Честит меѓународен ден на лезбејките

Pro Femmina

Профеминче
Член од
7 мај 2014
Мислења
116
Поени од реакции
133
Денес (8-ми октомври) се одбележува Меѓународниот ден на лезбејките. Постојат неколку различни објаснувања зошто токму овој датум е меѓународно посветен на лезбејките. Некои го слават 8-ми октомври затоа што следува 6 месеци подоцна од одбележувањето на 8-ми март или Меѓународниот ден на жената.



Прв пат бил одбележан во 1980 година и тоа било поддржано од страна на квир движењето во Нов Зеланд. Тогаш, 40тина лезбејки марширале преку паркот Велингтон, и некои од нив носеле виолетови знамиња. Исто така постојат и тези дека почетокот на славење на 8-ми октомври започнува во 1993 година кога денот на лезбејките се одбележал од страна на Советот за човекови права во Нов Зеланд.

Иако размислувањата за потеклото на датумот се спорни, значењето на овој датум укажува на почитта кон лезбејската заедница на меѓународно ниво. За своите иницијативи, многу лезбејски организации ширум целиот свет го користат овој датум како значаен, го чествуваат, и на 8-ми октомври отпочнуваат лезбејски здравствени стратегии и организираат други настани од историска важност за лезбејското движење.

http://www.lgbti.mk/Home/Post/b04e51c3-8444-462a-8938-68a0e5528612#.VDWcsPmSxAD
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Среќен нека е, се најубаво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom