Од Скандинавија ме интересира Шведска. Ако можеш да ми објасниш околу уписите и условите.скоро се што те интересира за студирање во европа
https://www.studyineurope.eu/
ако те интересира нешто повеже пиши, ама сум малку ограничен со знаење сум гледал опции само за скандинавија
Претпоставуваме дека немаш бугарски пасош.Од Скандинавија ме интересира Шведска. Ако можеш да ми објасниш околу уписите и условите.
Sent from my LG-D331 using Tapatalk
Фала многу за објаснувањето.Претпоставуваме дека немаш бугарски пасош.
Апликација за граѓани надвор од ЕУ е до 1ви декмеври 2016 за да почнеш 2017 година. При што тешко е да најдеш програма на англиски за додипломски студии, најголем дел се на шведски.
Друго стипендии речиси и да нема или пак се лимитирани на тоа да не ја плаќаш школарината на универзитетот која е различна за различни области на студирање.
Пример информатика е 135000 шведски круни (околу 13000 евра годишно).
Апликација се плаќа 100 евра и имаш право да одбереш до 4 универзитетит со неа, само на првиот ако си прифатен имаш право да бараш стипендија за ослободување од школарината, ако те прифатат пример на 2риот или 3тиот немаш таква можност (така што ако слабо стоиш со пари ич не ни помислувај прва опција да ти е некој од најпрестижните универзитети во земјата).
Трошоците за живот (стан, сметки, храна, превоз, излегување и слично ќе ти бидат околу 1000 евра +/- 100 евра (ако си непушач и ако пиеш помалку алкохол) ако пиеш повеќе па и пушиш додај си одма уште некои 300 евра.
Апликацијата треба да ја пратиш на https://www.universityadmissions.se/intl/start
преку страната иде цела апликација.
Горе доле тоа е се што би требало да те интересира, барем од она што ми текнува во моментов. Ако имаш уште нешто што те интересира слободно прашај.
Ако имаш бг пасош тогаш школарината е бесплатна секако, ама апликацијата секако си ја плаќаш. Другото е исто.
Не, не собирам информации, инаку шведскиот моментално ми е 0. Евентуално со англиски некако имам шанси да се снајдам. Како втор странски јазик речиси немам од овие што ги учев (француски). А, инаку скоро 100% знам турски.Гледаат просек, гледаат мотивационо писмо, гледаат успех по натпревари и слично. Значи се гледа се. Ама за примање нема некој ептен строги критериуми, додека за стипендија па дури и онаа за да те ослободат од плаќање школарина и те како играат улога тие работи и е мн тешко да добиеш. Поготово што мкд не е во оние земји кои имаат предност за да бидат ослободени од школарина.
Само пак ќе ти потенцирам ако незнаеш шведски за додипломски студии подобро одбери друга држава. Година дена се измачував со јазикот имам Б1 положен па пак сум далеку од добар и не би се осмелил да треба да учам на него. За мастер е полесно зашто 80% од програмите се на англиски.
Скоро во секоја држава bachelor студиите се на јазикот од земјата. Евентуално да одиш во Словенија каде ти е бесплатно и со српски би поминал (иако ќе те мачат да учиш словенски).Не, не собирам информации, инаку шведскиот моментално ми е 0. Евентуално со англиски некако имам шанси да се снајдам. Како втор странски јазик речиси немам од овие што ги учев (француски). А, инаку скоро 100% знам турски.
Ти што би предложил во Европа, бидејќи еве Шведска автоматски отпаѓа спрема досегашното инфо.
Sent from my LG-D331 using Tapatalk
За продолжување студии сигурно важат низ повеќето земји, за работа не сум сигурен. Кај нас се студира по ЕКТС, со што студиите се скоро исти како низ европските земји.Фала многу за објаснувањата, многу ќе ми помогнат овие инфо.
А, инаку да прашам дали одредени дипломи од македонски факултети важат во Европа и Турција?
Sent from my LG-D331 using Tapatalk