Абе што ми бараш да ти набројам у 21ви век, кога врвот на fortune 500 компании ти викаат ало не ти чини меркава таленти губиме. У денешно време кога збориме за компании со 10.000 вработени у која секој еден придонесува глупост е да бараш имиња кога си составен дел од мозаикот. Незнам дали имаш работено у tech компанија ама ваљда знаеш што значи талент у таа индустрија и дали тие мора да бидат суперстарс да ги знае цел свет? Па CEO на Google и Microsoft види кој е се ќе ти стане јасно.
Друга работа, ќе проверуеле пасоши...си клечи некој француз со алжирско потекло у џамија у Сен Дени 10 години не мрда од таму, иде на "work and travel" и оп, шишкебап. Ама битно невин граѓанин со уредно добиена виза нема да може да влезе пошто потекнува од земја која многу веројатно е во срање положба само и само ради Америка
Што ќе добие Америка и Американците со оваа мерка, сигурност? Во земја во која со лична карта купуваш тешко оружје и кога секој еден може да распали кога ќе му текне, ти битно забрани им на овие од земјиве кои си ги поебал да можат да дојдат кај тебе и тоа со уредни документи!
Те молам обиди се да пишуваш на литературен македонски јазик.
Македонскиот израз за Chief Executive Officer - CEO, е извршен директор, или главен директор. Во Македонија повеќе се практикува изразот генерален директор, но во пракса генералниот директор е и` претседател на компанијата, но тоа не е случајот со главните директори на Мајкрософт и на Гугл - кои исто така имаат имиња и на македонска кирилица, наместо да ги пишуваш нивните имиња на англиска латиница.
Изгледа навистина не читаш што пишуваш, бидејќи главните директори на Мајкрософт - Сатија Надела, и на Гугл - Сундар Пичаи, се Индијци, родени и израснати во Индија - најбројна демократија во светот и втора најбројна држава во светот после Кина, со речиси 80% хиндуистичко население - и немаат никаква поврзаност со привремената забрана за влез во САД која Доналд Трамп ја воведе за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население, исто како што немаат никаква поврзаност ниту со неограничената забрана за влез во САД која Трамп ја воведе за граѓаните на Сирија.
Индија ниту е теократска држава, ниту е држава населена со мнозинско муслиманско население, ниту е на црната листа на Доналд Трамп, со која привремено се забранува патување во САД на граѓани на 6 држави со мнозинско муслиманско население, заедно со граѓаните на Сирија, за кои Трамп воведе неограничена забрана за патување во САД.
Сакаш да кажеш дека интересите на докажаните затајувачи на данок како Мајкрософт и Гугл се поважни од безбедноста на една држава ?
Чисто информативно да те прашам, дали и интересите на ИБМ беа загрозени од објавувањето војна на Нацистичка Германија против САД во декември 1941 ?
Прашувам онака, бидејќи ИБМ ги произведуваше автоматите за водење евиденција на работа во фабриките во нацистичките концентрациони логори.
И ако интересите на ИБМ биле загрозени, дали биле загрозени и интересите на граѓаните на САД поради германската објава на војна против САД во декември 1941 ?
Или ако веќе се вратиме во Вајмарската република, еден од најголемите поддржувачи и финансиери на Адолф Хитлер и на нацистите бил металуршкиот профитер Фриц Тисен.
Дали можат да се оправдаат финансиските средства кои Тисен и` ги уплаќал секоја година на Нацистичката Партија на Германија, само бидејќи парите дошле од богат бизнисмен и сопственик на една од најголемите и најуспешните компании во Германија ?
За 10 години, Алжирецот во Сен Дени може да извади француско државјанство и слободно нека продолжи да се клања во џамијата колку сака, се додека си ја задржува религијата за себеси, а не да ја манифестира врз невино цивилно население.
Алжир исто така не е на црната листа на Доналд Трамп со која привремено се забранува патување во САД за граѓаните на 6 држави со мнозинско муслиманско население и со која неограничено се забранува патување во САД за граѓаните на Сирија.