FA & Capital One Cup

Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Жиру да не се повредеше, Санчез ќе немаше ни пола од головите. Скоро сите негови голови се заслуга на Велбек кој му отвара простор. Сега поретко постигнува голови со Жиру, но сепак ќе кажам Жиру->Велбек. Помирете се со фактот дека вашиот бивш играч ве елиминира од купот(ќе кажете Валенсија го поклони голот) но тој поклон некој треба да го искористи.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
@vidooq А да земам да ви ги копам мислењата за Руни?
И повеќе од сто пати сум го рекол своето мислење за Велбек. Тоа што ти го правиш ептен никаков е нешто друго. И ти се смеам тебе пошто на ден имаш минимум еден пост за Вебек, што ако како што ти го сметаш за таков каков што го сметаш требало досега да заборавиш дека постои, но после она вчера што на сред Олд Трафорд Велбек ве реши сега ќе имаш по 10 постови на ден за него.
Џабе ти е што ме праиш секаков само да се одбраниш, кога баш со тебе и дискутирав кога дојде Велбек и за каков го сметам итн.
Со тоа приказните за мали деца дека не ве боли на друг. Убаво знаеме ние за Велбек и какви му се способностите, би било убаво за вас да сфатите какби му се способностите на Ван Гал.
И не заборавај дека Велбек има повеќе голови пд Фалкао.
 
E

Epsilon

Гостин

Па факт е дека беше поклон голот и нема што тука да се негира и овие шегоубијците не гледаат дека е факт поклон голот.

Но, исто така тоа не го негира тоа што екипа како Јунајтед со потрошени скоро 200 милиони и едно од најскапите засилувања да го остави тимот на цедило (не дека беше нешто нај нај во текот на утакмицата) е срамота. Без разлика дали се работи за куп или утакмица во лигата, честа е во прашање и ми здосади веќе.

Тоа што не елиминираше бивш играч, повеќе ќе ме болеше ако не изиграваше некој шериф или поточно сељак со изјавата што ја даде откако премина во Арсенал или со вчерашното прославување на голот, сељачизам левел 9000+.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Јас не ја гледав утакмицата па ако некој биде љубезен да ми пушти МОТД пошто го утепав од молење Ред Џон на фб и не знам зошто или не ми враќа или ми мења тема :D
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Го прочитав коментаров на нет, само го проследувам, и мислам дека одлично ја отсликува одлуката Велбек да игра вчера.
Judging Wellbeck's contribution to Arsenal's game in general and to yesterday game against MU particularly should never be limited to number of goals scored or assists. His main asset in the game has never been goals scored or assists provided. At least since he plays at top level. SAF understood it, Wenger as well. You get a better idea of his worth if you pay attention to his game without the ball. If you can, count the number of interceptions or tackles he made during yesterday game, the number of balls he won in United's half. Check again if you can, Ashley Young's yellow card: typical expectation on Wellbeck. Many modern football coaches want to disturb game buildup from opposition's defense line. Wellbeck's first mission yesterday was just that! And of course to contribute to game buildup. He did so well in this regard. That's where AW won the game over LVG. Wellbeck's goal made his performance exceptional instead of just good. He pressed MU defenders whenever they had the ball. Arsenal left him roaming upfront while the rest of the team stayed compact in the midfield area to close down spaces, forcing MU to many long balls. Giroud is Arsenal's number 1 at center forward position, better goal scorer, ball holder... than Wellbeck, but for playing the script written by Wenger yesterday , Wellbeck was by far first choice, as Giroud is much heavier, slow and cannot press as much. Judging football only by goals and assists, even though they're very important elements, is a mistake. They're other very important aspects that must be considered.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ферги и Венгер го сфатија тоа, само што тој не го сфати. Сакаше да игра шпиц и со Фалкао, Руни и РвП пред почеток на сезона, се знае дека ќе бидеш 4та опција. Не му се ризикуваше, годините го газат и Венгер сигурно му ветил повеќе игра во нападот, нешто што ќе го надогради како шпиц и ќе може да се бори на репрезентативен план со Стариџ.
Повредата за Жиру дојде во право време за него (ако може така да се нарече) за да изигра уште повеќе натпревари на неговата позиција.

Дека е пресинг машина, нема муабет. Само што тоа ретко го центар навивачите...
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Па факт е дека беше поклон голот и нема што тука да се негира и овие шегоубијците не гледаат дека е факт поклон голот.

Но, исто така тоа не го негира тоа што екипа како Јунајтед со потрошени скоро 200 милиони и едно од најскапите засилувања да го остави тимот на цедило (не дека беше нешто нај нај во текот на утакмицата) е срамота. Без разлика дали се работи за куп или утакмица во лигата, честа е во прашање и ми здосади веќе.

Тоа што не елиминираше бивш играч, повеќе ќе ме болеше ако не изиграваше некој шериф или поточно сељак со изјавата што ја даде откако премина во Арсенал или со вчерашното прославување на голот, сељачизам левел 9000+.
Абе ок е, поклон гол ама Велбек го даде, стигна пред Де Геа, го помина, и го даде.
Ете Санчез имаше еден на еден со голманот прошло коло па не го даде.

Башка пресингот што го играше Велбек беше клучен, посебно со Чемберлејн и Санчез, пошто троцјата се брзи, и тројцата знаат да играат пресинг.

А прославувањето на голот, тотално го оправдувам само ради начинот на кој беше избркан од Ван Гал.

Наместо за Велбек треба да се секирате за играта што ја играте, тотално не препознатлива за Јунајтед со еден куп долги топки према Фелаини

Него дај некој нека го исхејта Озил вчера? Или не приметивте каков одличен натпревар (дефанзивно) имаше. Направи дури два клизачи, нешто незамисливо за него :D
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Ди Марија ис д мен. Фалкао веќе гази. Трио од соништата заедно со Ван Гал. Па и имат подршка од РВП од болница. И видок како навивач :icon_lol:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.535
Поени од реакции
5.767
Уште Факе и Македонец да го сфатеа погорно пишаново и ке немавме проблем ...
Сфатено. Готово.[DOUBLEPOST=1425991633][/DOUBLEPOST]
@vidooq А да земам да ви ги копам мислењата за Руни?
И повеќе од сто пати сум го рекол своето мислење за Велбек. Тоа што ти го правиш ептен никаков е нешто друго. И ти се смеам тебе пошто на ден имаш минимум еден пост за Вебек, што ако како што ти го сметаш за таков каков што го сметаш требало досега да заборавиш дека постои, но после она вчера што на сред Олд Трафорд Велбек ве реши сега ќе имаш по 10 постови на ден за него.
Џабе ти е што ме праиш секаков само да се одбраниш, кога баш со тебе и дискутирав кога дојде Велбек и за каков го сметам итн.
Со тоа приказните за мали деца дека не ве боли на друг. Убаво знаеме ние за Велбек и какви му се способностите, би било убаво за вас да сфатите какби му се способностите на Ван Гал.
И не заборавај дека Велбек има повеќе голови пд Фалкао.
Доста бе, жити се, ајде и ти. Батали.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Абе ок е, поклон гол ама Велбек го даде, стигна пред Де Геа, го помина, и го даде.
Ете Санчез имаше еден на еден со голманот прошло коло па не го даде.

Башка пресингот што го играше Велбек беше клучен, посебно со Чемберлејн и Санчез, пошто троцјата се брзи, и тројцата знаат да играат пресинг.

А прославувањето на голот, тотално го оправдувам само ради начинот на кој беше избркан од Ван Гал.

Наместо за Велбек треба да се секирате за играта што ја играте, тотално не препознатлива за Јунајтед со еден куп долги топки према Фелаини

Него дај некој нека го исхејта Озил вчера? Или не приметивте каков одличен натпревар (дефанзивно) имаше. Направи дури два клизачи, нешто незамисливо за него :D
Велбек беше вчера очај реални да сте и да не беше тој поклон од Валенсија прашање дали ќе завршеше така зошто Жиру се загреваше веќе, но тоа што би било кога би било и глупаво е да се дискутира. Ние вчера сами се тепавме. Во прво игравме топ, а во второ од старт Ван Гал го најави тоа што се случи со иставањето на Ерера и Шо редејќи го Керик во дуо со Блинд каде ја успори играта и го уби тој пробив во нападот кој го имавме со Ерера кога играше истиот со и без топка (влечи неколку играчи по него и прави простор за другите, една од подобрите негови карактеристики). Исто и Шо одлично се согласуваше во нападот со Јанг и бевме доста опасни по таа страна, а со Рохо ја нема таа кохезија. Доколку останавме со истите 11 до 75 минута ќе ви дадевме уште еден гол најмалку во тоа сум убеден, но не се случи заради Ван Гал и не казнивте на 2 пати од наша грешка, а не ради тоа што Арсенал го растури Јунајтед.

Како и да е, и овде ќе пишам. Имаме голманшите кое мора да игра со распашана банда без команда пред него...
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Првиот гол ваша грешка беше што Чеберлен ве искрши.Добро да.
Грешка во организација во одрбана, во позиционирањето, во маркирање. Види на старт пред пасот од Озил кон Чембрлејн која дупка беше во одбраната, па потоа заборавање да се покрие играч. Да беше покриен добро Монреал немаше да излезе онака сам. Голема улога одигра Чембрлејн секако, ама нашата организација во одбрана беше прелоша. Не го сваќај грешка на одбрана само директен пас кон ваш играч. Исто и голот на Руни беше при лошо покривање кон него, ама во споредба со првиот гол што го примивме ние каде каде нашите одбранбени беа поизгубени.
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.459
Поени од реакции
10.156
Грешка во организација во одрбана, во позиционирањето, во маркирање. Види на старт пред пасот од Озил кон Чембрлејн која дупка беше во одбраната, па потоа заборавање да се покрие играч. Да беше покриен добро Монреал немаше да излезе онака сам. Голема улога одигра Чембрлејн секако, ама нашата организација во одбрана беше прелоша. Не го сваќај грешка на одбрана само директен пас кон ваш играч. Исто и голот на Руни беше при лошо покривање кон него, ама во споредба со првиот гол што го примивме ние каде каде нашите одбранбени беа поизгубени.
За одранбени и изгубени не ми кажувај брат,за Арсенал навивам знам многу убаво.Реално ептен сте за никаде.Викав некаде на средина на Октомври,не ми беше јасно зошто Ван Гал го правите подобар од Мојс.Дупка е бе,дупка и полош е од Мојс тоа мора да си го сфатите.Вие кога ќе се загнете по некој како Мојс и Велбек и толку,подалеку не гледате.Јас да бев навивач на Јунајтед идев во Англија да го бесам копилето.Бетер од Раниери е како се понаша.Па плус на сето тоа што фудбалски ништо не покажа кога го гледам како лагано си седи ни да стане ни да викне црева ми се обраќаат.
Тешко топ 4 за вас оваа сезона.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Грешка во организација во одрбана, во позиционирањето, во маркирање. Види на старт пред пасот од Озил кон Чембрлејн која дупка беше во одбраната, па потоа заборавање да се покрие играч. Да беше покриен добро Монреал немаше да излезе онака сам. Голема улога одигра Чембрлејн секако, ама нашата организација во одбрана беше прелоша. Не го сваќај грешка на одбрана само директен пас кон ваш играч. Исто и голот на Руни беше при лошо покривање кон него, ама во споредба со првиот гол што го примивме ние каде каде нашите одбранбени беа поизгубени.
Абе ако гледаш така секој гол паѓа по нечија грешка, дали тој што не го испратил човекот, дали тој што не покрил, дали голманот што не одбранил :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom