Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
A што е атеизмот?
Атеизмот е отсуство на верување дека постои бог.
Тоа што насловот имплицира е дека
„Атеизмот е верување дека не постои бог“.

Какво е тоа убедување каде отсуствува верување во нешто?
Еден атеист може да има стотици други убедувања според кои тој би бил пацифист, милитарист, либертаријанец, хомофоб, демократ, нацист итн, без притоа ваквите уверувања да ја допираат темата на теизмот, која за еден атеист е безначајна.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
јас кажувам за историја како наука,
И на врапците им јасно „кој„ и „како„ ја пишува овосветовната историја.
Паралелно со световната, посто и црковната историја, која е битна за Црквата и за сите настани и ликови поврзани со Црквата.[DOUBLEPOST=1416164443][/DOUBLEPOST]
ПС
Инаку името (ако ти е Мики) е изведено од хебрејското Михаел, те има и во библијата само модернизиеран си, исто ко христијанствоито шо е модернизиран јудеизам
Името секако дека не ми е „Мики„, што значи дека баш и немам некоја врска со името „Михаил„.

Рисјанството е надграден и усовршен јудаизам, а истовремно и радикално раскинување со јудаизмот.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
И на врапците им јасно „кој„ и „како„ ја пишува овосветовната историја.
Паралелно со световната, посто и црковната историја, која е битна за Црквата и за сите настани и ликови поврзани со Црквата.
Постои една историја, научна а она шо во дворовите на разни цркви, секти, групи, здружениа се раскажува важи само до влезните им врати, надвор од тоа е науката и нејзината историја
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Постои една историја, научна
Историјата е научна колку што сум јас шинтоист.
Ајде, повтори ја историјата, за да можеме повеќекратно да ја провериме нејзината точност.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Рисјанството е надграден и усовршен јудаизам, а истовремно и радикално раскинување со јудаизмот.
Спасителот е обрежан јудеец, апостолите се јудејци, богот ви е израилов, светото место ви е еврејски град, светата земја ви е израел, светите планини и реки ви се во земјата израилова..... нераскинливо сте врзани со јудаизмот
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Спасителот е обрежан јудеец, апостолите се јудејци, богот ви е израилов, светото место ви е еврејски град, светата земја ви е израел, светите планини и реки ви се во земјата израилова..... нераскинливо сте врзани со јудаизмот
Тука си во право, но само делумно.
Ај провери што пушува во Матеј, 28.19, за да бидеш потполно во право.
 
D

Daedalus

Гостин
Атеизмот е отсуство на верување дека постои бог.
Тоа што насловот имплицира е дека
„Атеизмот е верување дека не постои бог“.

Какво е тоа убедување каде отсуствува верување во нешто?
Еден атеист може да има стотици други убедувања според кои тој би бил пацифист, милитарист, либертаријанец, хомофоб, демократ, нацист итн, без притоа ваквите уверувања да ја допираат темата на теизмот, која за еден атеист е безначајна.
Разглобуван е муабетов страни уназад. Ако те мрзи да бараш, ќе ти сумирам.
Негацијата на одреден феномен и неверувањето во одреден феномен е исто така верување од психолошка перспектива. Све за што имаме одреден став е верување.

Семантички си во право, неверување/верување се делат и имаат различно семантичко значење. Психолошки/невролошки, истите центри од мозокот се активираат кога веруваш во нешто и кога негираш постоење на нешто.
Ја имам посочено како референца „The believing brain“ книгата од Шермер за муабетов, ако имаш време, читни ја.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Историјата е научна колку што сум јас шинтоист.
Ајде, повтори ја историјата, за да можеме повеќекратно да ја провериме нејзината точност.
Исус е распнат во годината кога првосвештеници биле Кајфа и Ана, (Лука 3) во годината 36 Нова ера, првосвештеници биле Ана и Кајфа, Исус е роден во време на царод Херод, Херод умрел 4 година пред нова ера, Исус е роден 1-2 години пред тоа значи живеел од 5-6 година ПНЕ до 36 НЕ[DOUBLEPOST=1416166528][/DOUBLEPOST]
Тука си во право, но само делумно.
Ај провери што пушува во Матеј, 28.19, за да бидеш потполно во право.
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух

Исус вели дека некој му ги даде сите власти на небо и земја, тоа значи дека пред тоа тој ги немал сите власти на небо и земја, ова е интересен податок, имало некој поголем од Исус кој во рацете ја имал сета моќ, па после му ја дал таа моќ и на Исус, е сега прашање е дали таа власт од тој момент се дели со Исус иили му е предадена на Исус па од тогаш тој е главен а тој порано шо беше заминува од власта? Имаме значи некакво примопредавање овде
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
18. А Исус, кога се приближи, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.

Исус вели дека некој му ги даде сите власти на небо и земја, тоа значи дека пред тоа тој ги немал сите власти на небо и земја,
Во Црквата, ова се нарекува „мудрување телесно„.
Нажалост, опет криво...
А тамам помислив дека ќе ти текне.[DOUBLEPOST=1416166715][/DOUBLEPOST]
19. Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух
Од стихов, појќе е од очигледно дека Христос дојде пре се‘, од Своите и за своите, а преку Црквата, дојде и за целиот човеков род, повикувајќи го на спасение.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Во Црквата, ова се нарекува „мудрување телесно„.
Нажалост, опет криво...
А тамам помислив дека ќе ти текне.
Така Исус кажал, ако црквата смета дека кажаното не е добро - нек му се жали на издавачот на библијата или на авторот не мене, јас само пренесувам пишаното
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Исус е распнат во годината кога првосвештеници биле Кајфа и Ана, (Лука 3) во годината 36 Нова ера, првосвештеници биле Ана и Кајфа, Исус е роден во време на царод Херод, Херод умрел 4 година пред нова ера, Исус е роден 1-2 години пред тоа значи живеел од 5-6 година ПНЕ до 36
Види беља: вакви датуми нема во Писмото.[DOUBLEPOST=1416166846][/DOUBLEPOST]
Така Исус кажал, ако црквата смета дека кажаното не е добро - нек му се жали на издавачот на библијата или на авторот не мене, јас само пренесувам пишаното
Не си ласкај де, полека...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Од стихов, појќе е од очигледно дека Христос дојде пре се‘, од Своите и за своите, а преку Црквата, дојде и за целиот човеков род, повикувајќи го на спасение.
5. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;
6. а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом
Mатеј 10
Истиот Матеј вели дека Исус им кажал на учениците да одат само при овци на Израиливиот дом
Кога Исус се премислил па рекол “одете кај сите“ Шо го натерало да си смени мислата[DOUBLEPOST=1416167038][/DOUBLEPOST]
Види беља: вакви датуми нема во Писмото.[DOUBLEPOST=1416166846][/DOUBLEPOST]

Не си ласкај де, полека...
Е кажи го датумот на раѓање и смрт на Исус кои ги има во Писмото
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
5. Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте;
6. а одете највеќе при загубените овци на Израилевиот дом
Mатеј 10
Истиот Матеј вели дека Исус им кажал на учениците да одат само при овци на Израиливиот дом
Кога Исус се премислил па рекол “одете кај сите“ Шо го натерало да си смени мислата
Господ Исус воопшто не се премислил, скраја да е‘, туку ти не си разрбал, а нема ниту да разбереш ако се повикуваш механички на стиховите од Писмото.

Имено, Христос точно знае што чини: Он беше повикан од Отецот да го спаси целиот човекот род и да пострада за тој род, а со оглед на тоа што само јудеите беа старозаветен „одбран народ„, токму јудеите треба(ше) да ја имаат честа да Го дадат Месијата за спас на родот човечки, Пош‘о ги знаеме настаните кои се случија, токму јудеите не Го препознаа Месијата иако Го очекуваа (види, „онака„, за секој случај во Матеј, 2.5.), па Он ги прати Апостолите да ги поучуааат и крштеваат не само јудеите, туку сите, буквално сите народи, до кои ќе стигне евангелието Христово.

Према томе, сите сме повика на спасение, а само малкумина сме одбрани...разбираш.
 
колку јудеи требаше да го препознаат па да им се важи препознавањето??
јас не знам меѓу Исусовите апостоли и ученици да имало и еден нејудеец, сите биле јудејци, дали му била важна бројката или процент на оние кои ќе го препознаеле како Месија па незадоволен од малиот број кој го препознал сменал мислата и рекол “Одете сите спасувајте го“ нели како самиот шо спомена “не е битна бројката на верниците туку верата...“ (така нешто).
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
колку јудеи требаше да го препознаат па да им се важи препознавањето??
јас не знам меѓу Исусовите апостоли и ученици да имало и еден нејудеец, сите биле јудејци, дали му била важна бројката или процент на оние кои ќе го препознаеле како Месија па незадоволен од малиот број кој го препознал сменал мислата и рекол “Одете сите спасувајте го“ нели како самиот шо спомена “не е битна бројката на верниците туку верата...“ (така нешто).
Пак „надабаш„...

Еве кои се тие кои Го препознаа, но и кои не Го препознаа: види во Лука, 7.16, 7.29 и 7.30. Све евреин до евреин...

А еве и неевреин: Јован, 4.11.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom