Натпреварот е без замерка, не само ради гол-разликата. Играта беше многу добра. Ефективни во правење на гол-ситуации и ефикасни во реализација. Добар пример за тоа што значи квалитетна игра во средината, без тоа нема ни баланс во играта, ни контрола врз натпреварот.
Ќе видиме сега на следните натпревари колку овој натпревар беше над стандардот на игра и колку константно можеме да играме на вакво ниво. Па да може горе доле да имаме некаква престава за тоа колку е добар и каков перформанс ќе донесе системот и индивидуалните играчи во него.
Ја не очекувам нешто драситчно различно од лани во тој дел, позитивнити подобрувања најверојатно ќе бидат резултат на тоа што тимот е повеќе моделиран на тактичкиот систем на Мацари, за разлика од лани.
Ми се свиѓа работата со трасферите летово. Се заврши работа што требаше да биде завршена во неколкуте претходни трансфер лета. Сега имаме јадро на играчи во добри години на скоро сите делови од тимот, добар дел од нив и со голем потенцијал, кои ако им се остави простор можат и индивидуално и како колектив да не направат поконкурентни како клуб на повеќе полиња, не само играчки и резултатски. Плус најголем дел се донесени во, од економски аспект, одлични зделки, така да гледано и како инвестиција се добри операции.
Сега можат во следните години да се фокусираат на по една или две позиции од тимот, да имаат повеќе средства за еден играч и со тоа автоматски да имаат повеќе алтернативи на пазарот, под претпоставка дека клучните играчи што во иднина ќе ни бидат носители на играта и брендот (Кова, Икарди, Хуан, Медел, Додо и др.) нема да бидат продавани, или ќе бидат продавани под услови кои ни одговараат на нас.
Формацијата за сега е јасно дека е оваа 3-5-2, меѓутоа доколку би дошле во ситуација да ја смениме и тоа во комбинација со нов тренер, кој не е толку конзервативен и застарен, може сосема лесно да се модификува тимот и за некоја 4-3-3 базична формација. Ако се догребат до некој ко Симеоне или некој друг модерен тренер кој работи добро со офанзивата, тогаш со една или две големи инвестиции во крилни напаѓачи, можеме да склопиме тим што е квалитетен, балансиран, со офанзивен капацитет и најбитно со систем што нуди поголеми можности за клубот (не само резултатски) во денешниов клубски фудбал.
Во таква истуација ќе може да почнеме да збориме за глобално сериозен клуб.