Калкулациите даваат неколку можни сценарија и можеби не е лошо да се знаат. Ама некако тотално погрешно е воопшто да ги дискутираме моментално.
Има 3 меча до крајот на групната фаза: Словенија, Шпанија, Исланд. Со сите треба да се даде максимумот, да се игра на победа. Барем еден од трите мислам дека има екипата капацитет да добиеме. Сеедно е кој. Дај боже да можат дечките и повеќе победи да имаат.
Ако едно покажаа досегашните натпревари во групата тоа е она што и се претпоставуваше пред почетокот на првенството а тоа е дека разликите меѓу Словенија, Исланд, Тунис и Македонија не се големи и се е можно на меѓусебните натпревари. А иако е малку подобра, Шпанија не е далку пред овие, па ништо чудно и да киксне на 1 до 2 од овие дуели. Се очекуваше изедначена група, гарант така и ќе се покаже до крај.
Не се ништо подобри ни оние од другата група. Норвешка, Русија и Бразил се исто тука некаде со квалитет. Едино Франција дели далеку над другите. Од овие екипи 4 ќе одат во четвртфинале. Франција, веројатно Шпанија и уште 2. Македонија заедно со останатите 6 се бори за тие 2 позиции и во таа борба нема простор за калкулации. За нас борбата почнува утре со Словенија. Но што и да се случи со Словенија, после тоа пак треба да се оди на победа и со Шпанија и со Исланд.
А да не зборувам што и да се пласираме во осминафиналето и изгубиме таму не е сеедно како сме играле во групната фаза. Тоа е разлика од 9 до 16 место. Добрите игри во групата ни донесоа 9то рекордно во Катар и можност за Олимписки квалификации. Тоа е еден пример како самиот пласман има влијание. А да не зборувам што секое место погоре носи погорен рејтинг, а секој погорен рејтинг со текот на времето се собира и може да значи повисок шешир во некое идно првенство или квалификации.
Муабетот ми е, се игра до крај, за што е можно повисок пласман. Тоа е поентата на овие првенства и на спортот воопшто. Ако не играш за да победиш, џабе играш!!!