задоволен за да бидам дополнителна финансиска поддршка.
Дали има некој со вакви работи, да бара работници, или да знае слободно нека ми пише во ПП.
Англиски имам 11+ годни искуство, дома сум полн дипломи значи тоа сум перфектен ме бива.
Со компјутери се разбирам исто така, и за тоа имам од Семос и други курсеви што сум ги посетувал околу 13 дипломи.
И секако не сум лош со Географија, па можам да се снајдам.
Е сега друга работа. Оти ќе почнам на факултет со онлајн настава од први, дали ќе може за тоа да се договарам од кога до колку да работам? Еве на пример ако од 12 на пладне па до кај 5 имам онлајн часови, од 18 часот па до кај 1 да работам. Може така нешто да се искомбинира?
Уствари пратете вие линкови од фирми овде во Аеродром во близина, или пишете ми број во ПП, па јас ќе се договарам тоа.
Фала ви однапред.