Точна терминологија на боречките спортови и вештини

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.870
Можда едни од најгрешените зборови кај нас се тие околу боречките вештини и боречките спортови. Значи ретко некој да изговара точно име на вештината поготово на овие поновиве односно кај нас покасно што се испопуларизираа. Темава не е за фалба не е за кој колку знае него за да одвоиме црно на бело и меѓу младите да не се шират дезинформации за точната терминологија и именување на зборовите од овие области.

Милион луѓе изговараат Кикс Бокс не е точно. Името на спортот е Кик Бокс (Kickboxing).

Не е се карате ако вежбачите, учениците носат кимоно и појас.

Ако во вештината или спортот нема удари незначи дека по дифолт во тој спорт или вештина како во Аикидото ја користиш силата на противникот.

BJJ е скратеница од боречкиот спорт Brazilian Jiu Jitsu (Бразилско Џиу Џицу)

MMA Mixed Martial Arts значи Мешани Боречки Вештини и MMA е името на спортот а UFC е првата и денес најголема промоција (фирма) за тој спорт.

MMA не е борба без правила каде се маваат секако. Тоа е спорт каде борците се спортисти а не улични насилници и како и сите други спортисти и овие имаат припреми за натпреварите. Правила има секое натпреварување и правилата се варијабилни односно секоја промоција (фирма) на своето натпреварување може да си ги менува правилата. Но званично и тотално забрането на секој натпревар при секоја промоција е убод во очи, тегнење за коса, удари во гениталии, удари во рбет и удари со глава.

Разликата помеѓу (Боречка Вештина) и (Боречки Спорт) е тоа што за Боречка вештина се смета техника, начин, принцип, стил на борење која со себе си ја носи традицијата и нема натпреварување. Додека за боречки спорт се смета исто така техника, принцип, начин, стил на борење во кој без разлика дали има или нема традиција во него има натпревари.

Слободно напишете и други табуа кај нас и грешки и неразјаснети работи околу боречкиов свет. Едукацијата е вредна првенствено од аспект на писменост.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Јас тренирам џит кун до(jeet kune do) и од она што го среќавам при муабет со луѓе,е што или ништо не знаат,или знаат само дека вештната потекнува од Брус Ли.

Друга работа што ме нервира,е што мислат дека џит кун до е она што го гледале на ТВ(делумно е) но џит кун до-то во секоја држава е за нијанса различно,некаде се обрнува повеќе акцент на винг чунг,некаде на боксот,некаде на класичниот ЏКД став и начин на борење,некаде на кик боксот...всушност,вештината и нема стриктен начин на вежбање или борење,бидејќи е КОНЦЕПТ,и брус ли,сакал да направи концепт од сите вештини и спортови,кој би биле најкорисни за обичниот човек,во секојдневниот живот.Бидејќи увидел дека секоја вештина/спорт си има свои предности,но и многу маани,па направил еден концепт кој сметал дека се најкорисни техниките,од сите вештини/спортови.Многу малку луѓе знат за ЏКД,а според мене е многу добра вештина.

Кај нас,најголем акцент се става на бокс,кик бокс,таи бокс,БЏЏ,ескрима и нож помал акцент,ММА борба,и често улична борба(со контрола на удар),и мал акцент на винг чунг.И секако,кондициони вежби секој тренинг.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Најголема глупост кај нас околу изговарање на боречка вештина
-БразилскА Џиу ЏиЦА-0 логика(ко да кажеш Кинеска кунг фа-наместо кунг фу или Окинаванска караТа,наместо Карате)
Правилно Бразилско Џиу Џитсу(или Џу џутсу)
Друг проблем,Вин ЧунГ-правилно e ВинГ Чун
-Тајландаски бокс-Маи Таи(не Муау Таи)

Потребно е и луѓето да разликуваат борба од самоодбрана.
Самоодбрана не значи да вежбаш тајни техники и нз какви слаби точки.Самоодбрана може да биде и едносттавно брцање во очи,кубење коса или удар по гениталии.Тоа е кога ти го браниш својот живот од ненадеен напад и примарната цел ти е да извлечеш жива глава(а тоа подразбира и да побегнеш)
Борба е тотално друга работа.Тука двете страни се активно вклучени во конфликтот и знаат што прават.Е тука доаѓаат до израз практичните вештини од типот на бокс,кик бокс,борење,БЏЏ итн во кои има активен спаринг.
 
Последно уредено:

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Јас тренирам Тајландски Бокс * Muay Thai * и кај нас го пишуваат како МАИ ТАИ а уствари е Мау Таи.
Ова е боречка вештина која што пред сто години влегла во класа Спорт со некои модифицирања, како заштитни ракавици , порано било само со јажиња од коноп или со голи раце , а смртоносен е секој удар така да сега исклучиво се вршат борбите со заштита, ракавици и бандажери како и други штитници за нозе и кациги за глава, што колку - толку штити иако чист удар од лакт, колено или нога нема да спречи ништо... Најдобра заштита е добар гард и добра вештина.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.870
Граплинг (Grappling) и Бразилско Џиу Џитсу (Brazilian Jiu Jitsu) е исто се работи за истиот спорт разликата е во тоа што во БЏЏ носат кимона а на Граплинг се тренира без кимона. Правилата на натпреварите се исти.

Правото име е Тае Квон До (Taekwondo) многу луѓе кај нас го изговараат Тај Квон До.

Исто така уште тежи митот кај нас дека Кунг Фу е една боречка вештина. Исто како и кај Каратето и кај Кунг Фу-то постојат повеке стилови.

Аикидо и Реално Аикидо е сосема различно. Првенствено името му е со И Аикидо не со Ј Ајкидо... Буквите се слични при изговор па малку звучи исто додека се изговара и со двете различни букви. Аикидо е традиционална јапонска боречка вештина. А Реално Аикидо е Традиционално Аикидо со модифицирано и со примеси од Џудо, Традиционално Џиу Џитсу.

Исто така вредно е да се знае дека и кај Борењето (Wrestling) постојат повеке стилови. Грчко Римски Стил (Greco Roman Wrestling) и Слободен Стил Борење (Freestyle Wrestling).
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Јас тренирам Тајландски Бокс * Muay Thai * и кај нас го пишуваат како МАИ ТАИ а уствари е Мау Таи.
Ова е боречка вештина која што пред сто години влегла во класа Спорт со некои модифицирања, како заштитни ракавици , порано било само со јажиња од коноп или со голи раце , а смртоносен е секој удар така да сега исклучиво се вршат борбите со заштита, ракавици и бандажери како и други штитници за нозе и кациги за глава, што колку - толку штити иако чист удар од лакт, колено или нога нема да спречи ништо... Најдобра заштита е добар гард и добра вештина.
Thai box e po evropski stil mislam, ovie od holandija go treniraat, isto e sve samo nema lakti.
Mozi i da sum greska
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Thai box e po evropski stil mislam, ovie od holandija go treniraat, isto e sve samo nema lakti.
Mozi i da sum greska
Се е тоа Тајландски бокс, муабетот е во кратениците.
Thai Boxing, Muay Thai... и во тоа секогаш има лакти во тренирањето,
на борби ретко има лакти зашто лактот се смета за многу опасна ствар.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Граплинг (Grappling) и Бразилско Џиу Џитсу (Brazilian Jiu Jitsu) е исто се работи за истиот спорт разликата е во тоа што во БЏЏ носат кимона а на Граплинг се тренира без кимона. Правилата на натпреварите се исти.
Најголема глупост кај нас околу изговарање на боречка вештина
-БразилскА Џиу ЏиЦА-0 логика(ко да кажеш Кинеска кунг фа-наместо кунг фу или Окинаванска караТа,наместо Карате)
Правилно Бразилско Џиу Џитсу(или Џу џутсу)
Мала корекција. При транскрипцијата на странски зборови на македонски јазик сеуште важи едначењето по звучност. Така да зборот „џитсу“ станува „џицу“.

А колку што знам во Македонија се тренира и бразилско џиу џицу и бразилска џиу џица :)
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.297
Поени од реакции
5.870
Мала корекција. При транскрипцијата на странски зборови на македонски јазик сеуште важи едначењето по звучност. Така да зборот „џитсу“ станува „џицу“.

А колку што знам во Македонија се тренира и бразилско џиу џицу и бразилска џиу џица :)
За транскриптов си во право а бразилско џиуџицу и бразилска џиу џица е исто да знаеш. И граплинг е исто само што не носат кимона се борат со шорцеви и маичка или по ново специјален раш гуард.
 
Мала шала беше тоа. Знам дека е исто. Сум бил на тренинг и во клубот каде што го викаат џиу џица и во клубот каде што го викаат џиу џицу ;-)

Инаку сум слушнал како го викаат и бразилско џиу џица. Тоа е врв :)
 
Богами врв од израс ова последново :D Иначе без сомнение врв од боречки спорт БЈЈ-во гледај ги интервјуата од врвот од Грејси фамилијава тие се многу навлезени во менталниот склоп и практикуваат и доста алтернатива за да бидат тоа што се.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Мала корекција. При транскрипцијата на странски зборови на македонски јазик сеуште важи едначењето по звучност. Така да зборот „џитсу“ станува „џицу“.

А колку што знам во Македонија се тренира и бразилско џиу џицу и бразилска џиу џица :)
Carlos Maia Macedonia(поранешно Gracie Barra Mk-
Грејци БаХа) си го има задржано правилно терминот како сала.Квалитетна терминологија=квалитетен клуб :D
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Богами врв од израс ова последново :D Иначе без сомнение врв од боречки спорт БЈЈ-во гледај ги интервјуата од врвот од Грејси фамилијава тие се многу навлезени во менталниот склоп и практикуваат и доста алтернатива за да бидат тоа што се.
А бе што све не сум гледал за БЏЏ или да исковаме нов термин бразилско џиу џитса :)
Ама најубаво е кога го вежбаш, нели?

Carlos Maia Macedonia (поранешно Gracie Barra Mk-Грејци БаХа) си го има задржано правилно терминот како сала.
Квалитетна терминологија=квалитетен клуб :D
Се сложувам ;)
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
268
Се кладам дека сите што пишувате овде и се правите паметни за терминологија у ВЈЈ немате ни 1 месец тренинг

Sent from my 6037Y using Tapatalk
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Се кладам дека сите што пишувате овде и се правите паметни за терминологија у ВЈЈ немате ни 1 месец тренинг

Sent from my 6037Y using Tapatalk
Ако на некого му треба еден месец на БЏЏ за да му текне дека горенаведената терминологија е погрешна...тогаш го жалам.
Истиот таков прептоставувам ќе биде и тврдоглав со транскрипицијата на Португалските(Бразилските) имиња.
Rickson-Риксон?<(правилно Хиксон)
Royce-Ројс?<(Хојс или Хоес)
Rodolfo-Родолфо?<(Ходолфо)
Royler-Ројлер?<(Хојлер)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom