А што ако е објектот изграден дури пред 2005, елаборатот е предаден на време, а навлезено е околу 30 цм во соседниот плац? Никој намерно не би си правел таков проблем за тие триесет цм. Градел скоро два метра од постоечката ограда која тој не ја поставил и за која никогаш немало проблем. Ако се знаело,би граделе 40 цм поназад и не би имало проблем. Конечно, во селските атари тоа е редовна појава. Некои тоа лесно го решаваат со дозвола од соседот,но што ако не сака? Доволно е да се скарале дедовците или едноставно, според нашиот менталитет, да му цркне козата на комшијата! Често промените настанале со премерот во Катастар. Катастар тоа всушност и го признава,ама ... netpress.com.mk/katastar-imoti-zemjotres-ja-skara-makedonija/ Барем да се овозможи посредување или некакво решение ако навлегувањето е резултат од премерот или ненамерно. Залудно ќе го продолжуваат рокот, кога на оние што поднеле барање на време, не може да им се реши.