Либерализацијата ќе донесе поскaпа струја за домаќинствата!

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Пак тука нема логика, либерализација за струја ќе биде како кај мобилни телефони само ако има безжична струја :D е тука има логика, значи струјата се поврзува со жици и далноводи до централата што поседува на пример на ЕВН се до одредени домаќинства е сега ако некои конкуренти што даваат поволни услуги и го одбираме и како ќе се пренасочува жици и далноводи до тој-тој што одбираме најповолни услуги :confused: тука пак нешто не ми штима и збунувачки :confused:
Toa liberizacijata ke bide isto kako demokratijata vo Makedonija.Ke mislis deka plakas poeftino ama smetkite ke bidat pomrsni.Ke ima konkurencija ama predvreme dogovorena pomegu niv monopolski receno.Demokratija brat.Samo sto mislis deka si sloboden vo se,se osvestuvas deka e mnogu postesko.Kapitalizam Monopolizam i Diktatura vo moderen stil.A site sme ubedeni deka sme slobodni
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Ако добро ја разбрав статијата и ти ова што го напиша значи дека и покрај здравата конкуренција што ќе ја донесе либерализацијата сепак сметките за струја ќе се зголемат поради тоа што повеќе нема да се субвенционира струја за домаќинствата, како што е сега односно компаниите нема да плаќаат дел од трошокот за струја на нас - домаќинствата . Така ?

Извини што морав да препрашам, ама навистина сум лаик на ова поле .
Така, ама не на сметка на големите, туку на сметка на малите бизниси. Затоа што пазарот за големите е веќе либерализиран и тие си набавуваат струја директно.

Притоа, ова е далеку од крајно поскапување на цената на струјата, бидејќи ЕЛЕМ сеуште работи на начин на кој индиректно ја субвенционира цената. Кога ЕЛЕМ ќе се продаде, а ќе мора да се продаде, тогаш ќе можеме да зборуваме за комплетно либерализиран пазар.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.064
Поени од реакции
6.676
Кај нас до сега домаќинствата плаќаа повластена (двојно поефтина) цена на струја, на сметка на поскапа за компаниите.
Сега таа повластена цена ќе ја снема и сите ќе плаќаат речиси исто.
Заштедата од 20% што ќе ја имаат компаниите мора некој да ја надомести а тој некој се токму домаќинствата.
ова никако не можам да го сварам,како домаќинската повластена цена,јас колку што знам тоа треба да е основата,знам дека фирмите плаќаа индустриска струја,ама дека е обратно дека имало повластици за домаќинствата - не.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
Значи бадијала радвање, ќе ни расплачат мајката. А зашто тогаш се одлучиле да либерализираат ако знаеме дека во се сме најзанигде и имаме најмали примања? Зошто не остане како што е? И јас сум лаик ама глупо ми е наводно за нешто "подобро" да не дозакопаат. Погоре примерот барем луѓето имаат топлифицирано и гасифицирано и каде каде повисоки примања.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Значи бадијала радвање, ќе ни дое**ат мамата. А зашто тогаш се одлучиле да либерализираат ако знаеме дека во се сме најзанигде и имаме најмали примања? Зошто не остане како што е? И јас сум лаик ама глупо ми е наводно за нешто "подобро" да не дозакопаат.
Република Македонија го има потпишано Договорот за енергетска заедница кој е обврзувачки за земјите потписнички и услов за интегрирање во ЕУ. А во него пишува дека јануари 2015та е последен рок во кој државите потписнички мораат да го имаат либерализирано енергетскиот пазар.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Да, така.
помалку пари во твојот џеб (или на твоите родители), повеќе пари во џебот на Минчо и компанија (кои и онака имаат милони).
Но, по некоја логика нели на долг рок ова би било добар потег?
Можеби на почеток струјата ќе поскапе, но сепак јас гледам некои бенефити.

-Нема да правам директна споредба со телекомуникацискиве оператори, но претпоставувам во слична насока ќе пројде процесот т.е 10 - ина години(бројкава од ракав е извадена) ќе има мучки договори, но како и со Телеком на долг рок се дешаваат несогласувања и целата шема ќе се растури.(Па ќе има некоја битка за превласт и намалување на цени)

-Друг форумџија што спомна(не знам дали е точно) т.е малите и средните бизниси профитираат од ова т.е добро е за целото опшество.(Ако е точно ова економијата расте т.е ако платите растат двојно побрзо од струјата добро е :D)

-Следново е моја проценка... во наредниве 10-ина година ќе снема ниви од дедо/прадедо и ќе му текне на народов дека финансиска едукација не е опционално туку морално што би требало да резултира со конкуренција на берза и пониски цени.

П.С Пошто и јас сум делумно лаик на темава корегирај ме ако грешам
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
А зошто плата од 1000 евра не е услов за интегрирање во ЕУ?
Вака стапот го јадеме, а морковот никогаш.
Затоа што примарната цел на проширувањето, бар за тие што реално одлучуваат е да си обезбедат нови пазари за своите производи, ефтина работна сила и политички влијание. Тоа дека ги интересираат некои други стандарди надвор од нивниот економски и политички интерес е само приказна. Бугарија и Романија се пример за тоа. Со влезот во ЕУ добија автопати, Бугари и Романци во странство и протести против ЕВН. :D[DOUBLEPOST=1396553191][/DOUBLEPOST]
-Нема да правам директна споредба со телекомуникацискиве оператори, но претпоставувам во слична насока ќе пројде процесот т.е 10 - ина години(бројкава од ракав е извадена) ќе има мучки договори, но како и со Телеком на долг рок се дешаваат несогласувања и целата шема ќе се растури.(Па ќе има некоја битка за превласт и намалување на цени)
Не можеш да споредуваш телекомуникациски услуги со енергетски сектор. Нам голем дел од струјата ни е од увоз. За да не биде, требаат огромни инвестиции, кои сами не можеме да ги направиме. Доколку некој од надвор ги направи, тој ќе сака да си ја врати инвестицијата во среден рок. Тоа значи скапа струја. Доколку не ги направи, ќе покриваме со струја од увоз. Повторно скапа струја.

Во телекомуникациски сектор, инвестициите се многу помали.
 
Да затоа пишав дека не е директна споредба туку како очекувам процесот да се движи.
Не стигнав да допишам. Значи единствено решение за ефтина струја(како и се останато) е домашно производство кое во блиска иднина нема да се случи.
 
Така некако. Според стратегијата на МАНУ, најефтина варијанта би била нуклеарна електрана. Притоа, предвидуваат дека ќе ни бидат потребни инвестиции во обем од 4 до 5 милијарди евра.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.078
Поени од реакции
11.462
-Нема да правам директна споредба со телекомуникацискиве оператори, но претпоставувам во слична насока ќе пројде процесот т.е 10 - ина години(бројкава од ракав е извадена) ќе има мучки договори, но како и со Телеком на долг рок се дешаваат несогласувања и целата шема ќе се растури.(Па ќе има некоја битка за превласт и намалување на цени)
Пишав и претходно, споредбата со телекоми е тотално несоодветна, треба да се споредува со други енергенси.
Битката за цената на струјата се води на светските и регионалните берзи, каде што ние сме пи*кин дим и немаме речиси никакво влијание.
Ова значи ќе треба да платиме колку што ќе ни кажат.

-Друг форумџија што спомна(не знам дали е точно) т.е малите и средните бизниси профитираат од ова т.е добро е за целото опшество.(Ако е точно ова економијата расте т.е ако платите растат двојно побрзо од струјата добро е :D)
Викаш газдите ќе ги качат платите затоа што им се намалиле сметките за струја? :D
Јас типувам дека купат ново ауди на швалерката со парите што ќе им останат.

-Следново е моја проценка... во наредниве 10-ина година ќе снема ниви од дедо/прадедо и ќе му текне на народов дека финансиска едукација не е опционално туку морално што би требало да резултира со конкуренција на берза и пониски цени.
За 10-тина години ќе нема народ во државава, само пензионери што чекаат децата да им пратат некое евро за да го истуркаат месецот.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@Branchez

Последново е највистинито :pos:

Ама од друга страна ако нема народ нема потреба и за струја :cool:[DOUBLEPOST=1396554779][/DOUBLEPOST]http://www.imf.org/external/pubs/ft/wp/2011/wp1130.pdf

Кој не го мрзи да чита :)

П.С Од 2011 е извештајов
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.109
Република Македонија го има потпишано Договорот за енергетска заедница кој е обврзувачки за земјите потписнички и услов за интегрирање во ЕУ. А во него пишува дека јануари 2015та е последен рок во кој државите потписнички мораат да го имаат либерализирано енергетскиот пазар.
има и други услови и препораки кои треба да се исполнат, досега на некои има мина рокот. Некои останаа на хартија, други не се исполнуваат.
Од она што го читам за овие договори, се збори за гасификацијата и регулаторите за гасификација. Како што пишува во овој напис,

Efekti liberalizacije tržišta električne energije u državama EU već su doveli da pada cijena za domaćinstvo, a isto se očekuje i u Hrvatskoj.
"Za očekivati je pojavu cross sellinga, gdje će električna energija biti samo jedna od usluga koju će domaćinstva kupovati od svojih dobavljača te će, primjera radi, biti kombinovana sa dostavom toplotne energije, gasa i telekomunikacionih uslugama", rekao je za hrvatske medije Marko Ćosić, direktor firme "Profectio energija".

цената на струја за домаќинствата е намалена со либерализацијата, а кај нас се очекува да се зголеми. Меѓувреме не се решија проблемите со греење и други потреби за домаќинствата со топлификација или со гасификација па главно заради тоа градот беше и еден од најзагадените во светот. Истото го пишував и кога требаше да се казнат домаќинствата "големи потрошувачи" со некоја трета најскапа тарифа на струја што со оглед на условите во Македонија крајно е нелогично.
Со други зборови се обврзуваме на нешта кои одат на штета на нашата држава и на граѓаните, а веројатно на добивка на неколку фирми и поединци. Србија до 2015 треба целосно да се гасифицира.
http://www.politika.rs/vesti/najnovije-vesti/BAJATOVIC-POTPUNA-GASIFIKACIJA-SRBIJE-DO-2015-i127291.lt.html
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Цената на струјата во Хрватска и Бугарија, откако тие две држави се влезени во процес на либерализација на пазарот до сега е зголемена за 70%. Флуктации и маркетиншки финти на компании со пакети и времени намалувања ќе има и кај нас, ама тоа не го менува фактот дека цената на струјата за сите, па дури и за бизнисот на среден рок, ќе оди нагоре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom