Прашања до Атеистите II

Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Зошто мислиш така?



Двете состојби егзистираат со подеднаква веројатност во умот на набљудувачот, додека стои пред кутијата.



Откако ќе ја отвори кутијата, тогаш гледа која состојба е вистинската.
Атеистот е атеист кога 100% сигурен за тоа. Исто е и со теистот
.

Ако ставот е не верувам во постоење на Бог, тогаш тој треба да е 100% точен во умот на атеистот.

Но, како што видовме многумина се колебаат околу овој став, односно тврдат дека со некаков очигледен доказ, тие би ја промениле својата позиција за 180 степени.


- Мачката нема да стане од мртвите. Тоа е 100% сигурност.

- Атеистот знае дека никогаш нема да има релевантен доказ за постоење на Бог. Тоа е 100% сигурност.

Дали е вака навистина во реалноста?
Зошто мислам така?
Пробај предложиму на Мики и компанија ново мислење за дел од библијата и ке видиш.
Дај им ново мислење на будистите за нивното учење исто.
Ислам исто.
и да не претерувам.
Гледаш се разидуваме само за болдот.
Ако кој било теист го докаже Бог со 100% тогаш тој ке нема у што да верува и нема да го прифати неговото постоење.
Може ние ке го редифинираме Бог. И тоа е можност. Тогаш ке имаме 100% сигурен доказ ;)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.880
Поени од реакции
7.265
Абе ние ко ќе умреме ќе одиме во рајот или пеколот муслиманите ги чекаат девици на небо или како беше... Туку прашањето ми е вие (атеистите) кај ќе одите?
И ќе заборавев нас не погребуваат во гроб со киур со крст муслиманите исто гробови со месечина или без ништо на штици а вас (атеистите) ве погребуваат или модерни сте ве горат и само пепелта ви ја берат?!
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Абе ние ко ќе умреме ќе одиме во рајот или пеколот муслиманите ги чекаат девици на небо или како беше... Туку прашањето ми е вие (атеистите) кај ќе одите?
И ќе заборавев нас не погребуваат во гроб со киур со крст муслиманите исто гробови со месечина или без ништо на штици а вас (атеистите) ве погребуваат или модерни сте ве горат и само пепелта ви ја берат?!
У три пизде лепе материне, а можда и после тоа. Попаметно би било да прашаш “дали сакаме да идеме некаде?“, а не вака однапред да наметнуваш дека мора да идеме некаде.
И колку за инфо, НЕ сакам никаде да идам, досадно е бре во тој ваш рај, сите насмеани и весели, нема забава (секс, драгс анд рок ен рол), цела вешност со една жена, ....... еј, едвај со една се издржува 30-40 год, а не пак цела вечност, ........ :tapp:, нема креативна мисла, критична маса, авангарда, ........се' е накако бледно и неинтересно. И да посакаш да се убиеш ....... не можаш, јбга, си заглавил цела вечност таму
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
"Зависи до човекот шо ќе го прашаш, одговорот што ќе го добиеш" - Јода, 2 ABY

Некои ќе ти кажат дека спонтано настанала, некои дека некаков господ ја создал, па дека одсекогаш била тука...
Нема 100% , сигурен, точен одговор. Само хипотези, некои докажливи, некои не.
А ти што викаш?[DOUBLEPOST=1413625564][/DOUBLEPOST]
Многу грешно го сфаќаш концептот за „информација“.
Днк не поседува „информација“ која е создадена на некаков начин.
Првенствено, постои разлика помеѓу податок и информација. Информацијата е дефинирана како
Сознанието кое се добива како резултат на толкување на одреден податок.“
Друга соодветна дефиниција би била...
„Значењето кое го поседува одреден податок.“
Све околу нас е податок. Водата е податок. Ако видиме податок, „чаша со вода“, ние тоа го преформулираме во јазичен код и го дефинираме како чаша со вода. Информацијата која ќе ја добиеме од тој податок варира. Од чашата со вода можеме да дознаеме дали водата е газирана или питка, дека постои флуид кој ќе ни ја угаси жедта и уште илјадници други сознанија. Тие сознанија ги нарекуваме информација.
Се' околу нас е збир од податоци и све може да биде преточено во информација, односно толкување/сознание.

ДНК-та е составена од многу комбинации на 4 азотни бази и преку рибозомите во секоја клетка ја регулира функцијата на клетката и синтетизирањето на протеини. Тие комбинации доведуваат до тоа таа ДНК да има одредена функција. Кога ние детектираме каква функција има ДНК-та со тоа што ги анализираме податоците добиени од тие комбинации на аденин/цитозин/гуанин/тимин, добиваме информација за специфичната функција на тие и тие ДНК кодови. Тие ДНК кодови со таа специфична структура и поставеност имаат одредена функција. Истите тие даваат „информации“ на рибозомите за тоа што треба истите да извршат. Зборот давање информација жаргонски се употребува за „одредени хемиски реакции кои иницираат други хемиски реакции“. И тука концептот за информација е сасим различен од тој концепт за класичната/квантната информација. Во квантната физика, информацијата е мерлива величина.
Кога се кажува дека ДНК содржи информација, тоа подразбира дека ДНК-та е составена од одредена структура на овие бази (податок), а ние како луѓе можеме да добиеме „информација“ за тоа што таа поставеност ќе предизвика на клеточно ниво и како ќе се одрази на генотипот/фенотипот. Податокот се конвертира во информација со помош на декодирање на истиот и структурирање на содржината која ја носи информацијата во форма на кодови од различен карактер.
Постојат многу начини преку кои може да настане ДНК кодот и тоа вклучува многу хемиски реакции. Првиот „ДНК код“ не бил како денешниот. Формирањето на ДНК кодовите се случувала милиони години и за сите тие кодини реакциите на одредени протеини станувале се покомплексни и вклучувале се' повеќе енергија која била потребна за случување на одредени спонтани/неспонтани реакции, без разлика на тоа дали е термална енергија, електрична енергија или конверзија на една од овие во друга.
Хард дискот на пример содржи „информации“ или поточно податоци кои стануваат информации откако ние ќе ги толкуваме и тоа може да се објасни стриктно со правилата на електромагнетна индукција.

Не само што ДНК содржи „информации“, све што гледаш околу тебе станува информација откако ќе го толкуваш.
Пред тоа е само податок. Така што, мораш да бидеш прецизен за тоа каков тип на информации подразбираш кога зборуваш за ДНК-та?
Дали зборуваш за одредени податоци, одредени аспекти од кодовите составени од овие бази или?
Можеби подразбираш квантна/класична информација, ама во тој случај информацијата постои во се' што можеме да го наречеме материја, а не само ДНК-та?

Преформулирај го прашањето соодветно, вака е многу лошо поставено и лошо дефинирано.
Како што пишав ’општо познато’ дали е информација, ’’информација’’ или податок е друго прашање. Најпросто кажано информацијата е реализиран податок, како ќе ја дефинираме ДНК е во прашањево е ирелевантно, предлагам да ја земеме општоприфатената дефиниција.
Прашањето прилично просто го поставив, зачудувачки е што не си го разбрал(веројатно затоа што си се трудел да отидеш во друга насока). Еве ќе го уппростам- после формирањето на зиготот започнува формирање на нов организам, што е тоа што ’’информира’’ ’’кажува’’ на 40 ден да проработи срцето, да се оформат очите...на 14 години да проработат половите жлезди.....Јас сметам дека тоа е ДНК ’’информацијата’’ од каде дошла? кој ја задал?
Еве тука си се приближил до суштината
’’Постојат многу начини преку кои може да настане ДНК кодот и тоа вклучува многу хемиски реакции.’’
Но не си одговорил а кажал има многу начини, кои се тие?Како настанал тој прв код?[DOUBLEPOST=1413625751][/DOUBLEPOST]
Не е баш точно ова.
Земи на пример на drosophila melanogaster тргни и ја од гените за очите информацијата, за неколку генерации пак ќе им се вратат гените :)
Дообјасни,, ова ми звучи како човек што слеп се родил, после неколку генерации дека неговите потомци ќе гледаат.Што е зачудувачкото овдека?
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Дообјасни,, ова ми звучи како човек што слеп се родил, после неколку генерации дека неговите потомци ќе гледаат.Што е зачудувачкото овдека?
На мувата и ги вадат гените, то ест информацијата за очите....генетски инжинеринг. За неколку генерации им растат очи на мувите......само немој да ми речеш дека Бог им ги вратил гените жити бога.
 

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Абе 2 г. ги прашувам атеистите ова прашање, а никако да ми одговорат.

Буда, атеист ли бил?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Абе 2 г. ги прашувам атеистите ова прашање, а никако да ми одговорат.

Буда, атеист ли бил?
Гурџи ЛЕПОТО ми недостигаше :D.
Па нели јас и ти имавме дискусија или јас не се важам :(
 

Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306
Пак истата дискусија не е интересна.
Освен ако на крајот не ми го кажеш твојот став и зошто сметаш така.
Еве ќе ти помогнам...
1. Да
2. Не

Бирај...изјасни се...без филозофии плиз..овде форум религија.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Абе 2 г. ги прашувам атеистите ова прашање, а никако да ми одговорат.

Буда, атеист ли бил?
Согласно нивната дефиниција, која содржи обожување на ентитет Бог, тој бил атеист:P

Ама се плашат од замка, да не им поставиш:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom