Дали Србија ќе банкротира?

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.097
4.5 милијарди главница, 750 милиони евра камата. Што долг ќе беше овој со 17% годишна камата... Или српските министри за финансии досега биле тешки идиоти и се задолжувале дупло повисоко од колку што би ги чинело во комерцијалните банки или Блиц се дупло поголеми шарлатани од Сител, што ја пренесле веста.
Дали тоа 750 милиони евра камата е за сите долгови , а 4,5 милјарди евра долг имаат за враќање годинава ?
Пошто Србија има долг од 16 милјарди евра.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.172
Поени од реакции
25.778
Дали тоа 750 милиони евра камата е за сите долгови , а 4,5 милјарди евра долг имаат за враќање годинава ?
Пошто Србија има долг од 16 милјарди евра.
Може да е за целовкупниот долг, тогаш изгледа пологично. Само да вратат четвртина од долгот во една година не можат и многу поорганизирани држави од Србија. Би требало да го преструктуираат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.097
Може да е за целовкупниот долг, тогаш изгледа пологично. Само да вратат четвртина од долгот во една година не можат и многу поорганизирани држави од Србија. Би требало да го преструктуираат.
Како би вратиле 4,5 милјарди , кога имаат буџет од 9,53 милјарди евра , со дефицит од 1,07 милјарди евра.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Може да е за целовкупниот долг, тогаш изгледа пологично. Само да вратат четвртина од долгот во една година не можат и многу поорганизирани држави од Србија. Би требало да го преструктуираат.
Немат друг избор,а и во моментот не са во изгодна позициja за што било друго.
Како би вратиле 4,5 милјарди , кога имаат буџет од 9,53 милјарди евра , со дефицит од 1,07 милјарди евра.
Мегудржавен заем от некаде. И да сакат не можат да излезат да побарат пари на слободниот пазар. Каматите им ке са многу големи. Да не зборуваме,дали са во можност да наjдат 4,5 милиарда евра на мегународните пазари. Русиja, Кина, ММФ, Светска банка....
Немат и многу време за приватизиране, па да добиjaт девизии.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.097
Јавниот долг на Србија е 17,56 милјарди евра

Долгот на Србија достигна 60,5% од БДП-то , и покрај тоа што законски е поставена граница од 45% , која одамна е помината.

Минатата Влада на Србија ја задолжила државата со 7 милјарди евра , односно 54 евра во секунда.
А новата Влада за 130 дена се задолжила за 2 милјарди евра , односно 186 евра во секунда. А сепак сеуште нема доволно пари во државната каса.

Долгот се очекува да порасне и во 2013-та , и тоа да достигне 65% од БДП-то на Србија.

Долгот е толкав што оваа година само каматите на Србија ќе и коштаат 2 милиона евра дневно. (на пример колку да се изгради по едно училиште секој ден).

http://www.rts.rs/page/stories/ci/story/5/Економија/1241446/Наш+друг+-+дуг.html
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Србија ќе се задолжува и во руски рубли

По Белорусија Србија ќе биде втората земја во светот која ќе се задолжува во руски рубли. Со тоа јавниот долг на земјата од сегашните 17 милијарди евра ќе се зголеми за уште неколку стотини милиони, пишува Ал џезеира". Српското Министерство за финансии ја разгледува можноста земјата да издаде обврзници на рускиот пазар и со тоа да се задолжи во валутата на оваа земја.
- Го разгледуваме рускиот пазар и активностите на тамошните банки. Воопшто, очекуваме поголем број инвестиции од Русија, па затоа сметаме дека треба да се разгледа и опцијата Србија да излезе на рускиот финансиски пазар годинава - вели Бранко Дрчелиќ, директор на Управата за јавен долг.

За да ги подмири сите свои потреби, Србија годинава ќе мора да се задолжи со нови 6 милијарди евра, а управата бара начини тоа да го направи на што е можно поевтин начин. Затоа се разгледуваат опциите за задолжување во рубли.
- Рубљата во последниве неколку години е релативно стабилна валута и во однос на еврото и во однос на доларот. Наша задача во наредниот период е сериозно да ја разгледаме идејата, затоа што сметаме дека со тоа ќе се направи дисперзија на изворите за финансирање на потребите на Србија - вели Дрчелиќ.

Контролорите на српскиот буџет пак, сметаат дека наместо дополнително да се задолжува Владата во Белград треба да го реформира системот и да го намали јавниот долг кој во моментов изнесува 61,1% од БДП заради што на земјата и се заканува грчко сценарио.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
По се изгледа не е прашањето дали ќе банкнотираат туку дали ќе добијат помош од надвор ако банкнотираат..
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.097
ДДВто за хотелски услуги и ИТ опрема ќе се зголеми од 8% на 20%, а листата може да се прошири.

Србија ги пребројува и вработените во јавниот сектор, засега пребројале неверојатни 670.000 вработени , а се очекува бројката да стигне на 700.000.

Се очекува систематизација на вработените (отпуштања).
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
5.097
Ќе се намалат платите и пензиите во Србија

Во септември Владата на Србија ќе врши ребаланс на буџетот со што платите на администрацијата и на пензионерите ќе се намалат за 10%.

Ова ќе биде тежок удар врз српските граѓани , пошто Србија има дури 1,7 милиони пензионери , а неофицијално уште околу 700.000 приматели на државна плата.

Тоа значи дека 35% од населението на Србија ќе ги почуствува последиците, а кога ќе се додадат и нивните членови од семејството, тогаш уште потешко.

Јавниот долг на Србија достигна 20,6 милјарди евра, односно 63% од БДП. (2008: 29,2%)
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Има некаде податоци кон кого Србија има најголеми долгови ?
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
албанец,дај линк да читаме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom