Што мислат религиозни луѓе за еволуција?

hypoterrian

Young Free Thinker
Член од
12 јуни 2016
Мислења
162
Поени од реакции
49
Што мешаш религија со тоа што сум пишал дека не постои ниту еден доказ за еволуцијата стварно не ми е јасно ?
Зошто мислиш дека нема доказ за еволуција кога има и зошто мислиш дека пологично е да веруваш во суштество кое го направило универзумот и Земјата онака кога му прднало на памет а не дека сме еволуирале од далечен предок кој постоел пред милиони години?
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10

Наместо да лупаш вакви очајни аргументи пробај да одговориш на прашањето што го поставив претходно ,а не да те снема како Атеист , бидејќи во тоа што вие верувате е една од најнеразумните теории што влегле во науката некогаш. Муабетот дека сме еволуирале од далечен предок кој постоел пред милиони години е чиста имплицитна религија . Не го знаеш тоа , само сакаш да веруваш дека така било .
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Хахаххахахах првпат слушам за процес кој е факт и за кој има докази , чија што теорија е толку комплексна што неможе да се објасни/докаже .
Ако после ова твоја реченица не се запрашаш дали веруваш во Дедо Мраз, тогаш искрено те жалам.

Патем , јас реков да ми одговориш на прашањето , ти исфилозофира и го избегна прашањето :D . Доколку еволуцијата функционира за да стигнеме од некој си предок на човекот до денес треба да има милион транзиции измеѓу. Ниту една не е пронајдена. Кажи ми сега како еволуцијата ти има смисла на тебе кога неможе да одговори на најбанални прашања ?
Vidi jas pisav a ti so nemozes da razberes ne e moj problem.Drugo koga ti posocuvaat primeri ja vrtis glavata na drugata strana. Eve ti eden prosta zadaca objasni mi spred tvoite veruvanja zosto polarnite mecki se beli?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Наместо да лупаш вакви очајни аргументи пробај да одговориш на прашањето што го поставив претходно ,а не да те снема како Атеист , бидејќи во тоа што вие верувате е една од најнеразумните теории што влегле во науката некогаш. Муабетот дека сме еволуирале од далечен предок кој постоел пред милиони години е чиста имплицитна религија . Не го знаеш тоа , само сакаш да веруваш дека така било .
Науката барата и со докази, испитува истражува, додека кај религијата тоа е строго забрането па дури и казниво со смрт.
Кажи ете кој поп или владика барал видео или фотографија од госпот кај шо го креира светот или вршел ископувања во едемската градина да се најдат остатоците од дрвото на животот или дрвото на знаењето? ? кажи кој митрополит или бискуп тргнал да го бара пеколот и донесол од таму во епрувета дел од огнените сулуфурни езера? кој поп го нашол гробо на Адам и видел дека нема едно ребро? кој свештеник го нашол кожинчео од обрежаниот Исус и го покажал на јавноста?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950

Дали постоеле пудлици, пинчови, чивави, пекинезери пред 3000 години?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ако најдеш саат на Марс што прво би си помислил?
Дека астронаути пред мене стигнале на марс и некој си го заборавил часовникот.

Што имам јас со твоето прашање?
Јас тебе те прашав десет пати, каде се тие докази за твојот интелегентен дизајн? Еден нема. Тоа што излажа дека некаква си научна заедница докажала? Од кои спомна двајца, еден преварант свештеник и еден квази научник. Тоа не се докази.
И небитно што ти и не ја разбираш еволуцијата, сепак ја негираш само поради тоа што ти веруваш во некаков си интелегентен дизајн кој што се коси со Т.Е.

Не така момче, со твоите очајни обиди да ја оспориш теоријата на еволуција, нема да го докажеш интелегентниот дизајн, па дури и научно да покажеш дека и не постои еволуцијата (хипотетички нели) пак не си го докажал “дизајнот“.

Повели и почни.
Докази за интелегентен дизајн се........ тоа, тоа, ........ тоа и тоа.
Имаш такви докази?
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.943
Што мешаш религија со тоа што сум пишал дека не постои ниту еден доказ за еволуцијата стварно не ми е јасно ?
Си пишал притоа повикувајќи се на мислење на YEC протестант, кој основни работи не знае ниту за христијанската религија, а камоли да поведе една здраворазумска дебата.

Примерот со yom ти е аналогија како некој Англичанец би го превел нашиот израз „За век и веков“ буквално: For century and this century и ќе го убедува Македонецот дека изразов означува 100 години, а не означува вечно.

Ги отвори линковите со генетика, ево-дево и псевдогени?

http://www.bionet.nsc.ru/ICIG/CHM/books/Hartl_Jones_Genetics.pdf

http://www.tok.ro/toksite/downloads/Bioinformatika/Konyvek/fejlodesbiologia konyvek/Developmental Biology 6th. ed.pdf

http://naturalselection.0catch.com/Files/pseudogenes.html

Знам, многу е. Но ако сакаш нешто да научиш, мора да читаш и да се информираш од стручна литература, а не од протестантски памфлетчиња и клипчиња, полни со тешки небулози не само од научна, туку и од христијанска перспектива.

Како може да ти претставува авторитет некој кој се плетка во еволуција и генетика, а не е во состојба да најде еден хебрејско-англиски речник, макар и џепен, и да види какво значење во хебрејскиот има фамозниот yom што нему во лутеранската таканаречена Библија му го превеле како ден и чие значење си умислил дека означува исклучиво едно деноноќие?

Настрана христијанската религија, туку дали си ги читал Ведите и индиските математичари и астрономи, дали си ги читал исламските полимати од Куќата на Мудроста и Златната Ера, дали го имаш читано Зохар или кинеските мудреци и астрономи?

Ако почнеш да истражуваш, ќе се запрепастиш од нивното знаење.

А ти покрај сите горенаведени, се повикуваш на некакви протестанти, што врска со животот си немаат и константно кажуваат неиздржани глупости на секое поле.

П.С.: Кога веќе ги следиш, пази да не паднеш од работ на Земјата.:)
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Vidi jas pisav a ti so nemozes da razberes ne e moj problem.Drugo koga ti posocuvaat primeri ja vrtis glavata na drugata strana. Eve ti eden prosta zadaca objasni mi spred tvoite veruvanja zosto polarnite mecki se beli?
Тоа што поларните мечки се бели е само уште еден доказ дека соодветни врсти се создадени за соодветна околина.Патем ти ништо не си пишал , лупна глупост и самиот незнаеш што збориш.

Науката барата и со докази, испитува истражува, додека кај религијата тоа е строго забрането па дури и казниво со смрт.
Кажи ете кој поп или владика барал видео или фотографија од госпот кај шо го креира светот или вршел ископувања во едемската градина да се најдат остатоците од дрвото на животот или дрвото на знаењето? ? кажи кој митрополит или бискуп тргнал да го бара пеколот и донесол од таму во епрувета дел од огнените сулуфурни езера? кој поп го нашол гробо на Адам и видел дека нема едно ребро? кој свештеник го нашол кожинчео од обрежаниот Исус и го покажал на јавноста?
Извини незнам зошто мешаш религија Адам и огнени сулфурни езера , јас зборувам дека еволуцијата е глупост.

Што имам јас со твоето прашање?
Јас тебе те прашав десет пати, каде се тие докази за твојот интелегентен дизајн? Еден нема. Тоа што излажа дека некаква си научна заедница докажала? Од кои спомна двајца, еден преварант свештеник и еден квази научник. Тоа не се докази.
И небитно што ти и не ја разбираш еволуцијата, сепак ја негираш само поради тоа што ти веруваш во некаков си интелегентен дизајн кој што се коси со Т.Е.

Не така момче, со твоите очајни обиди да ја оспориш теоријата на еволуција, нема да го докажеш интелегентниот дизајн, па дури и научно да покажеш дека и не постои еволуцијата (хипотетички нели) пак не си го докажал “дизајнот“.

Повели и почни.
Докази за интелегентен дизајн се........ тоа, тоа, ........ тоа и тоа.
Имаш такви докази?
За интелигентен дизајн имаш докази колку сакаш , тоа е по default ; пример ти си интелигентен па мора да постои некоја форма на интелигенција над тебе што те има креирано. На тој начин работи логиката и така заклучуваш во секојдневниот живот.

Си пишал притоа повикувајќи се на мислење на YEC протестант, кој основни работи не знае ниту за христијанската религија, а камоли да поведе една здраворазумска дебата.

Примерот со yom ти е аналогија како некој Англичанец би го превел нашиот израз „За век и веков“ буквално: For century and this century и ќе го убедува Македонецот дека изразов означува 100 години, а не означува вечно.

Ги отвори линковите со генетика, ево-дево и псевдогени?

http://www.bionet.nsc.ru/ICIG/CHM/books/Hartl_Jones_Genetics.pdf

http://www.tok.ro/toksite/downloads/Bioinformatika/Konyvek/fejlodesbiologia konyvek/Developmental Biology 6th. ed.pdf

http://naturalselection.0catch.com/Files/pseudogenes.html

Знам, многу е. Но ако сакаш нешто да научиш, мора да читаш и да се информираш од стручна литература, а не од протестантски памфлетчиња и клипчиња, полни со тешки небулози не само од научна, туку и од христијанска перспектива.

Како може да ти претставува авторитет некој кој се плетка во еволуција и генетика, а не е во состојба да најде еден хебрејско-англиски речник, макар и џепен, и да види какво значење во хебрејскиот има фамозниот yom што нему во лутеранската таканаречена Библија му го превеле како ден и чие значење си умислил дека означува исклучиво едно деноноќие?

Настрана христијанската религија, туку дали си ги читал Ведите и индиските математичари и астрономи, дали си ги читал исламските полимати од Куќата на Мудроста и Златната Ера, дали го имаш читано Зохар или кинеските мудреци и астрономи?

Ако почнеш да истражуваш, ќе се запрепастиш од нивното знаење.

А ти покрај сите горенаведени, се повикуваш на некакви протестанти, што врска со животот си немаат и константно кажуваат неиздржани глупости на секое поле.

П.С.: Кога веќе ги следиш, пази да не паднеш од работ на Земјата.:)
Неповрзан ти е постот со тоа што го зборувам , никој од вас неможеше да одговори на просто прашање и секогаш завршувате исмејавајќи религии .Многу ниско , многу кукавички.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Извини незнам зошто мешаш религија Адам и огнени сулфурни езера , јас зборувам дека еволуцијата е глупост.
Па ги верглаш истите тврдења како и христијанската црква за некакво креирање кога госпот напрајл од кал луѓе па ги печел в фурна и тие шо малце ги печел станале белци а тие шо ги подзабораил в релната подизгореле и се напрајле црнци
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
За интелигентен дизајн имаш докази колку сакаш , тоа е по default ; пример ти си интелигентен па мора да постои некоја форма на интелигенција над тебе што те има креирано. На тој начин работи логиката и така заклучуваш во секојдневниот живот.
Се инаетиш ко мало дете. Поголема глупост од некаков си интелегентен креатор нема.
Остави ја логиката. За интелегентен дизајн нема ниту еден доказ.
Ако има, бујрум, доказите на сонце.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Па ги верглаш истите тврдења како и христијанската црква за некакво креирање кога госпот напрајл од кал луѓе па ги печел в фурна и тие шо малце ги печел станале белци а тие шо ги подзабораил в релната подизгореле и се напрајле црнци
Јас во ниту еден мој пост не спомнав креирање од кал луѓе и печење во фурна.Ако ти се крева егото фрлајќи вакви клише-антирелигиозни фори слободно си го троши времето. Јас признавам дека незнам како се случило.

Се инаетиш ко мало дете. Поголема глупост од некаков си интелегентен креатор нема.
Остави ја логиката. За интелегентен дизајн нема ниту еден доказ.
Ако има, бујрум, доказите на сонце.
Епа сеа ја ти велам ти си интелигентен , па најразумно е да заклучиш дека мора да постои поинтелигентна форма што те има креирано, ти ми велиш остави логиката на страна. Во една клетка има поголема комплексност од што има во големиот хадронски колајдер , и уште поиронично појма немаме како функционира клетката.

Когнитивниот систем поготово кај луѓето е ненормално комплкесен, никој незнае ама апсолутно ништо како функционира.

Да зборуваме за свеста ? Собери 100 научници во една соба , нема да се договорат да дадат дефиниција за тоа што преставува свеста . Тоа е надвор од материјалниот физички живот.
Тоа што вие го очајно пропагирате е spontaneous generation , нешто што уште Луј Пастер го има потполно докажано дека е чиста индоктрина.
 
Кои тоа ние бе момче? Кои сме тоа ние? Каде ти виде да јас пропагирам нешто? Не пробувај мене, па и било кого, да ме ставаш во некакви твои глупи стереотипи.

Пак бегаш од прашањето. Кои се доказите за креационизам?
И пак ќе ти речам остави ја логиката, остави ја и свеста и сета критика (неоснована секако) и наброј ги доказите.
И што врска има spontaneous generation со еволуцијата?

П.С. Воздржи се од навреди да не се казнуваме
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Дека астронаути пред мене стигнале на марс и некој си го заборавил часовникот.
Значи сакаш да кажеш не е настанат сам од себе...ок. Ако најдеш бактерија 1000 000 пути посложена од саатот што би помислил?
Да речеме станува збор за Purple Phototrophic Bacteria.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Значи сакаш да кажеш не е настанат сам од себе...ок. Ако најдеш бактерија 1000 000 пути посложена од саатот што би помислил?
Да речеме станува збор за Purple Phototrophic Bacteria.
Ама баш ништо не би помислил. Поубав ми е “саатот“ Па уште и Ролекс некој ако е, још боље, па макар и копија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom