- Член од
- 5 јули 2012
- Мислења
- 3.495
- Поени од реакции
- 2.304
Судот на Европската унија наред бришење на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто ја владее палестинската енклава Појасот Газа, од листата терористички организации на којашто е запишан врз основа на медиумските извешти а на од надлежни авторитети, јавуваат во средата агенциите, а истовремено Хамас ја поздрави одлуката додека Израел побара нејзино повлекување.
Општиот суд на Европската унија, а станува збор за втората највисока судска инстанца во ЕУ, одреди дека имотите на Хамас во Европа ќе останат замрзнати уште три месеца за да може да се спроведе постапката на жалба и ревизија, јавува Reuters.
Европскиот суд не навлегол во меритумот дали Хамас треба да биде вброен во терористичките групи, туку спровел ревизија на процесот во кој таквата одлука би требало да биде донесена. Утврдил дека одлуката не е резултат на мислењата на авторитети надлежни за одлучување по тоа прашање, туку е донесена врз основ ана медиумски и интернет наводи.
Хамас, кој себеси се нарекува легитимно движење на отпорот и ја оспорува одлуката на ЕУ од 2001 година да биде на списокот на терористички организации и за неговиот замрзнат имот во Европа, ја поздрави веста од Брисел.
„Тоа претставува победа за палестинско прашање и за правата на нашиот народ“, изјави портпаролот на движењето од Газа, Фаузи Барум, и му се заблагодари на европскиот суд на „таа позитивна одлука по којашто треба да се следат меѓународни мерки за да се заврши угнетувањето на палестинскиот народ“, пренесува AFP.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјуху ја повика ЕУ да ја повлече одлуката на судот. „Очекуваме тие веднаш д го вратат Хамас на списокот“, изјави Нетанјаху во Ерусалим и додаде дека Хамас „убиствена терористичка организација“.
Палестинското движење Хамас, коешто од 2006 година владее со Појасот Газа, во својот основачки статус е повикува на уништување на државата Израел со којашто повеќе пати водеше војна, а последниот започна во јули 2014 година и траеше 50 дена во кој загинаа 2.200 Палестинци, од кои повеќето цивили меѓу кои стотици деца, а израелските загуби изнесуваа 67 војници и три цивилни жртви.
„Европскиот суд истакнува дека ова поништување, донесено врз основа на процедурални процени, во ништо не навлегува во процената дали Хамас е терористичка група“, се вели и притоа се додава дека поради можноста од поднесување жалба на таквата одлука, замрзнувањето на имотот на Хамас треба да трае до завршување на судскиот процес.
Жалбите, коишто можат да бидат засновани само на закон, може да се поднесуваат во рок од два месеца, а жалбената постапка вообичаено трае година ипол. /крај/мф/сн