Македонија ќе добие нов државен грб

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Индикативно е што предлогов доаѓа во период кога т.н. бомба треба да отккрие некакви меѓунационални ујдурми. Ова дополнително ќе ја подгрее ситуацијата. Насилни протести против ова и те како ќе има.

Инаку предлогов е варијација на црвениот земски грб на Македонија кој го има на иконостасот во Рилски Манастир во Бугарија. Е сега, зошто баш тој е земен, проценете.

Од кој период, на која македонска држава е овој грб?
Се работи за земски, а не државен грб.
Во Рилски Манастир имаш земски грбови на Далмација, Босна и т.н.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Ова како на Facebook испаѓа, ми застаре profile picture-от па дај да освежиме малце.

Не гледам потреба од менување на сегашниов грб, премногу се карактеристични симболите кои што ги содржи за Македонија и ја опишуваат историјата на земјава одлично, од минатото па се до сега, а што значи лавот, кој карактеристики ги има тој за земјава?
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.042
Поени од реакции
34.677
Симболот е објект кој претставува, застапува или сугерира некоја идеја, верување, некакво дејство или некој материјален ентитет. При арбитрарното (или институционално) поставување на одреден симбол кој би требало да презентира нешто, истиот полека создава врска која со текот на времето станува се посилна и поцврста. Во случајот со грбовите - тие сугерираат некоја држава или нација и без оглед на контекстот во кој се поставени, кога значителен временски период ја остваруваат целта, таа држава или нација се поистоветува со грбот. При секоја промена на симбол врската помеѓу симболот и идејата која ја претставува се кине и се создава нова, но полабава, помеѓу новиот симбол и старата идеја. Затоа според мене промената на било кој државен симбол е лоша - затоа што по промената се губи поврзаноста на истиот со идејата која тој ја претставувал. Замислете, на пример, што би се случило кога крстот како симбол на христијанството би бил заменет со солза. Колку време ќе им треба на христијаните да почнат солзата да ја сметаат за свој симбол и да се приврзат за неа? А ако се започне процес на константна промена, колку тоа ќе изгледа несериозно и колку идејата чии симболи се менуваат не ќе може да се поврзе со ништо!
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
... а што значи лавот, кој карактеристики ги има тој за земјава?
Жолтиот разјарен лав на црвен германски штит е симбол на македонската земја од 14 век, па се до 19.

Разјареноста е стремежот за ослободување, а самиот лав е симбол на храброст и непокор. Круната е симбол на сувереност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Historical_coat_of_arms_of_Macedonia
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ќе го сменат постоечкиот во ваков кога ќе воведат двојазичност на цела територија а не по општини и кога ќе има во собрание 80 од вмро и 40 од дуи плус да се коалиција. Така се менувало грб...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.858
Жолтиот разјарен лав на црвен германски штит е симбол на македонската земја од 14 век, па се до 19.

Разјареноста е стремежот за ослободување, а самиот лав е симбол на храброст и непокор. Круната е симбол на сувереност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Historical_coat_of_arms_of_Macedonia
Coat_of_arms_of_Macedonia_1694.png Coat_of_Arms_of_Macedonia_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_(1741).jpg

Од твојот линк...
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Жолтиот разјарен лав на црвен германски штит е симбол на македонската земја од 14 век, па се до 19.

Разјареноста е стремежот за ослободување, а самиот лав е симбол на храброст и непокор. Круната е симбол на сувереност.
http://en.wikipedia.org/wiki/Historical_coat_of_arms_of_Macedonia
Тие сме тие, храбрите и непокорливите.
Мислам дека мува на тепалка да стават ќе има пореална симболика.
 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Од твојот линк...
Секој што ја има читано Грбовите на Македонија од Матковски, знае дека овој пример е замена по грешка.

„Грбот на Македонија во оваа ракописна „Стематографија“ е згрешен. Тој е претставен од црвен лав на жолт штит со златна голема круна над штитот. Ова е всушност грбот на Бугарија, но Витезовиќ ги замешал. Со други зборови, Витезовиќ оваа Стематографија ја направил така што сечел грбови од постари грбовници и ги лепел на хартија и пишувал со мастило од каде е грбот.“
 

VaZzilL

Сантино Џеновезе
Член од
23 април 2007
Мислења
921
Поени од реакции
39
А зашто ова лавот како да има мака да се крене на две нози.. како да се мачи... да не страда од ишијас?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.183
Поени од реакции
25.858
Секој што ја има читано Грбовите на Македонија од Матковски, знае дека овој пример е замена по грешка.

„Грбот на Македонија во оваа ракописна „Стематографија“ е згрешен. Тој е претставен од црвен лав на жолт штит со златна голема круна над штитот. Ова е всушност грбот на Бугарија, но Витезовиќ ги замешал. Со други зборови, Витезовиќ оваа Стематографија ја направил така што сечел грбови од постари грбовници и ги лепел на хартија и пишувал со мастило од каде е грбот.“
Значи ли тоа дека Бугарите денес имаат грб со погрешни бои?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom