Остај што ти викаат требало да читаш меѓу редови. Никој од тука не ја знае лично, па да знае што е проблемот. Moжда сака да не излезе лесно достапна, некои тинејџерски филмови што ги маваат, а сака да бидеш поупорен. Е сеа и упорноста твоја има граници, не сакаш да правиш будала од себе
Може и да не е заинтересирана и стварно да те одбегава и да не се јавува.
И ја сум таков не можам да се снаоѓам најдобро со такви повлечени. И со една ми се случи така ќе и пишам на фб или ќе врати после 5 минути или одвај 2 збора ќе врати. И ми здосади така и ја застанувам еднаш и и викам, ако не сакаш да ми вратиш не мораш, ако те замарам на било кој начин ќе се тргнам и нема повеќе да ти пишувам. Не бе нема врска ми вика. И пак поново топло-ладно и ми здосади, си викам нема ни да и пишувам ниту па да ја поздравувам, неам ни нерви ни време. Без да си правам филмови дека ако не и обрнувам внимание сама ќе ми дојде, едноставно ни ми се интересни тие замарања. Првиот ден кога ја одминав, уште истиот момент ме чекаше порака на фејсбук, не зашо сум ја одминал туку онака сакала да ме поздрави. И си викам ова е знак дека можда лошо проценив, дека можда треба да бидам поупорен и веднаш директно и пишав ај пак да излеземе, не ми врати ич замисли, дури почна и да ме одбегава кога ќе ме сретне. Можда сакаше со принт скрин да се фали по другарките дека ме корпосала без одговор, којзнае.